Сцена - категорија

секвенција повеќе

мн. секвенции
Вид збор: Именка, женски род
Во филмскиот јазик - неколку кадри поврзани во заокружена целина.
Англиски: sequence Албански: sekuencë

синеаст повеќе

мн. синеасти
Вид збор: Именка, машки род
Лице што се занимава со кинематографија, филмски критичар или љубител на филмот.
Англиски: cineaste Француски: cinéaste

синопсис повеќе

мн. синопсиси
Вид збор: Именка, машки род
Општ осврт, зборник од статии, материјали по некое прашање; во филмскиот јазик - концизен нацрт на содржината на идниот филм.
Англиски: synopsis

скеч повеќе

мн. скечеви
Вид збор: Именка, машки род
Мало драмско дело со весела содржина.
Англиски: sketch

спектакл повеќе

мн. спектакли
Вид збор: Именка, машки род
Театарска претстава.
Англиски: spectacle Албански: spektakël
Примери:
Балетски спектакл.

старлета повеќе

мн. старлети
Вид збор: Именка, женски род
Млада актерка што сака да стане ѕвезда.
Англиски: starlet

статира повеќе

статираат
Вид збор: Глагол, несвршен
Игра улога на статист.
Албански: statoj

статирање повеќе

Вид збор: Именка, среден род
статира

статист повеќе

мн. статисти
Вид збор: Именка, машки род
Лице што исполнува незначителни улоги на сцена.
Англиски: extra Албански: statist

суфлер повеќе

мн. суфлери
Вид збор: Именка, машки род
Лице што суфлира во театар.
Англиски: prompter Албански: sufler

суфлерница повеќе

Вид збор: Именка, женски род
суфлерска куќичка

суфлерски повеќе

суфлерсиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на суфлер и суфлерство.

суфлерство повеќе

Вид збор: Именка, среден род
работа на суфлер

суфлира повеќе

суфлираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
За суфлер дошепне, дошепнува делови од улогите на артистите.
Англиски: prompt Албански: sufloj

сцена повеќе

мн. сцени
Вид збор: Именка, женски род
Специјално пригодено поиздигнато место за настап на артисти.
Англиски: stage Албански: skenë
(само едн.) Театар, театарска дејност.
Англиски: theater Албански: teatër
Одделен дел од чин, слика.
Англиски: entrance Албански: hyrje

сценарио повеќе

мн. сценарија
Вид збор: Именка, среден род
Текст врз основа на кој се снима филм.
Англиски: screenplay Албански: skenar
План на театарска пиеса.
Англиски: scenario Албански: skenar
Список на лицата што учествуваат во една пиеса со назначување на редот и времето за излегување на сцена.
Англиски: scenario Албански: skenar

сценарист повеќе

мн. сценаристи
Вид збор: Именка, машки род
Автор на филмско сценарио.
Англиски: scriptwriter

сценерија повеќе

мн. сценерии
Вид збор: Именка, женски род
(ретко мн.) Сета опрема на сцена, кулиси и сл.
Англиски: scenery

сценограф повеќе

мн. сценографи
Вид збор: Именка, машки род
Оној што ги слика сценските декорации.
Англиски: scenographer

сценографија повеќе

Вид збор: Именка, женски род
(ретко мн.) Сите работи, особено сликарски, за оформување на сцената.
Англиски: scenography

сценографски повеќе

сценографска
Вид збор: Придавка
Што се однесува на сценографија и сценограф.
Англиски: scenographic

сценски повеќе

сценска
Вид збор: Придавка
Што се однесува на сцена, изведува на сцена.
Примери:
Сценски ефект.

сценски повеќе

Вид збор: Прилог
Како на сцена; театарски, драмски.
Примери:
Тој настапи сценски пред луѓето.
а - б - в - г - д - е - з - и - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - ш