Религија - категорија

обреже повеќе

обрежат
Вид збор: Глагол, свршен
Изврши обрежување на машко дете (кај Евреите и Муслиманите).
Англиски: circumcise Албански: synet

обрежување повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Отсекување на еден дел од кожата на половиот орган кај мало момче, според прописите на еврејската и муслиманската религија.
Англиски: circumcision

обрезан повеќе

Види и: обреже (св.)
обрезани
Вид збор: Придавка
обрежан
Англиски: circumcised

овоземен повеќе

овоземниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на овој свет, на овој живот.

олтар повеќе

мн. олтари
Вид збор: Именка, машки род
Најважен дел во црква, издигнато и преградено место во предната источна страна на црквата, каде што се одвива главниот дел од богослужбата.
Англиски: altar Албански: altar

опат повеќе

мн. опати
Вид збор: Именка, машки род
Игумен на машки манастир во некои католички редови.
Англиски: abbot

опатија повеќе

мн. опатии
Вид збор: Именка, женски род
Католички манастир заедно со неговите имоти.
Англиски: abbey Албански: abaci, manastir
(само едн.) Должност на опат.
Албански: detyrë e abatit

опатица повеќе

мн. опатици
Вид збор: Именка, женски род
Игуменка на женски католички манастир.
Англиски: abbess Албански: abatie në abaci
Монахиња во католички манастир, чесна сестра.
Англиски: nun Албански: murgeshë

оракул повеќе

мн. оракули
Вид збор: Именка, машки род
Место, храм во кој се пророкувало.
Англиски: oracle Албански: orakull

ортодокс повеќе

мн. ортодокси
Вид збор: Именка, машки род
Припадник на ортодоксно верување.
Англиски: orthodox Албански: ortodoks

ортодоксен повеќе

ортодоксниот
Вид збор: Придавка
Што догматски се држи до пропишаните правила на одредена идеологија, религија.
Англиски: orthodox

осветен повеќе

осветениот
Вид збор: Придавка
Што е направен да биде свет.

освети повеќе

осветат
Вид збор: Глагол, свршен
(се освети) Стане свет, светец.
Англиски: canonize Албански: kanonizoj, shenjtëroj

отпадне повеќе

отпаднат
Вид збор: Глагол, свршен
Ја напушти верата.
Англиски: apostatize Албански: ndroj

отпадник повеќе

мн. отпадници
Вид збор: Именка, машки род
Тој што ја сменил верата или што станал неверник.
Англиски: apostate Албански: renegat, femohues

отстапник повеќе

мн. отстапници
Вид збор: Именка, машки род
Тој што се откажал од својата вера.
Англиски: renegade Албански: renegat
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш