Разговорно - категорија

обвинение повеќе

мн. обвиненија
Вид збор: Именка, среден род
Припишување вина некому, обвинување некого за нешто.
Англиски: accusation Албански: akuzë, padi, fajsim

обвинител повеќе

мн. обвинители
Вид збор: Именка, машки род
Тој што обвинува некого за нешто.
Англиски: accuser Албански: paditës

обвинувач повеќе

мн. обвинувачи
Вид збор: Именка, машки род
Тој што обвинува некого.
Англиски: accuser

обере повеќе

оберат
Вид збор: Глагол, свршен
Ограби некого или нешто.
Англиски: rob Албански: grabis

обир повеќе

мн. обири
Вид збор: Именка, машки род
кражба, крадење
Англиски: theft Албански: vjedhje, grabitje
(обично во едн.) Украдени предмети.
Англиски: plunder Албански: plaçkë, grabitje

облага повеќе

мн. облаги
Вид збор: Именка, женски род
корист, полза, добивка
Англиски: profit

обработи повеќе

обработат
Вид збор: Глагол, свршен
Изврши влијание, притисок врз некого да мисли и да дејствува како што се бара од него.
Англиски: influence Албански: ndikoj

оварда повеќе

Вид збор: Придавка
Што е широкодушен, дарежлив, услужлив, љубезен.
Англиски: generous Турски: hovarda

овардалак повеќе

(само едн.)
Вид збор: Именка, машки род
широкодушност, дарежливост, услужливост, љубезност
Англиски: generosity Турски: hovardalık

овчарлак повеќе

в. овчарство
Вид збор: Именка, машки род
овчарник, мн. овчарници м. Просторија, место каде што се чуваат овци.

овчуринка повеќе

мн. овчуринки
Вид збор: Именка, женски род
Хип. од овца.

оган повеќе

мн. огнови
Вид збор: Именка, машки род
(само едн.) Висока телесна температура, бунило.
Англиски: fever Албански: zjarrmi, temperaturë

огологази повеќе

огологазат
Вид збор: Глагол, свршен
Разголи некого, покаже нечиј газ.
Англиски: undress Албански: xhvesh
(се огологази) Се разголи покажувајќи го газот.
Албански: tregoj prapanicën

ограда повеќе

мн. огради
Вид збор: Именка, женски род
Круг околу месечината.
Албански: reth

огребе повеќе

огребат
Вид збор: Глагол, свршен
(се огребе) Издејствува материјално добро без пари од некого.
Албански: shfrytëzoj

одбашка повеќе

Вид збор: Прилог
башка
Англиски: extra Турски: başka

одбира повеќе

Види и: одбере (св.)
одбираат
Вид збор: Глагол, несвршен
сфаќа, разбира
Англиски: understand Албански: kupton
(се одбира) Знае, се разбира од нешто.
Англиски: understand Албански: kuptoj

одбирачка повеќе

(едн.) одбирачката
Вид збор: Именка, женски род
разбирање, cфаќање
Англиски: understanding Албански: mirëkuptim
Примери:
Нема одбирачка со овој човек.

одборчи повеќе

(се) одборчат
Вид збор: Глагол, свршен
(се) оддолжи.
Англиски: repay Турски: borç

одбутне повеќе

одбутнат
Вид збор: Глагол, свршен
Оттурне некого или нешто.
Англиски: push away

одветрум повеќе

Вид збор: Прилог
одеднаш, неочекувано
Англиски: suddenly

одвечер повеќе

Вид збор: Прилог
Од претходната вечер, од вечерта спроти определен ден.

одмагли повеќе

одмаглат
Вид збор: Глагол, свршен
избега, исчезне
Англиски: disappear Албански: ik, zhduket

одрече повеќе

одречат
Вид збор: Глагол, свршен
Одговори на обраќање.
Англиски: deny Албански: kthej

одртави повеќе

одртават
Вид збор: Глагол, свршен
Стане дрт.
Англиски: get old

оканица повеќе

мн. оканици
Вид збор: Именка, женски род
Голем сад, чаша, обично за ракија, кафе и сл.
Албански: enë e madhe, gotë për raki, kafe

окапаник повеќе

мн. окапаници
Вид збор: Именка, машки род
Тој што е опаднат, пропаднат.
Албански: i dështuar, i shkatërruar
Тој што е сиромашен.
Англиски: wretch Албански: i varfër, varfanjak

окашка повеќе

окашкаат
Вид збор: Глагол, свршен
Извалка нешто со нешто течно, кашесто и сл.
Англиски: stain Албански: njollos
Расипе, исплетка, измеша нешто.
Англиски: spoil Албански: prish
(се окашка) се извалка, се избербати
Англиски: stain Албански: përlyej, njollos

оклешти повеќе

(се) оклештат
Вид збор: Глагол, свршен
Се потсмее со искривен израз на лицето.
Англиски: gri·mace

окози повеќе

окозат
Вид збор: Глагол, свршен
(се окози) Со тешкотии направи нешто.
Англиски: succeed Албански: mundimshëm, bën diçka me mund

окрвави повеќе

окрвават
Вид збор: Глагол, свршен
Направи злосторство, обично во војна.
Англиски: commit atrocity Албански: bëj krim

окрка повеќе

Види и: крка (несв.)
окркаат
Вид збор: Глагол, свршен
Изеде во големи количини лакомо.
Англиски: devour Албански: rras, gëlltis
Истрпи последици, настрада.
Англиски: suffer Албански: pësoj, e han

окубе повеќе

окубат
Вид збор: Глагол, свршен
Материјално искористи, ограби некого преку превисока цена при продажба, наплата на услуги и сл.
Англиски: fleece Албански: qeth, mashtroj
Земе, измами некого за пари.
Англиски: fleece Албански: qeth, mashtroj

окупира повеќе

окупираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Зафати, зафаќа, заземе определено место, простор.
Англиски: occupy Албански: zë, okupoj

олесни повеќе

олеснат
Вид збор: Глагол, свршен
Стане недоветен.
Албански: t'holloj

омадри повеќе

омадрат
Вид збор: Глагол, свршен
вразуми, опамети
Албански: bie në mend

омаскари повеќе

омаскарат
Вид збор: Глагол, свршен
Осрамоти некого.
Англиски: shame Турски: maskara Албански: turpëroj

оматуви повеќе

оматуват
Вид збор: Глагол, свршен
Стане заборавен, замесен, изгубен; сп. матуви се.

омрси повеќе

омрсат
Вид збор: Глагол, свршен
Нахрани добро, мрсно некого.
Албански: ngop
(се омрси) Касне нешто подобро од секојдневното.
Албански: lëmoj
(се омрси) Добие или извлече за нешто многу повеќе корист, повисока цена отколку што требало.
Англиски: profit Албански: përfitoj

опарак повеќе

мн. опараци
Вид збор: Именка, машки род
Груб, суров, недоделкан човек.

опари повеќе

опарат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи некој да стекне пари.
Англиски: enrich Турски: para Албански: pasuroj, bëhem me para
(се опари) Се стекне со пари, дојде до пари.
Англиски: enrich Турски: para Албански: pasurohem

опасен повеќе

опасни
Вид збор: Придавка
Многу вешт во нешто.
Англиски: cunning

опашка повеќе

мн. опашки
Вид збор: Именка, женски род
Последните пршлени на 'рбетниот столб кај човекот.
Албански: bisht

опашкар повеќе

мн. опашкари
Вид збор: Именка, машки род
Последен играч во танецот, орото.
Албански: valltar i fundit
Споредна личност, тој што е надвор од настаните.
Албански: person jokryesor

опинок повеќе

мн. опинци
Вид збор: Именка, машки род
(само едн.) Сиромав човек.
Англиски: prole Албански: varfënjak

опколиса повеќе

Види и: опколи (св.)
опколисаат
Вид збор: Глагол, свршен
опколи

оплеска повеќе

оплескаат
Вид збор: Глагол, свршен
Погреши, лошо изведе некаква работа, направи нешто нечесно.
Англиски: bungle Албански: ngatërroj, prish
Убие, отепа некого.
Англиски: kill Албански: vras, mbyt

опне повеќе

опнат
Вид збор: Глагол, свршен
стави, намести
Англиски: put Албански: vendos
Даде, наметне нешто на сила.
Англиски: force Албански: detyroj
Натера, принуди некого да работи, да прави нешто.
Англиски: force Албански: detyroj
Испие, изeдe наеднаш нешто.
Англиски: topple Албански: përmbysem
Започне да прави нешто.
Англиски: start Албански: fillon
(се опне) Се наметне некому, отиде некому без срам.
Англиски: impose Албански: mbulojë

опознае повеќе

опознаат
Вид збор: Глагол, свршен
запознае
Англиски: acquaint

опрчи повеќе

опрчат
Вид збор: Глагол, свршен
Плати, даде поголема сума пари.
Англиски: spend Албански: paguaj shumë të madhe

оптегари повеќе

оптегарат
Вид збор: Глагол, свршен
Удри, тресне со нешто.
Англиски: hit Албански: godas, përplas

опуштен повеќе

опуштениот
Вид збор: Придавка
Олабавен, ослободен од физичка или психичка напнатост.
Англиски: relaxed

опушти повеќе

опуштат
Вид збор: Глагол, свршен
Олабави, ослободи од физичка или психичка напнатост.
Англиски: relax Албански: relaksohem

опчинет повеќе

опчинетиот
Вид збор: Придавка
Маѓепсан.

опчини повеќе

опчинат
Вид збор: Глагол, свршен
маѓепса
Англиски: enchant

ораџија повеќе

мн. ораџии
Вид збор: Именка, машки род
Играч на оро, вешт во играње оро.

оригиналничи повеќе

оригиналничат
Вид збор: Глагол, несвршен
Прави нешто необично, интересно, невообичаено, за да се покаже како оригинален.

орман повеќе

мн. ормани
Вид збор: Именка, машки род
Многу густа шума.
Англиски: forest Турски: orman Албански: pyll i dendur

ороспија повеќе

мн. ороспии
Вид збор: Именка, женски род
курва
Англиски: prostitute, whore Турски: orospu

осем повеќе

Вид збор: Сврзник
освен
Англиски: except

останувачка повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
останување
Англиски: stay Албански: mbetje, ngelje
останок
Албански: mbetje

остен повеќе

мн. остени
Вид збор: Именка, машки род
Мера за должина на патот на небесните тела.
Албански: njësi matëse e rrugës së trupave qiellor

остри повеќе

острат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се остри) Се подготвува за некакво дејство - борба, јадење, поттикнува кај себе расположение за нешто.
Англиски: prepare Албански: pregatis

отера повеќе

Види и: тера (несв.)
отераат
Вид збор: Глагол, свршен
Умре некого, го уништи.
Англиски: bing Албански: shkatërroj

оти повеќе

Вид збор: Сврзник
За поврзување зависносложени причински реченици - затоа што, заради тоа што.
Англиски: because
За надоврзување, со вметната реченица, при дообјаcнување - затоа што, заради тоа што.
Англиски: because

откаршија повеќе

Вид збор: Прилог
Од спротивната страна.
Англиски: opposite

откачи повеќе

откачат
Вид збор: Глагол, свршен
Оддели, раздвои од некого.
Англиски: separate Албански: heq
Напушти некого.
Англиски: leave Албански: largohem
Оддели, раздвои двајца, тројца, повеќемина еден од друг.
Англиски: separate Албански: veçon
Каже нешто што не соодветствува на ситуацијата, без целосна контрола.
Албански: shpreh
(се откачи) Се оддели, се раздвои.
Англиски: separate Албански: ndahet
(се откачи) Побудали, се мрдне од умот.
Англиски: disconnect Албански: stakoj

отпораш повеќе

мн. отпораши
Вид збор: Именка, машки род
Тој што дава отпор, што учествува во движење за отпор.
Англиски: resistance fighter

отправи повеќе

отправат
Вид збор: Глагол, свршен
Растури нешто направено.
Англиски: destroy Албански: prish

отпусница повеќе

мн. отпусници
Вид збор: Именка, женски род
Документ, отпусен лист, со кој се потврдува отпуштање од болница, војска, затвор итн.
Англиски: discharge papers

отракан повеќе

отракани
Вид збор: Придавка
лукав, итар, курназ
Англиски: sly

отранчи повеќе

отранчат
Вид збор: Глагол, свршен
Убие некого со огнено оружје (пушка, пиштол).
Англиски: kill

отслужи повеќе

отслужат
Вид збор: Глагол, свршен
Ислужи, не е веќе во употреба.
Англиски: serve Албански: mbaroj shërbimin, jasht përdorimit

оттекар повеќе

Вид збор: Прилог
одново, повторно.
Англиски: again Турски: tekrar

отфити повеќе

се
Вид збор: Глагол, свршен
Израмни сметка, стане чист; сп. фит.

отфрли повеќе

отфрлат
Вид збор: Глагол, свршен
Префрли со превозно средство.
Англиски: drive Албански: hedh, çoj

отчука повеќе

отчукаат
Вид збор: Глагол, свршен
Пријави, поткаже некого.
Англиски: betray Албански: lajmëroj tinës, tradhtoj

офајди повеќе

офајдат
Вид збор: Глагол, свршен
Стекне печалба или корист.
Англиски: profit

офардалак повеќе

Види и: овардалак (м.)
(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
овардалак

офтика повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
туберкулоза
Англиски: tuberculosis

офука повеќе

офукаат
Вид збор: Глагол, свршен
Изеде лакомо до крај.

оцапа повеќе

оцапаат
Вид збор: Глагол, свршен
Лошо направи нешто, расипе, погреши.
Англиски: mess up Албански: gaboj, prish

очавчи повеќе

очавчат
Вид збор: Глагол, свршен
Ја отвори устата широко.
Албански: hap gojën

очапи повеќе

очапат
Вид збор: Глагол, свршен
Отвори широко.
Англиски: wide open

очилар повеќе

мн. очилари
Вид збор: Именка, машки род
Тој што прави или продава очила; оптичар.

ошав повеќе

мн. ошави
Вид збор: Именка, машки род
компот
Англиски: stewed fruit Турски: hoşaf Албански: hoshaf, komposto
Сушено овошје, обично за на зима.
Англиски: dry fruits Албански: fruta të thata

ошути повеќе

ошутат
Вид збор: Глагол, свршен
Остане без рог, рогови, стане шут.
Албански: pa brina
Открши дел од нешто.
Англиски: break Албански: thyej
(се ошути) Се потстриже повеќе од вообичаеното.
Албански: qeth më tepër
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - љ - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш