Спорт - категорија

тајмаут повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Краток прекин на спортски натпревар.
Англиски: time-out
Примери:
По загубениот сет тој со вода ги полеваше очите и повторно побара медицински тајмаут.

тег повеќе

мн. тегови
Вид збор: Именка, машки род
спортски реквизит
Англиски: weight

тенис повеќе

(едн.) тенисот
Вид збор: Именка, машки род
Вид спортска игра.
Англиски: tennis

тенисерка повеќе

Види и: тенисер (м.)
мн. тенисерки
Вид збор: Именка, женски род
жена тенисер
Англиски: tennis player

тениски повеќе

тенискиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на тенис.
Примери:
тениско игралиште

терца повеќе

мн. терци
Вид збор: Именка, женски род
Вид удар во мечувањето.
Албански: tercë

тим повеќе

мн. тимови
Вид збор: Именка, машки род
Oпределена група, обично од спортски играчи.
Англиски: team Албански: ekip

типува повеќе

типуваат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Предвидува исход, резултат на некој натпревар.
Англиски: bet

токмоножечки повеќе

Вид збор: Придавка
Со стокмени нозе.
Примери:
Токмоножечки скок во вода.

токмонозе повеќе

Вид збор: Прилог
Со стокмени нозе.
Примери:
Скокна токмонозе.

топка повеќе

мн. топки
Вид збор: Именка, женски род
спортски реквизит
Англиски: ball Турски: top Албански: top

тотализатор повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Механички бројач на трки и натпревари.
Англиски: totalizator Албански: totalizator
Игра на пари при трки и натпревари.
Англиски: totalizator Албански: loj bastesh, totalizator

трамбулина повеќе

мн. трамбулини
Вид збор: Именка, женски род
Специјална штица од која се скока при различни фискултурни игри.
Англиски: trampoline Албански: trambulinë

трансфер повеќе

мн. трансфери
Вид збор: Именка, машки род
премин, преминување
Англиски: transfer Албански: transfer, kalim
Примери:
Трансфер во друг фудбалски клуб.

трап повеќе

мн. трапови
Вид збор: Именка, машки род
Бродски или гимнастички скали од јаже.

трапез повеќе

мн. трапези
Вид збор: Именка, машки род
Вид гимнастичка направа.
Англиски: trapeze Албански: trapez

тренер повеќе

мн. тренери
Вид збор: Именка, машки род
Лице што обучува, што тренира спортисти.
Англиски: coach Албански: trajner

тренерка повеќе

мн. тренерки
Вид збор: Именка, женски род
жена тренер
Англиски: coach Албански: trajnere
(во неправилна употреба обично мн.) Спортска облека за тренинг.
Англиски: tracksuit Албански: veshje sportive

тренерски повеќе

тренерска
Вид збор: Придавка
Што се однесува на тренер.
Албански: stërvitje
Примери:
Тренерска школа.

тренинг повеќе

мн. тренинзи
Вид збор: Именка, машки род
Систематско вежбање со цел да се стекнат или да се зачуваат извесни својства.
Англиски: training Албански: stërvitje, trening

тренирка повеќе

мн. тренирки
Вид збор: Именка, женски род
(обично мн.) Спортска облека за тренинг.
Англиски: tracksuit

трим-патека повеќе

мн. трим-патеки
Вид збор: Именка, женски род
Патека по која може да се трча.
Англиски: fitness trail

трискок повеќе

трискокот
Вид збор: Именка, машки род
Атлетска дисциплина (отскок, исчекор и доскок)
Англиски: triple jump

тричекор повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Скок во три чекори.
Примери:
На тричекор го рипа трлото.

трка повеќе

мн. трки
Вид збор: Именка, женски род
натпревар
Англиски: race Албански: garë
Примери:
Коњски трки.

тркалиште повеќе

мн. тркалиштеа
Вид збор: Именка, среден род
Место каде што се држат натпревари во трчање.
Англиски: racetrack

тркач повеќе

мн. тркачи
Вид збор: Именка, машки род
Оној што трча; оној што се натпреварува во трчање.
Англиски: racer
Примери:
Коњ тркач (тркачки коњ).

турнир повеќе

мн. турнири
Вид збор: Именка, машки род
Спортски натпревар, борба на поголем број натпреварувачи.
Англиски: tournament Албански: turnir
Примери:
Шаховски турнир.
а - б - в - г - д - ѓ - е - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ - ш