Религија - категорија

еврејски повеќе

еврејска
Вид збор: Придавка
Што се однесува кон Евреите или Еврејската религија.
Англиски: jewish

еврејство повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
еврејска религија
Англиски: Judaism

евхаристија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Во католичката црква молитва за благодарност.
Англиски: Eucharist Албански: eukaristia

едем повеќе

мн. едеми
Вид збор: Именка, машки род
(само едн.) Според Библијата – градина, рај на Земјата, земјиниот рај.
Англиски: Eden Албански: Eden, kopshti i Ademit e i Havës

еднобожец повеќе

мн. еднобошци
Вид збор: Именка, машки род
Тој што верува во еден бог.
Англиски: monotheist

еднобожие повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
еднобоштво
Англиски: monotheism

еднобоштво повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Верување во еден бог.
Англиски: monotheism

едноверник повеќе

мн. едноверници
Вид збор: Именка, машки род
едноверец

едноногиот повеќе

Вид збор: Именка, машки род
(само во членувана форма) ѓавол
Англиски: devil

езуит повеќе

мн. езуити
Вид збор: Именка, машки род
Припадник на католички монашки ред што се борел против реформацијата со сите дозволени и недозволени средства.
Латински: Jesuita Англиски: Jesuit Албански: jezuit

екскомуницира повеќе

екскомуницираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Исклучи, исклучува од црковна заедница, фрли, фрла анатема.
Англиски: excommunicate Албански: ekskomunikim

екумена повеќе

мн. екумени
Вид збор: Именка, женски род
Христијанска заедница во еден простор или во целиот свет.
Англиски: ecumenical movement

епископ повеќе

мн. епископи
Вид збор: Именка, машки род
Лице од повисок ред во хиерархијата на православната црква што раководи со свештениците во едно црковноадминистративно подрачје.
Англиски: bishop Албански: peshkop

ерес повеќе

мн. ереси
Вид збор: Именка, машки род
Отстапување од учењето на официјалната црква.
Англиски: heresy Албански: herezi

еретик повеќе

мн. еретици
Вид збор: Именка, машки род
Тој што отстапува од учењето на официјалната црква.
Англиски: heretic Албански: eretik
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш