Преносно значење - категорија

хајка повеќе

мн. хајки
Вид збор: Именка, женски род
Организирано гонење на луѓе.
Англиски: witch hunt Албански: hajkë
Примери:
Хајка на вештици.

хартија повеќе

мн. хартии
Вид збор: Именка, женски род
ракопис, документ
Англиски: paper Албански: letër

хекатомба повеќе

мн. хекатомби
Вид збор: Именка, женски род
Масовно истребување, масовен колеж.
Англиски: mass murder Албански: vrasje masive

хемија повеќе

мн. хемии
Вид збор: Именка, женски род
Квалитетниот состав на нешто.
Англиски: ingredients Албански: përmbajtja kimike
Примери:
Хемијата на крвта.

хендикеп повеќе

Вид збор: Именка, машки род
тешкотија, проблем, недостаток
Англиски: disadvantage, drawback Албански: dizavantazh, hendikep

Херкул повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Човек со голема физичка сила.
Англиски: Hercules Албански: Herakle, Herekules

хидра повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Непријателска сила.
Албански: fuqi armiqësore
Примери:
Хидрата на војната.

хиена повеќе

мн. хиени
Вид збор: Именка, женски род
Суров, подмолен човек.
Англиски: hyena Албански: njeri hienë

химера повеќе

мн. химери
Вид збор: Именка, женски род
Неостварлива замисла, фантазија, мечта.
Англиски: fantasy Албански: fantazi

хиперактивен повеќе

хиперактивни
Вид збор: Придавка
Што е во постојано движење.
Англиски: hyperactive

хипотеза повеќе

мн. хипотези
Вид збор: Именка, женски род
Секоја претпоставка воопшто.
Англиски: hypothesis Албански: hipotezë
Примери:
Тој изнесе многу смели хипотези.

холокауст повеќе

(едн.) холокаустот
Вид збор: Именка, машки род
Убивање во масивни размери.
Англиски: holocaust Албански: holokaust

хоризонт повеќе

мн. хоризонти
Вид збор: Именка, машки род
Круг на знаења, идеи, интереси.
Англиски: horizon Албански: horizont
Примери:
Дојде од странство со раширени хоризонти.
(обично само во множина) можности, перспективи
Англиски: horizon Албански: horizont
Примери:
Се отворија нови хоризонти за науката.

храм повеќе

мн. храмови
Вид збор: Именка, машки род
Место каде што се твори нешто возвишено; место што предизвикува почит.
Англиски: temple Албански: tempull
Примери:
Храм на културата.

храна повеќе

(едн.) храната
Вид збор: Именка, женски род
Тоа што служи како извор за нешто, што одржува нешто.
Англиски: food Албански: ushqim
Примери:
Душевна, духовна храна.

храни повеќе

хранат
Вид збор: Глагол, несвршен
(само 3. л.) Дава средства за издржувањето на некого, издржува; служи како средство за издржување, за приходи.
Англиски: feed Албански: ushqen
(само 3. л.) Одржува некого.
Англиски: support Албански: këshilloj
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш