Технологија - категорија

магленка повеќе

мн. магленки
Вид збор: Именка, женски род
Фарови за магла.
Англиски: fog light

мазиво повеќе

мн. мазива
Вид збор: Именка, среден род
Средство за подмачкување машини (масло).
Англиски: grease

мазилка повеќе

мн. мазилки
Вид збор: Именка, женски род
Направа за подмачкување со мазиво, со масло.
Англиски: lubricant

мазило повеќе

Види и: мазиво (ср.)
мн. мазила
Вид збор: Именка, среден род
мазиво
Англиски: grease

манипулатор повеќе

мн. манипулатори
Вид збор: Именка, машки род
Механизам што пренесува команди на оддалеченост.
Англиски: manipulator Албански: manipulues

масло повеќе

мн. масла
Вид збор: Именка, среден род
Производ од различно потекло што се користи за подмачкување.
Англиски: lubricant Албански: lubrifikant, lyrësues

машина повеќе

мн. машини
Вид збор: Именка, женски род
Орудие за работа управувано од човек што со движење на определени свои делови, претворајќи ја енергијата од еден вид во друг, врши некаква работа.
Англиски: machine Албански: makinë
Определен вид такво орудие.
Англиски: machine Албански: makinë
машинерија
Англиски: equipment Албански: makineri

машин-бравар повеќе

мн. машин-бравари
Вид збор: Именка, машки род
Работник што поправа или ракува со машина.
Англиски: machine fitter

машински повеќе

Вид збор: Прилог
Со помош на машина.
Англиски: mechanically

машински повеќе

машинска
Вид збор: Придавка
Што се однесува на машина, што е во некаква врска со машини, индустриски.
Англиски: mechanical
Примери:
машинска индустрија, машински инженер

мегафон повеќе

мн. мегафони
Вид збор: Именка, машки род
Апарат за засилување на јачината на гласот.
Англиски: megaphone Албански: megafon

мембрана повеќе

мн. мембрани
Вид збор: Именка, женски род
Еластична плочка, обично во акустички апарати, што може да трепери под влијание на некаква надворешна сила.
Англиски: membrane Албански: membranë, cipë

менгеме повеќе

мн. менгемиња
Вид збор: Именка, среден род
Направа за cтегање, прицврстена на подлога со две страни меѓу кои се стега предмет при обработка.
Англиски: vise Турски: mengene

менувач повеќе

мн. менувачи
Вид збор: Именка, машки род
Механичка направа во возилата за менување на брзините.
Англиски: gear

мерач повеќе

мн. мерачи
Вид збор: Именка, машки род
направа за мерење
Англиски: measuring equipment Албански: matës

металство повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Производство и обработка на метали.
Англиски: metallurgy

металургија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Наука за металите и за процесите на добивање метали од руди.
Англиски: metallurgy Албански: metalurgji

метларка повеќе

Види и: метлар (м.)
мн. метларки
Вид збор: Именка, женски род
Машина за метење на големи отворени површини, улици и сл.
Англиски: road sweeper Албански: fshijëse

мигач повеќе

мн. мигачи
Вид збор: Именка, машки род
трепкач
Англиски: indicator Албански: tregues

микроелектроника повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Дел од електрониката што се занимава со производство на интегрирани кола.
Англиски: microelectronics

микрофилм повеќе

мн. микрофилмови
Вид збор: Именка, машки род
Филмска снимка на стари ракописи, книги во намалена големина.
Англиски: microfilm

микрофилмува повеќе

микрофилмуваат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Снима на микрофилм.
Англиски: microfilm

микрофон повеќе

мн. микрофони
Вид збор: Именка, машки род
Направа што служи за претворање на звучните бранови во електромагнетни, се користи за засилување и за пренеcување на звукот.
Англиски: microphone

млазњак повеќе

мн. млазњаци
Вид збор: Именка, машки род
Авион на млазен погон.
Англиски: jet plane

модул повеќе

мн. модули
Вид збор: Именка, машки род
Составен дел од вселенски брод погоден за самостоен лет.
Англиски: module Албански: modul

модуларен повеќе

Види и: модул (м.)
модуларни
Вид збор: Придавка
Што е составен од модули.
Англиски: modular

модулатор повеќе

мн. модулатори
Вид збор: Именка, машки род
Направа за изведување модулација.
Англиски: modulator Албански: modulator

модулација повеќе

мн. модулации
Вид збор: Именка, женски род
Постапка на менување на извесни карактеристики на еден радиобран во склад со карактеристиките на друг.
Англиски: modulation Албански: modulim

монитор повеќе

мн. монитори
Вид збор: Именка, машки род
Апарат во телевизиско студио за проверување на сликата.
Англиски: monitor Албански: monitor
Апарат за cледење и контрола на одредени параметри што треба да се одржуваат во определени граници.
Англиски: monitor Албански: monitor

монофазен повеќе

монофазниот
Вид збор: Придавка
еднофазен

монтажен повеќе

монтажниот
Вид збор: Придавка
Што cе однесува на монтажа, што се создава со монтажа на одделни делови.
Англиски: assembly

монтер повеќе

мн. монтери
Вид збор: Именка, машки род
Лице што монтира и баждари машини, технички уреди и сл.
Англиски: fitter Француски: monteur

мрежа повеќе

мн. мрежи
Вид збор: Именка, женски род
Систем од патишта, железнички линии, кабелски врски, канали; систем од испреплетени (нацртани или замислени) линии.
Англиски: network Албански: rrjet

мутер повеќе

мн. мутери
Вид збор: Именка, машки род
навртка
Англиски: nut Германски: Mutter

муф повеќе

мн. муфови
Вид збор: Именка, машки род
Цилиндричен дел за поврзување на две цевки.
Англиски: sleeve Германски: Muffe Албански: muf, mëngë
а - б - в - г - д - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш