Спорт - категорија

кајак повеќе

мн. кајаци
Вид збор: Именка, машки род
Вид лесен чамец што се движи со едно неприцврстено весло, за спуштање по реки или за натпревар.
Англиски: kayak Албански: kaik, kajak

кајакар повеќе

мн. кајакари
Вид збор: Именка, машки род
Спортист што се занимава со кајакарство, што весла кајак.

кајакарство повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Спортска дисциплина, веслање со кајаци и со кануа.
Англиски: kayak

кану повеќе

мн. кануа
Вид збор: Именка, среден род
Во спортот - тесен и долг спортски чамец, со едно неприцврстено весло, обично за еден веслач.
Англиски: canoe Албански: kanu

кануист повеќе

мн. кануисти
Вид збор: Именка, машки род
Спортист што весла во кану.

капија повеќе

мн. капии
Вид збор: Именка, женски род
Точно обележено место што се брани во повеќе спортови (фудбал, хокеј, ватерполо).
Англиски: goal Албански: portë, gol

капитен повеќе

мн. капитени
Вид збор: Именка, машки род
Водач, претставник на спортски тим.
Англиски: captain

карантин повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Изолиран престој на спортисти пред важно натпреварување.
Англиски: seclusion Албански: izolim, karantinë

карате повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Јапонска борбена вештина, техника за напад и одбрана без употреба на оружје; спортска дисциплина што ја користи оваа техника на одбрана.
Англиски: karate

каратист повеќе

мн. каратисти
Вид збор: Именка, машки род
Лице што се занимава со карате.

категорија повеќе

мн. категории
Вид збор: Именка, женски род
Во спортот - натпреварувачка група.
Англиски: category Албански: kategori

квалификација повеќе

мн. квалификации
Вид збор: Именка, женски род
Во спортот - пласман што овозможува натпреварување во повиcок ранг.
Англиски: qualification Албански: kualifikim

квалификува повеќе

квалификуваат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
(се квалификува) Во спортот - обезбеди, обезбедува место, пласман за понатамошно натпреварување.
Англиски: qualify Албански: kualifikoj

кегла повеќе

мн. кегли
Вид збор: Именка, женски род
Во куглањето - дрвена фигура во вид на шише што треба да се сруши.
Англиски: pin Германски: Kegel

кикбокс повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Bид бокс во кој се дозволени и удари cо нозете.
Англиски: kickboxing

кикс повеќе

мн. киксови
Вид збор: Именка, машки род
Погрешен удар со топка во фудбал и други спортски игри.
Албански: kiks, gabim

кладиво повеќе

мн. кладива
Вид збор: Именка, среден род
Спортска дисциплина и реквизит, метална кугла врзана со верига за дршка, што служи за фрлање.
Англиски: hammer

клинч повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Забранет зафат меѓу противниците во боксот.
Англиски: clinch Албански: klinç

коленица повеќе

мн. коленици
Вид збор: Именка, женски род
Штитник за заштита на коленото на спортистите.
Англиски: kneepad Албански: gjunjësore

коло повеќе

мн. кола
Вид збор: Именка, среден род
Низа од натпревари во разни спортски дисциплини кои се повторуваат во одредени периоди.
Англиски: round

контрира повеќе

контрираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Задава возвратен удар додека се брани.
Англиски: counter

коњ повеќе

мн. коњи
Вид збор: Именка, машки род
Гимнастичка направа за вежбање.
Англиски: vaulting horse Албански: kalë, kaluç
Шаховска фигура.
Англиски: knight Албански: kalë

копачка повеќе

мн. копачки
Вид збор: Именка, женски род
Обувки за фудбал и за слични спортски игри.
Англиски: soccer shoes Албански: këpuc futbolli

копје повеќе

мн. копја
Вид збор: Именка, среден род
Спортски реквизит во вид на долг стап со шилест врв за фрлање во далечина.
Англиски: javelin Албански: shtizë

корнер повеќе

мн. корнери
Вид збор: Именка, машки род
Во фудбалот - удар на топката од аголот на игралиштето кон противничкиот гол затоа што играч од противничката екипа ја префрлил топката преку својата гол-линија.
Англиски: corner

кош повеќе

мн. кошови
Вид збор: Именка, машки род
Во кошарката - обрач со мрежа без дно поставен на одредена висина во којшто се уфрла топката.
Англиски: basketball Албански: kosh
Погодок со топката во обрачот.
Англиски: basket Албански: kosh

кошарка повеќе

мн. кошарки
Вид збор: Именка, женски род
Игра со топка меѓу две екипи во која секоја екипа се труди да победи со поголем број уфрлени топки со раце во противничкиот кош.
Англиски: basketball Албански: basketboll

кошаркар повеќе

мн. кошаркари
Вид збор: Именка, машки род
Лице што игра кошарка.
Англиски: basketball player

кошаркарски повеќе

кошаркарска
Вид збор: Придавка
Што се однесува на кошаркар и на кошарка.
Англиски: basketball
Примери:
Кошаркарска репрезентација.

кошија повеќе

мн. кошии
Вид збор: Именка, женски род
Натпревар со коњи; коњска трка.
Англиски: horse race Турски: koşu Албански: garë me kuaj
Награда за победник во коњска трка.
Албански: shpërblim për fituesin në garë me kuaj

краул повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Пливачки стил.
Англиски: crawl

крикет повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Популарен спорт во Велика Британија и нејзините некогашни колонии.
Англиски: cricket

крикетар повеќе

мн. крикетари
Вид збор: Именка, машки род
играч на крикет
Англиски: cricketer

крилен повеќе

крилниот
Вид збор: Придавка
Што се наоѓа, што е распореден на крилата, странично, бочно.

крило повеќе

мн. крилја
Вид збор: Именка, среден род
Играч на левата или на десната страна во спортскиот тим.
Англиски: winger Албански: anësor

крос повеќе

мн. кросови
Вид збор: Именка, машки род
Атлетска дисциплина, трчање во природа.
Англиски: cross-country

кросист повеќе

мн. кросисти
Вид збор: Именка, машки род
учесник во крос

крос-контри повеќе

Види и: крос (м.)
(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
крос
Англиски: cross-country

кроше повеќе

Вид збор: Именка, среден род
Во бокс, краток страничен удар.
Англиски: hook Француски: crotchet

круг повеќе

мн. кругови
Вид збор: Именка, машки род
Место каде што се гаѓа.
Англиски: target Албански: nishan
Број на погодоци во некои спортови, стрелечки и сл.
Албански: gol
Bид подвижна гимнастичка справа со два паралелни круга, обрачи што висат на долги ремени.
Англиски: ring Албански: rreth

кугла повеќе

(се) куглаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се натпреварува во куглање.
Англиски: go bowling Албански: sferë, rruzull

кугла повеќе

мн. кугли
Вид збор: Именка, женски род
Спортски реквизит во вид на топка, од различен материјал, кој служи во атлетиката за натпревари во фрлање, а во куглањето за туркање на кеглите.
Англиски: ball Германски: Kugel

куглана повеќе

Види и: кугларница (ж.)
мн. куглани
Вид збор: Именка, женски род
кугларница
Англиски: bowling alley

куглање повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Игра во која играчите од определена оддалеченост туркаат кегла, а победува тој што ќе турне повеќе.
Англиски: bowling

куглар повеќе

мн. куглари
Вид збор: Именка, машки род
Тој што учествува во спортската игра куглање.
Англиски: bowler

куп повеќе

мн. купови
Вид збор: Именка, машки род
Пехар како награда за најдобар резултат во спортско натпреварување.
Англиски: cup Албански: kupë
Систем на одигрување спортски натпревари меѓу поголем број екипи или поединци, при што победениот отпаѓа од натамошните натпреварувања, а победникот се здобива со учество во финалниот натпревар.
Англиски: cup Албански: kupë
а - б - в - г - д - ѓ - е - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ - ш