Разговорно - категорија

табиет повеќе

Вид збор: Именка, машки род
нарав, карактер, ќуд, природа, темперамент
Англиски: nature, character Турски: tabiat

табиетлија повеќе

Вид збор: Придавка
Со добар карактер, карактерен.
Англиски: good-natured Турски: tabiatlı
Оној со посебен, специфичен карактер.
Англиски: peculiar
Примери:
Лимон-табиетлија.

таблаџија повеќе

мн. таблаџии
Вид збор: Именка, машки род
Човек кој сака и умее да игра табла.
Англиски: backgammon player Турски: tavlacı

тавмина повеќе

Вид збор: Прилог
одоко, приближно
Англиски: approximately Турски: tahmin

тавра повеќе

Вид збор: Именка, женски род
гиздење, китење, украсување
Англиски: decoration

тавраџија повеќе

мн. тавраџии
Вид збор: Именка, машки род
гиздало, гиздавец, кицош
Англиски: dandy

таврење повеќе

Вид збор: Именка, среден род
гиздење, китење, украсување
Англиски: decoration

таври повеќе

таврат
Вид збор: Глагол, несвршен
гизди, дотерува, украсува, (се) кити
Англиски: adorn Турски: tavır

тазе повеќе

Вид збор: Придавка
свеж
Англиски: fresh Турски: taze
Примери:
тазе овошје

такса повеќе

таксаат
Вид збор: Глагол, свршен
(преод. и непреод.) вети
Англиски: promise
(се вети) се зарече, се вети
Англиски: pledge

таксират повеќе

таксиратот
Вид збор: Именка, машки род
несреќа, неволја
Англиски: misfortune Турски: taksirat
Примери:
За таксират.

таксиратлија повеќе

(немен.)
Вид збор: Придавка
несреќен
Англиски: unlucky Турски: taksirat

таксува повеќе

таксуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
ветува
Англиски: promise Албански: premtoj
(се таксува) се ветува, (се) зарекува
Англиски: pledge Албански: premtoj

таксување повеќе

Вид збор: Именка, среден род
(се) таксува
Англиски: promise
Примери:
(посл.) Од таксување куќа не се расипува.

тактичар повеќе

мн. тактичари
Вид збор: Именка, машки род
тактичен човек
Англиски: tactician Албански: taktik

талаз повеќе

Види и: талас (м.)
мн. талази
Вид збор: Именка, машки род
бран
Англиски: wave

таласам повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Зол домашен дух, привидение.
Англиски: ghost Турски: tılsım

тамавќар повеќе

Вид збор: Именка, машки род
тамаќар
Англиски: miser

тамам повеќе

Вид збор: Прилог
Токму, колку што треба.
Англиски: exactly Турски: tamam
Временски - во моментот кога.
Англиски: exactly Турски: tamam
тукушто
Англиски: just Турски: tamam
За споредување на еднакви или слични нешта.
Англиски: same

тамани повеќе

таманат
Вид збор: Глагол, несвршен
Уништува со убивање, ловење.
Англиски: exterminate
Јаде и пие во голема мера.

тамаќар повеќе

мн. тамаќари
Вид збор: Именка, машки род
скржавец
Англиски: miser Турски: Tama'kâr

тамина повеќе

Вид збор: Прилог
приближно, одоко
Англиски: approximate Турски: tahmin
Примери:
Од обично со предлогот по или поретко, со предлогот на: по (на) тамина.

таму повеќе

Вид збор: Прилог
ваму-таму
Англиски: here and there

тананика повеќе

Вид збор: Глагол, несвршен
потпевнува, потпева
Англиски: sing

тананикање повеќе

Вид збор: Именка, среден род
потпевнување, потпевање
Англиски: singing

танко повеќе

Вид збор: Прилог
Навлегува во детали, финеси и ситници.
Англиски: refined

тапоса повеќе

тапосаат
Вид збор: Глагол, свршен
даде, поткупи
Англиски: give
Примери:
Тапосај му нешто, ќе те пушти.

таптиса повеќе

Вид збор: Глагол, свршен
(се) заблее, (се) занесе
Англиски: gawp Турски: tapmak

тарапана повеќе

Вид збор: Именка, женски род
изобилство од средства, предмети и сл.
Англиски: abundance Албански: bollëk, pasuri

таратински повеќе

Вид збор: Придавка
и оро таратинско ќе игра (игра пиперевка).

ташак повеќе

мн. ташаци
Вид збор: Именка, машки род
тестикул
Англиски: testicle Турски: taşak Албански: testis, koqe, bole

ташаклија повеќе

ташаклии
Вид збор: Придавка
мадлест, храбар
Англиски: has balls Турски: taşaklı

ташна повеќе

мн. ташни
Вид збор: Именка, женски род
чанта
Англиски: briefcase Германски: Tasche

театарџија повеќе

мн. театарџии
Вид збор: Именка, машки род
Лице што се занимава со театар.

тевна повеќе

Вид збор: Именка, женски род
тишина, мир
Примери:
дојди после да поразговараме на тевна.

тевнадиса повеќе

(се) тевнадисаат
Вид збор: Глагол, свршен
Се смирува, се успокојува, се ослободува од работа и сл.
Англиски: relax
Примери:
Сега се тевнадисав, можеш да дојдеш.

тежок повеќе

тешки
Вид збор: Придавка
За жена или женско животно - трудна, бремена.
Англиски: pregnant Албански: shtatzënë

тезга повеќе

мн. тезги
Вид збор: Именка, женски род
Друга работа покрај редовната.
Англиски: second job Албански: punë sekondare
Нередовна работа или работа на црно.
Англиски: moonlighting Албански: punë në të zezë

тек повеќе

Вид збор: Придавка
За број, непарен.
Англиски: odd Турски: tek Албански: tek

темерук повеќе

мн. темеруци
Вид збор: Именка, машки род
Темен, мрачен, молчелив човек.
Примери:
Со клешти збор не му се вади, страшен темерук е.

тендерџија повеќе

мн. тендерџии
Вид збор: Именка, машки род
учесник во тендер

тенекиен повеќе

тенекиени
Вид збор: Придавка
лимен, плехан
Англиски: tinny

тенекија повеќе

мн. тенекии
Вид збор: Именка, женски род
лим, плех
Англиски: sheet metal Турски: teneke Албански: teneqe, llamarinë
канта (од лим)
Англиски: canister Турски: teneke Албански: teneqe, kanistër
Примери:
Една тенекија сирење.

тенеќе повеќе

Вид збор: Именка, среден род
тенекија
Англиски: sheet metal

тенеќен повеќе

Вид збор: Придавка
тенекиен
Англиски: tinny

тенеќеџија повеќе

мн. тенекеџии
Вид збор: Именка, машки род
лимар
Англиски: tinsmith Турски: tenekeci Албански: teneqexhi

тенеќеџилница повеќе

мн. тенеќеџилници
Вид збор: Именка, женски род
Работилница за тенекиени производи.
Албански: punëtori teneqesh

тенеќеџиски повеќе

тенеќеџискиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на тенеќеџија.

тенеќеџиство повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
занает на тенеќеџија

тепсија повеќе

мн. тепсии
Вид збор: Именка, женски род
Голем и плиток калаисан бакрен сад во кој се пече обично зелник, пита, погача.
Англиски: dish Турски: tepsi

тептиса повеќе

тептисаат
Вид збор: Глагол, свршен
се занесе, се изгуби

тептисува повеќе

Види и: тептиса (св.)
тептисуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
се насесува, се губи
Англиски: vanish

терезија повеќе

мн. терезии
Вид збор: Именка, женски род
Ѕидарска направа за мерење на хоризонтална положба.
Англиски: spirit level Турски: terazi Албански: terezi, libelë

терк повеќе

мн. теркови
Вид збор: Именка, машки род
калап, модел, мостра
Англиски: model Турски: terkib

терсене повеќе

Вид збор: Придавка
За човек, настран.
Англиски: queer Турски: tersine

тертип повеќе

тертипот
Вид збор: Именка, машки род
ред, распоред, начин
Англиски: order Турски: tertip
Примери:
Му го знам јас тертипот.

тесла повеќе

мн. тесли
Вид збор: Именка, женски род
алатка во дрводелството
Англиски: adze
Примери:
мајсторска тесла

тесте повеќе

Вид збор: Именка, среден род
Определен, вообичаен број на еднакви предмети.
Англиски: bunch Турски: deste
Примери:
Едно тесте карти.

тефтерче повеќе

Вид збор: Именка, среден род
бележник.
Англиски: notebook Турски: defter

тизап повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Aзотна киселина.
Турски: tiz

тиквар повеќе

мн. тиквари
Вид збор: Именка, машки род
Глуп човек.
Англиски: jerk Албански: njeri kungull
Примери:
Доста бре, тиквару еден!

тил повеќе

мн. тилови
Вид збор: Именка, машки род
заден дел
Англиски: back Албански: prapa

тимари повеќе

тимарат
Вид збор: Глагол, несвршен
мазни, разгалува
Англиски: spoil

тинтири-минтири повеќе

Вид збор: Именка, множина
Незначајни (празни) разговори, глупости.
Англиски: rubbish
Примери:
Цел ден збореа тинтири-минтири.

тип-топ повеќе

Вид збор: Прилог
Совршено, одлично, првокласно.
Англиски: tiptop

титиз повеќе

Вид збор: Именка, машки род
циција, скржавец
Англиски: miser Турски: titiz

тиќе повеќе

Вид збор: Именка, среден род
Лош или злобен човек.
Англиски: villain

тоа повеќе

Вид збор: Честичка
Како честичка за потсилување, референтна обично за разговорниот јазик.

топал повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Сакат човек, човек што криви.
Англиски: lame Турски: topal

топтан повеќе

Вид збор: Прилог
Се вкуп, се заедно, не поединечно, не на парче.
Англиски: wholsale Турски: toptan Албански: toptan, krejt
Примери:
Купи или продаде нешто топтан.

торлак повеќе

мн. торлаци
Вид збор: Именка, машки род
глуп, прост човек
Англиски: jerk Турски: torlak

трамвајџија повеќе

мн. трамвајџии
Вид збор: Именка, машки род
Работник во трамвај, обично возачот.

требен повеќе

Види и: потребен (прид.)
требна
Вид збор: Придавка
потребен
Англиски: necessary

трева повеќе

мн. треви
Вид збор: Именка, женски род
билка
Англиски: herb Албански: barishte

трепнува повеќе

Види и: трепне (св.)
трепнуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
трепне
Англиски: blink
Примери:
(разг.) Око не му трепнува.

треска повеќе

трескаат
Вид збор: Глагол, несвршен
грми
Англиски: thunder Албански: gjëmim

три повеќе

трите
Вид збор: Број
Три толку.
Албански: tre

три-девет повеќе

Вид збор: Прилог
Три-девет пати.
Англиски: threefold
Примери:
На планина има три-девет јунаци.

триста повеќе

Вид збор: Број
Основен број трипати поголем од сто, се бележи со бројката 300.
Англиски: three hundred
Примери:
(разг.) Триста маки, триста бели (видов, претрпев).

тритолку повеќе

Вид збор: Прилог
Трипати по толку.
Англиски: threefold
Примери:
Уште тритолку да му се молиш, нема да ти помогне.

трн повеќе

зб. мн. трње
Вид збор: Именка, машки род
Боцка, бодлив израсток по стеблата или лисјата на некои растснија.
Англиски: thorn Албански: ferrë

тројкаџија повеќе

мн. тројкаџии
Вид збор: Именка, машки род
За ученик што има главно тројки.

трпеж повеќе

Вид збор: Именка, машки род
трпение
Англиски: patience
Примери:
Крпеж и трпеж.

трпезарија повеќе

мн. трпезарии
Вид збор: Именка, женски род
трпеза
Примери:
На една трпезарија ручаат

трпение повеќе

(едн.) трпението
Вид збор: Именка, среден род
Особина на трпење.
Англиски: patience Албански: durim
Примери:
(разг.) Трпение спасение.

трупче повеќе

Види и: трупец (м.)
мн. трупчиња
Вид збор: Именка, среден род
Напредно, полничко мало дете.

туѓинец повеќе

мн. туѓинци
Вид збор: Именка, машки род
Човек што не е од истото место или крај.
Англиски: outsider Албански: i huaji

тужба повеќе

мн. тужби
Вид збор: Именка, женски род
Протестирање против некого или нешто.
Англиски: protest

тумба повеќе

(се) тумбаат
Вид збор: Глагол, несвршен
се превртува, паѓа
Англиски: overthrow

тумбогаз повеќе

тумбогази
Вид збор: Придавка
Кој е со испакнат газ.
Примери:
(нар. поез.) Тиквешките моми сите тумбогази.

тумбури повеќе

тумбурат
Вид збор: Глагол, несвршен
Наметливо истакнува (покажува, става) нешто во прв план, става некому нешто пред нос.
Англиски: emphasize Албански: theksoj, nënvizoj
Примери:
Што туку ми го тумбуриш бокалов, ти реков дека не сакам да пијам.

тупне повеќе

тупнат
Вид збор: Глагол, свршен
(за срце) Се симна срцето впетици.
Англиски: throb Албански: rrah
(со кратките форми за индиректен објект од личните заменки) бутне
Англиски: impose Албански: shtyj

тура повеќе

турат
Вид збор: Глагол, несвршен
става, сипе
Англиски: pour Албански: shtie, mbush

турбо повеќе

Вид збор: Придавка
огромен
Англиски: turbo
Примери:
турбо задоволство
исклучителен, извонреден
Англиски: turbo
Примери:
турбо музика

тури повеќе

турат
Вид збор: Глагол, свршен
стави, сипа
Англиски: pour Албански: derdh

турилеќа повеќе

мн. турилеќовци
Вид збор: Именка, машки род
За човек избувлив, брз во лутината, лутко.

турка повеќе

туркаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Бутка, урива некого од положба.
Англиски: depose Албански: shtyj
Гони, бутка (некој предмет), упорно настојува нешто да се постигне.
Албански: ndjek
скита
Англиски: roam Албански: endem

туркање повеќе

Види и: турка (несв.)
туркањето
Вид збор: Именка, среден род
соборување
Англиски: demolition Албански: demolim
Гонење, буткање (некој предмет, нешто).
Англиски: pushing Албански: shtyrje
скитање
Англиски: roaming Албански: endje

турли-турли повеќе

Вид збор: Придавка
Секаков, различен, од различни видови.
Англиски: different
Примери:
Турли-турли цвеќиња.

турне повеќе

турнат
Вид збор: Глагол, свршен
сруши, урне, кутне, симне, бутне
Англиски: fall Албански: bie

турфанда повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Рани плодови, ран зеленчук и овошје.
Англиски: early vegetables Турски: turfanda Албански: perime të hershme

тутка повеќе

туткаат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се тутка) Оди кон некого наметливо.
Англиски: impose Албански: ndjek

туткун повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Неснаодлив човек.
Англиски: clumsy person Турски: tutkun

тутне повеќе

тутнат
Вид збор: Глагол, свршен
(се тутне) Оди кај некого наметливо, да се бутне кај некого.
Англиски: push Албански: shtyj

тутуле повеќе

мн. тутулиња
Вид збор: Именка, среден род
Оној кој е ограничен, културно или ментално.
Англиски: dope
Примери:
Тутуле - бале!

тутурутка повеќе

мн. тутурутки
Вид збор: Именка, женски род
несмасен, неснаодлив или лековерен човек
Англиски: baloney
Валчеста кутија во која е сместена диплома, свидетелство и сл.
Англиски: cartridge
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - љ - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш