Религија - категорија

кабала повеќе

кабалата
Вид збор: Именка, женски род
Средновековно еврејско, тајно религиозно-филозофско учење засновано врз езотерична интерпретација на светите еврејски списи.
Англиски: kabbalah

кабалист повеќе

мн. кабалисти
Вид збор: Именка, машки род
Следбеник, приврзаник на кабалата; тој што се занимава со кабала.

кабалистички повеќе

кабалистичкиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на кабалист и на кабала.

казуистика повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Докажување што се засновува врз одделни случаи кои без основа се обопштуваат и доведуваат до извртување на вистината.
Англиски: casuistry Албански: kazuistika

калвинизам повеќе

(едн.) калвинизмот
Вид збор: Именка, машки род
Верско учење на Жан Калвин, француски протестантски реформатор од 16 век.
Англиски: calvinism

калвинист повеќе

мн. калвинисти
Вид збор: Именка, машки род
Приврзаник, следбеник на калвинизмот.
Англиски: calvinist

калиф повеќе

мн. калифи
Вид збор: Именка, машки род
Муслимански верски главатар во арапските држави што ја има највисоката духовна и световна власт; титула на турските султани.
Англиски: khalif Турски: halife

каноник повеќе

мн. каноници
Вид збор: Именка, машки род
Католички свештеник cо повиcок чин.
Латински: canonicus Англиски: canon

капела повеќе

мн. капели
Вид збор: Именка, женски род
Мала црква со еден олтар.
Англиски: chapel Албански: kapellë

капелан повеќе

мн. капелани
Вид збор: Именка, машки род
Католички свештеник од понизок ред, помошник на парохот, жупникот.
Англиски: chaplain

капеланија повеќе

мн. капелании
Вид збор: Именка, женски род
Служба на капелан и областа во која служи.

карма повеќе

мн. карми
Вид збор: Именка, женски род
(само едн.) Во индиската религиозна филозофија - верување дека судбината на човекот зависи од неговите постапки пред неговото повторно раѓање; судбина предодредена со нешто од далечното минато.
Англиски: karma Албански: karma

катедрала повеќе

мн. катедрали
Вид збор: Именка, женски род
Главна црква, седиште на бискуп.
Англиски: cathedral

катедрален повеќе

катедрални
Вид збор: Придавка
Што се однесува на катедрала, што припаѓа на катедрала.

катихет повеќе

мн. катихети
Вид збор: Именка, машки род
Учител по катихизис, вероучител.

католизација повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Преминување во римокатоличка вера, покатоличување.

католизира повеќе

католизираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Премине, преминува во римокатоличка вера.

католик повеќе

мн. католици
Вид збор: Именка, машки род
Припадник на западната, римска христијанска вероисповед и заедница.
Англиски: Catholic

католицизам повеќе

католицизмот
Вид збор: Именка, машки род
Едно од учењата на христијанската вероисповед на чело cо римскиот папа; католичка вероисповед.
Англиски: Catholicism

католички повеќе

католичка
Вид збор: Придавка
Што се однесува на католик и на католицизам, што припаѓа, што е својствен за католик.
Англиски: catholic

каури повеќе

каурат
Вид збор: Глагол, несвршен
Прави некој да премине во христијанска вера.
Англиски: convert Албански: kaurizoj, konvertoj

квекер повеќе

мн. квекери
Вид збор: Именка, машки род
Припадник на протестантска секта во Англија и Северна Америка.
Англиски: Quaker

керубин повеќе

мн. керубини
Вид збор: Именка, машки род
ангел, серафим
Англиски: cherub

китаб повеќе

(едн.) китабот
Вид збор: Именка, машки род
Книга што содржи верски учења и прописи кај муслиманите.
Англиски: catechism Албански: qitap feje

клања повеќе

клањаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Кај муслиманите - прави молитва.
Англиски: pray Албански: falet, lutet
(се клања) Се моли (во религиозна смисла).
Англиски: pray Албански: falet, lutet

клер повеќе

Види и: клир (м.)
(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Свештенички сталеж.
Англиски: clergy

клерик повеќе

мн. клерици
Вид збор: Именка, машки род
Припадник на клер.
Англиски: cleric

клир повеќе

Види и: клер (м.)
(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
свештенички сталеж
Англиски: clergy

клирик повеќе

Види и: клерик (м.)
мн. клирици
Вид збор: Именка, машки род
припадник на свештенство
Англиски: cleric

конвертира повеќе

конвертираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Смени вера.
Англиски: convert Албански: konvertoj, ndërroj fejën

конгрегација повеќе

мн. конгрегации
Вид збор: Именка, женски род
верско здружение
Англиски: congregation Албански: kongregacion, asociacion fetar

конклава повеќе

мн. конклави
Вид збор: Именка, женски род
Строго затворена просторија (во Ватикан) каде што се избира Папата.
Латински: conclave Англиски: conclave Албански: konklavë
Собрание за избор на Папата.
Латински: conclave Англиски: conclave Албански: konklavë

конфесија повеќе

мн. конфесии
Вид збор: Именка, женски род
вера, вероисповед, религија
Англиски: confession Албански: konfesion

конфесионален повеќе

конфесионална
Вид збор: Придавка
Што се однесува на конфесија.
Англиски: confessional

конфирмација повеќе

мн. конфирмации
Вид збор: Именка, женски род
Кај католиците: обред на потврдување на верата.
Англиски: confirmation Албански: konfirmim, pohim

Коран повеќе

(едн.) Коранот
Вид збор: Именка, машки род
Муслиманска света книга со учењето на мухамеданската религија.
Англиски: Koran

кошер повеќе

Вид збор: Придавка
Дозволено спрема јудаизмот.
Англиски: kosher

креационизам повеќе

(едн.) креационизам
Вид збор: Именка, машки род
Верување дека Господ то створил светот.
Англиски: creationism Албански: kreacionizëm

кредо повеќе

мн. креда
Вид збор: Именка, среден род
Исповед, симбол на верата, „верују“.
Латински: credo Англиски: creed Албански: kredo, besim

кривоверен повеќе

кривоверниот
Вид збор: Придавка
Што не ја исповеда вистинската вера.

кривоверец повеќе

мн. кривоверци
Вид збор: Именка, машки род
Тој што е кривоверен.
Англиски: heretic

кривоверство повеќе

мн. кривоверства
Вид збор: Именка, среден род
Верско учење што се противи на догмите на владејачката религија.
Англиски: heresy

крст повеќе

мн. крстови
Вид збор: Именка, машки род
Симбол на христијанската религија во облик на подолг вертикален и пократок хоризонтален крак што се сечат под прав агол.
Англиски: cross Албански: kryq

крстен повеќе

Види и: крст (м.)
крсниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на крст, што е како крст.
Англиски: cruciform Албански: në formë kryqi, si kryq
Што cе однесува на крштавање; што учествувал во крштавање.
Англиски: baptized Албански: i pagëzuar, i pagëzimit

крстеница повеќе

мн. крстеници
Вид збор: Именка, женски род
Таа што му дава име на новороденото при обредот на крштевање.
Англиски: godmother

крстениче повеќе

Види и: крштеник (м.)
мн. крстеничиња
Вид збор: Именка, среден род
крштеник
Англиски: godchild

крстење повеќе

мн. крстења
Вид збор: Именка, среден род
Станува христијанин.
Англиски: baptizing Албански: kryqëzim, kristianizim

крстоносен повеќе

крстоносниот
Вид збор: Придавка
Што припаѓа, што се однесува на крстоносец.
Англиски: crusading

крстоносец повеќе

мн. крстоносци
Вид збор: Именка, машки род
Учесник во крстоносните војни што ги воделе европските феудалци од XI до XIII век под знакот на крстот за освојување на Ерусалим.
Англиски: crusader

крстоносна војна повеќе

мн. крстоносни
Вид збор: Сложенка
Од страна на официјалната црква и папата водена војна против муслиманите за ослободување на Ерусалим.
Англиски: crusade

круцификс повеќе

мн. круцификси
Вид збор: Именка, машки род
Слика или фигура на распнат Христос.
Англиски: crucifix

крштавка повеќе

Види и: крштевка (ж.)
мн. крштавки
Вид збор: Именка, женски род
крштевка
Англиски: christening

кршталник повеќе

мн. кршталници
Вид збор: Именка, машки род
Сад во кој се обавува крштевање.
Англиски: font

крштевање повеќе

крштевањето
Вид збор: Именка, среден род
Религиозен обред со кој се симболизира примањето на христијанската вера.
Англиски: baptizing

култ повеќе

мн. култови
Вид збор: Именка, машки род
Религиозна почит изразена со обреди.
Англиски: cult Албански: kult

кумир повеќе

мн. кумири
Вид збор: Именка, машки род
Кип на кој многубошците му се поклонуваат како на божество.
Англиски: idol Албански: idhul, idol

курбан повеќе

мн. курбани
Вид збор: Именка, машки род
Кај муслиманите - животно, обично овен, што се коле за Курбан-Бајрам.
Англиски: offering Турски: kurban Албански: kurban, sakrificë

курија повеќе

мн. курии
Вид збор: Именка, женски род
Врховен управен орган на папската власт.
Англиски: Curia Албански: kuria, organi suprem udhëheqës në pushtetin e papës

куц повеќе

куциот
Вид збор: Придавка
(обично во членувана форма) Назив за ѓаволот.
Англиски: devil
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш