Спорт - категорија

мајстор повеќе

мн. мајстори
Вид збор: Именка, машки род
Во шахот - висока титула.
Англиски: master Германски: Meister Албански: mjeshtër, padron

малокалибарка повеќе

мн. малокалибарки
Вид збор: Именка, женски род
Пушка со мал калибар.
Англиски: small-bore rifle

маратон повеќе

мн. маратони
Вид збор: Именка, машки род
Атлетска дисциплина, трчање на 42 195 м.
Англиски: marathon Албански: maratonë

медалист повеќе

мн. медалисти
Вид збор: Именка, машки род
Спортист што освоил медал.

меморијал повеќе

мн. меморијали
Вид збор: Именка, машки род
Спортски натпревар организиран во нечија чест, за спомен на некого.
Англиски: memorial Албански: memorial

меч повеќе

мн. мечеви
Вид збор: Именка, машки род
Оружје во спортската дисциплина мечување.
Англиски: épée Албански: armë
спортски натпревар
Англиски: match Албански: ndeshje

мечува повеќе

(се) мечуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Настапува во спортска дисциплина мечување.
Англиски: fence Албански: dyluftim me skermë, shpatë

мечувалец повеќе

Види и: мечувач (м.)
мн
Вид збор: Именка, машки род
Натпреварувач во спортската дисциплина мечување.
Англиски: fencer Албански: shpatar, skermist

мечувалиште повеќе

мн. мечувалишта
Вид збор: Именка, среден род
Простор определен за мечување.

мечување повеќе

Вид збор: Именка, среден род
Спортска дисциплина во која учесниците во бората употребуваат едно од трите оружја: меч, флорет или сабја.
Англиски: fencing Албански: dyluftim me shpata

мечувач повеќе

Види и: мечувалец (м.)
мн. мечувачи
Вид збор: Именка, машки род
Оној што се мечува.
Англиски: fencer

мижитатара повеќе

мн. мижитатари
Вид збор: Именка, женски род
миженка
Англиски: hide-and-seek

мост повеќе

мн. мостови
Вид збор: Именка, машки род
Вид гимнастичка вежба.
Албански: urë

мрежа повеќе

мн. мрежи
Вид збор: Именка, женски род
Преграда која ги разделува двете половини од просторот за играње; завеса на голот што ја задржува топката.
Англиски: net Албански: rrjetë

мува повеќе

мн. муви
Вид збор: Именка, женски род
Дисциплини (категорија) во боксот и во борењето.
Англиски: flyweight Албански: kategori mizë në boks dhe mundje
а - б - в - г - д - ѓ - е - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ - ш