Технологија - категорија

еднокрилен повеќе

еднокрилниот
Вид збор: Придавка
Што има од двете страни по едно крило (обично за авион, летало).

еднофазен повеќе

еднофазниот
Вид збор: Придавка
Што има само една фаза.
Англиски: monophase

еж повеќе

мн. ежови
Вид збор: Именка, машки род
Вид машина за градење патишта.

екран повеќе

мн. екрани
Вид збор: Именка, машки род
Дел од телевизор, компјутер преку кој може да се гледа слика или текст.
Англиски: screen Албански: ekran

електрана повеќе

Види и: електроцентрала (ж.)
мн. електрани
Вид збор: Именка, женски род
Објект каде што се произведува електрична енергија.
Англиски: electric power plant

електрика повеќе

(едн.) електриката
Вид збор: Именка, женски род
Електрицитет, електрична струја.
Англиски: electricity Албански: elektricitet
Осветлување со електрична енергија преку соодветни апарати.
Англиски: electricity Албански: elektricitet

електрификација повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Изградба на објекти, постројки за производство и за пренос на електрична струја и воведување на електрични инсталации до непосредните потрошувачи на електрична енергија.
Англиски: electrification

електрифицира повеќе

електрифицираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Изврши, врши електрификација, воведе, воведува во употреба електрична енергија.
Англиски: electrify

електричар повеќе

мн. електричари
Вид збор: Именка, машки род
Лице што работи на поставување и одржување на електрични апарати и на електрична мрежа.
Англиски: electrician

електричен повеќе

електричниот
Вид збор: Придавка
Што произведува електрична струја.
Англиски: electric Албански: elektrik
Што работи на електрична енергија.
Англиски: electric Албански: elektrik

електрода повеќе

мн. електроди
Вид збор: Именка, женски род
Приклучник за влез на електрична струја во некои апарати.
Албански: elektrodë
Местото преку кое се овозможува влез на електрична струја во некои апарати.
Албански: elektrodë

електродистрибутивен повеќе

електродистрибутивниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на дистрибуција на електричната енергија.

електроенергетски повеќе

електроенергетска
Вид збор: Придавка
Што се однесува на електрична енергија.

електроинженер повеќе

електроинженери
Вид збор: Именка, машки род
Инженер во електротехничката струка.
Англиски: electrical engineer

електроинсталатер повеќе

мн. електроинсталатери
Вид збор: Именка, машки род
Лице што врши инсталација на електрична мрежа.
Англиски: electrician

електролачен повеќе

електролачниот
Вид збор: Придавка
Што работи со електричен лак.
Англиски: electric arc

електромонтер повеќе

мн. електромонтери
Вид збор: Именка, машки род
Монтер за електрична мрежа.

електромотор повеќе

мн. електромотори
Вид збор: Именка, машки род
Мотор што работи на електричен погон, машина преку која се претвора електричната енергија во механичка работа.
Англиски: electric engine

електроника повеќе

(едн.) електрониката
Вид збор: Именка, женски род
Апарати што работат со помош на некои електромагнетни процеси.
Англиски: electronic devices Албански: paisje elktronike

електронски повеќе

електронска
Вид збор: Придавка
Што има својство за практична примена на атомите и на процесите што се јавуваат во електромагнетните полиња.
Англиски: electronic Албански: elektronik

електроспроводник повеќе

мн. електроспроводници
Вид збор: Именка, машки род
Спроводник на електрична енергија.
Англиски: electrical conductor

електротехничар повеќе

мн. електротехничари
Вид збор: Именка, машки род
Лице што се занимава со електротехниката како со основна дејност, како професија.
Англиски: electrotechnician

електроцентрала повеќе

Види и: електрана (ж.)
мн. електроцентрали
Вид збор: Именка, женски род
Објект, постројка за производство на електрична енергија.
Англиски: electric power plant

енергенс повеќе

Види и: енергент (м.)
мн. енергенси
Вид збор: Именка, машки род
извор на енергија
Англиски: fuel

енергент повеќе

мн. енергенти
Вид збор: Именка, машки род
извор на енергија
Англиски: fuel

енергетика повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Дел од техниката што се занимава со начините на добивање и на користење на различните видови енергија.
Англиски: energetics Албански: energjetika

енергетичар повеќе

мн. енергетичари
Вид збор: Именка, машки род
Специјалист за производство, пренос и користење на енергијата.

епископ повеќе

мн. епископи
Вид збор: Именка, машки род
Проекциски апарат што ја прикажува на рамна површина (екран) сликата на непровиден предмет.
Англиски: projector Албански: projektor

еркондишн повеќе

мн. еркондишни
Вид збор: Именка, машки род
Клима-уред, апарат што ја одржува саканата температура на воздухот во затворен простор.
Англиски: air condition
а - б - в - г - д - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш