Религија - категорија

маѓерница повеќе

мн. маѓерници
Вид збор: Именка, женски род
Место во манастир, каде што се приготвува храната; манастирска кујна.
Англиски: refectory

мана повеќе

мн. мани
Вид збор: Именка, женски род
(само едн.) Според Библијата - зрнеста храна со која бог ги хранел Израелците додека ја поминувале Синајската Пустина.
Англиски: manna Албански: manë

манастир повеќе

мн. манастири
Вид збор: Именка, машки род
Црква со придружни објекти во кои во заедница живеат монаси или монахињи.
Англиски: monastery Турски: manastır Албански: manastir

манастириште повеќе

мн. манастиришта
Вид збор: Именка, среден род
Место каде што имало манастир.

манихеизам повеќе

(едн.) манихеизмот
Вид збор: Именка, машки род
Религиозно дуалистичко учење за вечно постоење и вечна борба на доброто и злото, коешто станало основа на богомилското движење.
Англиски: Manicheanism

манихејство повеќе

Види и: манихеизам (м.)
(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
манихеизам
Англиски: Manicheanism

мантра повеќе

мн. мантри
Вид збор: Именка, женски род
Во Хиндуизмот магична формула која постојано се рецитира.
Англиски: mantra Албански: mantra

маченик повеќе

мн. маченици
Вид збор: Именка, машки род
Тој што е мачен и прогонуван поради верата.
Англиски: martyr Албански: martir

медитација повеќе

мн. медитации
Вид збор: Именка, женски род
Во мистиката - најважен пат за сфаќање на апсолутната вистина.
Англиски: meditation Албански: meditim

меѓуверски повеќе

меѓуверска
Вид збор: Придавка
Што се однесува на тоа што е меѓу верите.
Англиски: inter-religious

менора повеќе

мн. менори
Вид збор: Именка, женски род
Седмокрак или осмокрак свеќник, еден од симболите на јудаизмот.
Англиски: menorah

месија повеќе

мн. месии
Вид збор: Именка, машки род
Спасител испратен од господ.
Англиски: messiah Албански: mesia

месијанизам повеќе

(едн.) месијанизмот
Вид збор: Именка, машки род
Верување во некои религии дека ќе дојде Месија испратен од бог и ќе ги спаси луѓето.

месници повеќе

Вид збор: Именка, множина
Времето од Божиќ до сирната недела, пред велигденскиот пост, кога се јаде месо.

методизам повеќе

(едн.) методизмот
Вид збор: Именка, машки род
Христијанско протестантско движење.
Англиски: Methodism

метох повеќе

мн. метоси
Вид збор: Именка, машки род
манастирска земја, манастирски имот

минаре повеќе

мн. минариња
Вид збор: Именка, среден род
Кула на џамија од каде оџата ги повикува верниците на молитва.
Англиски: minaret Турски: minare

миса повеќе

мн. миси
Вид збор: Именка, женски род
католичка богослужба
Англиски: mass

мисал повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Богослужбена книга во католичката црква.
Латински: Missale Romanum Англиски: missal

мисија повеќе

мн. мисии
Вид збор: Именка, женски род
Религиозна организација чија цел е да ги покрсти неверниците, обично во христијанска религија; мисионерска организација.
Англиски: mission Албански: mision

мистерија повеќе

мн. мистерии
Вид збор: Именка, женски род
Тајни религиозни обреди кај античките народи.
Англиски: mystery Албански: mister

мистицизам повеќе

(едн.) мистицизмот
Вид збор: Именка, машки род
Склоност кон таинственото и верување во натприродното, стремеж за соединување на човекот со божественото во занес и екстаза.
Англиски: mysticism

митра повеќе

мн. митри
Вид збор: Именка, женски род
Кај христијаните: круна на православен епископ, капа на католички бискуп, кои се носат при богослужба.
Англиски: mitra Албански: mitra, kurorë, kapelë

многубожец повеќе

мн. многубошци
Вид збор: Именка, машки род
Тој што верува во многу богови, паганин.
Англиски: polytheist

многубожие повеќе

Види и: многубоштво (ср.)
(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
многубоштво
Англиски: polytheism

многубоштво повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Верување во многу богови.
Англиски: polytheism

моли повеќе

молат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се моли) Прави молитва.
Англиски: pray Албански: lutem

молитва повеќе

мн. молитви
Вид збор: Именка, женски род
Обраќање со молба до господ или до некој светец.
Англиски: prayer Албански: lutje, uratë
Посебен текcт за такво обраќање.
Англиски: prayer Албански: lutje

молитви повеќе

молитват
Вид збор: Глагол, несвршен
Изговара, чита молитва.
Англиски: pray

монада повеќе

Вид збор: Именка, женски род
единственост, неделивост, божественост
Латински: monas Англиски: monad Албански: monadë

монахува повеќе

монахуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Врши служба на монах.

монашки повеќе

монашкиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува, што припаѓа на монах и монахиња; калуѓерски.

монаштво повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
(зб. им.) монах
Албански: murgëzim
Монашки начин на живот; монашки ред и учење.
Албански: jetë murgu

монотеист повеќе

мн. монотеисти
Вид збор: Именка, машки род
Човек што верува во еден бог.
Англиски: monotheist

монотеистички повеќе

монотеистичкиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на монотеизам и монотеист.
Англиски: monotheistic

мормон повеќе

мн. мормони
Вид збор: Именка, машки род
Припадник на северноамериканска верска секта која проповеда многубоштво и дозволува многуженство.
Англиски: Mormon

муезин повеќе

мн. муезини
Вид збор: Именка, машки род
Исламски извикувач којшто од минарето ги повикува верниците на молитва.
Англиски: muezzin Турски: müezzin
Примери:
Утрото бил разбуден од петелот кој го објавува раѓањето на новиот ден, а веднаш по него се огласил муезинот од соседната џамија.

мукава повеќе

мн. мукави
Вид збор: Именка, женски род
Дебела свеќа во џамија обложено со картон и украсена со разнобојна хартија.
Англиски: candle Албански: qiri i stolisur me letra me ngjyra

муслиман повеќе

мн. муслимани
Вид збор: Именка, машки род
Припадник на муслиманската вера.
Англиски: moslem Турски: Müslüman Албански: musliman

муслимански повеќе

Види и: муслиман (м.)
муслиманскиот
Вид збор: Придавка
Што е во врска со муслиман.
Англиски: moslem

муслиманство повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Исламска вероисповед, ислам; мухамеданство.
Англиски: Islam

муфтија повеќе

мн. муфтии
Вид збор: Именка, машки род
Муслимански свештеник (најстар и највисок во една област).
Англиски: mufti Турски: müftü

мухамеданец повеќе

мн. мухамеданци
Вид збор: Именка, машки род
Припадник на муслиманската вера.
Англиски: Moslem

мухамеданство повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
муслиманство

муџахедин повеќе

мн. муџахедини
Вид збор: Именка, машки род
Назив за борец од исламските земји.
Англиски: mujahedeen Турски: mücahede
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш