Технологија - категорија

далечинско повеќе

мн. далечински
Вид збор: Именка, среден род
Уред за контролирање на телевизорот од далечина.
Англиски: remote control

далновод повеќе

мн. далноводи
Вид збор: Именка, машки род
Инсталација за пренесување електрична енергија на големи далечини.
Англиски: transmission line

движење повеќе

Види и: движи (несв.)
мн. движења
Вид збор: Именка, среден род
Обем, брзина или начин на дејствување на машина.
Англиски: motion Албански: lëvizje

двомоторен повеќе

двомоторниот
Вид збор: Придавка
Што има два мотора.
Англиски: double engine

двотактен повеќе

двотактниот
Вид збор: Придавка
Што работи во два такта.
Англиски: two-stroke

двофазен повеќе

двофазниот
Вид збор: Придавка
Што е со две фази.
Англиски: bi-phase

дел повеќе

мн. делови
Вид збор: Именка, машки род
Предмет со посебна функција во рамките на некоја направа.
Англиски: part Албански: pjesë

демодулатор повеќе

мн. демодулатори
Вид збор: Именка, машки род
Направа за отстранување модулација.
Англиски: demodulator

демодулација повеќе

мн. демодулации
Вид збор: Именка, женски род
Процес на отстранување модулација.
Англиски: demodulation

демодулира повеќе

демодулираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Отстрани, отстранува модулација.
Англиски: demodulate

дигитален повеќе

дигитални
Вид збор: Придавка
Што е управуван со допир на прстите, со копчиња.
Англиски: digital Албански: digjital

дигитрон повеќе

мн. дигитрони
Вид збор: Именка, машки род
сметач
Англиски: calculator

дизел повеќе

Вид збор: Префикс
Прв дел од сложенки со значење на нафта, петролеј.
Англиски: diesel

димензионира повеќе

димензионираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Одредува димензии (големина, сила, издржливост) на еден систем.
Англиски: dimension

диода повеќе

мн. диоди
Вид збор: Именка, женски род
Електронски елемент со две електроди.
Англиски: diode

диференцијал повеќе

мн. диференцијали
Вид збор: Именка, машки род
Кај моторните возила, механизам кој им овозможува на тркалата да се вртат со различни брзини (на свиоци, нерамни терени).
Англиски: differential gear Албански: ingrinazh diferencial

диференцијален повеќе

диференцијалниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на диференцијал.
Англиски: differential

дихтунг повеќе

мн. дихтунзи
Вид збор: Именка, машки род
Дел од мек материјал што се става меѓу споеви за да не пропушта течност или гас.
Англиски: sealing Германски: Dichtung
Примери:
Дихтунг на моторот.

длабиномер повеќе

мн. длабиномери
Вид збор: Именка, машки род
Направа за мерење на длабочината.
Англиски: depth meter

довод повеќе

мн. доводи
Вид збор: Именка, машки род
Спроведување до нешто, донесување (нафта, вода, струја).
Англиски: feeder Албански: furnizues

домофон повеќе

мн. домофони
Вид збор: Именка, машки род
Уред со микрофон на влезот во станбена зграда преку кој посетителите можат да се најават.
Англиски: intercom

дребунг повеќе

мн. дребунзи
Вид збор: Именка, машки род
Машина за обработка на метал или дрво.
Англиски: lathe Германски: Drehbank

дресина повеќе

мн. дресини
Вид збор: Именка, женски род
Количка на четири тркала, со рачен или моторен погон што се движи по железнички шини.
Англиски: handcar

дробилка повеќе

мн. дробилки
Вид збор: Именка, женски род
машина за дробење
Англиски: crusher
а - б - в - г - д - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш