Религија - категорија

сабат повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Празник во Јудаизмот, од петок навечер до сабота навечер, одреден за одмор и ритуали.
Англиски: Sabbath, Shabbat

саботјанин повеќе

мн. саботјани
Вид збор: Именка, машки род
Приврзаник на протестантската секта што празнува сабота место недела.
Англиски: Adventist

саботјанка повеќе

Види и: саботјанин (м.)
мн. саботјанки
Вид збор: Именка, женски род
За жена саботјанин.

саботјански повеќе

саботјанска
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на саботјанин.
Англиски: adventist

сакрален повеќе

сакрални
Вид збор: Придавка
Што припаѓа, што се однесува на верски обреди.
Англиски: sacred

сакрализација повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Добивање елементи со сакрален карактер.

сакрализира повеќе

сакрализираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Направи, прави да стане нешто сакрално.

сакрализиран повеќе

сакрализираниот
Вид збор: Придавка
Што придобил особини на сакралност.

сакраментален повеќе

сакраментална
Вид збор: Придавка
Свет, обреден, потребен при обред.
Англиски: sacramental

сатана повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Според религиозните верувања, натприродно суштество што ги наведува луѓето на грев, на лоши дела и владее во пеколот, олицетворение на зол дух.
Англиски: Satan Албански: djall, dreq, shejtan
Примери:
Сатаната влегол во него.

сатанизам повеќе

(едн.) сатанизмот
Вид збор: Именка, машки род
Обожување на ѓаволот.
Англиски: satanism Албански: satanizëm

св повеќе

Вид збор: Скратеница
свети
Англиски: St.

свастика повеќе

мн. свастики
Вид збор: Именка, женски род
Крст со краци насочени во ист правец.
Англиски: swastika

свет повеќе

свети
Вид збор: Придавка
Што е предмет на религиозна почит.
Англиски: holy
Во христијанскиот култ - кој го поминал животот во служба божја и по смртта признаен за покровител на оние што веруваат.
Англиски: saint

светилиште повеќе

мн. светилишта
Вид збор: Именка, среден род
свето место, храм
Англиски: temple Албански: tempull
Примери:
Од Ќаба направиле муслиманско светилиште.

светиња повеќе

мн. светињи
Вид збор: Именка, женски род
Кај оние што веруваат - предмет или место за религиозна почит.
Англиски: sacred relic Албански: relikë e shenjtë
Примери:
Тој даб се почитувал како светиња.

свештен повеќе

свештени
Вид збор: Придавка
Што е поврзан со религиозен култ, што е со религиозно обележје.
Англиски: religious

свештеник повеќе

мн. свештеници
Вид збор: Именка, машки род
Лице што врши религиозни обреди, свештено лице.
Англиски: priest Албански: prift Бугарски: свещеник

свештенички повеќе

свештеничкиот
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на свештеник.
Англиски: ecclesiastical
Примери:
Свештенички одежди.

свештенодејство повеќе

Вид збор: Именка, среден род
Вршење на религиозан, црковен обред.
Англиски: religious service

свештенство повеќе

свештенството
Вид збор: Именка, среден род
Свештеничка служба.
Англиски: service Албански: shërbim kishtar
свештеници
Англиски: clergy Албански: prift, klerik
Примери:
Православното свештенство.

себап повеќе

Вид збор: Именка, машки род
добро дело
Англиски: merit Турски: sevap Албански: meritë, sevap
Примери:
Направи го тој себап.

севишен повеќе

севишна
Вид збор: Придавка
Што стои над сѐ, што е над сѐ.
Англиски: almighty

Седржител повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Епитет на Господ, Бог.
Англиски: All encompassing

секта повеќе

мн. секти
Вид збор: Именка, женски род
Религиозна група што се отцепила од својата црква.
Англиски: sect Албански: sektë
Примери:
Верска секта.

секташтво повеќе

секташтвото
Вид збор: Именка, среден род
Движење на лица што се одделиле од една црква.
Англиски: sectarianism Албански: sektariazëm

секуларизација повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Претворање на нешто црковно во световно.
Англиски: secularization

секуларизира повеќе

секуларизираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Претвори, претвора нешто црковно во световно (имот, дејност).
Англиски: secularize

серафим повеќе

мн. серафими
Вид збор: Именка, машки род
Во христијанската религија - ангел од највисок ред со три рала крилја.
Англиски: seraphim

серафимски повеќе

серафимска
Вид збор: Придавка
Кој се однесува серафим.
Примери:
Серафимски и херувимски песни.

сеџаде повеќе

Вид збор: Именка, среден род
Мала простирка, килимче за клањање при молитва на муслиманите.
Англиски: prayer rug Турски: seccade

синагога повеќе

мн. синагоги
Вид збор: Именка, женски род
Молитвен дом, храм на Евреите.
Англиски: synagogue

сквернавење повеќе

Вид збор: Именка, среден род
сквернави
Англиски: sacrilege Албански: sakrilegj, përdhosje

сквернави повеќе

сквернават
Вид збор: Глагол, несвршен
Во религијата - наруши чистотата на нешто.
Англиски: sacrilege

сквернење повеќе

Вид збор: Именка, среден род
сквернавење
Англиски: sacrilege

скверни повеќе

Види и: сквернави (несв.)
сквернат
Вид збор: Глагол, несвршен
сквернави
Англиски: sacrilege

скрнавење повеќе

Вид збор: Именка, среден род
сквернавење
Англиски: sacrilege

слуга повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Вршење црковен обред, служба.
Англиски: service Албански: shërbim
Примери:
Слуга служи.

служба повеќе

мн. служби
Вид збор: Именка, женски род
Вршење црковен обред.
Англиски: religious service Албански: shërbime fetare

создател повеќе

мн. создатели
Вид збор: Именка, машки род
Господ како творец на светот.
Англиски: creator Албански: krijues

сотона повеќе

Вид збор: Именка, машки род
сатана
Англиски: satan

софта повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Муслимански религиозен проповедник и учител.
Англиски: preacher Турски: softa

Спасовден повеќе

Вид збор: Име
Празник кој паѓа четириесет дена по Велигден и секогаш во четврток.
Англиски: Ascension
Примери:
Една недела по Спасовден ќе има свадба.

спиритизам повеќе

спиритизмот
Вид збор: Именка, машки род
Мистично верување дека може да се општи со душите на умрените.
Англиски: spiritism

спиритуал повеќе

мн. спиритуали
Вид збор: Именка, машки род
Надзорен свештеник во католичкиот новицијат.
Албански: prift spiritual

староверен повеќе

Види и: староверец (м.)
староверна
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на староверец.

староверец повеќе

мн. староверци
Вид збор: Именка, машки род
Човек што се држи строго до старите верувања.

староверски повеќе

Види и: староверец (м.)
староверска
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на староверец и староверен.
Примери:
Староверски обичај.

створител повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Господ
Англиски: god

стигма повеќе

мн. стигми
Вид збор: Именка, женски род
Рани слични на тие кога Исус бил ставен на крст.
Англиски: stigmata Албански: stigmata, varrë, plagë Грчки: στíγμα

стигматизација повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Божемни појави на раните на Христос кај хистерични и верски фанатици.
Англиски: stigmatization

суна повеќе

мн. суни
Вид збор: Именка, женски род
Кај муслиманите - верски и правни постапки, сфаќања и препораки на Мухамед што се зачувале како преданија и што имаат еднаква сила на задолжително учење на Куранот.
Англиски: sunnah Турски: sünnet

сунетиса повеќе

сунетисаат
Вид збор: Глагол, свршен
Изврши сунет.
Турски: sünnet etmek

сунетлија повеќе

мн. сунетлии
Вид збор: Именка, машки род
Тој врз кого се врши сунет.
Турски: sünnetli

сунизам повеќе

(едн.) сунизмот
Вид збор: Именка, машки род
Правец во шеријатското право според кој единствено Мухамед можел автентично и непогрешливо да го толкува Коранот.
Англиски: sunnism Турски: sunilik

сунит повеќе

мн. сунити
Вид збор: Именка, машки род
приврзаник на сунизмот
Англиски: sunnite Турски: suni

сура повеќе

мн. сури
Вид збор: Именка, женски род
Поглавие од Коранот.
Англиски: surah

суфи повеќе

Вид збор: Именка, машки род
муслимански мистик и испосник
Англиски: sufi

суфизам повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
исламска мистика
Англиски: sufism
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш