Сцена - категорија

двочинка повеќе

мн. двочинки
Вид збор: Именка, женски род
Драмска творба или театарска претстава во два чина.

дејствие повеќе

мн. дејствија
Вид збор: Именка, среден род
Еден дел од драмско дело.
Англиски: act Албански: akt

документарец повеќе

мн. документарци
Вид збор: Именка, машки род
документарен филм
Англиски: documentary

драма повеќе

мн. драми
Вид збор: Именка, женски род
Сценска претстава со сериозна содржина.
Англиски: drama Албански: dramë

драматург повеќе

мн. драматурзи
Вид збор: Именка, машки род
Лице што го составува драмскиот репертоар и ги определува улогите на артистите.
Англиски: dramaturge Албански: dramaturg
драматичар
Англиски: dramatist Албански: dramaturg

драматургија повеќе

(едн.) драматургијата
Вид збор: Именка, женски род
Наука за драмата и за драмската уметност.
Англиски: dramaturgy Албански: dramaturgji

драмолет повеќе

мн. драмолети
Вид збор: Именка, машки род
Куса драма, обично во еден чин.
Англиски: one-act play

дублер повеќе

мн. дублери
Вид збор: Именка, машки род
Лице што го заменува главниот лик на филм, обично во изведување на тешки и опасни сцени.
Англиски: stuntman

дублира повеќе

дублираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Замени, заменува некого како дублер.
Англиски: stunt
а - б - в - г - д - е - з - и - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - ш