Религија - категорија

паганизам повеќе

(едн.) паганизмот
Вид збор: Именка, машки род
многубоштво, незнабоштво, безбожие, поганство
Англиски: paganism

паганство повеќе

(едн.) паганството
Вид збор: Именка, среден род
паганизам
Англиски: paganism

пагода повеќе

мн. пагоди
Вид збор: Именка, женски род
Вид градба на будистички храм во Индија, Кина, Јапонија и др.
Англиски: pagoda

пантеон повеќе

пантеонот
Вид збор: Именка, машки род
Кај античките Грци и Римјани: храм посветен на сите богови.
Англиски: pantheon Албански: panteon

папа повеќе

мн. папи
Вид збор: Именка, машки род
Врховен поглавар на католичката црква.
Англиски: pope Албански: papë

папски повеќе

Види и: папа (м.)
папска
Вид збор: Придавка
Што се однесува, што припаѓа на, што е од Папата.
Примери:
Папската држава.

папство повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Власт на папата; период на владеење на еден папа.
Англиски: papacy

парохов повеќе

пароховиот
Вид збор: Придавка
Што припаѓа на парох.
Англиски: parochial

пастирски повеќе

пастирска
Вид збор: Придавка
Што се однесува на пастир како душегрижник.
Англиски: pastoral
Примери:
пастирска проповед

пастор повеќе

мн. пастори
Вид збор: Именка, машки род
Протестантски свештеник.
Англиски: pastor

пасторски повеќе

пасторскиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на, што е од пастор.
Англиски: pastoral

Пасха повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Главен Еврејски религиозен празник со кој се прославува излегувањето на Евреите од Египет и случувањето кога ангелот на смртта по куќите ги убивал првородените синови а ги поштедил еврејските деца; се слави за време на првата пролетна полна месечина.
Англиски: Passah

пасхален повеќе

пасхална
Вид збор: Придавка
Што се однесува на Пасхата.

патерица повеќе

мн. патерици
Вид збор: Именка, женски род
Ден после празник.
Албански: ditë pas feste

патронен повеќе

патрониот
Вид збор: Придавка
Во изразот: патронен празник - што се однесува на денот на кој се прославува патронот.

пекол повеќе

(едн.) пеколот
Вид збор: Именка, машки род
ад, вечна мака
Англиски: hell Албански: ferr, xhehnem
Примери:
рајот и пеколот

пеколен повеќе

пеколниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на пекол.
Англиски: infernal

пиетизам повеќе

(едн.) пиетизмот
Вид збор: Именка, машки род
Протестантско движење во 17 и 18 век што се одликува со длабока религиозност и активна помош кон ближниот.
Англиски: pietism

пилигрим повеќе

мн. пилигрими
Вид збор: Именка, машки род
Богомолец што патува.
Англиски: pilgrim Албански: pelegrin

плотски повеќе

Види и: плот (ж.)
плотскиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на плот.
Англиски: sensual

побожен повеќе

побожни
Вид збор: Придавка
Сврзан со бога.
Англиски: religious
Сврзан со религијата.
Англиски: religious

побожност повеќе

Вид збор: Именка, женски род
побожен
Англиски: religiosity

поганец повеќе

мн. поганци
Вид збор: Именка, машки род
друговерец, туѓинец
Англиски: pagan Албански: pagan

погани повеќе

поганат
Вид збор: Глагол, несвршен
сквернави
Англиски: sacrilege Албански: përdhosje

подвижник повеќе

мн. подвижници
Вид збор: Именка, машки род
Лице што од религиозни причини се одрекол од сите уживања.
Англиски: ascetic

подвижништво повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Начин на живот на подвижникот.
Англиски: asceticism

покајание повеќе

мн. покајанија
Вид збор: Именка, среден род
Чин на каење, на покајување.

покајник повеќе

мн. покајници
Вид збор: Именка, машки род
Тој што се кае.
Англиски: penitent

покајнички повеќе

Види и: покајник (м.)
покајничкиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на покајник.
Англиски: penitent

покатоличи повеќе

покатоличат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи некого да стане католик.
(се покатоличи) Стане католик, ја прими католичката вероисповед.

поклонение повеќе

мн. поклоненија
Вид збор: Именка, среден род
Одавање почит со одење на свети места.
Албански: përkulem
аџилак
Англиски: pilgrimage Албански: haxhillëk

поклоник повеќе

мн. поклоници
Вид збор: Именка, машки род
Верник што оди на поклонение, што дава почит на свети места.
Англиски: disciple Албански: besimtar
аџија
Англиски: pilgrim Албански: haxhi

покрај тоа повеќе

Вид збор: Сложенка
Сложен сврзнички состав во зависносложена допусна реченица.
Англиски: despite

покрсти повеќе

покрстат
Вид збор: Глагол, свршен
Изврши над лице од друга вера обред на примање на христијанска вера.
Англиски: baptize Албански: pagëzoj
(се покрсти) За лице што од друга вера - прими христијанска вера.
Англиски: baptize Албански: pagëzoj

полатини повеќе

полатинат
Вид збор: Глагол, свршен
Присили некого да стане католик, да го прими католицизмот.

политеизам повеќе

(едн.) политеизмот
Вид збор: Именка, машки род
многубожие, многубоштво
Англиски: polytheism

политеист повеќе

мн. политеисти
Вид збор: Именка, машки род
многубожец
Англиски: polytheist

помоли повеќе

помолат
Вид збор: Глагол, свршен
(се помоли) За молитва - се моли извесно време.
Англиски: pray Албански: lutem, falem

поп повеќе

мн. попови
Вид збор: Именка, машки род
свештеник воопшто
Англиски: priest Албански: prift, klerik

попадија повеќе

мн. попадии
Вид збор: Именка, женски род
Сопруга, жена на поп.

попадика повеќе

мн. попадики
Вид збор: Именка, женски род
Сопруга, жена на поп.
Албански: priftëneshë

попец повеќе

Види и: поп (м.)
мн. попци
Вид збор: Именка, машки род
поп
Англиски: priest

попство повеќе

Вид збор: Именка, среден род
свештенство
Англиски: clergy Албански: klerik, priftësi

послание повеќе

мн. посланија
Вид збор: Именка, среден род
Официјално, писмено обраќање од владарот до народот или до законодавното тело.
Англиски: edict Албански: të drejtuarit me shkresë

пост повеќе

мн. пости
Вид збор: Именка, машки род
Период кога се пости.
Англиски: Lent Албански: koha agjërimit

потоп повеќе

(едн.) потопот
Вид збор: Именка, машки род
Според Библијата - голема поплава, која како казна за човечките гревови ја покрила целата земја со вода.
Англиски: Deluge Албански: përmbytje, vërshim

праведен повеќе

праведни
Вид збор: Придавка
Што е во согласност со нормите на религиозниот морал.
Англиски: righteous

праведник повеќе

мн. праведници
Вид збор: Именка, машки род
Тој што во своите постапки спроведува правда, го почитува начелото на праведност; праведен човек.
Англиски: righteous Албански: njeri i drejt
Тој што ги исполнува, ги почитува религиозните норми.
Англиски: righteous Албански: njeri i drejt

правоверен повеќе

правоверниот
Вид збор: Придавка
Што се придржува строго кон догмите на некоја вера, религија.
Англиски: orthodox
Што припаѓа на вера за која нејзините верници мислат дека е права, вистинска.
Англиски: orthodox

правоверец повеќе

мн. правоверци
Вид збор: Именка, машки род
Тој што се придружува строго кон догмите на некоја вера, религија.
Англиски: believer Албански: besimtar
Тој што припаѓа на вера за која смета дека е права, вистинска.
Англиски: orthodox Албански: besimtar

правоверност повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Својство или состојба на тој што е правоверен.
Англиски: orthodoxy

православен повеќе

православни
Вид збор: Придавка
Што се однесува на православие.
Англиски: orthodox
Што исповедува православие.
Англиски: orthodox

православец повеќе

мн. православци
Вид збор: Именка, машки род
Православен човек, припадник на православната христијанска вера.
Англиски: orthodox

православие повеќе

(едн.) православието
Вид збор: Именка, среден род
Гранка на христијанството оформена како источно-христијанска црква.
Англиски: orthodoxy

празник повеќе

мн. празници
Вид збор: Именка, машки род
Ден или повеќе денови едноподруго што се празнуваат во чест на некој светец.
Англиски: religious holiday Албански: festa

првосвештеник повеќе

мн првосвештеници
Вид збор: Именка, машки род
Врховен свештеник кај старите Евреи.
Англиски: high priest Албански: kryeprift

првосвештенство повеќе

Вид збор: Именка, среден род
Сталеж, клер на првосвештеници.
Титула на првосвештеник при обраќање или при споменување.

превери повеќе

преверат
Вид збор: Глагол, свршен
Натера некого да промени вера.
Англиски: convert Албански: konvertoj

превозвишеност повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Титула на висок достоинственик на католичката црква.
Англиски: Monsignore

прегрешение повеќе

мн. прегрешенија
Вид збор: Именка, среден род
Правење грев, прекршување на божјите заповеди.
Англиски: sin

прекрсти повеќе

прекрстат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи знак во форма на крст над некого или над нешто.
Англиски: cross Албански: kryqëzoj
Створи да мине некој од една во христијанска вера; прими христијанска вера со обред.
Англиски: christianize Албански: krishter
(се прекрсти) Направи крст со рацете, како обреден чин.
Англиски: cross Албански: kryqëzoj
(се прекрсти) Премине во христијанска религија.
Англиски: christen Албански: krishter

прелат повеќе

мн. прелати
Вид збор: Именка, машки род
Висок црковен достоинственик во католичката, евангелистичката и во протестантската црква.
Англиски: prelate

прероди повеќе

преродат
Вид збор: Глагол, свршен
Во верувањата - повторно се роди.
Англиски: reincarnate Албански: reinkarnim

пречесен повеќе

Види и: чесен (прид.)
пречесниот
Вид збор: Придавка
свет
Англиски: holy

провидение повеќе

мн. провиденија
Вид збор: Именка, среден род
Виша сила, бог и неговото дејствување.
Англиски: providence

промисла повеќе

мн. промисли
Вид збор: Именка, женски род
Во религиозните претстави - дејствување на бог, на вишо суштество врз постапките на човекот.
Англиски: providence

проповед повеќе

мн. проповеди
Вид збор: Именка, женски род
Реч со религиозно-поучен карактер, напишана или изречена, обично в црква по завршувањето на литургијата.
Англиски: sermon Албански: predikim

проповеда повеќе

проповедаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Држи проповед.
Англиски: preach
Примери:
Проповеда вода а пие вино.

проповедник повеќе

мн. проповедници
Вид збор: Именка, машки род
Лице што држи проповед, што проповеда.
Англиски: preacher Албански: predikues

проповедништво повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
проповедничка дејност
Англиски: preaching

пророк повеќе

мн. пророци
Вид збор: Именка, машки род
Во различни религии - толкувач на божјата волја.
Англиски: prophet Албански: profet

пророштво повеќе

мн. пророштва
Вид збор: Именка, среден род
Во различни религии - претскажување.
Англиски: prophecy Албански: profeci

прости повеќе

простат
Вид збор: Глагол, свршен
Во религиозна смисла, даде прошка.
Англиски: absolve Албански: falem, lutem

протестант повеќе

мн. протестанти
Вид збор: Именка, машки род
Припадник на протестантизмот.
Англиски: protestant Албански: protestant

протестантизам повеќе

(едн.) протестантизмот
Вид збор: Именка, машки род
Третиот основен правец на христијанството, според кој основа на верата е Евенгелието и дека секој поединец може да воспостави контакт со бога и дека за тоа не му е потребна црквата; назив за сите христијански заедници што се одвоиле од католицизмот за времето на реформацијата, во XVI век.
Англиски: Protestantism

противреформација повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Движење во католичката црква против Реформацијата.
Англиски: counter-reformation

протојереј повеќе

мн. протојереји
Вид збор: Именка, машки род
Постар свештеник по чин; протопрезвитер.

профан повеќе

профаниот
Вид збор: Придавка
пагански
Англиски: pagan

псалм повеќе

мн. псалми
Вид збор: Именка, машки род
Песни на Старозаветната црква, врвен израз на религиозните чувства.
Англиски: psalm

пуританец повеќе

Види и: пуританизам (м.)
мн. пуританци
Вид збор: Именка, машки род
Припадник на пуританизмот.
Англиски: puritan Албански: purist, puritan

пуританизам повеќе

(едн.) пуританизмот
Вид збор: Именка, машки род
Протестанско-калвинистичко движење што се развило во Англиканската црква во XVI век.
Англиски: puritanism

пуританство повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
пуританизам
Англиски: Puritanism

пустиник повеќе

мн. пустиници
Вид збор: Именка, машки род
Човек што од верски причини се повлекол во самотија прикинувајќи секаков контакт со луѓето.
Англиски: hermit Албански: vetmitar
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш