Технологија - категорија

вала повеќе

валаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Под притисок со валјаци намалува дебелина на метал.
Англиски: roll Албански: rrotullis

валалница повеќе

мн. валалници
Вид збор: Именка, женски род
Фабрика или работилница во која се валаат метали заради добивање помала дебелина или определен профил.
Англиски: rolling mill

валец повеќе

мн. валци
Вид збор: Именка, машки род
валјак
Англиски: roller

валјак повеќе

мн. валјаци
Вид збор: Именка, машки род
Цилиндричен дел од некоја машина.
Англиски: roller Албански: rul, cilindër

вари повеќе

варат
Вид збор: Глагол, несвршен
Загрева железо, метални делови за да ги спои.
Англиски: weld Албански: saldoj, ngjit

вбризга повеќе

вбризгаат
Вид збор: Глагол, свршен
Внесува нешто во празнина со инјектирање.
Англиски: inject Српски: убризгавати Албански: injekton

вентил повеќе

мн. вентили
Вид збор: Именка, машки род
Механичка направа со која се врши отворање и затворање на преминот на гасови или течности низ цевка.
Англиски: valve Албански: ventil, valvula

вентилатор повеќе

мн. вентилатори
Вид збор: Именка, машки род
Направа за проветрување затворени простории.
Англиски: fan, ventilator

вентилација повеќе

мн. вентилации
Вид збор: Именка, женски род
Уред за проветрување.
Англиски: ventilation Албански: ventilim

ветробран повеќе

мн. ветробрани
Вид збор: Именка, машки род
Предно стакло од автомобил.
Англиски: windshield

ветробрански повеќе

Види и: ветробран (м.)
ветробранско
Вид збор: Придавка
Што е во врска со ветробран.

вземји повеќе

вземјат
Вид збор: Глагол, свршен
Спои со земја.
Англиски: ground

видео повеќе

мн. видеа
Вид збор: Именка, среден род
Апарат за снимање и репродукција на телевизиска програма.
Англиски: video recorder Албански: video rekorder

видеозапис повеќе

мн. видеозаписи
Вид збор: Именка, машки род
Запис од видеокамера.
Англиски: video recording

видеокамера повеќе

мн. видеокамери
Вид збор: Именка, женски род
Електронска камера за снимање.
Англиски: video camera

видеокасета повеќе

мн. видеокасети
Вид збор: Именка, женски род
Касета со намотана лента за снимање и репродуцирање на снимен материјал.
Англиски: video cassette

видеолента повеќе

мн. видеоленти
Вид збор: Именка, женски род
Лента за снимање и репродуцирање на снимен материјал.
Англиски: video tape

видеорикордер повеќе

мн. видеорикордери
Вид збор: Именка, машки род
Апарат за снимање на телевизиска програма и репродукција на видеокасети на екранот на телевизорот.
Англиски: video recorder

видеотехника повеќе

мн. видеотехники
Вид збор: Именка, женски род
Апарати и инструменти поврзани со магнетоскопска снимка, снимање и прикажување.

винт повеќе

мн. винтови
Вид збор: Именка, машки род
Машински цилиндричен (обично шестостран) елемент со спирален навој.
Англиски: nut Германски: Schraubenmutter Албански: torz

вод повеќе

мн. водови
Вид збор: Именка, машки род
Жица со која се спроведува електрична струја.
Англиски: conductor Албански: përçues

водонепропустлив повеќе

водонепропустливиот
Вид збор: Придавка
Направен да не пропушта вода.
Англиски: waterproof

вокмен повеќе

мн. вокмени
Вид збор: Именка, машки род
Мал касетофон, транзистор со слушалки.
Англиски: walkman

волан повеќе

мн. волани
Вид збор: Именка, машки род
Направа во вид на тркало што служи за управување на автомобил, моторен чамец и сл.
Англиски: steering wheel Француски: volant

вратило повеќе

мн. вратила
Вид збор: Именка, среден род
Вретенеста рачка или оска што со вршење врши некоја механичка работа или пренесува кружно движење.
Англиски: shaft Албански: bosht
а - б - в - г - д - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш