Спорт - категорија

лавира повеќе

лавираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Едри спроти ветрот заобиколувајќи пречки.
Англиски: maneuver Германски: lavieren Албански: manovroj

лак повеќе

мн. лакови
Вид збор: Именка, машки род
Спортски реквизит за гаѓање со стрела.
Англиски: bow Албански: qemer

лидер повеќе

мн. лидери
Вид збор: Именка, машки род
Тој што води; водечки тим или спортист.
Англиски: leader

лизгалиште повеќе

мн. лизгалишта
Вид збор: Именка, среден род
Место што е покриено со мраз за лизгање со лизгалки.
Англиски: ice stadium Албански: shesh patinazhi
Објект во кој вештачки се одржува површина со мраз заради практикување на спорт, за вежбање и за натпревари.
Англиски: ice stadium Албански: shesh patinazhi

лизгач повеќе

мн. лизгачи
Вид збор: Именка, машки род
Лице што се лизга на лизгалиште; тој што се занимава со лизгачки спорт.
Англиски: skater Албански: rrëshqitës

лоб повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Удар на топка во лак со измама на голманот или одбраната.
Англиски: lob

лобува повеќе

лобуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Ја префрлува топката преку противникот.
а - б - в - г - д - ѓ - е - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ - ш