Преносно значење - категорија

оаза повеќе

мн. оази
Вид збор: Именка, женски род
Удобно, безбедно место за одмор, за живеење што се изделува како реткост, позитивен исклучок во својата неповолна средина.
Англиски: oasis Албански: oazë

обвие повеќе

обвијат
Вид збор: Глагол, свршен
Покрие, опфати, окружи нешто од сите страни.
Англиски: enclose Албански: mbuloj

обгор повеќе

мн. обгори
Вид збор: Именка, машки род
Душевна рана, болка.
Албански: djegë

обгори повеќе

обгорат
Вид збор: Глагол, свршен
вцрви, зарумени
Англиски: redden Албански: skuq, kall

обгрне повеќе

обгрнат
Вид збор: Глагол, свршен
Погледне, опфати некого или нешто со поглед.
Англиски: embrace Албански: përfshi

обезгаќен повеќе

обезгаќени
Вид збор: Придавка
осиромашен, обесчестен
Англиски: dishonored
Примери:
обезгаќената нација

обезглавен повеќе

обезглавениот
Вид збор: Придавка
Што е лишен од раководство.
Англиски: headless
Што е избезумен, збунет.
Англиски: confused

обезглави повеќе

обезглават
Вид збор: Глагол, свршен
Лиши од раководство од раководна функција.
Англиски: behead Албански: cungoj
Избезуми, збуни некого.
Англиски: confuse Албански: ngatërroj, hutoj
(се обезглави) се избезуми, се збуни
Англиски: panic Албански: hutohem, më kap panik

обезоружен повеќе

обезоружениот
Вид збор: Придавка
Што е лишен од можноста за отпор, одбрана, приговор и сл.
Англиски: without resistance

обезоружи повеќе

обезоружат
Вид збор: Глагол, свршен
Лиши некого од можноста за отпор, одбрана, приговор и сл.
Англиски: disarm Албански: çarmatoj

обезумен повеќе

обезумениот
Вид збор: Придавка
Што е збркан, избезумен.

обезуми повеќе

обезумат
Вид збор: Глагол, свршен
Збрка, избезуми, споулави некого.
Англиски: drive crazy Албански: hutoj, konfuz
(се обезуми) се збрка, се избезуми
Албански: hutohem, bëhem konfuz

обем повеќе

(едн.) обемот
Вид збор: Именка, машки род
големина, размер
Англиски: amount Албански: madhësi, sasi

обемен повеќе

обемни
Вид збор: Придавка
Што е голем по обем.
Англиски: voluminous

обеси повеќе

обесат
Вид збор: Глагол, свршен
Спушти, наведне (глава).
Англиски: hang Албански: var

обессилен повеќе

обессилниот
Вид збор: Придавка
Што е оспорен, поништен.

обессили повеќе

обессилат
Вид збор: Глагол, свршен
Одземе некаква вредност, важност, оспори, поништи нешто.
Англиски: refute Албански: çfuqizoj

обземе повеќе

обземат
Вид збор: Глагол, свршен
За чувство, мисла - зафати, опфати, совлада.
Англиски: seize Албански: kaplon

обѕира повеќе

(се) обѕираат
Вид збор: Глагол, несвршен
Зема нешто предвид, води сметка за некого или за нешто.
Англиски: regard Албански: marr parasysh

облагне повеќе

облагнат
Вид збор: Глагол, свршен
За времето - се затопли.
Англиски: soften Албански: zbutet, ngrohet

облази повеќе

облазат
Вид збор: Глагол, свршен
За чочек - осети нешто по телото (трпки, јадеж).
Албански: kruarje, diçka ec trupit

облак повеќе

мн. облаци
Вид збор: Именка, машки род
Нешто што го има во голем број, маса, мноштво.
Англиски: crowd Албански: grummbull

област повеќе

мн. области
Вид збор: Именка, женски род
Подрачје, домен, сфера на некоја дејност, наука, работа и сл.
Англиски: area Албански: hapësirë

облачи повеќе

(се) облачеше
Вид збор: Глагол, несвршен
(се облачи) се мурти, се лути
Англиски: sulk Албански: vrënjtet, hidhërohet

облегне повеќе

облегнат
Вид збор: Глагол, свршен
(се облегне) Најде, стекне поддршка, верба, надеж во некого.
Англиски: rely Албански: mbështetem, besoj

облее повеќе

облеат
Вид збор: Глагол, свршен
Обземе некакво чувство.
Англиски: seize Албански: kaploj

облетува повеќе

Види и: облета (св.)
облетуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се врти околу некого за да постигне, да добие нешто.
Албански: sillem rreth e rrotull
Примери:
Таа облетува околу старецот и го служи.

облече повеќе

облечат
Вид збор: Глагол, свршен
Обвие, покрие нешто како со облека.
Англиски: clothe Албански: mbuloj
Даде некаква форма, облик на нешто.
Англиски: shape Албански: jap formë

оближе повеќе

оближат
Вид збор: Глагол, свршен
За пламен, чад - допре, опфати нешто.
Англиски: lick Албански: përfshij, kaploj

обоен повеќе

обоениот
Вид збор: Придавка
Што содржи нешто посебно, специфично, карактеристично.
Англиски: colourful

обои повеќе

обојат
Вид збор: Глагол, свршен
Даде, изрази некаква специфичност, обележи со нешто.
Англиски: mark Албански: shënoj

обол повеќе

облиот
Вид збор: Придавка
Што е полн, дебел.
Англиски: plump

обори повеќе

оборат
Вид збор: Глагол, свршен
Побие нечие тврдење, аргументи, се спротивстави на нешто.
Англиски: refute Албански: hedh poshtë

обоси повеќе

(се) обосат
Вид збор: Глагол, свршен
Остане без пари, осиромаши.
Албански: i varfër

обраби повеќе

обрабат
Вид збор: Глагол, свршен
Загради, обгради нешто.
Албански: rrethekoj

образ повеќе

мн. образи
Вид збор: Именка, машки род
чест, здобиена почит
Англиски: honour Албански: nder

обратнопропорционален повеќе

обратнопропорционалниот
Вид збор: Придавка
Што има обратно влијание.
Англиски: inversely proportional

обрач повеќе

мн. обрачи
Вид збор: Именка, машки род
опколување, опсада
Англиски: encirclement Албански: rrethim

оброси повеќе

Види и: роси (несв.)
обросат
Вид збор: Глагол, свршен
Облее со пот, со солзи.
Англиски: sprinkle Албански: lag, vesoj me djers, me lot
(се оброси) Се облее во пот, во солзи.
Англиски: sprinkle Албански: lag, vesoj me djersë, lot

обузди повеќе

обуздат
Вид збор: Глагол, свршен
Скроти, смири, совлада некого или нешто.
Англиски: tame Албански: zbut

овен повеќе

мн. овни
Вид збор: Именка, машки род
Направа за рушење ѕидови, врати и сл.
Англиски: battering ram Албански: dash, mjet për rrënim muresh

овенат повеќе

Види и: овене (св.)
овенатиот
Вид збор: Придавка
Што е без сила, без животна радост.
Англиски: dried

овене повеќе

овенат
Вид збор: Глагол, свршен
За човек - изгуби сила, бодрост, животна радост.
Англиски: wither Албански: vyshket, thahet

овенча повеќе

овенчаат
Вид збор: Глагол, свршен
Прослави некого.
Англиски: celebrate Албански: festoj
круниса
Англиски: crown Албански: kurorë
(се овенча) Се прослави.
Англиски: celebrate Албански: festoj
(се овенча) Се доведе до крај, успешно заврши нешто.
Англиски: crown Албански: kurorë

овладее повеќе

овладеат
Вид збор: Глагол, свршен
Опфати, обземе некакво чувство.
Англиски: overwhelm Албански: pushtoj

овца повеќе

мн. овци
Вид збор: Именка, женски род
Лице што е многу мирно, кротко, наивно.
Англиски: sheep Албански: dele

оган повеќе

мн. огнови
Вид збор: Именка, машки род
Блесок, сјај во очите.
Англиски: shine Албански: zjarr, shkëlqim
(само едн.) Силно чувство, страст, жар.
Англиски: passion Албански: djegë, pasion

огледа повеќе

огледаат
Вид збор: Глагол, свршен
(се огледа) Се обѕрне, погледне лево-десно, наоколу.
Англиски: look around Албански: shikon rreth e rrotull
(се огледа) Се одрази во нешто.
Англиски: mirror Албански: pasqyron

огледало повеќе

мн. огледала
Вид збор: Именка, среден род
слика, одраз
Англиски: reflection Албански: pasqyrë, reflektim

огнен повеќе

огнениот
Вид збор: Придавка
Што е страстен, пламенен.
Англиски: passionate Албански: i flakët

огниште повеќе

мн. огништа
Вид збор: Именка, среден род
Роден дом, родна, таткова куќа.
Англиски: home Албански: shtëpi, vatër
Место, центар од каде што се шири, се распространува нешто.
Англиски: focus Албански: fokus, qendra
Местото на коренот, дупката за садење бостан, пченка, компир и др.
Албански: vatra e rrënjës

оголее повеќе

Види и: оголи (св.)
оголеат
Вид збор: Глагол, свршен
Стане сиромав, осиромаши.
Англиски: become poor Албански: varfërohem

оголи повеќе

оголат
Вид збор: Глагол, свршен
Стане гол, остане без лисја, без влакна и сл.
Англиски: bare Албански: zhveshur
Ограби, опљачка некого; земе, одземе некому нешто (пари, имот) обично на недозволен начин.
Англиски: rob Албански: plaçkit

огорчи повеќе

огорчат
Вид збор: Глагол, свршен
Налути, навреди некого.
Англиски: embitter Албански: hidhëroj
(се огорчи) се налути, се навреди
Англиски: insult Албански: hidhëroj

ограда повеќе

мн. огради
Вид збор: Именка, женски род
ограничување, сомневање, резерва
Англиски: reservation Албански: rezervim

огради повеќе

оградат
Вид збор: Глагол, свршен
Зачува, претпази од нешто, востанови определен однос спрема нешто.
Англиски: insulate Албански: veçoj, distancoj
(се огради) Се ограничи, не се сложи со нешто.
Англиски: distance Албански: distancohem, kufizohem

ограничен повеќе

ограничени
Вид збор: Придавка
Што е мал, недоволен, незначителен.
Англиски: limited

огрее повеќе

огреат
Вид збор: Глагол, свршен
Обземе чувство на милост, убавина, задоволство.
Англиски: shine Албански: shndrit

од повеќе

мн. одови
Вид збор: Именка, машки род
тек, развој
Англиски: course Албански: zhvillim

одбележи повеќе

одбележат
Вид збор: Глагол, свршен
Истакне, нагласи нешто.
Англиски: emphasize Албански: theksoj, nënvizoj

одбира повеќе

Види и: одбере (св.)
одбираат
Вид збор: Глагол, несвршен
сфаќа, разбира
Англиски: understand Албански: kupton

одблесок повеќе

мн. одблесоци
Вид збор: Именка, машки род
Нешто што остава трага.
Англиски: impression Албански: përshtypje, mbresë

одблизу повеќе

Вид збор: Прилог
внимателно, конкретно, објективно
Англиски: carefully

одведе повеќе

одведат
Вид збор: Глагол, свршен
Доведе до нова состојба, промени нешто.
Англиски: lead Албански: shpie, sjellë

одвлече повеќе

одвлечат
Вид збор: Глагол, свршен
За мисла, внимание, поглед - оттргне, одврати од нешто.
Англиски: distract Албански: hutoj
(се одвлече) Се оттргне од нешто, заборави на нешто.
Англиски: detract Албански: tërheq

одвлечен повеќе

одвлечениот
Вид збор: Придавка
Што е апстрактен, нестварен.
Англиски: unreal

одвои повеќе

одвојат
Вид збор: Глагол, свршен
Сортира, групира нешто измешано.
Англиски: sort Албански: veçoj, klasifikoj

одврзе повеќе

одврзат
Вид збор: Глагол, свршен
Отплетка, размрси нешто заплеткано, замрсено.
Англиски: disentangle Албански: veçoj
(се одврзе, само во 3 л. едн.) се ослободи
Англиски: untie Албански: liroj

одглас повеќе

мн. одгласи
Вид збор: Именка, машки род
Реакција на нешто, одѕив, интерес.
Англиски: response Албански: jehonë

одгледува повеќе

Види и: одгледа (св.)
одгледуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Одржува, негува некакво чувство, желба и сл.
Англиски: maintain Албански: kultivoj, ruaj

одглуми повеќе

одглумат
Вид збор: Глагол, свршен
Измами некого со лажно, прикриено, преправено претставување на фактите и на своите намери.
Албански: aktroj

оддалеку повеќе

Вид збор: Прилог
Одоколу, заобиколно, индиректно.
Англиски: indirectly

оддалечи повеќе

оддалечат
Вид збор: Глагол, свршен
Отуѓи некого, направи да олади во односите со некого.
Англиски: distance Албански: distancoj, largoj

одекне повеќе

одекнат
Вид збор: Глагол, свршен
Се чуе силно, гласно.
Англиски: resound Албански: jehon, ushton
Се разнесе, се прошири.
Англиски: sound Албански: tingëllon, përhap

одере повеќе

одерат
Вид збор: Глагол, свршен
Ограби со продавање по премногу висока цена, со камата и сл.
Англиски: rob Албански: vjedh, grabit

одживее повеќе

одживеат
Вид збор: Глагол, свршен
Застари, излезе од мода.
Англиски: become outdated Албански: kaloj, vjetërsohet

одзив повеќе

мн. одзива
Вид збор: Именка, машки род
Одговор, реакција на нешто.
Англиски: response Албански: përgjigje

одигра повеќе

одиграат
Вид збор: Глагол, свршен
Изврши некоја работа како главен актер.
Англиски: play Албански: luajti

одлета повеќе

Види и: лета (несв.)
одлетаат
Вид збор: Глагол, свршен
За време - брзо помине.
Англиски: fly away Албански: fluturoj, ik

одлив повеќе

мн. одливи
Вид збор: Именка, машки род
намалување, опаѓање
Англиски: drain Албански: shterje

одмагли повеќе

одмаглат
Вид збор: Глагол, свршен
избега, исчезне
Англиски: disappear Албански: ik, zhduket

одмаздница повеќе

Види и: одмаздник (м.)
мн. одмаздници
Вид збор: Именка, женски род
одмаздник
Англиски: avenger Албански: hakmarrës

одмери повеќе

одмерат
Вид збор: Глагол, свршен
За поглед - изгледа некого со големо внимание, испитувачки.
Англиски: gauge Албански: vështron, mat me shikim

однесе повеќе

однесат
Вид збор: Глагол, свршен
За вода, ветар - со своето движење пренесе нешто од едно место на друго; одвлече, разурне, уништи.
Англиски: carry Албански: e barti

одозгора повеќе

Вид збор: Прилог
Од повисоката власт, од партискиот врв и сл.
Англиски: from above Албански: nga lart

одоколу повеќе

Вид збор: Прилог
На индиректен начин.
Англиски: indirekt

одрази повеќе

одразат
Вид збор: Глагол, свршен
(се одрази) За чувства, емоционални состојби - се покаже, се пројави.
Англиски: reflect Албански: reflektoj

одрвени повеќе

одрвенат
Вид збор: Глагол, свршен
Стане тврд, цврст.
Англиски: harden Албански: forcohet

одреже повеќе

одрежат
Вид збор: Глагол, свршен
Остро одговори; пресече со збор.
Англиски: cut off Албански: pres me fjalë

одрони повеќе

одронат
Вид збор: Глагол, свршен
Просолзи, пушти некоја солза.
Англиски: drop Албански: pikoj, lotoj

оживее повеќе

оживеат
Вид збор: Глагол, свршен
се јави, се изрази, се покаже
Албански: paraqit
се развесели
Англиски: liven Албански: gjallëroj
Направи некој или нешто да се развесели.
Албански: gëzoj
Направи да се вратат сеќавања, спомени.
Англиски: liven Албански: përkujtime

ожолти повеќе

ожолтат
Вид збор: Глагол, свршен
пребледе
Англиски: pale Албански: zbehet

озаби повеќе

(се) озабат
Вид збор: Глагол, свршен
Пцовиса, умре.
Албански: cof, vdes

озари повеќе

озарат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи среќен, развесели.
Англиски: brighten Албански: shnëdrit

окали повеќе

окалат
Вид збор: Глагол, свршен
заплетка, изгреши
Англиски: err Албански: gaboj
Пушти лош глас, создаде лошо име за некого; посрами, оцрни некого.
Англиски: slander Албански: shpif, gojos

окат повеќе

окати
Вид збор: Придавка
Што добро ги согледува работите.
Англиски: clever

окашка повеќе

окашкаат
Вид збор: Глагол, свршен
Расипе, исплетка, измеша нешто.
Англиски: spoil Албански: prish

океан повеќе

мн. океани
Вид збор: Именка, машки род
Големо количеcтво од нешто.
Англиски: plenty Албански: oqean

окози повеќе

окозат
Вид збор: Глагол, свршен
(се окози) Со тешкотии направи нешто.
Англиски: succeed Албански: mundimshëm, bën diçka me mund

околина повеќе

мн. околини
Вид збор: Именка, женски род
Општество, социјална средина.
Англиски: environment Албански: mjedis

окрвави повеќе

окрвават
Вид збор: Глагол, свршен
Направи злосторство, обично во војна.
Англиски: commit atrocity Албански: bëj krim

окрка повеќе

Види и: крка (несв.)
окркаат
Вид збор: Глагол, свршен
Истрпи последици, настрада.
Англиски: suffer Албански: pësoj, e han

окубе повеќе

окубат
Вид збор: Глагол, свршен
Материјално искористи, ограби некого преку превисока цена при продажба, наплата на услуги и сл.
Англиски: fleece Албански: qeth, mashtroj
Земе, измами некого за пари.
Англиски: fleece Албански: qeth, mashtroj

окупација повеќе

(едн.) окупацијата
Вид збор: Именка, женски род
вработување, работа, занимање
Англиски: occupation Албански: profesion

окупира повеќе

окупираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Зафати, зафаќа, заземе определено место, простор.
Англиски: occupy Албански: zë, okupoj

олади повеќе

оладат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи да спласне, да се смали некое чувство, расположение.
Англиски: calm Албански: zbut
(се олади) За чувства - стане воздржан.
Англиски: cool off Албански: ftoh

олдтајмер повеќе

мн. олдтајмери
Вид збор: Именка, машки род
стар господин
Англиски: old-timer

олесни повеќе

олеснат
Вид збор: Глагол, свршен
Стане недоветен.
Албански: t'holloj

оловен повеќе

оловниот
Вид збор: Придавка
Што е тежок како олово, што има боја на олово.
Англиски: leaden Албански: si plumb

олово повеќе

(едн.) оловото
Вид збор: Именка, среден род
тежина, тегоба
Англиски: weight Албански: plumb, rëndësi

олтар повеќе

мн. олтари
Вид збор: Именка, машки род
жртвеник
Англиски: altar Албански: altar

омега повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
крај
Англиски: end Албански: fund

омеѓен повеќе

омеѓениот
Вид збор: Придавка
Што е стеснет, ограничен во определени рамки, без слобода.

омекне повеќе

омекнат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи некого да биде мек, кроток, попустлив; одоброволи некого.
Англиски: soften Албански: zbus
Стане поблаг, кроток, попустлив.
Англиски: soften Албански: zbus

омрси повеќе

омрсат
Вид збор: Глагол, свршен
(се омрси) Добие или извлече за нешто многу повеќе корист, повисока цена отколку што требало.
Англиски: profit Албански: përfitoj

онеми повеќе

онемат
Вид збор: Глагол, свршен
Престане да испушта звук, престане да работи.
Англиски: mute Албански: hesht, qetësim

опадне повеќе

опаднат
Вид збор: Глагол, свршен
Ослаби здравствено, изгуби сила.
Англиски: weaken
Ослабне финансиски, осиромаши.
Англиски: weaken

опаку повеќе

Вид збор: Прилог
погрешно
Англиски: wrong

опасен повеќе

опасни
Вид збор: Придавка
Многу вешт во нешто.
Англиски: cunning

опачен повеќе

опачниот
Вид збор: Придавка
Што е лош, лажен, погрешен.
Англиски: evil

опачина повеќе

(едн.) опачината
Вид збор: Именка, женски род
Скриена, непозната, непријатна страна.
Англиски: backside Албански: pjesë e pasme

опаше повеќе

опашат
Вид збор: Глагол, свршен
Загради нешто од cите страни.
Англиски: surround Албански: rethoj
Удри некого со ремен, камшик и сл.
Англиски: whip Албански: rrëmbej

опашка повеќе

мн. опашки
Вид збор: Именка, женски род
Издолжен, обично подвижен дел на нешто.
Англиски: tail Албански: bisht
Споредна, неважна личност во некоја група, колектив.
Англиски: tail Албански: bisht

опашкар повеќе

мн. опашкари
Вид збор: Именка, машки род
Споредна личност, тој што е надвор од настаните.
Албански: person jokryesor

оперира повеќе

оперираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Се служи, користи, работи.
Англиски: operate Албански: operon

опече повеќе

опечат
Вид збор: Глагол, свршен
Силно огрее.
Англиски: shine Албански: shëndritë, djeg

опивка повеќе

мн. опивки
Вид збор: Именка, женски род
наркотично средство
Англиски: narcotic Албански: narkotik

опие повеќе

опијат
Вид збор: Глагол, свршен
Плени со своите особини.
Англиски: attract Албански: tërheq
(се опие) Се занесе, се замае.
Англиски: get attracted Албански: kënaq

опиен повеќе

опиени
Вид збор: Придавка
Што е обземен, занесен, замајан од нешто.
Англиски: fixated

оплеска повеќе

оплескаат
Вид збор: Глагол, свршен
Погреши, лошо изведе некаква работа, направи нешто нечесно.
Англиски: bungle Албански: ngatërroj, prish
Убие, отепа некого.
Англиски: kill Албански: vras, mbyt

оплоди повеќе

оплодат
Вид збор: Глагол, свршен
развие, збогати
Англиски: develop Албански: pasuroj

опне повеќе

опнат
Вид збор: Глагол, свршен
Удри, тупне, перне некого.
Англиски: strike Албански: godit
Испие, изeдe наеднаш нешто.
Англиски: topple Албански: përmbysem

опогани повеќе

опоганат
Вид збор: Глагол, свршен
осрамоти, извалка
Англиски: shame Албански: turpëroj, ndyj

опоен повеќе

опојни
Вид збор: Придавка
Што плени со своите особини; што занесува, замајува.
Англиски: intoxicating

опре повеќе

опрат
Вид збор: Глагол, свршен
(се опре) Се поткрепи, се подржи, се помогне од некого.
Англиски: rely Албански: mbështetem

опрчи повеќе

опрчат
Вид збор: Глагол, свршен
Плати, даде поголема сума пари.
Англиски: spend Албански: paguaj shumë të madhe

опседне повеќе

опседнат
Вид збор: Глагол, свршен
Опколи, обгради од сите страни.
Англиски: encircle Албански: rrethoj, vij përqark
обземе, опфати, занесе
Англиски: occupy Албански: vërshoj

опстрелува повеќе

опстрелуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Остро критикува, напаѓа некого или нешто.
Англиски: attack Албански: sulmoj, kritikoj

оптика повеќе

мн. оптики
Вид збор: Именка, женски род
Гледна точка, гледиште.
Англиски: viewpoint Албански: pikëpamje, aspekt

оптовари повеќе

оптоварат
Вид збор: Глагол, свршен
Зададе некому многу обврски, задолженија, грижи.
Англиски: burden Албански: ngarkoj
Обремени со премногу работи, направи да стане преобемен.
Англиски: burden Албански: ngarkoj
Финансиски задолжи.
Англиски: burden Албански: ngarkoj, rëndoj

опфати повеќе

опфатат
Вид збор: Глагол, свршен
Фати со поглед или мисла.
Англиски: grasp Албански: ngërthej

оракул повеќе

мн. оракули
Вид збор: Именка, машки род
Мудрец, голем, непогрешлив авторитет.
Англиски: sage Албански: dijetar, njeri i mençur

орбита повеќе

мн. орбити
Вид збор: Именка, женски род
Круг, сфера на влијание, област на дејcтвување.
Англиски: sphere Албански: sferë

организам повеќе

мн. организми
Вид збор: Именка, машки род
Систем, целина од органи во една институција; нешто што е организирано во сложено единство.
Англиски: organism Албански: organizëm

орда повеќе

мн. орди
Вид збор: Именка, женски род
Толпа, банда или непријателска војска која ограбува и прави злосторства.
Англиски: gang Албански: hordhë, bandë

ординарен повеќе

ординарни
Вид збор: Придавка
простачки, вулгарен
Англиски: ordinary

орел повеќе

мн. орли
Вид збор: Именка, машки род
Смел, горд и силен човек.
Англиски: hero Албански: shqiponjë, hero, trim

ореол повеќе

мн. ореоли
Вид збор: Именка, машки род
(само едн.) Слава и почит која му припаѓа некому.
Англиски: aureole Албански: aureolë

оригинал повеќе

мн. оригинали
Вид збор: Именка, машки род
Човек што се разликува од другите, необичен, чуден, интересен.
Англиски: original Албански: origjinal

ориентација повеќе

(едн.) ориентацијата
Вид збор: Именка, женски род
Снаодливост во определени ситуации.
Англиски: orientation Албански: orientim

ориентира повеќе

ориентираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
(се ориентира) Се снајде, се снаоѓа во определени околности и ситуации.
Англиски: cope Албански: përballoj

оркестрира повеќе

оркестрираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Организира од повеќе страни истовремено.
Англиски: orchestrate

ороводец повеќе

мн. ороводци
Вид збор: Именка, машки род
Човек што води некоја интрига, што води некоја нечесна работа.
Англиски: leading man Албански: prijës

ортак повеќе

мн. ортаци
Вид збор: Именка, машки род
Соучесник во недозволена, незаконска работа.
Англиски: accomplice Албански: bashkëfajtor

ортома повеќе

мн. ортоми
Вид збор: Именка, женски род
бесилка
Англиски: gallows Албански: varje

орудие повеќе

мн. орудија
Вид збор: Именка, среден род
Средство за остварување на некоја цел, за постигање на нешто.
Англиски: mean Албански: mjet, vegël

оружје повеќе

мн. оружја
Вид збор: Именка, среден род
Средство за постигнување на некоја цел.
Англиски: mean

осарник повеќе

мн. осарници
Вид збор: Именка, машки род
Опасно место, легло на разбојници, на лоши луѓе.
Албански: fole hajdutësh

освежи повеќе

освежат
Вид збор: Глагол, свршен
обнови, поднови
Англиски: renew Албански: përtrij

освести повеќе

освестат
Вид збор: Глагол, свршен
Помогне некому да стане свесен за нешто, за своите интереси и сл.
Англиски: sober Албански: kthjelloj
(се освести) Стане свесен за нешто.
Англиски: aware Албански: vetëdijsohem

осветли повеќе

осветлат
Вид збор: Глагол, свршен
Разјасни нешто што било нејасно, открие, протолкува.
Англиски: clear up Албански: sqaroj

освои повеќе

освојат
Вид збор: Глагол, свршен
Придобие некого (публика, друштво).
Англиски: win Албански: fitoj

осилав повеќе

осилавиот
Вид збор: Придавка
Што е остар во настапот, во говорот.

оска повеќе

мн. оски
Вид збор: Именка, женски род
Основното, главното околу кое се развиваат некои настани, се одвиваат некои дејства.
Англиски: axis Албански: bosht

оскубе повеќе

оскубат
Вид збор: Глагол, свршен
Соголи, ограби некого преку високи цени, големи давачки, со обложување, коцкање итн.
Англиски: loot Албански: çvesh, grabis

осојница повеќе

мн. осојници
Вид збор: Именка, женски род
осој
Англиски: north side Албански: vend nën hije
Многу студено место.
Албански: vend nën hije, vend i ftoht
Многу лоша жена.
Англиски: shrew Албански: grifshë, grua e keqe

осојничав повеќе

осојничавиот
Вид збор: Придавка
мрачен, ладен, студен

остар повеќе

остри
Вид збор: Придавка
тврд, груб
Англиски: coarse
За ветер, воздух, болка, студ - што дејствува како да сече, многу силен.
Англиски: sharp
Што е прониклив.
Англиски: piercing
За мирис - јак, лут.
Англиски: intensive
За човек - строг, жесток.
Англиски: fierce
Што е полн со лутина.
Англиски: angry
Што е силно пројавен, изразен.
Англиски: sharp
Што се појавува во доста определена форма, изразен.
Англиски: poignant
За завој, кривина - што нагло врти, го менува правецот.
Англиски: sharp

острелоуши повеќе

(се) острелушат
Вид збор: Глагол, свршен
Стане внимателен да чуе, да разбере.
Албански: dëgjon me vëmendje

остри повеќе

острат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се остри) Се подготвува за некакво дејство - борба, јадење, поттикнува кај себе расположение за нешто.
Англиски: prepare Албански: pregatis

острило повеќе

мн. острила
Вид збор: Именка, среден род
Остар збор, навреда, поглед и сл.
Англиски: insult Албански: shikim, fjalë e mprehtë

острина повеќе

(едн.) острината
Вид збор: Именка, женски род
Својство на тоа што е грубо, тврдо.
Англиски: coarse Албански: pa cilësi
Својство и особина на тоа што се пројавува, што дејствува силно.
Англиски: intensity Албански: intensitet

остров повеќе

мн. острови
Вид збор: Именка, машки род
Нешто што е изолирано, нешто што се изделува од средината.
Англиски: island Албански: ishull

островски повеќе

островскиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на нешто изолирано, изделено од нешто.
Албански: ujdhese, izoluar

осцилира повеќе

осцилираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Се колеба, е нестабилен.
Англиски: alter Албански: luhatet, hamendet

отапи повеќе

отапат
Вид збор: Глагол, свршен
Изгуби осетливост на надворешни влијанија, стане неосетлив; изгуби духовна свежина, умна способност.
Англиски: become insensitive Албански: topit, i pandjeshëm

отвори повеќе

отворат
Вид збор: Глагол, свршен
Основа фирма, дуќан и сл.
Англиски: open Албански: hapje
Започне со работа јавен собир, манифестација, случување од јавен интерес.
Англиски: open Албански: hapje

отежне повеќе

отежнат
Вид збор: Глагол, свршен
Стане тром, тешко подвижен.
Англиски: immobilize Албански: i ngadalshëm

отепан повеќе

отепаниот
Вид збор: Придавка
Духовно скршен.
Англиски: broken
изнемоштен, преморен
Англиски: exhausted

отера повеќе

Види и: тера (несв.)
отераат
Вид збор: Глагол, свршен
Cо удар оддалечи некого или нешто од местото каде што бил.
Англиски: kick Албански: godet
Постигне голем успех.
Англиски: succeed Албански: arrij sukses

откачи повеќе

откачат
Вид збор: Глагол, свршен
Оддели, раздвои од некого.
Англиски: separate Албански: heq
Оддели, раздвои двајца, тројца, повеќемина еден од друг.
Англиски: separate Албански: veçon
Каже нешто што не соодветствува на ситуацијата, без целосна контрола.
Албански: shpreh
(се откачи) Се оддели, се раздвои.
Англиски: separate Албански: ndahet
(се откачи) Му се испушти неконтролиран збор, недоволно обмислен, несоодветен на ситуацијата.
Албански: ndahet
(се откачи) Побудали, се мрдне од умот.
Англиски: disconnect Албански: stakoj

откине повеќе

откинат
Вид збор: Глагол, свршен
спаси, ослободи
Англиски: free Албански: shkëpus, liroj

откопа повеќе

откопаат
Вид збор: Глагол, свршен
Пронајде нешто скриено.
Англиски: discover Албански: gërmoj, nxjerr

откосо повеќе

Вид збор: Прилог
напреку, напоречки, попреку, нељубезно
Англиски: askance

открие повеќе

откријат
Вид збор: Глагол, свршен
(се открие) За човек - се покаже пред некого, се разоткрие.
Англиски: reveal Албански: zbuloj, demaskoj

отме повеќе

отмат
Вид збор: Глагол, свршен
(се отме) Се тргне од мисла, чувство и сл.
Англиски: remove Албански: hiqem, largohem

отпечаток повеќе

мн. отпечатоци
Вид збор: Именка, машки род
Трага, белег, карактеристика на нешто.
Англиски: imprint Албански: gjurmë

отплетка повеќе

отпеткаат
Вид збор: Глагол, свршен
Расчисти, уреди, доведе во ред.
Англиски: disentangle

отрезни повеќе

отрезнат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи некој да стане свесен за некоја состојба или ситуација.
Англиски: sober Албански: kthjellohet
(се отрезни) Сфати, стане свесен за нешто.
Англиски: sober Албански: kthjellohem

отров повеќе

мн. отрови
Вид збор: Именка, машки род
Нешто со многу горчлив, лут, солен вкус.
Англиски: bitter Албански: i hidhur

отровен повеќе

отровни
Вид збор: Придавка
Што е непријатен, тежок.
Англиски: poisonous

отрпне повеќе

отрпнат
Вид збор: Глагол, свршен
Стане нечувствителен, рамнодушен на нешто.
Англиски: become numb Албански: mpihem

отруе повеќе

отрујат
Вид збор: Глагол, свршен
Загорчи живот некому.
Албански: idhëtoj, helmoj

отсече повеќе

Види и: сече (несв.)
отсечат
Вид збор: Глагол, свршен
Решително, отсечно рече.
Англиски: say decisively Албански: pres, them me vendosmëri
(се отсече) Изгуби сила и сл.
Англиски: weaken Албански: prehem, humb fuqi

отскокне повеќе

отскокнат
Вид збор: Глагол, свршен
Се истакне со нешто.
Англиски: distinguish Албански: dalloj, shquaj

отскубне повеќе

отскубнат
Вид збор: Глагол, свршен
(се отскубне) Се одвои, се оддели, се оддалечи.
Англиски: escape Албански: shkëputet

отстрана повеќе

Вид збор: Прилог
Од растојание, без мешање, незаинтересирано.

отстрел повеќе

мн. отстрели
Вид збор: Именка, машки род
Акт на определување некој да биде жртвуван, отфрлен, уништен.
Англиски: discharge Албански: shkarkim

оттурне повеќе

оттурнат
Вид збор: Глагол, свршен
оддалечи, отстрани, потисне
Англиски: push Албански: largoj

отфрли повеќе

отфрлат
Вид збор: Глагол, свршен
Одбие, не прифати нешто, не се согласи.
Англиски: reject Албански: hedh, refuzoj
Решително напушти, одбие, откаже љубов, внимание и cл.
Англиски: reject Албански: hedh, refuzoj

отцепи повеќе

отцепат
Вид збор: Глагол, свршен
Оддели некого од организација, заедница, друштво и cл.
Англиски: separate Албански: ndaj, shkëput

отчука повеќе

отчукаат
Вид збор: Глагол, свршен
Пријави, поткаже некого.
Англиски: betray Албански: lajmëroj tinës, tradhtoj

офанзива повеќе

мн. офанзиви
Вид збор: Именка, женски род
подем, напредување
Англиски: offensive Албански: ofensivë

официјален повеќе

официјална
Вид збор: Придавка
Што има службен облик, официјализиран.
Англиски: formally

оцапа повеќе

оцапаат
Вид збор: Глагол, свршен
Лошо направи нешто, расипе, погреши.
Англиски: mess up Албански: gaboj, prish

оцена повеќе

мн. оцени
Вид збор: Именка, женски род
Мислење, став, суд за вредноста на некого или нешто.
Англиски: opinion Албански: vlerësim, opinion

оцени повеќе

оценат
Вид збор: Глагол, свршен
Даде миcлење, суд за вредноста или за значењето на нешто.
Англиски: judge Албански: gjykoj

оцрни повеќе

оцрнат
Вид збор: Глагол, свршен
посрами, усрами
Англиски: shame Албански: nxij, turpëroj

очикли повеќе

очиклат
Вид збор: Глагол, свршен
(се очикли) Се извешти, стане снаодлив.
Албански: hap sytë

ошути повеќе

ошутат
Вид збор: Глагол, свршен
Открши дел од нешто.
Англиски: break Албански: thyej
Стане будалест, се мрдне од умот.
Албански: torollak
Земе некому нешто (обично пари) со измама, со кражба.
Англиски: rob Албански: grabit, mashtroj
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш