Технологија - категорија

навој повеќе

мн. навои
Вид збор: Именка, машки род
Нарежаност на винт.
Англиски: screw Албански: vidhë

навртка повеќе

мн. навртки
Вид збор: Именка, женски род
Машинcки елемент обично во форма на шестострана призма со отвор што е во внатрешната страна спирално нажлебен.
Англиски: nut

надежен повеќе

надежни
Вид збор: Придавка
Што се засновува на надеж дека ќе го исполни очекуваното.
Англиски: reliable Бугарски: надежден

надразнувач повеќе

Види и: надразни (св.)
мн. надразнувачи
Вид збор: Именка, машки род
Извор на надразнување.
Англиски: exciter

намотка повеќе

мн. намотки
Вид збор: Именка, женски род
Електричен елемент од долга, намотана, изолирана бакарна жица.
Англиски: solenoid

напон повеќе

мн. напони
Вид збор: Именка, машки род
Разлика на електричниот потенцијал меѓу две точки на еден електричен спроводник во електричното коло или во електричното поле.
Англиски: voltage Албански: tension, voltazh

нафтовод повеќе

мн. нафтоводи
Вид збор: Именка, машки род
Долга траса од цевки за пренесување нафта.
Англиски: oil pipeline

нацрт повеќе

мн. нацрти
Вид збор: Именка, машки род
Приказ на некој предмет (направа, машина, градежен објект) во хоризонтална проекција.
Англиски: rendition Албански: skicë, plan

неподмачкан повеќе

неподмачканиот
Вид збор: Придавка
Што не е подмачкан.
Англиски: unlubricated

никлува повеќе

никлуваат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Покрие, покрива метална површина со слој од никел.
Англиски: nickel

нитна повеќе

мн. нитни
Вид збор: Именка, женски род
Клинец за спојување на два дела, метални плочи при што едниот крај се сплескува откога ќе се закове.
Англиски: rivet Германски: Niete Албански: perçinë, kopsë

нитува повеќе

нитуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Поврзува два дела од нешто со нитни.
Англиски: rivet Германски: nieten

нож повеќе

мн. ножеви
Вид збор: Именка, машки род
Дел од машина кој има сечило и служи за сечење.
Англиски: cutter Албански: thikë, prestar

нос повеќе

мн. носови
Вид збор: Именка, машки род
Преден дел на пловен објект или на авион, брод, чун и сл.
Англиски: bow Албански: kiç, turin
а - б - в - г - д - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш