Технологија - категорија

кабел повеќе

мн. кабли
Вид збор: Именка, машки род
Изолирана жица или жици од бакар или друг материјал што служи за пренос на електрична енергија и сигнали.
Англиски: cable Албански: kabllo

кабелски повеќе

Види и: кабел (м.)
кабелскиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на кабел.

кабриолет повеќе

мн. кабриолети
Вид збор: Именка, машки род
Вид автомобил со две или четири седишта, cо подвижен покрив.
Англиски: convertible Албански: kabriolet

кадилак повеќе

мн. кадилаци
Вид збор: Именка, машки род
Марка луксузен автомобил.
Англиски: cadillac Албански: kadillak, makinë luksoze

кајрон повеќе

мн. кајрони
Вид збор: Именка, машки род
Трака со текст што врви по долниот дел на телевизискиот екран.
Англиски: khyron

калауз повеќе

мн. калаузи
Вид збор: Именка, машки род
Направа во вид на кука со која може да се отвори секоја обична брава.
Англиски: picklock Турски: kılavuz Албански: kallauz

калибар повеќе

мн. калибри
Вид збор: Именка, машки род
Инструмент за мерење на пречникот на цевката на огнено оружје или на друг предмет; инструмент за проверка на големината и формата на даден предмет.
Албански: kalibër

калник повеќе

мн. калници
Вид збор: Именка, машки род
За возила (автомобил, велосипед) - делот над тркалата што штити од кал.
Англиски: dirt catcher Албански: baltëprirës

канал повеќе

мн. канали
Вид збор: Именка, машки род
Одредена фреквенција на ултракратки бранови.
Англиски: channel Албански: kanal

капсула повеќе

мн. капсули
Вид збор: Именка, женски род
Херметички затворена кабина во вселенски брод.
Англиски: capsule Албански: kapsollë, kabinë

карбуратор повеќе

мн. карбуратори
Вид збор: Именка, машки род
Дел од мотор со внатрешно согорување во кој се врши претворање на течното гориво во смеса од гасови и воздух.
Англиски: carburettor

каросерија повеќе

мн. каросерии
Вид збор: Именка, женски род
Горниот дел на автомобилот од метална конструкција.
Англиски: car body Француски: carrosserie

картер повеќе

мн. картери
Вид збор: Именка, машки род
Дел од автомобилскиот мотор, во кој се врши подмачкување на неговите најважни делови.
Англиски: oil sump

касетофон повеќе

мн. касетофони
Вид збор: Именка, машки род
Направа за запис и репродукција на звук од касета.
Англиски: cassette recorder

квачило повеќе

мн. квачила
Вид збор: Именка, среден род
Дел од преносниот механизам со кој се активираат тркалата кај моторните возила.
Англиски: clutch

километражник повеќе

мн. километражници
Вид збор: Именка, машки род
Апарат во автомобилот што ја мери километражата.
Англиски: odometer

кит повеќе

мн. китови
Вид збор: Именка, машки род
(само едн.) Мека, леплива смеса што брзо се стврднува и служи за исполнување на нерамнини и пукнатини на површината пред нејзино бојадисување.
Англиски: putty Албански: stuko

клапа повеќе

мн. клапи
Вид збор: Именка, женски род
Подвижен механички дел кој по потреба се отвора или затвора.
Англиски: flap Германски: Klappe Албански: kllapë

клапна повеќе

мн. клапни
Вид збор: Именка, женски род
Подвижен механички дел кој по потреба се отвора или затвора.
Англиски: flap Германски: Klappe

клема повеќе

мн. клеми
Вид збор: Именка, женски род
Направа за поврзување на проводници на електрична струја.
Англиски: clamp Германски: Klemme

климатизер повеќе

мн. климатизери
Вид збор: Именка, машки род
Апарат со кој се регулира и се одржува соодветна температура и влажност на воздухот во затворена просторија; клима уред.
Англиски: air conditioner

климатизира повеќе

климатизираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Спроведе, спроведува климатизација.
Англиски: air-condition

клип повеќе

мн. клипови
Вид збор: Именка, машки род
Подвижно, валчесто тело во цилиндерот на клипни мотори со внатрешно cогорување.
Англиски: piston Албански: piston

коксарница повеќе

мн. коксарници
Вид збор: Именка, женски род
фабрика за кокс

колено повеќе

мн. колена
Вид збор: Именка, среден род
Спој кај цевки, ќунци и сл.
Англиски: bend Албански: lakesë, bërryl

коло повеќе

мн. кола
Вид збор: Именка, среден род
Повеќе елементи поврзани заедно поради општите особини, својства или со иста намена.
Англиски: circuit

команда повеќе

мн. команди
Вид збор: Именка, женски род
Систем од уреди за рачно или автоматско ракување, управување, водење.
Англиски: control Албански: komandë, kontrollë

компресор повеќе

мн. компресори
Вид збор: Именка, машки род
Машина, уред за згуснување на воздух, гас, пареа.
Англиски: compressor
Пневматски чекан со длето што се употребува за дупчење бетон и сл.
Англиски: compressor

кондензатор повеќе

мн. кондензатори
Вид збор: Именка, машки род
Апарат за собирање електрицитет.
Англиски: capacitor Албански: kondensator

конексија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
врска, поврзување
Англиски: connection

конзервација повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Изведување посебни мерки на заштита и чување на техничко средство, производствен погон во време на неработење.
Англиски: preservation Албански: konservim, ruajtje

контакт повеќе

мн. контакти
Вид збор: Именка, машки род
Врска, спој на два проводника на електрична струја.
Англиски: contact Албански: kontakt

контра повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Направа за сопирање велосипед.
Англиски: brake

контролор повеќе

мн. контролори
Вид збор: Именка, машки род
Апарат за регулирање на нешто.
Англиски: controller Албански: kontrollues

копче повеќе

мн. копчиња
Вид збор: Именка, среден род
Направа што служи за вклучување или регулирање на нешто со вртење или притискање.
Англиски: button Турски: kopça Албански: mbërthes, pullë

корпус повеќе

мн. корпуси
Вид збор: Именка, машки род
Основниoт дел на машина или механизам на кој се монтираат другите делови.
Англиски: chassis Албански: korpus, trup

котел повеќе

мн. котли
Вид збор: Именка, машки род
Затворен сад во којшто водата со загревање се претвора во пареа.
Англиски: kettle Албански: kazan

кочница повеќе

мн. кочници
Вид збор: Именка, женски род
Направа за подзапирање или за сопирање на движењето.
Англиски: brake Албански: fren

кочничар повеќе

мн. кочничари
Вид збор: Именка, машки род
Тој што кочи со кочница.
Англиски: brakeman Албански: frenues

краток спој повеќе

Вид збор: Сложенка
Прекин на електрична струја поради непосреден допир на жиците.
Англиски: short circuit

кривулка повеќе

мн. кривулки
Вид збор: Именка, женски род
аголен зглоб на цевка

крило повеќе

мн. крилја
Вид збор: Именка, среден род
Страничен дел од летало (на авион, едрилица).
Англиски: wing Албански: krah

крушка повеќе

мн. крушки
Вид збор: Именка, женски род
Светилка што има форма на крушка.
Англиски: bulb Албански: poç

кугличен повеќе

кугличниот
Вид збор: Придавка
Што е во вид на кугла или користи кугли.
Англиски: spherical

куплунг повеќе

мн. куплунзи
Вид збор: Именка, машки род
Спојка во автомобилот што сврзува две вратила кои ја пренесуваат погонската сила.
Англиски: clutch Германски: Kupplung

курбла повеќе

мн. курбли
Вид збор: Именка, женски род
Шипка со рачка чиј крај е свиткан во прав агол што служи за стартување на машина.
Англиски: crank Германски: Kurbel

куршлус повеќе

мн. куршлуси
Вид збор: Именка, машки род
Прекин на електричната струја во електричната мрежа поради непосреден допир на жиците.
Англиски: short circuit Германски: Kurzschluss Албански: kurcshlus, ndërpreje e rrymës elektrike

куќиште повеќе

мн. куќишта
Вид збор: Именка, среден род
Заштитна кутија за механички делови.
а - б - в - г - д - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш