Спорт - категорија

цајтнот повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Во шахот - недостиг на време за размислување.
Англиски: shortage of time Германски: Zeitnot

цел повеќе

мн. цели
Вид збор: Именка, женски род
Точка во која се нишани; точка до која треба да се стигне.
Англиски: target Албански: cak
Примери:
Погоди во целта.

центар повеќе

мн. центри
Вид збор: Именка, машки род
Играч што игра во средината и го организира нападот во некои спортови.
Англиски: forward

центарфор повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Централен играч во нападот.
Англиски: forward
Примери:
(разг.) Игра со повлечен центарфор.

центархалф повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Играч што игра во средина и ја организира одбраната во некои спортови.
Англиски: midfield player
Примери:
(разг.) Игра со два центархалфа.

центаршут повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Подавање на топката од крило во средината.
Англиски: long pass

центрира повеќе

центрираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Нафрли, нафрлува топка од крило во средината на игралиштето, пред гол.
Англиски: pass Албански: pasoj
Примери:
Крилото лесно го минуваше бекот и убаво центрираше.

црни повеќе

Види и: црн (прид.)
црниот
Вид збор: Именка, машки род
Во шахот - играчот што игра со црни фигури.
Англиски: black player Албански: i ziu
а - б - в - г - д - ѓ - е - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ - ш