Религија - категорија

вакаф повеќе

мн. вакафи
Вид збор: Именка, машки род
Имот добиен со завештание во верски и хуманитарни цели на џамија или црква и таков вид на верско задолжување.
Англиски: foundation Турски: vakıf Албански: vakëf

Ватикан повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Држава и седиште на католичкиот папа.
Англиски: Vatican Албански: Vatikani

ватикански повеќе

Види и: Ватикан (м.)
ватикански
Вид збор: Придавка
Во врска со Ватикан.
Англиски: Vatican Албански: vatikane

вахабизам повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Пуритански традиционалистички правец во сунитскиот ислам.
Англиски: wahhabism

великосвештеник повеќе

мн. великосвештеници
Вид збор: Именка, машки род
Свештеник со висок чин.

Велипонеделник повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Понеделник по Велигден.
Англиски: holy monday

Велјасабота повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Сабота пред Велигден.
Англиски: Easter Saturday

Велјасреда повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Среда пред Велигден.
Англиски: holy wednesday

верник повеќе

мн. верници
Вид збор: Именка, машки род
Тој што проповеда некоја вера; тој што припаѓа на некоја верска организација.
Англиски: believer

вероисповед повеќе

мн. вероисповеди
Вид збор: Именка, женски род
вера
Англиски: faith Албански: besim, religjion
богослужба
Англиски: religious service Албански: shërbim kishtar

вероисповедание повеќе

мн. вероисповеданија
Вид збор: Именка, среден род
вероисповед
Англиски: religion

вероисповеден повеќе

вероисповедниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на вероисповед.

вероломец повеќе

Види и: вероломник (м.)
мн. вероломци
Вид збор: Именка, машки род
вероломник
Англиски: convert

вероломник повеќе

мн. вероломници
Вид збор: Именка, машки род
Тој што ја прекршува верата; тој што не држи заклетва; што не држи даден збор.
Англиски: convert

вероломност повеќе

мн. вероломности
Вид збор: Именка, женски род
Вероломна постапка.
Англиски: conversion Албански: pabesueshmëri

верољубив повеќе

верољубивиот
Вид збор: Придавка
Што ја сака верата, што е побожен.
Англиски: religious

вероотстапник повеќе

мн. вероотстапници
Вид збор: Именка, машки род
Отпадник од верата; лице што се одрекло од верата.
Англиски: renegade

вероучител повеќе

мн. вероучители
Вид збор: Именка, машки род
Проповедник на некоја вера, религија.
Англиски: preacher Албански: mësues fetar, predikues
Учител по веронаука.
Англиски: catechist Албански: mësues fetar

верују повеќе

Вид збор: Именка, среден род
Систем од убедувања, погледи, принципи.
Англиски: creed Албански: kredo

вечна повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
пекол
Англиски: hell Албански: ferr

Витлеем повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Витлеем е роденото место на Исус Христос.
Англиски: Bethlehem

враг повеќе

мн. врагови
Вид збор: Именка, машки род
Според верските претстави, натприродно суштество што е олицетворение на злото.
Англиски: devil Албански: djall

вртивера повеќе

Види и: вртоверец (м.)
мн. вртивери
Вид збор: Именка, машки род
вртоверец
Англиски: convert

вуду повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Религиозен, таен култ што потекнува од Западна Африка а се практикува на Карипските Острови проникнат со католички елементи и практикување на црна магија.
Англиски: Voodoo
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш