Спорт - категорија

падобранство повеќе

Вид збор: Именка, среден род
Скокање со падобран.
Англиски: parachute jumping

пак повеќе

мн. пакови
Вид збор: Именка, машки род
Тврда гумена плочка за играње хокеј на мраз.
Англиски: puck

параглајдер повеќе

мн. параглајдери
Вид збор: Именка, машки род
Направа слична на падобран што му овозможува на летачот да скокне од височина и лебди во воздухот.
Англиски: paraglider

параглајдерист повеќе

мн. параглајдеристи
Вид збор: Именка, машки род
Тој што лета со параглајдер.
Англиски: paraglider

парада повеќе

парадата
Вид збор: Именка, женски род
Одбрана на голманот во фудбалот.
Англиски: parade Албански: paradë
Примери:
Убава голманска парада.

параолимпиец повеќе

мн. параолимпијци
Вид збор: Именка, машки род
Олимпиец што учествува на олимпијада на хендикепирани спортисти.
Англиски: paralympian

парира повеќе

парираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Одбие, одбива удар при мечување и други спортови.
Англиски: parry Албански: shmang

партер повеќе

(едн.) партерот
Вид збор: Именка, машки род
Вид гимнастичка вежба, простор на кој се изведува.
Положба кога борачот е на колена и на раце на подот, но сѐ уште не е превртен на грб, не е победен.

пар-форфе повеќе

Вид збор: Именка, среден род
Добивање на натпреварот или мечот „без борба“ по казна „по вина“ - поради недоаѓање на една екипа или натпреварувач на натпревар, поради неоснован прекин на натпреварот, поради повреда или друга некоја причина.
Англиски: forfeit Француски: par forfait

пас повеќе

мн. пасови
Вид збор: Именка, машки род
Во фудбалот и слични игри - додавање топка на играч од својата екипа.
Англиски: pass
Примери:
Долг пас.

патека повеќе

мн. патеки
Вид збор: Именка, женски род
Обележена атлетска стаза.
Англиски: track Албански: patekë

патика повеќе

мн. патики
Вид збор: Именка, женски род
(обично мн.) Лесна спортска обувка.
Англиски: sneaker

пацер повеќе

мн. пацери
Вид збор: Именка, машки род
Губитник во шаховска игра.
Англиски: loser Германски: Patzer Албански: humbës, dështak

пеливан повеќе

мн. пеливани
Вид збор: Именка, машки род
борач
Англиски: wrestler Турски: pehlivan Албански: pelivan, mundës
Примери:
Луѓето направија круг на ливадата околу пеливаните.

пеливанлак повеќе

мн. пеливанлаци
Вид збор: Именка, машки род
(само едн.) Пеливанство, работа на пеливанот.
Англиски: wrestling Турски: pehlivanlık Албански: pelivanllëk, mundje

пеливанство повеќе

пеливанството
Вид збор: Именка, среден род
Работа, занает на пеливан.
Албански: pelivani
Примери:
пеливанството во Македонија

пенал повеќе

мн. пенали
Вид збор: Именка, машки род
Најстрог казнен удар.
Англиски: penalty Албански: penallti

пентатлон повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Атлетски натпревар во пет различни дисциплини.
Англиски: pentathlon

пеперутка повеќе

мн. пеперутки
Вид збор: Именка, женски род
стил на пливање
Англиски: butterfly

перка повеќе

мн. перки
Вид збор: Именка, женски род
(обично во мн.) Долги и гумени или пластични обувки со трапезоидна форма што се користат за побрзо движење, пливање во вода.
Англиски: flipper

петобој повеќе

(едн.) петобојот
Вид збор: Именка, машки род
Атлетски натпревар во пет различни дисциплини.
Англиски: pentathlon

пинг-понг повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Игра меѓу двајца играчи со мали и цврсти рекети и лесно топче на маса поделена со мрежа.
Англиски: table tennis

пингпонгар повеќе

мн. пингпонгари
Вид збор: Именка, машки род
Играч на пинг-понг.
Англиски: table tennis player

пингпонгарка повеќе

Види и: пингпонгар (м.)
мн. пингпонгарки
Вид збор: Именка, женски род
Жена играч на пинг-понг.
Англиски: table tennis player

пион повеќе

мн. пиони
Вид збор: Именка, машки род
Пешак во шаховската игра.
Англиски: pawn Албански: pion, peng

пирамида повеќе

мн. пирамиди
Вид збор: Именка, женски род
Во гимнастиката - акробатска фигура составена од луѓе што се едни на други по редови и стеснета кај врвот.
Англиски: pyramid Албански: piramidë

писта повеќе

мн. писти
Вид збор: Именка, женски род
Патека за тркачи и натпревари.
Англиски: racing track Албански: pistë

планинар повеќе

мн. планинари
Вид збор: Именка, машки род
Член на планинарско друштво; љубител на излети во планина.
Англиски: mountaineer

планинарење повеќе

Вид збор: Именка, среден род
Качување на планина како спорт и рекреација.
Англиски: mountaineering

планинари повеќе

планинарат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се занимава со планинарство.
Англиски: climbing

планинарка повеќе

Види и: планинар (м.)
мн. планинарки
Вид збор: Именка, женски род
Жена планинар.
Англиски: mountaineer

планинарски повеќе

Види и: планинар (м.)
планинарскиот
Вид збор: Придавка
планинар

планинарство повеќе

(едн.) планинарството
Вид збор: Именка, среден род
планинар
Англиски: mountaineering

планинец повеќе

мн. планинци
Вид збор: Именка, машки род
планинар
Англиски: mountaineer Албански: malësor, alpinist

планинка повеќе

Вид збор: Именка, женски род
планинарка
Англиски: mountaineer Албански: malësore, alpiniste

пласира повеќе

пласираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
(се пласира) Обезбеди, обезбедува место, пласман за понатамошно натпреварување, се квалификува.
Англиски: place

пласман повеќе

(едн.) пласманот
Вид збор: Именка, машки род
Освоено место во некоја квалификација (во спортски натпревари, турнир).
Англиски: rank Албански: arritje

плејмејкер повеќе

мн. плејмејкери
Вид збор: Именка, машки род
Главен играч што ја води играта на екипата.
Англиски: playmaker

плејоф повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Натпревар или серија натпревари меѓу два или повеќе тима за да се избере најдобриот.
Англиски: play-off

пливање повеќе

Види и: плива (несв.)
пливањето
Вид збор: Именка, среден род
плива
Англиски: swimming Албански: not, notim
Примери:
Курс по пливање.

пливач повеќе

мн. пливачи
Вид збор: Именка, машки род
Спортист што се занимава со пливање.
Англиски: swimmer Албански: notues

пливачки повеќе

пливачка
Вид збор: Придавка
Што се однесува на пливач и на пливање.

победа повеќе

мн. победи
Вид збор: Именка, женски род
Успех во спортски натпревар.
Англиски: victory Албански: fitore
Примери:
Победа над фудбалскиот тим на Исланд.

поведе повеќе

поведат
Вид збор: Глагол, свршен
Добие предност во натпревар, почне да води (со постигнат гол, освоен поен).
Англиски: lead Албански: në krye

повеќебој повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Натпреварување во повеќе атлетски дисциплини.
Англиски: all-around

подаде повеќе

подадат
Вид збор: Глагол, свршен
Во фудбалот - со удар или на друг начин префрли топка до свој соиграч.
Англиски: pass Албански: pasoj

поентира повеќе

поентираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Освои поен при спортски натпревар.
Англиски: make point

покрие повеќе

покријат
Вид збор: Глагол, свршен
Се постави кај противничкиот играч за да му пречи.
Англиски: shield Албански: pengoj

поле повеќе

мн. полиња
Вид збор: Именка, среден род
Во спортот - простор каде што се одвиваат спортски активности, спортски терен.
Англиски: field Албански: fushë
Во шахот - црно и бело поле.
Англиски: field Албански: fusha

полувреме повеќе

мн. полувремиња
Вид збор: Именка, среден род
Еден од двата еднакви дела на спортски натпревар.
Англиски: half-time Албански: gjysëmlojë
Примери:
Во првото полувреме водевме со два гола разлика.

полумаратон повеќе

Види и: маратон (м.)
мн. полумаратони
Вид збор: Именка, машки род
Атлетска дисциплина, трчање на половина од маратонската патека.
Англиски: half-marathon

полутежок повеќе

полутешки
Вид збор: Придавка
Категорија во боксот, боксери меѓу средна и тешка категорија (од 81 до 90 кг).
Англиски: light heavyweight

полутка повеќе

мн. полутки
Вид збор: Именка, женски род
Играч во фудбалот што служи како врска меѓу навалата и одбраната.
Англиски: midfield player
Примери:
Нападот најчесто одеше преку левата полутка.

полуфинале повеќе

мн. полуфиналиња
Вид збор: Именка, среден род
Натпревар во кој се оределува учесник или еден од учесниците во финалето.
Англиски: semifinals

полуфинален повеќе

полуфинални
Вид збор: Придавка
Што се однесува или што се игра во полуфинале.
Англиски: semifinal

потег повеќе

мн. потези
Вид збор: Именка, машки род
Во шахот - едно движење на фигурата.
Англиски: move Албански: një hov lëvizjeje

прв повеќе

први
Вид збор: Придавка
(редна, бројна придавка кон бројот еден) Што е почетен, што е во набројувањето или во редот пред сите други.
Англиски: first Албански: i parë

првак повеќе

мн. прваци
Вид збор: Именка, машки род
Спортист или спортски тим што победил во некое натпреварување.
Англиски: champion Албански: kampion

првенец повеќе

мн. првенци
Вид збор: Именка, машки род
првак
Англиски: champion Албански: i parë

првенствен повеќе

првенствениот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на спортско првенство.
Англиски: championship

првенство повеќе

мн. првенства
Вид збор: Именка, среден род
предност, приоритет
Англиски: priority Албански: përparësi
Натпреварување за освојување на шампионската титула.
Англиски: championship Албански: kampionat

првенче повеќе

Види и: првенец (м.)
мн. првенчиња
Вид збор: Именка, среден род
шампион
Албански: kampion

првокатегорник повеќе

мн. првокатегорници
Вид збор: Именка, машки род
Шахист од прва категорија.

прволигаш повеќе

мн. прволигаши
Вид збор: Именка, машки род
Спортист или спортски клуб што е во прва лига.

прволигашки повеќе

Види и: прволигаш (м.)
прволигашкиот
Вид збор: Придавка
Што е во врска со прволигаш.

првотимец повеќе

мн. првотимци
Вид збор: Именка, машки род
Тој што игра во првиот тим.

предаде повеќе

предадат
Вид збор: Глагол, свршен
Прекине партија, меч со признавање пораз, со откажување.
Англиски: forfeit Албански: dorëzoj
(се предаде) Во игра - признае пораз.
Англиски: forfeit Албански: dorëzoj

предигра повеќе

мн. предигри
Вид збор: Именка, женски род
Игра што се одржува пред главниот натпревар.
Англиски: qualifying Албански: paralojë

прекине повеќе

прекине
Вид збор: Глагол, свршен
Запре започната игра, натпревар.
Англиски: interrupt Албански: ndërpres

премет повеќе

мн. премети
Вид збор: Именка, машки род
Слободен скок од гимнастичка справа.
Англиски: somersault

пресинг повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Тактика на еден спрема еден кон играчите на противничката екипа.
Англиски: pressing

престап повеќе

мн. престапи
Вид збор: Именка, машки род
Истапување надвор од определена зацртана граница (круг, линија).
Англиски: violation Албански: shkelje, thyerje

пречка повеќе

мн. пречки
Вид збор: Именка, женски род
Попречна греда; хоризонтална греда што ги спојува диреците на голот.
Англиски: cross-bar Албански: shtyllë
Попречна греда; хоризонтална летва што ја определува височината при скокање.
Англиски: bar Албански: shufër

продолжение повеќе

мн. продолженија
Вид збор: Именка, среден род
Продолжување на натпревар поради постигнат нерешен резултат во регуларното време или поради прекин во текот на играта.
Англиски: continuation Албански: vazhdim

професионалец повеќе

мн. професионалци
Вид збор: Именка, машки род
Тој што се занимава со спорт како со професија.
Англиски: professional Албански: profesionist

професионалка повеќе

Види и: професионалец (м.)
мн. професионалки
Вид збор: Именка, женски род
жена професионалец
Англиски: professional Албански: profesioniste

пукач повеќе

мн. пукачи
Вид збор: Именка, машки род
За тој што постигнува погодок.
Англиски: scorer
а - б - в - г - д - ѓ - е - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ - ш