Спорт - категорија

декласира повеќе

декласираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Во спортот - победи со многу висок резултат.
Англиски: outclass Албански: deklasoj

делфин повеќе

мн. делфини
Вид збор: Именка, машки род
Стил во пливањето.
Англиски: butterfly stroke Албански: delfin

депласиран повеќе

депласираниот
Вид збор: Придавка
Што е излезен од понатамошна игра, понатамошен натпревар.
Англиски: eliminated

дерби повеќе

мн. дербија
Вид збор: Именка, среден род
Главен решавачки натпревар.
Англиски: derby Албански: derbi
Коњски трки во Англија, наречени по основачот на трките, лорд Дерби.
Англиски: derby Албански: derbi, gara me kuaj

дигач повеќе

мн. дигачи
Вид збор: Именка, машки род
Тој што дига тегови.
Англиски: weight lifter Албански: ngritje peshe

диск повеќе

мн. дискови
Вид збор: Именка, машки род
Тркалезна плоча што се фрла во далечина по утврдени правила.
Англиски: discus Албански: disk

дисквалификација повеќе

мн. дисквалификации
Вид збор: Именка, женски род
Забрана за натамошно јавно настапување или поништување на постигнатите резултати како казна поради спортски прекршоци.
Англиски: disqualification Албански: diskualifikim

дисквалификува повеќе

дисквалификуваат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Исклучи, исклучува некого од понатамошно натпреварување поради некоја грешка или поради нарушување на спортските правила.
Англиски: disqualify Албански: diskualifikoj

дифолт повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Губење натпревар поради непојавување.
Англиски: default Албански: nga vetvetja, mosparaqitje

додаде повеќе

додадат
Вид збор: Глагол, свршен
Подаде, даде со подавање (обично во спортски игри со топка).
Англиски: pass Албански: pasim

долгопругаш повеќе

мн. долгопругаши
Вид збор: Именка, машки род
Тркач на долги патеки.
Англиски: long-distance runner

дома повеќе

Вид збор: Прилог
За означување на домашниот терен на кој се игра некој натпревар.
Англиски: at home Албански: në shtëpi

домаќин повеќе

мн. домаќини
Вид збор: Именка, машки род
Клуб, екипа на чијшто терен се игра некој натпревар.
Англиски: home team Албански: ekip

домаќинка повеќе

мн. домаќинки
Вид збор: Именка, женски род
домашен
Англиски: home team Албански: nikoqire

домашен повеќе

Види и: домашен (прид.)
мн. домашни
Вид збор: Именка, машки род
(само мн.) Припадник на клубот на чијшто терен се игра некој натпревар.
Англиски: home team Албански: nikoqir

допинг повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Користење на забранети дроги за подобрување на физичките способности.
Англиски: doping

допингува повеќе

допингуваат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Дава средство за допинг.
Англиски: dope
(се допингува) Зема допинг.
Англиски: dope
Примери:
Одамна кружат гласини дека тој се допингува.

доскок повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Завршен дел од скокот, спуштање на тлото при скокање.
Англиски: landing

досуди повеќе

Види и: суди (несв.)
досудат
Вид збор: Глагол, свршен
Во спортот - при натпревар, даде знак за прекршок и сл.
Англиски: decide Албански: shqiptoj

дрес повеќе

мн. дресови
Вид збор: Именка, машки род
Спортска облека во која се настапува.
Англиски: dress

дрибла повеќе

дриблаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Ја води топката во цик-цак линија со мали и постепени движења на нозете, провлекувајќи ја покрај противничкиот играч кој настојува да ја одземе.
Англиски: dribble Албански: driblon

дриблинг повеќе

мн. дриблинзи
Вид збор: Именка, машки род
Во фудбал, кошарка - непречена и подолготрајна игра со топката на еден ист играч којшто со посебна техника и почитувајќи ги правилата на играта не му дозволува на противникот да му ја одземе топката.
Англиски: dribbling

дубл повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Игра на двојки, најчесто во тенис и во пинг-понг.

душек повеќе

мн. душеци
Вид збор: Именка, машки род
Постилка наполнета со вештачки влакна, слама која се става на под и се користи за изведување гимнастички вежби.
Англиски: mattress Турски: döşek Албански: dyshek
а - б - в - г - д - ѓ - е - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ - ш