Преносно значење - категорија

мавта повеќе

мавтаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Прави движење со некој дел од телото (глава, крила, опашка).
Англиски: wave Албански: tund
Се фали, се прави важен со нешто (со диплома, функција, заслуга).
Англиски: wave Албански: tund

магаре повеќе

мн. магариња
Вид збор: Именка, среден род
Тврдоглав, неразбран човек.
Англиски: jackass

магија повеќе

Види и: маѓија (ж.)
мн. магии
Вид збор: Именка, женски род
привлечност, убавина
Англиски: attraction Албански: atraksion, joshje

магла повеќе

мн. магли
Вид збор: Именка, женски род
Нешто што пречи за да се видат јасно нештата, нејаснотија, темнина.
Англиски: fog Албански: mjegull

маглив повеќе

магливиот
Вид збор: Придавка
нејасен, неточен, неопределен
Англиски: obscure

маглоса повеќе

(се) маглосаат
Вид збор: Глагол, свршен
избега
Англиски: escape Албански: humb, zhdujet

магнет повеќе

мн. магнети
Вид збор: Именка, машки род
Некој или нешто што има привлечна сила.
Англиски: magnet Албански: magnet

магнетизам повеќе

(едн.) магнетизмот
Вид збор: Именка, машки род
Привлечна сила, привлечност.
Англиски: attraction Албански: magnetizëm, tërheqje

магнетизира повеќе

магнетизираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
привлекува
Англиски: attract Албански: tërheq

маѓепса повеќе

маѓепсаат
Вид збор: Глагол, свршен
Привлече, заведе.
Англиски: attract Албански: tërheq

маѓепсник повеќе

Види и: маѓосник (м.)
мн. маѓепсници
Вид збор: Именка, машки род
Лице што привлекува, заведува со силата на умот или со надворешната убавина.
Англиски: wizard Албански: magjistar

мазни повеќе

мазнат
Вид збор: Глагол, несвршен
милува, гали
Англиски: stroke Албански: lëmoj, përkëdhel

мазохизам повеќе

(едн.) мазохизмот
Вид збор: Именка, машки род
Уживање во страдање, физичко или душевно.
Англиски: masochism Албански: mazohizëm

мајка повеќе

мн. мајки
Вид збор: Именка, женски род
Тоа од што произлегуваат други нешта.
Англиски: source Албански: origjinë

мајмун повеќе

мн. мајмуни
Вид збор: Именка, машки род
Човек што ги имитира другите луѓе.
Албански: majmun

мајстор повеќе

мн. мајстори
Вид збор: Именка, машки род
Снаодлив човек, итрец.
Англиски: smartie Албански: mjeshtër, dinak

мајсторија повеќе

мн. мајстории
Вид збор: Именка, женски род
Итрина, лукавство, вешта измама.
Англиски: slyness Албански: mjeshtëri, dinakri

макијавелизам повеќе

(едн.) макијавелизмот
Вид збор: Именка, машки род
безобѕирност, бескрупулозност
Англиски: recklessness Албански: makiavelizëm, panjerizshmëri

мамутски повеќе

Види и: мамут (м.)
мамутска
Вид збор: Придавка
Премногу голем, што е од највисока категорија.
Англиски: gigantic

маневар повеќе

мн. маневри
Вид збор: Именка, машки род
интрига, махинација
Англиски: intrigue Албански: manevrim, intrigë

маневрира повеќе

маневрираат
Вид збор: Глагол, несвршен
Прави интриги, махинации.
Англиски: maneuver Албански: manevroj, bëj hile

манија повеќе

мн. мании
Вид збор: Именка, женски род
Голема страст, желба за нешто.
Англиски: obsession Албански: mani, obsesion

манипулант повеќе

мн. манипуланти
Вид збор: Именка, машки род
Човек што на нечесен начин искористува податоци за постигнување лични цели.
Англиски: manipulator Албански: manipulant

манипулација повеќе

мн. манипулации
Вид збор: Именка, женски род
Нечесна работа, интрига, сплетка.
Англиски: manipulation Албански: manipulim

манипулира повеќе

манипулираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Сплеткари, прави интриги.
Англиски: manipulate Албански: manipuloj

мантра повеќе

мн. мантри
Вид збор: Именка, женски род
Нешто што постојано се повторува.
Англиски: mantra Албански: mantra

маратон повеќе

мн. маратони
Вид збор: Именка, машки род
Активност што трае долго.
Англиски: marathon Албански: maratonë

маргина повеќе

мн. маргини
Вид збор: Именка, женски род
Периферија, страна, крај (на настан, интерес).
Англиски: margin Албански: margjinë, anash

маргинален повеќе

маргиналниот
Вид збор: Придавка
Што е спореден, неважен, безначаен.
Англиски: marginal

марионета повеќе

мн. марионети
Вид збор: Именка, женски род
Лице што постапува по туѓи наредби, што исполнува туѓа волја.
Англиски: marionette Албански: marionetë, kukull

маскарада повеќе

мн. маскаради
Вид збор: Именка, женски род
Извештачено однеcување.
Англиски: измама Албански: mashtrim

маслоса повеќе

маслосаат
Вид збор: Глагол, свршен
измами, излаже
Англиски: cheat Албански: gënjej. mashtroj

маслосува повеќе

Види и: маслоса (св.)
маслосуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
лаже
Англиски: cheat Албански: gënjej

мастодонтски повеќе

мастодонтскиот
Вид збор: Придавка
огромен, гигантски
Англиски: gigantic

мат повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Пораз, неуспех, безизлезна ситуација.
Англиски: defeat Албански: mat, disfatë

матен повеќе

матни
Вид збор: Придавка
нејасен, неразбирлив
Англиски: vague Албански: i turbulltë, i paqartë

материјал повеќе

мн. материјали
Вид збор: Именка, машки род
Податоци, документи за научна и друга работа.
Англиски: material Албански: material

материјалист повеќе

мн. материјалисти
Вид збор: Именка, машки род
Користољубив човек, човек кому му е најважна материјалната страна на животот.
Англиски: materialist Албански: materialist

мати повеќе

матат
Вид збор: Глагол, несвршен
лаже, мами
Англиски: swindle Албански: mashtroj

матица повеќе

мн. матици
Вид збор: Именка, женски род
Земја на потекло, матична земја; средина од каде што потекнува нешто, извор на место.
Англиски: country of birth Албански: mëmëdhe

матка повеќе

маткаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Одолговлекува, задржува нешто.
Англиски: protract

маторица повеќе

мн. маторици
Вид збор: Именка, женски род
За жена - нечиста, несмасна, мрзлива.
Албански: grua e papastër

матрица повеќе

мн. матрици
Вид збор: Именка, женски род
Начин на однеcување според некој принцип, модел итн.
Англиски: pattern Албански: model, mostër

мафија повеќе

мн. мафии
Вид збор: Именка, женски род
Секоја организирана криминална група.
Англиски: Mafia Албански: mafia

махагон повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Црвенкастокафена боја што потсетува на бојата на дрвото.
Англиски: mahagony Албански: ngjyrë mahagoni

мачка повеќе

мачкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
лаже, мами, измислува
Англиски: cheat Албански: gënjen

мачка повеќе

мн. мачки
Вид збор: Именка, женски род
убава девојка
Англиски: girl

маша повеќе

мн. маши
Вид збор: Именка, женски род
Човек што е искористуван од друг.
Англиски: parasite Албански: mashë, i shfrytëzuar

машина повеќе

мн. машини
Вид збор: Именка, женски род
Тој што работи брзо, без грешка.
Албански: makinë

машинерија повеќе

мн. машинерии
Вид збор: Именка, женски род
Групирани луѓе заради спроведување на определена цел.
Англиски: machinery Албански: makineri

мевлем повеќе

мн. мевлеми
Вид збор: Именка, машки род
олеснување
Англиски: remedy Албански: lehtësim

мегафон повеќе

мн. мегафони
Вид збор: Именка, машки род
засилувач
Англиски: amplifier Албански: përforcues zëri

меден повеќе

медениот
Вид збор: Придавка
Полн со сладост, мил, драг.
Англиски: sweet Албански: i ëmbël, i këndshëm

мек повеќе

меки
Вид збор: Придавка
кроток, питом, добар
Англиски: tame

меле повеќе

мелат
Вид збор: Глагол, несвршен
Многу јаде, лапа.
Англиски: gobble Албански: bluaj, ha shumë
Многу зборува, ломоти.
Англиски: blabber Албански: bluaj, flet shumë, llafos

мемла повеќе

мн. мемли
Вид збор: Именка, женски род
нездрава средина
Англиски: unhealthy environment Албански: mjedis jo i shëndetshëm

мера повеќе

мн. мери
Вид збор: Именка, женски род
мерило
Англиски: estimate Албански: masë, matje

мери повеќе

мерат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Оценува, внимателно набљудува.
Англиски: watch Албански: mat

меси повеќе

месат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Подготвува, планира нешто тајно.
Англиски: prepare Албански: gatuhet, pregatitet

месија повеќе

мн. месии
Вид збор: Именка, машки род
Спасител воопшто.
Англиски: messiah Албански: mesia, shpëtimtar

мести повеќе

местат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се мести) Се обидува да дојде до некоја позиција, место и сл.
Англиски: position Албански: pozitë

метаморфоза повеќе

мн. метаморфози
Вид збор: Именка, женски род
Голема промена во изгледот или во карактерот на некој човек.
Англиски: metamorphosis Албански: metamorfozë

метанија повеќе

мн. метании
Вид збор: Именка, женски род
Голема чест за некого, претерана грижа и иcполнување желби, обично за некој големец.
Англиски: honour Албански: nderim, përulje

механизам повеќе

мн. механизми
Вид збор: Именка, машки род
Внатрешна структура на нешто, збир од закономерности што го определуваат редот, постапката на извршувањето на некое дејство или процес.
Англиски: mechanism Албански: mekanizëm

мечка повеќе

мн. мечки
Вид збор: Именка, женски род
Крупен, тромав човек.
Англиски: bear Албански: ari, dembel

меша повеќе

мешаат
Вид збор: Глагол, несвршен
озборува
Англиски: defame Албански: përziej, përgojoj

мешач повеќе

мн. мешачи
Вид збор: Именка, машки род
озборувач, сплеткар, интригант
Албански: përzies, intrigant

мивка повеќе

мн. мивки
Вид збор: Именка, женски род
Нечист, неприбран, неспастрен човек.
Англиски: scoundrel Албански: i pa pastër, viran

мигне повеќе

мигнат
Вид збор: Глагол, свршен
Отспие малку.
Англиски: sleep Албански: fle pak

миже повеќе

мижат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Затвора очи пред нешто.
Англиски: shut eyes Албански: mbyll sytë

мижурлав повеќе

мижурлавиот
Вид збор: Придавка
Обично за светлина - што е слабо, треперливо.
Англиски: squinting

мизерија повеќе

мн. мизерии
Вид збор: Именка, женски род
Ниска, недостојна постапка.
Англиски: misery Албански: mjerim

микроскопски повеќе

микроскопскиот
Вид збор: Придавка
ситен, мал, ништожен
Англиски: tiny

мимикрија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Приспособување кон средината со прикривање на вистинските уверувања.
Англиски: mimicry Албански: mimikri

минира повеќе

минираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Прави, направи нешто да биде неуспешно, предизвикува пораз, подметнува.
Англиски: sabotage Албански: minoj, sabotoj

минус повеќе

мн. минуси
Вид збор: Именка, машки род
недостаток, слабост, мана
Англиски: drawback Албански: disfavor

минута повеќе

мн. минути
Вид збор: Именка, женски род
Многу кусо време.
Англиски: moment Албански: moment

мисир повеќе

мн. мисири
Вид збор: Именка, машки род
глупак
Англиски: jerk Албански: torollak

мисирка повеќе

Види и: мисир (м.)
мн. мисирки
Вид збор: Именка, женски род
глупачка
Англиски: jerk Албански: gusë

мит повеќе

мн. митови
Вид збор: Именка, машки род
Неверојатна приказна, глас што cе шири за некого или за нешто со претерувања.
Англиски: myth Албански: mit

млак повеќе

млакиот
Вид збор: Придавка
Што е со средна топлина, ни многу врел, ни многу студен.
Англиски: mild

млеко повеќе

мн. млека
Вид збор: Именка, среден род
Растителен сок сличен на млеко.
Англиски: sap Албански: qumësht

мов повеќе

(едн.) мовот
Вид збор: Именка, машки род
Куси, нежна влакненца по кожата на човекот; првите мустаќи и брада кај млади момчиња.
Англиски: down Албански: qime, lesh

могул повеќе

мн. могули
Вид збор: Именка, машки род
многу богат човек
Англиски: mogul

мозаик повеќе

мн. мозаици
Вид збор: Именка, машки род
Нешто составено од разнородни елементи.
Англиски: mosaic Албански: mozaik

молец повеќе

мн. молци
Вид збор: Именка, машки род
Тој што постојано бара нешто, што постојано додева со некакви барања.
Албански: molë, lutës

молзе повеќе

молзат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Живее на туѓа сметка, искористува некого.
Англиски: exploit Албански: shfrytëzoj

молкне повеќе

молкнат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
За предмет - престане да испушта звуци.
Англиски: silence Албански: hesht
одолговлекува
Англиски: drag Албански: zvarrit

молња повеќе

мн. молњи
Вид збор: Именка, женски род
Блесок од очите како резултат на силни чувства (гнев, лутина).
Англиски: flash Албански: xixë, blic

молчи повеќе

молчат
Вид збор: Глагол, несвршен
За предмет - не испушта звук.
Англиски: mute Албански: pa zhurmë

момент повеќе

мн. моменти
Вид збор: Именка, машки род
фактор, факт
Англиски: fact Албански: fakt

монах повеќе

мн. монаси
Вид збор: Именка, машки род
Тој што живее повлечено, аскетски, испоснички.
Англиски: ascetic Албански: asketik

монета повеќе

мн. монети
Вид збор: Именка, женски род
Монета за поткусурување - тој или она што служи за манипулирање во пресметките на моќниците; тој што служи за подигрување, потценување.
Албански: monedhë, pare

монолитен повеќе

монолитниот
Вид збор: Придавка
Целосен, неделив, цврсто поврзан.
Англиски: monolithic

монструм повеќе

мн. монструми
Вид збор: Именка, машки род
Морално деформиран, изопачен, суров човек.
Англиски: monster Албански: monstër

монтажа повеќе

мн. монтажи
Вид збор: Именка, женски род
Склоп на произволно одбрани и измислени факти, за да се докаже нешто невистинито, фалсификат, подметнување.
Англиски: allegation Албански: montim

мора повеќе

мн. мори
Вид збор: Именка, женски род
тешкотија, тежок живот
Англиски: nightmare Албански: morë

море повеќе

мн. мориња
Вид збор: Именка, среден род
Големо количество од нешто.
Англиски: plenty Албански: det
Голема површина со нешто, обично што се бранува, што се лелее.
Англиски: sea Албански: det

мост повеќе

мн. мостови
Вид збор: Именка, машки род
Тоа што поврзува, врска.
Англиски: connection Албански: urë, lidhje

мота повеќе

мотаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Мами, лаже, доведува во забуна некого.
Англиски: cheat Албански: mashtroj

мотаница повеќе

мн. мотаници
Вид збор: Именка, женски род
врткање, облетување
Албански: mbshtjellje

мотор повеќе

мн. мотори
Вид збор: Именка, машки род
Движечка сила (сила што поттикнува).
Англиски: engine Албански: motor

моторен повеќе

моторниот
Вид збор: Придавка
Што движи, што раздвижува.
Англиски: driving

мравјалник повеќе

мн. мравјалници
Вид збор: Именка, машки род
Место преполно со луѓе.
Англиски: overcrowded place Албански: vendme grumbull njerëzish
Мноштво луѓе или други живи суштества, собрани на едно меcто.
Англиски: crowd Албански: grumbull

мразарница повеќе

мн. мразарници
Вид збор: Именка, женски род
Многу студено време, многу студена просторија.
Албански: ftoht akull

мразулец повеќе

мн. мразулци
Вид збор: Именка, машки род
Мрсул што виси од носот.
Англиски: snot Албански: qyrra

мрак повеќе

(едн.) мракот
Вид збор: Именка, машки род
Непросветеност, незнаење, заостанатост поради тежок и ропски живот.
Англиски: darkness Албански: errësirë, terr

мрачен повеќе

мрачни
Вид збор: Придавка
Лошо расположен, западнат во грижа, во тешки и мачителни мисли.
Англиски: gloomy Албански: i zymtë, i ngrisur, i vrenjtur
мачен, тежок
Англиски: dark Албански: i errët, i zymtë
несфатлив, затворен, сомнителен, злобен
Англиски: evil Албански: i errët
тежок, нејасен, неразбирлив
Англиски: dark Албански: i paqartë
тежок, неподнеслив, безрадосен
Англиски: dark Албански: i zymtë, i vrenjtur

мрачи повеќе

(се) мрачат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се мрачи) Станува смуртен, нераcположен; се мурти.
Англиски: darken Албански: errësohet

мрачно повеќе

Вид збор: Прилог
невесело, намуртено
Англиски: gloomy

мрда повеќе

мрдаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Ја избегнува вистината, заобиколува; избегнува некоја обврска.
Англиски: excuse Албански: justifikohem

мрдање повеќе

Вид збор: Именка, среден род
избегнување
Англиски: excuse Албански: ikje, largim

мрдне повеќе

мрднат
Вид збор: Глагол, свршен
(се мрдне) Побудали, се помести од умот.
Англиски: madden Албански: luajti mendsh, çmendem

мрее повеќе

мреат
Вид збор: Глагол, несвршен
Многу посакува некого или нешто.
Англиски: yearn Албански: kam mall

мрежа повеќе

мн. мрежи
Вид збор: Именка, женски род
Направа од цврст конец која служи за ловење (риби, птици, дивеч, пеперутки).
Англиски: net Албански: rrjetë

мрежи повеќе

мрежат
Вид збор: Глагол, несвршен
Набира, прави нерамно.
Албански: merr pamje rrjete

мрк повеќе

мркиот
Вид збор: Придавка
Лут, нал намуртен.
Англиски: sullen

мрмор повеќе

мн. мрмори
Вид збор: Именка, машки род
шум, жубор
Англиски: noise Албански: ushtimë, gurgullimë

мрсен повеќе

мрсниот
Вид збор: Придавка
Што е изобилен, богат.
Англиски: rich Албански: i psaur
непристоен, вулгарен
Англиски: indecent Албански: i pacipë, vulgar

мрси повеќе

мрсат
Вид збор: Глагол, несвршен
Внесува збрка, прави неред.
Англиски: enmesh

мрсулави повеќе

мрсулават
Вид збор: Глагол, несвршен
(се мрсулави) Плаче, се жали без поголема причина, се лигави.
Англиски: slime Албански: zhul

мрсулко повеќе

мн. мрсулковци
Вид збор: Именка, машки род
Многу млад, неискусен, неук маж.
Албански: qyrravsh

мртвороден повеќе

мртвородениот
Вид збор: Придавка
Лошо замислен, без изгледи да се оствари, оживотвори.
Англиски: stillborn

мртов повеќе

мртва
Вид збор: Придавка
Што нема живост, замрен, стивнат.
Англиски: dead Албански: i vdekur

мрцина повеќе

мн. мрцини
Вид збор: Именка, женски род
Лош, безвреден, мрзлив човек.
Англиски: idler Албански: dembel, përtac

мрша повеќе

мн. мрши
Вид збор: Именка, женски род
Изнемоштен, слаб човек.
Албански: trup i dobët
голотија
Англиски: nudity Албански: lakuriq

мршав повеќе

мршавиот
Вид збор: Придавка
Мал по количина и вредноcт.
Англиски: poor

мршојадец повеќе

Види и: мршојад (м.)
мн. мршојадци
Вид збор: Именка, машки род
Човек што напаѓа слаби, беспомошни.
Англиски: scavenger Албански: sulmues ndaj të dobtëve

мршти повеќе

(се) мрштат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се прекрива со облаци, се наоблачува.
Англиски: get cloudy Албански: mrolet, mjegullohet

муза повеќе

мн. музи
Вид збор: Именка, женски род
Извор на поетско вдахновение и творештво.
Англиски: inspiration Албански: muzë, inspirim

музејски повеќе

музејскиот
Вид збор: Придавка
Што припаѓа на минатото, застарен.
Англиски: antiquated

мука повеќе

мукаат
Вид збор: Глагол, несвршен
плаче
Англиски: cry Албански: pëllas, qaj me zë

мукач повеќе

мн. мукачи
Вид збор: Именка, машки род
плачко
Англиски: weakling

мумија повеќе

мн. мумии
Вид збор: Именка, женски род
Физички и умствено слаб и неподвижен човек.
Албански: mumje

мурти повеќе

(се) муртат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се покрива со облаци, се облачи (за небото).
Англиски: cloud Албански: mrrolet, vrenjtet

мустаќ повеќе

мн. мустаќи
Вид збор: Именка, машки род
Прекар за човек со мустаќи.
Албански: musteçok

муцка повеќе

мн. муцки
Вид збор: Именка, женски род
Неубаво, грозно лице.
Англиски: snout Албански: feçkë, turin
Уста, вилица (на човек).
Англиски: trap Албански: turin

мушичка повеќе

мн. мушички
Вид збор: Именка, женски род
глупости
Англиски: nonsense Албански: miza në kokë, marri
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш