Спорт - категорија

фаворит повеќе

мн. фаворити
Вид збор: Именка, машки род
Личност или екипа, воопшто оној што има најголеми изгледи да победи во еден спортски натпревар; на коњски натпревари - коњ.
Англиски: favorite Албански: favorit

фалц повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Обично при играње со скокалчиња, топка, валчести предмети - страничен удар.
Англиски: spin
Примери:
Го удри со фалц.

фаул повеќе

мн. фаули
Вид збор: Именка, машки род
Прекршок на правилата во некои спортови, груб старт.
Англиски: foul play
Примери:
Играчот беше исклучен поради груб фаул.

фаулира повеќе

фаулираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Направи, прави фаул, непрописно нападне, напаѓа.
Англиски: foul

фаулирање повеќе

Вид збор: Именка, среден род
фаулира
Англиски: foul

фигура повеќе

мн. фигури
Вид збор: Именка, женски род
Во шахот - назив на кралот и кралицата, ловците, коњите и топовите; назив на сите предмети од гарнитурата.
Англиски: piece Албански: pjesë

финал повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Завршен дел на спортски натпревари.
Англиски: final Албански: finale
Примери:
Влезе во финалот.

финале повеќе

(едн.) финалето
Вид збор: Именка, среден род
Финален, последен натпревар.
Англиски: final Албански: finale
Примери:
Во финалето победи Шпанија.

финалист повеќе

мн. финалисти
Вид збор: Именка, машки род
Кој влегол во финал.
Англиски: finalist

финалистка повеќе

Види и: финалист (м.)
мн. финалистки
Вид збор: Именка, женски род
финалист
Англиски: finalist

финиш повеќе

(едн.) финишот
Вид збор: Именка, машки род
Завршен дел на спортски натпревари во брзина.
Англиски: finish Албански: finish, cak
Цел, крајна точка на спортски натпревар.
Англиски: finish Албански: finish, fund

финишира повеќе

финишираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Заврши, завршува спортски натпревар.
Англиски: finish

финта повеќе

мн. финти
Вид збор: Именка, женски род
Измамно движење, божемен удар.
Англиски: feint

фискултура повеќе

(едн.) фискултурата
Вид збор: Именка, женски род
физичка култура
Англиски: gymnastics

фискултурен повеќе

фискултурни
Вид збор: Придавка
Што се однесува на фискултура
Англиски: gymnastic

фискултурник повеќе

мн. фискултурници
Вид збор: Именка, машки род
Оној што систематски или професионално се занимава со фискултура.
Англиски: athlete

фискултурничка повеќе

Види и: фискултурник (м.)
мн. фискултурнички
Вид збор: Именка, женски род
жена фискултурник
Англиски: athlete

фит повеќе

Вид збор: Придавка
Готов, способен, кој е во добра форма.
Англиски: fit

флорет повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Тенок меч за мечување.
Англиски: foil

фор повеќе

Вид збор: Именка, машки род
напад, навала
Англиски: forward Албански: sulm
Примери:
Имаме слаб фор.
Подавање напред себеси или на соиграч.
Англиски: pass Албански: pasim
Примери:
Му даде фор.

форма повеќе

мн. форми
Вид збор: Именка, женски род
Добра состојба на играч или екипа.
Англиски: condition Албански: kondicion

формула повеќе

мн. формули
Вид збор: Именка, женски род
Класа на автотрки според Меѓународната федерација за автомобилизам кои се одржуваат секоја година на наменски изградени писти, а во неколку случаи и на градски улици.
Англиски: formula

форхенд повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Удар во тенисот со внатрешниот дел од раката, од надвор према телото.
Англиски: forehand

фрлање повеќе

Вид збор: Именка, среден род
натпреварување
Англиски: throwing Албански: ndeshje, garim
Примери:
Фрлање диск, ѓуле, кладиво.

фрлач повеќе

мн. фрлачи
Вид збор: Именка, машки род
Лице што се занимава со некоја фрлачка дисциплина.
Англиски: thrower Албански: hedhës
Примери:
Нашите фрлачи се во добра форма.

фрлачки повеќе

Вид збор: Придавка
Што се однесува на фрлање, со фрлање.
Примери:
Фрлачки дисциплини.

фудбал повеќе

(едн.) фудбалот
Вид збор: Именка, машки род
Колективна спортска игра со топка.
Англиски: soccer Албански: futboll
Примери:
Тој се определи за фудбалот.

фудбалер повеќе

Види и: фудбал (м.)
мн. фудбалери
Вид збор: Именка, машки род
Спортист кој игра фудбал.
Англиски: soccer player Албански: futbollist
Примери:
Врвен фудбалер.

фудбалски повеќе

Види и: фудбал (м.)
фудбалска
Вид збор: Придавка
Што е поврзано со фудбал.
Албански: futbollistik
Примери:
Фудбалски натпревар.
а - б - в - г - д - ѓ - е - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ - ш