Преносно значење - категорија

табор повеќе

мн. табори
Вид збор: Именка, машки род
Преноќиште, собиралиште на скитници.
Англиски: camp Албански: kamp, tabor
Примери:
Цигански табор.

табу повеќе

мн. табуа
Вид збор: Именка, среден род
Предрасуди изградени врз ирационално засновано верување дека допирањето, повредувањето или свесно и рационално нивно актуализирање донесува несреќа и зло на поединецот и заедницата.
Англиски: taboo Албански: tabu
Забрана за јавно изнесување на некои ставови, мислења или дејства; нешто за што јавно не смее да се зборува.
Англиски: taboo Албански: tabu

тагари повеќе

тагарат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се тагари) Се дуе, станува надмен.
Англиски: puff up Албански: fryhet

тајмаут повеќе

Вид збор: Именка, машки род
пауза
Англиски: time-out
Примери:
Пред да пламнете, длабоко вдишете, побарајте тајмаут.

такса повеќе

таксаат
Вид збор: Глагол, свршен
(преод. и непреод.) вети
Англиски: promise

талог повеќе

мн. талози
Вид збор: Именка, машки род
остаток, ѓубре
Англиски: waste Албански: pleh, mbeturinë
Примери:
Талог на (од) општеството - најлошиот дел од општеството.

тамани повеќе

таманат
Вид збор: Глагол, несвршен
Јаде и пие во голема мера.

тангира повеќе

тангираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
засега
Англиски: touch Албански: tangoj, prekë
Примери:
Тоа тебе воопшто не те тангира.

танок повеќе

танка
Вид збор: Придавка
(прен. за сетило) чувствителен
Англиски: sensitive Албански: i ndjeshëm
мал, одвај забележлив
Англиски: small Албански: i imët

танчи повеќе

танчат
Вид збор: Глагол, несвршен
Навлегува во детали, ситници.
Англиски: specify Албански: specifikoj
Примери:
Ти многу ја танчиш.

тап повеќе

тапи
Вид збор: Придавка
За звук, глас - не звучен, не остар, глув.
Англиски: dull Албански: i shurdhët
За болка или друг усет.
Англиски: dull Албански: e mbytur
За умот или за сетилните органи - недоволно развиен, недоволно восприемлив.
Англиски: dull
Умствено ограничен.
Англиски: mindless Албански: i trashë, kokëtrashë

тапа повеќе

мн. тапи
Вид збор: Именка, женски род
тапоглавец
Англиски: fool Албански: tapë, budalla

тапанар повеќе

мн. тапанари
Вид збор: Именка, машки род
глупак, простак
Англиски: fool Албански: torollak, budalla

тапи повеќе

тапат
Вид збор: Глагол, несвршен
(преод.) прави тап
Англиски: blunt Албански: topit

тапка повеќе

тапкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Тера некого сосила да јаде многу.
Англиски: stuff Албански: nxit
(се тапка) Се полни со (храна), многу јаде.
Англиски: stuff Албански: fut

тарапана повеќе

Вид збор: Именка, женски род
изобилство од средства, предмети и сл.
Англиски: abundance Албански: bollëk, pasuri

татар повеќе

мн. татари
Вид збор: Именка, машки род
Прекар за груб и свиреп човек.
Англиски: barbarian Турски: tatar Албански: tatar, barbar

татко повеќе

мн. татковци
Вид збор: Именка, машки род
духовен творец
Англиски: creator Албански: Krijues
Оној што се однесува како вистински татко.
Англиски: father Албански: baba

тврд повеќе

тврди
Вид збор: Придавка
За човек - што не се поддава на чувства; неосетлив.
Англиски: unyielding Албански: i palëkundur
За сон, спиење - длабок.
Англиски: deep Албански: thellë
За валута - стабилен, здрав.
Англиски: hard Албански: rëndë

театрален повеќе

театрална
Вид збор: Придавка
извештачен, помпезен
Англиски: theatrical

тегли повеќе

теглат
Вид збор: Глагол, несвршен
страда, пати
Англиски: suffer Албански: duroj

тежи повеќе

тежат
Вид збор: Глагол, несвршен
Пречи, причинува грижи или маки.
Англиски: disturb Албански: rëndon, shqetëson

тежиште повеќе

мн. тежишта
Вид збор: Именка, среден род
Вистинската цел или смисла на некое прашање.
Англиски: centre Албански: qendër

тежок повеќе

тешки
Вид збор: Придавка
Многу голем, сериозен, значителен.
Англиски: serious Албански: serioz
Мачен, тешко поднослив.
Англиски: unbearable Албански: i padurueshëm
За болест, рана и сл.
Англиски: bad Албански: i sëmurë
За миризба - силен, тешко поднослив.
Англиски: bad Албански: i lig
За човек - сериозен, авторитетен.
Англиски: serious Албански: i rëndësishëm
Со силно дејство.
Англиски: strong Албански: fort

теле повеќе

мн. телиња
Вид збор: Именка, среден род
глупав човек
Англиски: jerk Албански: viç, shul, torollak

телеграфски повеќе

телеграфскиот
Вид збор: Придавка
Многу краток, сличен на телеграфско соопштение.
Англиски: telegraphic
Примери:
телеграфски стил

тело повеќе

мн. тела
Вид збор: Именка, среден род
Оновниот дел на нешто, корпусот на нешто.
Англиски: body Албански: trup
Орган, состав од луѓе.
Англиски: organ Албански: organ, trup

темел повеќе

мн. темели
Вид збор: Именка, машки род
Основа на нешто.
Англиски: base Албански: bazë
Примери:
Темелите на новото општество

темелен повеќе

темелна
Вид збор: Придавка
длабок, детален
Англиски: thorough

темен повеќе

темни
Вид збор: Придавка
нејасен, матен, сомнителен
Англиски: obscure Албански: i errët

темнина повеќе

(едн.) темнината
Вид збор: Именка, женски род
непросветеност, незнаење
Англиски: darkness Албански: errësirë, padijeni

теоретизира повеќе

теоретизираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Расудува премногу апстрактно, книшки, занемарувајќи ја практичната страна на работата.
Англиски: theorize Албански: teoretizoj

теоретичар повеќе

мн. теоретичари
Вид збор: Именка, машки род
Лице што знаењето го црпе од книгите, а нема многу врска со животот и практиката.
Англиски: theorist Албански: teoretik

теорија повеќе

мн. теории
Вид збор: Именка, женски род
Општи апстрактни расудувања наспроти практичната дејност и реалноста.
Англиски: theory Албански: teori

тепа повеќе

(се) тепаат
Вид збор: Глагол, несвршен
(преод. и непреод. се употребува и како св.) победи, победува, надвие, надвива
Англиски: defeat Албански: mund, ngadhnjej

терцет повеќе

мн. терцети
Вид збор: Именка, машки род
Тројца луѓе воопшто.
Англиски: trio Албански: trio

тесен повеќе

тесни
Вид збор: Придавка
Кој е без ширина, со помал обем или број.
Англиски: narrow Албански: i ngushtë, i vogël
За врски, односи - многу близок.
Англиски: close Албански: i ngusht, i afërt

теснец повеќе

мн. теснеци
Вид збор: Именка, машки род
безизлезна состојба
Англиски: corner

тесноград повеќе

тесногради
Вид збор: Придавка
Со ограничени, тесни сфаќања, со ограничен дух.
Англиски: narrow-minded

тесто повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Густа каша од некаков материјал, слична на тесто.
Англиски: mixture Албански: përzierje
Примери:
Тесто од гипс, цемент, и сл.

тече повеќе

течат
Вид збор: Глагол, несвршен
Поминува - обично за време.
Англиски: pass Албански: rrjedh, kalon
За говор, мисла - се ниже, се одвива едноподруго, без запинање.
Англиски: flow Албански: rrjedh
За интерес - расте.
Англиски: run Албански: rrjedh, shkon, ecë

течен повеќе

течни
Вид збор: Придавка
За стил, говор, мисла: без прекин, логичен.
Англиски: fluid

тивок повеќе

тивки
Вид збор: Придавка
Со некои апстрактни именки.

тиква повеќе

мн. тикви
Вид збор: Именка, женски род
глава на човек
Англиски: head Албански: kungull, krye
глупав човек
Англиски: fool Албански: kungull njeri

тиквар повеќе

мн. тиквари
Вид збор: Именка, машки род
Глуп човек.
Англиски: jerk Албански: njeri kungull
Примери:
Доста бре, тиквару еден!

тимари повеќе

тимарат
Вид збор: Глагол, несвршен
мазни, разгалува
Англиски: spoil

тип повеќе

мн. типови
Вид збор: Именка, машки род
Особен, оригинален човек.
Англиски: man Албански: tip

тиран повеќе

мн. тирани
Вид збор: Именка, машки род
Строг човек - насилник, деспот.
Англиски: despot Албански: tiran, despot

тиранија повеќе

тиранијата
Вид збор: Именка, женски род
Строго, жестоко, тиранско однесување кон некого.
Англиски: tyranny Албански: tirani

титан повеќе

мн. титани
Вид збор: Именка, машки род
гигант, великан
Англиски: titan Албански: titan

тишина повеќе

(едн.) тишината
Вид збор: Именка, женски род
мир, спокојство
Англиски: peace Албански: qetësi, heshtje
Примери:
Сакам да живеам во тишина.

ткае повеќе

ткаат
Вид збор: Глагол, несвршен
(преод. и непреод.) Ткае платно.
Англиски: weave

тлее повеќе

тлеат
Вид збор: Глагол, несвршен
За некакво чувство - постои.
Англиски: glow Албански: flakëron
За човек - покажува тивок или прикриен бес, омраза итн.
Англиски: glow Албански: flakëron

товар повеќе

мн. товари
Вид збор: Именка, машки род
обврска
Англиски: obligation Албански: ngarkesë, obligim
Примери:
Тоа ми е голем товар.

товари повеќе

товарат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Натрупа, трупа на некого работа, обврски, задачи; одговорности, обвинителни аргументи.
Англиски: charge Албански: akumuloj
(се товари) На некого товари, обвини некој за нешто.
Англиски: charge Албански: ngarkoj

токмак повеќе

мн. токмаци
Вид збор: Именка, машки род
глупак, будалак
Англиски: jerk Албански: njeri tokmak, torollak

толчи повеќе

толчат
Вид збор: Глагол, несвршен
За град - бие.
Англиски: beat Албански: rrah
тепа, победи, победува, совладува
Англиски: beat Албански: rrah
тепа, бие
Англиски: beat Албански: rrah
(се толчи) се тепа, се бие
Англиски: beat Албански: rrah

тон повеќе

мн. тонови
Вид збор: Именка, машки род
(едн.) Карактер, нијанса на гласот, на речта, интонација, звучење на нешто.
Англиски: nuance Албански: nuancë
Начин на постапување.
Англиски: behaviour Албански: sjellje
(во сликарството) Боја, дејствувањето на сите бои на една слика.
Англиски: colour Албански: ngjyrë

топи повеќе

топат
Вид збор: Глагол, несвршен
Прави некого постепено да слабее, да вене.
Англиски: melt Албански: dobësohem
Нешто да недостасува, да се губи.
Англиски: miss Албански: humbas
(се топи) Слабее бавно, постепено од мака, тага и сл.
Англиски: melt Албански: dobësohet
(се топи) Го опфаќа наполно некое чувство.
Англиски: melt Албански: shkrihet
(се топи) За нешто многу вкусно.
Англиски: melt Албански: shkrihet

топли повеќе

топлат
Вид збор: Глагол, несвршен
Пријатно дејствува на чувствата, на настроението.
Англиски: warm Албански: nxehtë

топлина повеќе

топлината
Вид збор: Именка, женски род
За чувства и сл.
Англиски: warmth Албански: ngrohtësi, mirësi
Примери:
Топлина на чувствата.

топовски повеќе

топовска
Вид збор: Придавка
жртвен
Примери:
топовска храна

топол повеќе

топлиот
Вид збор: Придавка
Срдечен, исполнет со убави чувства.
Англиски: warm Албански: i ngrohtë

торпедира повеќе

торпедираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Саботира, спречи на подмолен начин.
Англиски: torpedo Албански: torpedoj, sabotoj

точи повеќе

точат
Вид збор: Глагол, несвршен
Шили врв на нешто.
Англиски: sharpen Албански: mpreh

тошо повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
глупак
Англиски: jerk

трагедија повеќе

мн. трагедии
Вид збор: Именка, женски род
Несреќна случка или настан.
Англиски: tragedy Албански: tragjedi

трагикомедија повеќе

мн. трагикомедии
Вид збор: Именка, женски род
Случка, настан што има истовремено и трагичен и комичен карактер.
Англиски: tragicomedy Албански: tragjikomedi

трамбулина повеќе

мн. трамбулини
Вид збор: Именка, женски род
Место што служи како излезна точка за некакви дејствија.
Англиски: springboard Албански: pedanë kërcimi

траска повеќе

траскаат
Вид збор: Глагол, несвршен
брбори, тропа, зборува (глупости)
Англиски: talk nonsense Албански: rrapëllij
Примери:
Немој да траскаш!

траскање повеќе

Вид збор: Именка, среден род
тропање, брборење
Албански: rrapëllimë

трасне повеќе

траснат
Вид збор: Глагол, свршен
избрбори, тропна (некоја глупост)
Албански: llomotis

трезвен повеќе

Вид збор: Придавка
умерен, реален; присебен, разумен
Англиски: reasonable
Примери:
Трезвен ум.

трезен повеќе

трезна
Вид збор: Придавка
умерен, реален, разумен, здржан, присебен
Англиски: even-tempered

трезни повеќе

трезнат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се трезни) Се свеста, станува свесен.
Албански: kthjellem, vetdijësohem

трепери повеќе

треперат
Вид збор: Глагол, несвршен
се плаши
Англиски: fear Албански: frikë

трепет повеќе

мн. трепети
Вид збор: Именка, машки род
силна душевна возбуда
Англиски: excitement Албански: flakim

треска повеќе

трескаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Многу јаде.
Англиски: stuff Албански: ngopet

трескав повеќе

трескави
Вид збор: Придавка
Што се извршува со голема брзина и напрегнатост.
Англиски: feverish
Примери:
Трескави подготовки.

тресне повеќе

треснат
Вид збор: Глагол, свршен
Каже нешто неумесно.
Албански: papërshtatshme
цркне
Англиски: die Албански: vdiq

трибина повеќе

мн. трибини
Вид збор: Именка, женски род
Место за настапи, за искажување на мислење.
Англиски: platform Албански: platformë

трибун повеќе

мн. трибуни
Вид збор: Именка, машки род
Водач на народот, општествен деец кој, со говори и статии, ги штити интересите на народот.
Англиски: leader Албански: lider, udhëheqës

триумф повеќе

мн. триумфи
Вид збор: Именка, машки род
Многу голем, блескав успех, голема победа.
Англиски: triumph Албански: triumf

триумфатор повеќе

мн. тиумфатори
Вид збор: Именка, машки род
победник
Англиски: winner Албански: fitues

трнлив повеќе

трнливи
Вид збор: Придавка
Исполнет со тешкотии.
Англиски: difficult
Примери:
трнлив пат

тројански повеќе

Види и: Троја (име.)
тројанска
Вид збор: Придавка
скриен, подметнат
Англиски: trojan

трон повеќе

мн. тронови
Вид збор: Именка, машки род
царска власт
Англиски: throne Албански: fron

тропа повеќе

тропаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Зборува глупости, треска глупости.
Англиски: blab Албански: llafazan

тропне повеќе

тропнат
Вид збор: Глагол, свршен
Каже глупост.
Англиски: talk nonsense Албански: llafazan

трпне повеќе

трпнат
Вид збор: Глагол, несвршен
Чувствува силна возбуда, страв, тревога и сл.
Англиски: quiver Албански: dridhje
Примери:
(поет.) Срце им трпне, шепот шепотат.

трпнење повеќе

Вид збор: Именка, среден род
стрепење
Англиски: quivering Албански: dridhje

тртори повеќе

трторат
Вид збор: Глагол, несвршен
брбори

труби повеќе

трубат
Вид збор: Глагол, несвршен
Шумно разгласува нешто, шири некоја вест.
Англиски: trumpet Албански: trombeton

труе повеќе

трујат
Вид збор: Глагол, несвршен
Загадува, заразува со отров.
Англиски: pollute Албански: helmon
Причинува голема мака, страдање, нанесува душевна болка.
Англиски: torment Албански: mundim

труп повеќе

мн. трупови
Вид збор: Именка, машки род
(за човек) трупец, дрво, цепеница
Англиски: log Албански: cung

трупа повеќе

трупаат
Вид збор: Глагол, несвршен
За пари, имот, богатство - собира, печали во поголемо количество.
Англиски: amass Албански: grumbulloj

трупче повеќе

Види и: трупец (м.)
мн. трупчиња
Вид збор: Именка, среден род
Напредно, полничко мало дете.

трут повеќе

мн. трутови
Вид збор: Именка, машки род
мрзливец, лежач, готован
Англиски: idler Албански: dembel

трча повеќе

трчаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Брза да сврши некаква работа, да направи, да постигне нешто.
Англиски: haste Албански: nxitoj
Оди, разодува по различни установи, луѓе за да сврши, да среди некоја работа.
Англиски: run Албански: ngaj
Оди по некого, сака некого.
Англиски: follow Албански: ndjek

тутор повеќе

мн. тутори
Вид збор: Именка, машки род
непожелен заштитник
Англиски: tutor
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш