Разговорно - категорија

паал повеќе

паалот
Вид збор: Именка, машки род
Уште на сето тоа, згора, за беља.
Англиски: additionally
Примери:
За паалот, ете ти го Ристе.

павка повеќе

павкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
повладува
Англиски: dominate Албански: dominoj

павкало повеќе

мн. павкала
Вид збор: Именка, среден род
Човек кој повладува, ласка.
Англиски: lackey Албански: lake, shërbëtor

павкање повеќе

Вид збор: Именка, среден род
повладување, совладување

падарлак повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Работата, занимањето на падарот.

паднат повеќе

Види и: падне (св.)
паднатиот
Вид збор: Придавка
(глаг. прид.) Оној што паднал.
Англиски: fallen
Примери:
(разг.) Како од небо да е паднат.
Загинат во борба, на војна.
Англиски: killed
Примери:
Споменик на паднатите борци за слобода.
Морално паднат човек.

паднување повеќе

Вид збор: Именка, среден род
паѓање
Англиски: falling
Примери:
(разг.) Паднување и отепување - толку лошто паднал што загинал.

падобранец повеќе

мн. падобранци
Вид збор: Именка, машки род
Тој што не чека на ред, ами сака да земе нешто прекуред.

пазар повеќе

мн. пазари
Вид збор: Именка, машки род
Работа, договор за купопродажба.
Англиски: contact Албански: pazarllëk

пазарлак повеќе

мн. пазарлаци
Вид збор: Именка, машки род
пазарење, нагодба, договор, погодба, купопродажба
Англиски: negotiation Турски: pazarlık Албански: pazarllëk
Примери:
Како ни беше пазарлакот?
ценкање
Англиски: haggle Албански: bëj pazar

пазач повеќе

мн. пазачи
Вид збор: Именка, машки род
Лице кое скришум ги набљудува љубовните двојки.
Англиски: voyeur Албански: vrojtues i fsheht

пајдос повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Прекин на работата, одмор, пауза, починка од работа.
Англиски: break Турски: paydos

пајдоса повеќе

пајдосат
Вид збор: Глагол, свршен
пропадна
Англиски: disappear Албански: humbet, zhduket

пајдосува повеќе

пајдосуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
пропаѓа
Англиски: ruin Албански: humbet, zhduket
свршува, завршува работа
Англиски: complete Албански: mbaroj, kryej

пак повеќе

Вид збор: Честичка
Ти пак (што си бил)!
Англиски: again

пак повеќе

Вид збор: Прилог
и покрај тоа; сепак; не и пак не
Англиски: nevertheless

пакло повеќе

мн. пакла
Вид збор: Именка, среден род
помал пакет
Англиски: pack
Примери:
пакло тутун, пакло цигари

пактира повеќе

пактираат
Вид збор: Глагол, несвршен
прави пакт, се договара
Англиски: make a deal Германски: paktieren
Примери:
Вие тамy нешто пактирате.

пакува повеќе

пакуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
мести, средува, подредува
Англиски: arrange Албански: rregulloj

пала повеќе

палата
Вид збор: Именка, женски род
Оружје слично на сабја.
Англиски: sabre Турски: pala Албански: lloj shpate

палавко повеќе

Види и: палавник (м.)
мн. палавци
Вид збор: Именка, машки род
палавник

палавра повеќе

мн. палаври
Вид збор: Именка, женски род
(обично мн.) лага, шега
Англиски: palaver

пали повеќе

палат
Вид збор: Глагол, несвршен
одлучува, наредува
Англиски: boss Албански: kall, urdhëron

палица повеќе

Види и: палка (ж.)
Вид збор: Именка, женски род
стап, измазнета суровица
Англиски: stick

палка повеќе

мн. палки
Вид збор: Именка, женски род
Покус стап.
Англиски: stick
Примери:
(разг.) Гумена палка за тепање.

памет повеќе

(едн.) паметта
Вид збор: Именка, женски род
совет, поука
Англиски: suggestion Албански: mend, këshill

паметува повеќе

Види и: памети (несв.)
паметуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
памети
Англиски: remember
Примери:
Дали паметуваш кога бевме деца?

паметување повеќе

паметувањето
Вид збор: Именка, среден род
памтење
Англиски: remembrance Албански: kujtesë

памтивека повеќе

Вид збор: Прилог
од одамна, далечно минато
Англиски: for centuries

панаг повеќе

Види и: панагон (м.)
мн. панази
Вид збор: Именка, машки род
јунак
Англиски: hero

пандур повеќе

мн. пандури
Вид збор: Именка, машки род
полицаец
Англиски: cop Албански: polic, pandur

паничи повеќе

паничат
Вид збор: Глагол, несвршен
Покажува дека е обземен со паника, дека доживува паничен страв.
Англиски: panic Албански: bëj panikë
Прави, создава паника.
Англиски: panic Албански: bëj, krijoj panikë

пантолани повеќе

Вид збор: Именка, множина
панталони
Англиски: trousers

пануклица повеќе

Вид збор: Именка, женски род
панукла
Англиски: plague
Примери:
Надвор куклица, дома пануклица.

папирологија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Обемно администрирање, често поврзано со непотребна документација.
Албански: papirologji

папок повеќе

мн. папоци
Вид збор: Именка, машки род
Вдлабнатина во средишниот дел на мевот што се јавува како последица на прекинување на папочната врвца.
Англиски: navel Албански: kërthizë
Примери:
Гол до папок.

папучар повеќе

мн. папучари
Вид збор: Именка, машки род
Маж што покажува слепа послушност кон сопругата.

пар повеќе

мн. парови
Вид збор: Именка, машки род
Пар или непар
Англиски: even Албански: baraz

пара повеќе

параат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се пара) Се кине.
Англиски: tear
Примери:
Ни се шие ни се пара.

пара повеќе

мн. пари
Вид збор: Именка, женски род
монета
Англиски: coin Турски: para Албански: monedhë
(во едн.) пари
Англиски: money

параграф повеќе

мн. параграфи
Вид збор: Именка, машки род
закон
Англиски: law Албански: paragraf, ligj
Примери:
(разг.) Го фати параграфот.

парајлија повеќе

Вид збор: Придавка
параллија
Англиски: rich

парампарче повеќе

мн. парампарчиња
Вид збор: Именка, среден род
ситни парчиња
Англиски: pieces Турски: paramparça

параноик повеќе

мн. параноици
Вид збор: Именка, машки род
луд, ненормален
Англиски: paranoiac Албански: paranoik, i çmendur

параспур повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Неуреден, ништожен човек, морално и материјално пропаднат.
Англиски: hobo Албански: endacak
Примери:
Параспур човек.

параспуриште повеќе

Вид збор: Именка, среден род
параспyр
Албански: paraspyr

пардон повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
признание
Англиски: pardon
Примери:
На овие зборови што ги рече, пардон.

пареа повеќе

мн. пареи
Вид збор: Именка, женски род
Вода во гасна состојба.
Англиски: steam Албански: avull

пари повеќе

парите
Вид збор: Именка, множина
Платежни средства од метал или од хартија.
Англиски: money Турски: para Албански: para, të holla

парица повеќе

мн. парици
Вид збор: Именка, женски род
пари
Англиски: money Албански: para, të holla
Примери:
Парица треба за тоа, синко.

парка повеќе

паркаат
Вид збор: Глагол, несвршен
допира
Англиски: touch Албански: prek

парола повеќе

мн. пароли
Вид збор: Именка, женски род
гесло, крилатица
Англиски: slogan Албански: parullë

паролџија повеќе

мн. паролџии
Вид збор: Именка, машки род
Човек кој што се истакнува со извикување на пароли а не со работа.

паролџиски повеќе

паролџиска
Вид збор: Придавка
На начин на паролџија.

паролџиство повеќе

Вид збор: Именка, среден род
Истакнување со кажување, извикување пароли наместо со работа.

парса повеќе

(едн.) парсата
Вид збор: Именка, женски род
Награда која се дава на свирачите/музикантите по отсвирено едно или повеќе ора или песни.
Албански: shpërblim për muzikantët

партал повеќе

мн. партали
Вид збор: Именка, машки род
крпа
Англиски: rag Турски: partal Албански: leckë, partall
Примери:
Сиот во партали.

парталав повеќе

парталави
Вид збор: Придавка
За човек - многу искинат.

партер повеќе

(едн.) партерот
Вид збор: Именка, машки род
публиката од партер
Англиски: orchestra Француски: parterre Албански: parter

партизанија повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Ослободена партизанска земја.

парче повеќе

мн. парчиња
Вид збор: Именка, среден род
дел од нешто
Англиски: piece Турски: parça Албански: pjesë, copë
посебен дел
Англиски: piece Турски: parça Албански: pjesë, copë

пасе повеќе

пасат
Вид збор: Глагол, несвршен
напасува
Англиски: feed Албански: kullos

пасивен повеќе

пасивни
Вид збор: Придавка
рамнодушен, неподвижен, безволен, неактивен
Англиски: passive Албански: pasiv

пасошки повеќе

пасошка
Вид збор: Придавка
паспортен

пасторче повеќе

Види и: пасторок (м.)
мн. пасторчиња
Вид збор: Именка, среден род
пасторок
Англиски: stepchild
Примери:
(разг.) пасторче на судбината

пастри повеќе

пастрат
Вид збор: Глагол, несвршен
чува, пази, варди, крие, штеди
Англиски: save Албански: ruaj
Примери:
(разг.) Тој пастри некоја пара.

пасува повеќе

пасуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Одговара, прилега, е во согласност со нешто.
Англиски: fit Германски: passen

паталец повеќе

мн. паталци
Вид збор: Именка, машки род
Некој што многу пател, искусен човек.
Англиски: sufferer

патардија повеќе

мн. патардии
Вид збор: Именка, женски род
галама
Англиски: rattle Турски: patırtı
Примери:
Се крена една патардија.

патем повеќе

Вид збор: Прилог
Патем(а) кажано.
Англиски: besides
Примери:
Ќе речеме патем.

патен повеќе

патна
Вид збор: Придавка
дневен
Англиски: daily
Примери:
Патни и дневни (пари, трошоци).

патент повеќе

мн. патенти
Вид збор: Именка, машки род
Направа за закопчување во форма на метално копче од два дела што влегуваат еден во друг со притискање.

патерица повеќе

мн. патерици
Вид збор: Именка, женски род
Ден после празник.
Албански: ditë pas feste

патка повеќе

мн. патки
Вид збор: Именка, женски род
измислица
Англиски: hoax, canard
Примери:
новинарска патка

патлак повеќе

мн. патлаци
Вид збор: Именка, машки род
пиштол
Англиски: pistol Турски: patlak Албански: patllak, revole
пенис
Англиски: penis Албански: penis

патлиџан повеќе

мн. патлиџани
Вид збор: Именка, машки род
домат
Латински: Solanum lycopersium Англиски: tomato Албански: domat

патрав повеќе

патрави
Вид збор: Придавка
(за човек) кривоног
Англиски: crooked
(за нога) крив, неправилен
Англиски: crooked

патролџија повеќе

мн. патролџии
Вид збор: Именка, машки род
Војник, стражар во патрола.
Англиски: patrolman

патува повеќе

патуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
(разг) Пат патува.
Англиски: travel Албански: udhëtoj, rrugëtoj

пеан повеќе

пеана
Вид збор: Придавка
(глаг. прид.) пее
Англиски: sung
Примери:
Пеан гроб.
учен, писмен
Англиски: educated
Примери:
Пеан човек е тој.

пеанија повеќе

мн. пеании
Вид збор: Именка, женски род
зборување, дрдорење, прекорување
Англиски: twaddle Албански: gjepura
Примери:
Доста ги слушав тие пеании!

пегла повеќе

пеглаат
Вид збор: Глагол, несвршен
малтретира
Англиски: mangle Албански: maltretoj
Примери:
Два саата ме пеглаше.

педер повеќе

мн. педери
Вид збор: Именка, машки род
Тој што се предава на педерастија.
Англиски: homosexual Албански: peder, pederast, homoseksual

педераст повеќе

мн. педерасти
Вид збор: Именка, машки род
Тој што се предава на педерастија.
Англиски: homosexual

пезевенк повеќе

мн. пезевенци
Вид збор: Именка, машки род
мангуп
Англиски: crook Албански: pezevenk, mangup

пек повеќе

мн. пекови
Вид збор: Именка, машки род
Голема пекотина, горештина, жештина, врелина, жега.
Англиски: heat

пелена повеќе

мн. пелени
Вид збор: Именка, женски род
Парче памучна ткаенина кое служи за повивање на бебе.
Англиски: diaper
Примери:
Дете во пелени.

пеливанлак повеќе

мн. пеливанлаци
Вид збор: Именка, машки род
(само едн.) Пеливанство, работа на пеливанот.
Англиски: wrestling Турски: pehlivanlık Албански: pelivanllëk, mundje
вештина, уметност
Англиски: skill Албански: aftësi, mjeshtëri
Примери:
Треба пеливанлак.
јунашина
Англиски: heroism Албански: heroizëm
Примери:
(разг.) Ќе ми продава пеливанлак.

пелиноса повеќе

пелиносат
Вид збор: Глагол, свршен
Зачинува со пелин.
Албански: pelinos, bëj me pelin
Примери:
Ја пелиносал ракијата.
отрови
Англиски: poison Албански: helmoj
Примери:
Остави, не ти се јаде, да ге пелиноса, саде го рокиш лебот.
(се пелиноса) Да биде огорчен.
Англиски: embitter Албански: zeheroj

пембе повеќе

Вид збор: Придавка
розов, црвеникаст
Англиски: pink Турски: pembe
Примери:
пембе боја

пембен повеќе

Види и: пембе (прид.)
пембени
Вид збор: Придавка
розов, црвеникаст
Англиски: pink Турски: pembe

пемпере повеќе

мн. пемпериња
Вид збор: Именка, среден род
Може да означува разни предмети кои се непознати, не им се знае името од прв момент.
Англиски: thingamabob

пендрек повеќе

мн. пендреци
Вид збор: Именка, машки род
Гумена палка.
Англиски: truncheon
Примери:
Жандарм со пендрек.

пенушка повеќе

Види и: пењушка (ж.)
мн. пенушки
Вид збор: Именка, женски род
Остарена и грда жена.
Албански: grua e shumtuar
Осамена жена, самица.
Англиски: single Албански: grua e vetmuar, singël

пенџере повеќе

мн. пенџериња
Вид збор: Именка, среден род
прозорец
Англиски: window Турски: pencere

пенџерче повеќе

Види и: пенџере (ср.)
мн. пеџерчиња
Вид збор: Именка, среден род
пенџере
Англиски: window
Примери:
(разг.) Си оставил пенџерче.

пепел повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
прашина
Англиски: dust Албански: hi, pluhur

пепеларник повеќе

мн. пепеларници
Вид збор: Именка, машки род
Посатка за собирање попел од печка.
Англиски: ash can Албански: enë hiri

пепелаш повеќе

мн. пепелаши
Вид збор: Именка, машки род
Деца што си играат покрај пепел.
Албански: hirush

пепелашка повеќе

мн. пепелашки
Вид збор: Именка, женски род
Мара пепелашка.
Англиски: cinderella Албански: hirushe

пердашење повеќе

Вид збор: Именка, среден род
млатење, удирање
Англиски: thrashing Албански: rrahje

пердашка повеќе

мн. пердашки
Вид збор: Именка, женски род
Дрвена табла со рачка од долната страна за малтерисување.

перде повеќе

мн. пердиња
Вид збор: Именка, среден род
завеса
Англиски: curtain Турски: perde Албански: perde
вел, превез
Англиски: veil Албански: mbuloj
химен, мембрана, невиност
Англиски: hymen Албански: cipë e virgjerisë
болест на окото
Англиски: cataract Албански: katarakt
ограда
Англиски: fence Албански: gardh

пере повеќе

перат
Вид збор: Глагол, несвршен
(само 3. л. едн.) спаструва, чисти
Англиски: wash Албански: lan

перне повеќе

пернат
Вид збор: Глагол, свршен
стави, тури
Англиски: put Албански: fus, mbush
Примери:
Перни му на гравот уште две-три сушени пиперки, и ќе разбереш од јадење.

пернува повеќе

Види и: перне (св.)
пернуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
ставање
Англиски: put Албански: fus

персона повеќе

мн. персони
Вид збор: Именка, женски род
(за жена или маж) Физички крупна личност.
Англиски: person Албански: grua ose burrë hijerandë

персоналец повеќе

мн. персоналци
Вид збор: Именка, машки род
Персонален референт во некое претпријатие или установа.
Албански: referent personeli
персонален данок
Англиски: income tax Албански: tatim mbi të ardhurat

песнарија повеќе

мн. песнарии
Вид збор: Именка, машки род
песнопоец, песнопојка
Англиски: singer

петденарка повеќе

мн. петденарки
Вид збор: Именка, женски род
Монета со вредност од пет денари.

петел повеќе

мн. петли
Вид збор: Именка, машки род
Во шала за маж.
Англиски: male Албански: gjel, mashkull

петка повеќе

мн. петки
Вид збор: Именка, женски род
Име на автобус, трамвај и др.
Англиски: five Албански: emër

петле повеќе

мн. петлиња
Вид збор: Именка, среден род
Наполеон
Англиски: Napoleon Албански: Napoleon

петлошиец повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Човек со голем врат.

петнаести повеќе

Вид збор: Придавка
петнаесетти

петолетка повеќе

мн. петолетки
Вид збор: Именка, женски род
Училиште до петто одделение.
Албански: pesëvjeçare

петра повеќе

Вид збор: Именка, машки род
епитрафил

пецка повеќе

пецкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
боцка
Англиски: gibe
задева
Англиски: tease

печалба повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
добивка
Англиски: prize Албански: çmim, fitim

пече повеќе

пеков
Вид збор: Глагол, несвршен
учи, изучува
Англиски: learn Албански: mëson

печеесет повеќе

Вид збор: Број
пет-шеесет

печење повеќе

Види и: пече (несв.)
(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Печење на занаетот.
Англиски: learning Албански: mësim, pjekëje

печес повеќе

Вид збор: Број
пет-шест
Англиски: five to six

печесмина повеќе

Вид збор: Број
Пет-шест лица.

печеснаесет повеќе

Вид збор: Број
пет-шеснаесет

печестотини повеќе

Вид збор: Број
петшестотини

пеш повеќе

Вид збор: Прилог
Со нозе, без користење превозно средство.
Англиски: by foot

пешо повеќе

мн. пешовци
Вид збор: Именка, машки род
педер
Англиски: gay guy

пивара повеќе

мн. пивари
Вид збор: Именка, женски род
фабрика за пиво
Англиски: brewery

пиганка повеќе

мн. пиганки
Вид збор: Именка, женски род
тетратка
Англиски: exercise-book

пизми повеќе

пизмат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се пизми) Се мрази еден со друг.
Англиски: hate Албански: urrej

пијало повеќе

Вид збор: Именка, среден род
пијалак
Англиски: beverage Албански: pije
Примери:
Се сака, синко, јадало, пијало, а пусто - скршена пара немам.

пијач повеќе

мн. пијачи
Вид збор: Именка, машки род
пијаница, пијандура
Англиски: drunkard

пик повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Само во израз: има пик на него.
Англиски: pique Албански: pik
Примери:
Му фрли пик – има желба да му се одмазди, да му напакости.

пика повеќе

пикаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Става во нешто.
Англиски: stuff Албански: shti, fus
Примери:
Туку пикаше круши в џеб.
Турне во некоја положба.
Англиски: push Албански: shtyj
Примери:
Само своите ги пика.

пикира повеќе

пикираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Покаже интерес кон некого или нешто.
Англиски: make a pass Албански: tregon interes për dikë ose për diçka
Примери:
Пикира на директорското место.

пикне повеќе

Види и: пика (несв.)
пикнат
Вид збор: Глагол, свршен
Даде кришум.
Албански: msheftaz
Обезбеди некаква положба.
(се пикне) Влезе незабележано, кришум.
Англиски: slip Албански: futet

пиленце повеќе

Види и: пиле (ср.)
мн. пиленца
Вид збор: Именка, среден род
пиле
Англиски: chick Албански: zog
Примери:
(нар. поез.) Трено, пиленце шарено!

пипа повеќе

пипаат
Вид збор: Глагол, несвршен
мери, опита, испитува, тестира
Англиски: check Албански: kontrolloj
(разг.) краде, пофаќа
Англиски: sneak Албански: vjedh

пипне повеќе

Види и: пипа (несв.)
пипнат
Вид збор: Глагол, свршен
фати
Англиски: catch Албански: kap, prek

писарлак повеќе

Види и: писарство (ср.)
писарлакот
Вид збор: Именка, машки род
писарство

писателлак повеќе

Вид збор: Именка, машки род
писателство
Англиски: writing

пискарало повеќе

мн. пискарала
Вид збор: Именка, среден род
лош писател или новинар
Англиски: scribbler

питач повеќе

мн. питачи
Вид збор: Именка, машки род
Тој што пита, што бара милостина.
Англиски: beggar
Примери:
Му дале како на питач.

питачки повеќе

питачка
Вид збор: Придавка
Во врска со питач.
Примери:
Дотерал до питачки стап.

питачлак повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Питање, барање милостина.
Англиски: beggary
Примери:
Питачлак му е занаетот.

питие повеќе

Види и: пијалак (м.)
мн. питија
Вид збор: Именка, среден род
пијалак
Англиски: drink
Примери:
Јастие (јасје) и питие - јадење и пијалак.

питроп повеќе

Вид збор: Именка, машки род
епитроп

пиша повеќе

пишаат
Вид збор: Глагол, несвршен
моча
Англиски: pee

пишало повеќе

мн. пишала
Вид збор: Именка, среден род
писалка
Англиски: pen Албански: penë, stilograf
Машки полов орган.
Албански: urgan i pshurrjes, karuc

пишан повеќе

пишани
Вид збор: Придавка
Што е изразен со писмо, писмен, напишан.
Англиски: written

пише повеќе

пишат
Вид збор: Глагол, свршен
Запише, писмено забележи.
Англиски: write down Албански: shënoj
Внесе во список, регистрира.
Англиски: register Албански: regjistroj

пишман повеќе

Вид збор: Придавка
Што се кае, што жали.
Англиски: regretful Турски: pişman

пишманење повеќе

Вид збор: Именка, среден род
Се откажува од некаква намера.
Англиски: regret Албански: bëhem pishman
каење, сожалување
Англиски: regret Албански: pendim

пишмани повеќе

пишманат
Вид збор: Глагол, несвршен
Расколебува некого, одвраќа некого од некаква намера.
Англиски: regret Албански: bëj pishman
(се пишмани) Се откажува од некаква намера, се предомислува.
Англиски: regret Албански: bëj pishman, pendohem

пиштол повеќе

мн. пиштоли
Вид збор: Именка, машки род
Огнено оружје.
Англиски: pistol Албански: pistoletë, revole
Примери:
Со чифт пиштоли, за појас.

пиштолење повеќе

Вид збор: Именка, среден род
перчење
Англиски: showing off

пиштоли повеќе

(се) пиштолат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се) перчи
Англиски: show off

пиштолче повеќе

Види и: пиштол (м.)
мн. пиштолчиња
Вид збор: Именка, среден род
пиштол
Англиски: pistol

пиштолџија повеќе

мн. пиштолџии
Вид збор: Именка, машки род
Добар стрелец со пиштол.
Англиски: pistolero

пишувачка повеќе

Вид збор: Именка, женски род
пишување
Англиски: writing

пладнина повеќе

мн. пладнини
Вид збор: Именка, женски род
пладне
Англиски: noon Албански: mesditë
Примери:
кон пладнина, насред пладнина

плак повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Стар човек.
Англиски: old man Албански: plakush

пламноса повеќе

Вид збор: Глагол, свршен
(преод.) изгори
Англиски: burn Албански: kall
(непреод.) пламне, избувне
Англиски: light up Албански: ndez

планина повеќе

мн. планини
Вид збор: Именка, женски род
Нешто во голема количина.
Англиски: huge Албански: mal

плас повеќе

Вид збор: Извик
За подражавање на нешто што паднало испружено, што се пласнало.

пласира повеќе

пласираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
(се пласира) се постави, се намести
Англиски: place Албански: placoj

платноса повеќе

(се) платносаат
Вид збор: Глагол, свршен
Побледе во лице како крпа.
Англиски: turn white
Примери:
Сиот се платносал.

плаче повеќе

плачат
Вид збор: Глагол, несвршен
Плаче за нешто (кога некој заслужува некоја казна).
Англиски: cry Албански: qan
(непреод.) За око - солзи.
Англиски: water Албански: lotë
(преод.) Жали, сожалува, си ја плаче судбината.
Англиски: pity Албански: keqardhje
(се плаче) Ми се плаче.
Англиски: cry Албански: qaj

плачка повеќе

мн. плачки
Вид збор: Именка, женски род
Жена или девојче кое многу плаче.
Англиски: crybaby Албански: qaramane

плачко повеќе

мн. плачковци
Вид збор: Именка, машки род
Момче или маж кој што плаче.
Англиски: sissy

плексус повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Средишниот дел од стомакот.
Англиски: solar plexus Албански: pleksus

племе повеќе

мн. племиња
Вид збор: Именка, среден род
Група луѓе обединети со општи црти.
Англиски: race Албански: racë
Примери:
Погано племе.

плеска повеќе

плескаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Зборува глупости; не го контролира своето зборување.
Англиски: gossip Албански: llafazan

плесне повеќе

плесна
Вид збор: Глагол, свршен
Јавно искаже нешто со револт и директно.
Англиски: slap Албански: thot troç

плеќи повеќе

плеќите
Вид збор: Именка, множина
Задниот дел од рамената и горниот дел од грбот.
Англиски: back Албански: supe

плива повеќе

пливаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Без да располага со знаења, одговара заплеткано и набавтана.
Англиски: confuse Албански: ngatërroj

плико повеќе

Види и: плик (м.)
мн. пликоа
Вид збор: Именка, среден род
плик
Англиски: envelope

плин повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
гас
Англиски: gas Албански: gaz

плови повеќе

пловат
Вид збор: Глагол, несвршен
се движи, плива, транспортира
Англиски: sail Албански: lundron

плускот повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Звук што се слуша при удар, при плускање.
Англиски: patter

плускотница повеќе

Види и: плускот (м.)
мн. плускотници
Вид збор: Именка, женски род
плускот
Англиски: patter
Примери:
(разг.) 'Рскотници-плускотпици!

пљагоса повеќе

(се) пљагоса
Вид збор: Глагол, свршен
рани

пљампа повеќе

пљампаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Зборува нешто без врска.
Англиски: chatter

пљумпе повеќе

Вид збор: Именка, среден род
Зидарска алатка.
Англиски: plumb Албански: vegël muratorie

поалбанчи повеќе

Види и: албанизира (св. и несв.)
поалбанчат
Вид збор: Глагол, свршен
албанизира

поарчи повеќе

Види и: арчи (несв.)
поарчат
Вид збор: Глагол, свршен
потроши, изарчи
Англиски: spend Турски: harcamak

побашка повеќе

Вид збор: Прилог
башка
Англиски: separately

повелач повеќе

мн. повелачи
Вид збор: Именка, машки род
Тој што повела.
Англиски: commander

повјаса повеќе

Види и: вјаса (несв.)
повјасаат
Вид збор: Глагол, свршен
вјаса
Англиски: hurry

повртка повеќе

поврткаат
Вид збор: Глагол, свршен
Позанимава, позадржи некого кратко време.
Англиски: keep busy Албански: argëtoj, mbaj të zënë

поганштија повеќе

мн. поганштии
Вид збор: Именка, женски род
Погани луѓе.
Англиски: villain Албански: flliqëtarë

погачар повеќе

мн. погачари
Вид збор: Именка, машки род
Тој што многу сака да јаде погача.

погнете повеќе

погнетат
Вид збор: Глагол, свршен
Лакомо, брзо изеде.
Англиски: stuff

погонец повеќе

мн. погонци
Вид збор: Именка, машки род
Работник во погон.
Англиски: factory worker

пограѓани повеќе

пограѓанат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи некого граѓанец (обично за селанец).
Албански: bën qytetarë
(се пограѓани) Се направи важен, се смета за граѓанин.
Албански: qytetrohem

подаскалува повеќе

Види и: даскалува (несв.)
подаскалуваат
Вид збор: Глагол, свршен
Поработи некое време како даскал.
Англиски: teach

подврзе повеќе

подврзат
Вид збор: Глагол, свршен
Обврзе со нешто, задолжи.
Англиски: bind Албански: lidh
(се подврзе) Се врзе со договор, со збор.
Англиски: obligate Албански: detyroj

подлетарка повеќе

мн. подлетарки
Вид збор: Именка, женски род
Девојче или момче облечено во нешто кусо.
Албански: shkurt

подмачка повеќе

подмачкаат
Вид збор: Глагол, свршен
Даде мито, поткуп.
Англиски: bribe Албански: lyej, jap mitë, ryshfet

подмрдне повеќе

Види и: мрдне (св.)
подмрднат
Вид збор: Глагол, свршен
Измами, излаже по малку.
Англиски: deviate Албански: mashtroj

подрапа повеќе

Види и: драпа (несв.)
подрапаат
Вид збор: Глагол, свршен
(се подрапа) Се подбие шега со некого.
Англиски: deride, joke

подрнда повеќе

подрндаат
Вид збор: Глагол, свршен
Дрнда, лошо свири на некој жичен музички инструмент.
Англиски: strum
Дрдори малку, кратко време.
Англиски: blab

подрнка повеќе

Види и: подрнда (св.)
подрнкаат
Вид збор: Глагол, свршен
подрнда

подроби повеќе

подробат
Вид збор: Глагол, свршен
Зборува сѐ и сешто кратко време.
Англиски: blab

подружи повеќе

Види и: дружи (несв.)
подружат
Вид збор: Глагол, свршен
Дружи некого кратко време.
Англиски: befriend

пожарен повеќе

пожарниот
Вид збор: Именка, машки род
Дежурен што чува од пожар (на пример во војска или како посебна должност).
Англиски: watchdog
Примери:
Пожарниот стоеше пред магацинот.

пожарна повеќе

мн. пожарни
Вид збор: Именка, женски род
противпожарна служба
Англиски: fire brigade Албански: zjarrfikës
зграда на противпожарна служба
Англиски: fire department Албански: zjarrfikës
возило за гаснење пожари
Англиски: fire engine Албански: makinë zjarrfikëse

позакопа повеќе

Види и: закопа (св.)
позакопаат
Вид збор: Глагол, свршен
Доведе некого во понепријатна, потешка положба.
Англиски: bury
(се позакопа) Се доведе во понепријатна, потешка положба.
Англиски: bury

познаник повеќе

Види и: познајник (м.)
мн. познаници
Вид збор: Именка, машки род
пријател, другар, познајник
Англиски: acquaintance

пои повеќе

појат
Вид збор: Глагол, несвршен
Дава вода или некаква течност некому (на човек)
Албански: i jap të pijë

покани повеќе

поканат
Вид збор: Глагол, свршен
(се покани) Самиот себеси се повикува, се кани.
Англиски: invite Албански: ftoj

покерџија повеќе

мн. покерџии
Вид збор: Именка, машки род
играч на покер
Англиски: poker player

поклон повеќе

мн. поклони
Вид збор: Именка, машки род
дар, подарок
Англиски: present Албански: dhuratë

полапа повеќе

Види и: лапа (несв.)
полапаат
Вид збор: Глагол, свршен
Лапа малку, кратко време.

полафи повеќе

Види и: лафи (несв.)
полафат
Вид збор: Глагол, свршен
Позборува малку, некое време.
Англиски: talk

полицаец повеќе

мн. полицајци
Вид збор: Именка, машки род
Лице што е строго кон другите и им суди по сопствени сфаќања за правилата на однесување.
Англиски: policeman Албански: polic

полиција повеќе

мн. полиции
Вид збор: Именка, женски род
Множество од полицајци или сите вработени.
Англиски: police

полкило повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Половина килограм, мерка за тежина.

полноглавец повеќе

мн. полноглавци
Вид збор: Именка, машки род
Тој што е ограничен, што многу учи и не го интересира ништо друго.
Англиски: egghead Албански: njeri i kufirzuar

положение повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
положба
Англиски: position

полуортачки повеќе

полуортачкиот
Вид збор: Придавка
Што не е сосема ортачки.
Примери:
полуортачката поделба

поматка повеќе

поматкаат
Вид збор: Глагол, свршен
Задржи некого или нешто кратко време, некое време.
Англиски: keep busy Албански: mashtroj, mbaj, ndal

помуабети повеќе

Види и: муабети (несв.)
помуабетат
Вид збор: Глагол, свршен
поразговара
Англиски: talk, chat

понабута повеќе

Види и: набута (св.)
понабутаат
Вид збор: Глагол, свршен
Набута малку или уште малку.

понакрка повеќе

Види и: накрка (св.)
понакркаат
Вид збор: Глагол, свршен
Нахрани некого во поголема мера; пренајаде некого.

понарани повеќе

Види и: понахрани (св.)
(се) понаранат
Вид збор: Глагол, свршен
понахрани
Англиски: feed

понасоли повеќе

Види и: насоли (св.)
понасолат
Вид збор: Глагол, свршен
Посипе малку (со прашок).
Англиски: sprinkle

понаша повеќе

(се) понашаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се занесува, се прави важен.
Англиски: puff up

попердаши повеќе

Види и: пердаши (несв.)
попердашат
Вид збор: Глагол, свршен
Пердаши малку, кратко време.

попишмани повеќе

Види и: пишмани (несв.)
попишманат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи некој да се оркаже од својата намера, план , да се предомисли.

попиштоли повеќе

Види и: поперчи (св.)
(се) попиштолат
Вид збор: Глагол, свршен
се поперчи, се попетели
Англиски: puff up

попљампа повеќе

Види и: пљампа (несв.)
попљампаат
Вид збор: Глагол, свршен
Дрдори, брбори некое време.
Англиски: blab

попоткове повеќе

Види и: поткове (св.)
се попотковат
Вид збор: Глагол, свршен
Ги прошири малку своите знаења, се подготви уште малку.

попроветри повеќе

Види и: проветри (св.)
попроветрат
Вид збор: Глагол, свршен
Одмори малку.
Англиски: rest

попрска повеќе

Види и: прска (несв.)
попрскаат
Вид збор: Глагол, свршен
(се попрска) Се фали малку, во помала мера.
Англиски: brag Албански: lavdërohem pak

попувачка повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
попување

пораатиса повеќе

Види и: раатиса (св.)
пораатисаат
Вид збор: Глагол, свршен
Ослободи некого малку од грижи.
Англиски: relax

пораздели повеќе

Види и: раздели (св.)
поразделат
Вид збор: Глагол, свршен
Распредели, даде секому по дел (наследство).
Англиски: divide Албански: përçaj

поразија повеќе

мн. поразии
Вид збор: Именка, женски род
несреќа, катастрофа
Англиски: disaster Албански: fatkeqësi, katastrofë

порнографија повеќе

мн. порнографии
Вид збор: Именка, женски род
Филм, роман, фотографија со таква содржина.
Англиски: pornography Албански: pornografi

портофел повеќе

Види и: портфељ (м.)
мн. портофели
Вид збор: Именка, машки род
портфељ

посее повеќе

посеат
Вид збор: Глагол, свршен
Изгуби нешто.
Англиски: lose Албански: humb

поскита повеќе

поскитаат
Вид збор: Глагол, свршен
Прошета малку.
Англиски: walk Албански: endem, shetis pak

пост повеќе

мн. пости
Вид збор: Именка, машки род
Воздржување од претерано уживање во некакви задоволства.
Англиски: restraining Албански: kufizues

потегне повеќе

потегнат
Вид збор: Глагол, свршен
пие, голтне
Англиски: drink Албански: pi

потепа повеќе

потепаат
Вид збор: Глагол, свршен
(се потепа) Покаже упорност со сите сили да добие нешто.
Англиски: beat up

потешкотија повеќе

мн. потешкотии
Вид збор: Именка, женски род
(обично мн.) проблем, тешкотија, препрека
Англиски: difficulty

поткастри повеќе

Види и: кастри (несв.)
поткастрат
Вид збор: Глагол, свршен
Смали, ограничи малку нешто.
Англиски: cut Албански: pres, shkurtoj

поткачи повеќе

поткачат
Вид збор: Глагол, свршен
Удри, тресна, закачи некого.
Англиски: hit Албански: nguc, kap, godet

поткрпи повеќе

Види и: крпи (несв.)
поткрпат
Вид збор: Глагол, свршен
(се поткрпи) Се обезбеди материјално малку, во некоја мера.
Албански: arnohem

поткусури повеќе

поткусурат
Вид збор: Глагол, свршен
Врати кусур.
Англиски: pay back
Врати нанесена неправда.
Англиски: revenge

потоп повеќе

(едн.) потопот
Вид збор: Именка, машки род
Голема поплава.
Англиски: deluge Албански: përmbytje, vërshim

потпикне повеќе

потпикнат
Вид збор: Глагол, свршен
Стави, пикне нешто некаде.
Англиски: insert Албански: fut
Стави, поттури, тутне некому нешто.
Англиски: stick Албански: ngjit
Намести на добро работно место.
Англиски: position Албански: pozicionoj
(се потпикне) Се вовлече, се смести некаде.
Албански: fus
(се потпикне) Влезе на добро работно место.
Албански: futet

потрефи повеќе

потрефат
Вид збор: Глагол, свршен
погоди
Англиски: hit Германски: treffen Албански: godas, qëlloj
(се потрефи) се погоди, се случи
Англиски: happen Германски: treffen Албански: ndodh, ngjan

поќути повеќе

Види и: ќути (несв.)
поќутат
Вид збор: Глагол, свршен
помолчи
Англиски: keep silent

поштен повеќе

поштениот
Вид збор: Придавка
чесен
Англиски: honest Српски: поштен

правен повеќе

правни
Вид збор: Придавка
Што не е природен, вештачки.
Англиски: artificial

прави повеќе

прават
Вид збор: Глагол, несвршен
Подготвува, оспособува некого за нешто.
Англиски: prepare Албански: përgatit

правник повеќе

мн. правници
Вид збор: Именка, машки род
Студент на правен факултет.
Англиски: law student Албански: student i drejtësisë

право повеќе

Вид збор: Прилог
веднаш, вчас
Англиски: immediately Албански: menjëherë

прање повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
менструација
Англиски: menstruation Албански: menstruacion

прасе повеќе

мн. прасиња
Вид збор: Именка, среден род
За човек - извалкан, нечист човек што не се грижи за својот надворешен изглед.
Англиски: pig Албански: derr, thi, njeri i papastër

прашина повеќе

Види и: прав (м.)
мн. прашини
Вид збор: Именка, женски род
прав
Англиски: dust Албански: pluhur
Примери:
Тенка прашина.

прашти повеќе

праштат
Вид збор: Глагол, свршен
(обично со заменската форма ја) избега, исчезне
Англиски: escape

првен повеќе

првниот
Вид збор: Придавка
Што е прв.
Англиски: first

првокатегорник повеќе

мн. првокатегорници
Вид збор: Именка, машки род
Шахист од прва категорија.

прдешки повеќе

Вид збор: Именка, множина
глупости, бесмислици
Англиски: nonsense

прдешко повеќе

Види и: прдло (м.)
мн. прдешковци
Вид збор: Именка, машки род
прдло

прдлив повеќе

прдливиот
Вид збор: Придавка
Што често прди.

прдло повеќе

мн. прдловци
Вид збор: Именка, машки род
Тој што прди.

превежба повеќе

превежбаат
Вид збор: Глагол, свршен
Извежба повторно, уште еднаш.
Англиски: exercise Албански: ushtroj përsëri

презоба повеќе

презобаат
Вид збор: Глагол, свршен
За човек - прејаде зрнест плод.
Англиски: nibble Албански: ngop me fruta kokrrash

презрамка повеќе

Види и: прерамка (ж.)
мн. презрамки
Вид збор: Именка, женски род
прерамки
Англиски: suspender

прејде повеќе

прејдат
Вид збор: Глагол, свршен
измами, излаже
Англиски: cheat Албански: mashtroj

прекарба повеќе

мн. прекарби
Вид збор: Именка, женски род
прекор, укор
Англиски: reproach
Примери:
Му се смачи од неговите прекарби.

прекардаши повеќе

прекардашат
Вид збор: Глагол, свршен
Претера, надмине мера.
Англиски: exaggerate

прекарува повеќе

Види и: прекори (св.)
прекаруваат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се прекарува) се презива
Албански: quhet me mbiemër

прекомандува повеќе

прекомандуваат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Со наредба пренасочи кон нови задачи.
Англиски: redirect
Примери:
Затоа тој беше прекомандуван од западниот фронт на фронтот во Русија.

пренесе повеќе

пренесат
Вид збор: Глагол, свршен
(се пренесе) Се присети на нешто.
Англиски: remember Албански: kujtoj, kthej

преора повеќе

преораат
Вид збор: Глагол, свршен
(се преора) Се преработи од орање.
Албански: lëvroj shumë

препапе повеќе

Види и: апе (несв.)
преапат
Вид збор: Глагол, свршен
прекаса, прегризе
Англиски: bite

препрчали повеќе

препрчалат
Вид збор: Глагол, свршен
преврти
Англиски: overturn
(се препрчали) се преврти
Англиски: overturn

препукува повеќе

препукуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се пречка со некого, води бесполезни дискусии.
Англиски: quarrel Српски: препуцава

преработи повеќе

преработат
Вид збор: Глагол, свршен
(се преработи) Премногу се наработил.
Англиски: overwork Албански: punoj së tepërmi

преседан повеќе

мн. преседани
Вид збор: Именка, машки род
Ислучок од редовната работа.
Англиски: exception Албански: përjashtim

пресен повеќе

пресни
Вид збор: Придавка
Нов, од неодамна.
Англиски: new Албански: i freskët, i fundit

прета повеќе

претаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Дава знаци на живот.
Англиски: move Албански: lëviz

претера повеќе

претераат
Вид збор: Глагол, свршен
Помине, престојува некаде некое време.
Англиски: spend time Албански: kaloj
помине, протера
Албански: kaloj
Доживее нешто.
Англиски: experience Албански: përvojë
(се претера, само мн.) Помине едни по други, гонејќи се едни со други.
Англиски: pass Албански: kalonin

претовари повеќе

претоварат
Вид збор: Глагол, свршен
За коњ, магаре, товарно животно - отфрли тоа што е товарено.
Албански: hidhë

претумба повеќе

претумбаат
Вид збор: Глагол, свршен
преврти
Англиски: overturn
(се претумба) се преврти
Англиски: overturn

пречука повеќе

пречукаат
Вид збор: Глагол, свршен
Повторно напише, препише текст на машина за пишување.
Англиски: retype Албански: rishtyp

пржи повеќе

пржат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се пржи) Се изложува, се пече на сонце.
Англиски: sunbathe Албански: rrezitem në diell
(се пржи) Се мачи со нешто тешко, се поти во тешки, неподносливи услови.
Англиски: toil Албански: zihem, përzhitem

приапне повеќе

приапнат
Вид збор: Глагол, свршен
Касне малку храна набрзина.
Англиски: take a bite

пригодија повеќе

Види и: пригода (ж.)
мн. пригодии
Вид збор: Именка, женски род
пригода
Англиски: occasion

примадона повеќе

мн. примадони
Вид збор: Именка, женски род
Многу важна и каприциозна жена.
Англиски: prima donna Албански: primadonë

припадне повеќе

припаднат
Вид збор: Глагол, свршен
Одеднаш надојде, се нафрли на нешто.
Англиски: invade Албански: sulmoj, invadoj

припика повеќе

припикаат
Вид збор: Глагол, свршен
Со тискање бутне, стави нешто некаде.
Англиски: stuff
Примери:
Ги припика книгите в чанта.

притегне повеќе

притегнат
Вид збор: Глагол, свршен
Заостри дисциплина, направи некој да постапува како што се бара.
Англиски: tighten Албански: shtrëngoj
Зголеми форма на принуда, притисок.
Англиски: pressure Албански: shtrëngoj, trysni

притесни повеќе

притеснат
Вид збор: Глагол, свршен
Врши притисок врз некого да признае нешто или да се согласи со нешто.
Англиски: pressure Албански: ngushtoj, bëj presion

проветри повеќе

проветрат
Вид збор: Глагол, свршен
Оттргне лоши мисли.
Англиски: dispel Албански: largoj

провинција повеќе

мн. провинции
Вид збор: Именка, женски род
Внатрешноста на една земја наспроти главниот град.
Англиски: province Албански: provincë

провре повеќе

проврат
Вид збор: Глагол, свршен
(се провре) Со тешкотии успее нешто да направи.
Англиски: barely make Албански: depërtoj me vështërsi

прозакрпи повеќе

Види и: закрпи (св.)
прозакрпат
Вид збор: Глагол, свршен
(се прозакрпи) Се закрепне, се накрене (материјално, здравствено) малку, на некој начин.
Англиски: strenghten Албански: arnohem

прозорец повеќе

мн. прозорци
Вид збор: Именка, машки род
Можност за одбрана.
Англиски: opportunity Албански: rrugëdalje

прокопса повеќе

прокопсаат
Вид збор: Глагол, свршен
Успее, добро помине во животот.
Албански: jetoj mirë

промрда повеќе

Види и: мрда (несв.)
промрдаат
Вид збор: Глагол, свршен
(се промрда) Се раздвижи, прошета малку.
Англиски: move Албански: lëviz, ec

промртка повеќе

Види и: мртка (несв.)
промрткаат
Вид збор: Глагол, свршен
Даде слаб отпор.
Англиски: resist

пропее повеќе

пропеат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да признава (во полиција); предаде некого, разоткрие нешто.
Англиски: admit Албански: pranon

проплеска повеќе

Види и: плеска (несв.)
проплескаат
Вид збор: Глагол, свршен
Натепа некого во некоја мера, набрзина.
Англиски: beat up Албански: rrah

просветар повеќе

мн. просветари
Вид збор: Именка, машки род
Лице што работи во просвета.
Англиски: educator

просвири повеќе

просвират
Вид збор: Глагол, свршен
Со звук помине нешто покрај увото или покрај главата.
Англиски: whistle Албански: fishkëlloj
Убие со куршум во глава и сл.
Албански: vras me plumb

простенка повеќе

простенкаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да стенка или стенка малку, извесно време (често во директен говор).
Англиски: groan

прости повеќе

простат
Вид збор: Глагол, свршен
(се прости) Се раздели од нешто, се помири со некоја загуба.
Англиски: depart Албански: largohem, përshëndetem

протера повеќе

протераат
Вид збор: Глагол, свршен
(ме, те го ... протера) Добие дијареја.
Албански: zë diarre

протестант повеќе

мн. протестанти
Вид збор: Именка, машки род
Лице што протестира.
Англиски: protester Албански: protestues

протокол повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Вообичаена постапка, установен ред, обичај.
Англиски: practice Албански: praktikë

профрчи повеќе

Види и: фрчи (несв.)
профрчи
Вид збор: Глагол, свршен
Пролета со шум.
Англиски: whizz
Примери:
Куршумот профрчил покрај неговата глава.
Помине со голема брзина.
Англиски: whizz
Примери:
Успеал да му го види лицето кога профрчил неговиот автомобил покрај него.

прч повеќе

мн. прчови
Вид збор: Именка, машки род
Здрав, постар човек.
Албански: prç, plak i shënodsh
женкар
Англиски: womanizer Албански: përç, kurvar, gjahtar

пршка повеќе

мн. пршки
Вид збор: Именка, женски род
здебелен, подебел човек
Англиски: fatty

психопат повеќе

мн. психопати
Вид збор: Именка, машки род
Луд, душевно болен човек.
Англиски: lunatic Албански: psihopat

пубертетлија повеќе

мн. пубертетлии
Вид збор: Именка, машки род
Лице што се наоѓа во пубертет.
Албански: pubertetli

пукач повеќе

мн. пукачи
Вид збор: Именка, машки род
Лице што мести, пука коски.
За тој што постигнува погодок.
Англиски: scorer

пусула повеќе

мн. пусули
Вид збор: Именка, женски род
писмо, книвче, потврда, белешка
Англиски: note Турски: pusula

путка повеќе

мн. путки
Вид збор: Именка, женски род
женски полов орган
Англиски: vagina

пуфла повеќе

мн. пуфли
Вид збор: Именка, женски род
Нечиста, неуредна, одвратна жена или девојка.
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - љ - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш