Преносно значење - категорија

каба повеќе

Вид збор: Придавка
(за човек) неотпорен, неиздржлив
Турски: kaba

кабинетски повеќе

кабинетскиот
Вид збор: Придавка
Без допир cо животната стварност, што се создава во кабинет.

кавалер повеќе

мн. кавалери
Вид збор: Именка, машки род
Маж што кон жените се однесува воспитано, услужно; придружник на дама при средби со танцување.
Англиски: companion Албански: kavalier

кавти повеќе

кавтат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се кавти) За костени и други растенија чии плодови сами се отвораат.
Англиски: burst Албански: qëroj

кадела повеќе

мн. кадели
Вид збор: Именка, женски род
Густо собрани влакна на коса, брада и сл.
Англиски: ruffle Албански: tuf me qime

кадифен повеќе

кадифениот
Вид збор: Придавка
мек, топол
Англиски: soft

кадра повеќе

мн. кадри
Вид збор: Именка, женски род
Што личи, што е сличен на кадра.
Англиски: curl Албански: dredhë

кадрав повеќе

кадрави
Вид збор: Придавка
Што личи на кадра.
Англиски: curly

казан повеќе

мн. казани
Вид збор: Именка, машки род
Заедничка, масовна исхрана што ја организира некоја официјална установа.
Англиски: meal Турски: kazan Албански: kazan

казуистика повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Докажување што се засновува врз одделни случаи кои без основа се обопштуваат и доведуваат до извртување на вистината.
Англиски: casuistry Албански: kazuistika

кал повеќе

(едн.) калта
Вид збор: Именка, женски род
беда, мизерија
Англиски: misery Албански: mizeri, varfëri

каламбур повеќе

мн. каламбури
Вид збор: Именка, машки род
збрка, метеж, неред
Англиски: calamity Албански: tollovi

калап повеќе

мн. калапи
Вид збор: Именка, машки род
модел, шаблон, пример
Англиски: model Албански: model

калапи повеќе

калапат
Вид збор: Глагол, несвршен
Реди, собира карти (во игра со карти); пари, штеди и сл.
Англиски: stack Албански: rradhit në pirg, vandak

калеидоскоп повеќе

мн. калеидоскопи
Вид збор: Именка, машки род
Множество од различни слики, впечатоци и сл. што брзо доаѓаат и поминуваат.
Англиски: kaleidoscope Албански: kaleidoskop

кален повеќе

калени
Вид збор: Придавка
Што е јак, издржлив, отпорен.
Англиски: hardened

кали повеќе

калат
Вид збор: Глагол, несвршен
Го прави цврст, способен за поднесување на тешкотии.
Англиски: harden Албански: kalit, ngurtësoj

калибар повеќе

мн. калибри
Вид збор: Именка, машки род
вредност, квалитет, ранг, класа
Англиски: caliber Албански: kalibër, kualitet

калкулатор повеќе

мн. калкулатори
Вид збор: Именка, машки род
Лице што добро си ги пресметува своите шанси.
Англиски: calculator Албански: kallkulatriçe

калкулација повеќе

мн. калкулации
Вид збор: Именка, женски род
намера, план, комбинација
Англиски: intention Албански: qëllim, synim

калкулира повеќе

калкулираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Предвиди, предвидува; испланира, планира.
Англиски: calculate Албански: kalkuloj

камата повеќе

мн. камати
Вид збор: Именка, женски род
корист, добивка
Англиски: profit Албански: fitim

камбански повеќе

Види и: камбана (ж.)
камбанскиот
Вид збор: Придавка
Што е во врска со камбана.
Албански: vështrim

камелеон повеќе

мн. камелеони
Вид збор: Именка, машки род
Човек што го менува своето мислење и однеcување според околностите, потребите.
Англиски: chameleon Албански: kameleon

каменее повеќе

каменеат
Вид збор: Глагол, несвршен
Станува неподвижен.
Англиски: immobilize Албански: i palëvizshëm

каменит повеќе

каменитиот
Вид збор: Придавка
Полн со тешкотии.
Англиски: troublesome Албански: i mundimshëm

камикаѕе повеќе

мн. камикаѕи
Вид збор: Именка, машки род
Терористи што уништуваат некој објект со експлозив врзан за нивното тело.
Англиски: terrorist Албански: kamikaz, terrorist
Секој што свесно подготвува самоуништувачки дејствија.
Англиски: suicidal assassin Албански: vrasës vetëvrasës

камуфлажа повеќе

мн. камуфлажи
Вид збор: Именка, женски род
Прикривање, маскирање на нешто.
Англиски: cover up Албански: maskim, kamuflim
Лажно претставување, прикривање на вистината.
Англиски: cover Албански: kamuflim, maskim

камуфлира повеќе

камуфлираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Лажно претстави, претставува; ја крие, сокрие вистината.
Англиски: disguise Француски: camouflage Албански: kamuflon, fsheh
(се камуфлира) Лажно се прикаже, прикажува, се сокрие, крие.
Англиски: disguise Француски: camouflage Албански: kamuflohet, fshihet

канал повеќе

мн. канали
Вид збор: Именка, машки род
Долгнавеста, цевчеста шуплина во организмот низ која минуваат или во која се наоѓаат одредени материи.
Англиски: tract Албански: trakt, kanal

канализација повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Насочување, канализирање.
Англиски: channeling Албански: kanalizim

канализира повеќе

канализираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Даде, дава правец, насочи, насочува во добар правец.
Англиски: channel

канибализам повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
свирепост, ѕверство
Англиски: cruelty Албански: kanibalizëm, egërsi

канон повеќе

мн. канони
Вид збор: Именка, машки род
Збир на правила, норма, принцип во некој уметнички правец, творештво, учење и сл.
Англиски: canon Албански: kanon

канонада повеќе

мн. канонади
Вид збор: Именка, женски род
Непрекинат, силен, заглушувачки шум од звуци, извици и сл.
Англиски: cannonade Албански: kanonadë

канонизација повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
озаконување, нормирање, канонизирање
Англиски: canonization Албански: kanonizim

канџа повеќе

мн. канџи
Вид збор: Именка, женски род
Несреќа, лице или ситуација од која тешко може да се ослободи, да се откачи.
Англиски: grip Албански: kthetër

капа повеќе

мн. капи
Вид збор: Именка, женски род
Тоа што го покрива врвот на нешто, што се наоѓа над нешто, одозгора.
Англиски: tip Албански: majë

капавица повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Човек што е многу настојчив да го добие тоа што го сака, здодевен човек.
Англиски: bore Албански: i mërzitshëm

капак повеќе

мн. капаци
Вид збор: Именка, машки род
Крај на нешто.
Англиски: top Албански: kapak, fund

капан повеќе

мн. капани
Вид збор: Именка, машки род
замка, клопка, стапица
Англиски: trap Турски: kapan Албански: kurth

капариса повеќе

капарисаат
Вид збор: Глагол, свршен
обезбеди, обезбедува
Англиски: secure Албански: kaparoj, siguroj

капацитет повеќе

мн. капацитети
Вид збор: Именка, машки род
Човек со големи способности и големо знаење за дадена област.
Англиски: specialist Албански: kapacitet, specialist

капе повеќе

капат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
За лисје, цвет, плод на дрво - паѓа.
Англиски: fall Албански: bie
За пари, добивка - пристигнува по малку, но постојано.
Албански: merr
Работи без прекин, се мачи.
Англиски: toil

капитал повеќе

мн. капитали
Вид збор: Именка, машки род
Тоа што претставува вредност да cе има.
Англиски: capital Албански: kapital

капитулација повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Прекин, отcтапување од понатамошна борба (во конфликт, кавга со некого); признавање на сопствената слабост, немоќ.
Англиски: capitulation Албански: kapitulim

капитулира повеќе

капитулираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Отстапи, отстапува од понатамошна борба (во кавга, конфликт, натпревар); отстапи, отстапува пред тешкотиите; признае, признава сопствена слабост, немоќ.
Англиски: capitulate Албански: kapituloj

капка повеќе

мн. капки
Вид збор: Именка, женски род
Многу мал дел од нешто.
Англиски: drop Албански: pikë

капне повеќе

капнат
Вид збор: Глагол, свршен
За пари, добивка - пристига по малку, но постојано.
Албански: pikon

карамбол повеќе

мн. карамболи
Вид збор: Именка, машки род
судир, конфликт
Англиски: crash Албански: karambol, konflikt

карантин повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Изолиран престој на спортисти пред важно натпреварување.
Англиски: seclusion Албански: izolim, karantinë

карикатура повеќе

мн. карикатури
Вид збор: Именка, женски род
Смешна сличност со тоа што требало да биде; нешто искривено, изобличено, лошо направено.
Англиски: caricature Албански: karikaturë

карпа повеќе

мн. карпи
Вид збор: Именка, женски род
Голем, силен, издржлив човек.
Англиски: rock Албански: shkëmb, krep

карпест повеќе

карпестиот
Вид збор: Придавка
За човек - што е голем, силен, издржлив.

картел повеќе

мн. картели
Вид збор: Именка, машки род
сојуз, здружување
Англиски: pool Албански: kartel, union

каса повеќе

касаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Зајадува, навредува, боцка некого со зборови.
Англиски: gibe Албански: kafshoj, therrë
За студ - нанесува остра дразба, штипе.
Англиски: bite Албански: shpoj, ha

касапи повеќе

касапат
Вид збор: Глагол, несвршен
Коле и убива луѓе.
Англиски: butcher Албански: kasapit
Дава многу негативна оцена за нешто; запустува, уништува некое дело.
Англиски: butcher Албански: kasapit, pres

касапница повеќе

мн. касапници
Вид збор: Именка, женски род
Масовно убивање луѓе.
Англиски: slaughter Албански: therje, kasaphane

каска повеќе

каскаат
Вид збор: Глагол, несвршен
доцни, заостанува
Англиски: trot Албански: vonohet

каскада повеќе

мн. каскади
Вид збор: Именка, женски род
Опасна сцена во која има многу паѓање, превртување од коњ, автомобил во движење и сл.
Албански: kaskadë, skenë e rrezikshme

касне повеќе

каснат
Вид збор: Глагол, свршен
Зајаде, навреди, боцне некого со зборови.
Англиски: bite Албански: pickon, shpon

каста повеќе

мн. касти
Вид збор: Именка, женски род
Затворена општествена група што ги чува своите позиции, привилегии.
Англиски: caste Албански: kastë

кастри повеќе

кастрат
Вид збор: Глагол, несвршен
Скуси, ограничи нешто.
Англиски: shorten Албански: shkurtoj
Кара, укорува некого.
Англиски: reprimand Албански: qorton

катаклизма повеќе

мн. катаклизми
Вид збор: Именка, женски род
Остра промена во општествениот живот, преврат, пресврт со лоши последици.
Англиски: catastrophe Албански: katastrofë

катакомба повеќе

мн. катакомби
Вид збор: Именка, женски род
Мрачно место.
Англиски: catacomb Албански: katakamb, vend i errët

катализатор повеќе

мн. катализатори
Вид збор: Именка, машки род
Појава, процес, фактор што внесува ред и согласност во некакви односи и сл.
Англиски: catalyst Албански: katalizator

катана повеќе

Вид збор: Именка, женски род
крупна жена
Албански: grua e madhe

Катанга повеќе

Вид збор: Име
хаос, неред, башибозук
Англиски: disarray

кафез повеќе

мн. кафези
Вид збор: Именка, машки род
Просторија за чување, затворање на диви животни.
Англиски: cage Турски: kafes Албански: kafaz

качи повеќе

качат
Вид збор: Глагол, свршен
Повиши температура, зголеми цена, тежина.
Англиски: increase Албански: rrit, hip

каша повеќе

мн. каши
Вид збор: Именка, женски род
Густа смеса добиена од сомелено овошје, зеленчук.
Англиски: mush Албански: qull
Маса добиена cо мешање на прав или парчиња од некоја супстанција со течност.
Англиски: slush Албански: qull

кашав повеќе

кашавиот
Вид збор: Придавка
Што е слаб, мек, неиздржлив.
Англиски: soft

кашира повеќе

кашираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Сокрие нешто.
Англиски: cover up Албански: fsheh

кашла повеќе

кашлаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Произведува звук сличен на кашлица.
Англиски: cough Албански: kollitet

квака повеќе

мн. кваки
Вид збор: Именка, женски род
Црти и рески - лошо напишани букви.
Англиски: scrawl Албански: shkarravinë

квечерина повеќе

мн. квечерини
Вид збор: Именка, женски род
Време непосредно пред некаков настан.
Англиски: dawn Албански: natë para ndonjë ngjarje

квичи повеќе

квичат
Вид збор: Глагол, несвршен
Испушта карактеристични звуци на квичење.
Англиски: squeak Албански: gërvin

кербер повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Тој што се става во улога на чувар на интересите на својот работодавец или претпоставен.
Англиски: Cerberus Албански: Kerber, i cili i mbron interesat e punëdhënësit

киклоп повеќе

мн. киклопи
Вид збор: Именка, машки род
Човек со голем раст и голема сила.
Англиски: giant Албански: kiklop, gjigant

килав повеќе

килавиот
Вид збор: Придавка
Што е лош, слаб.
Англиски: bad

километарски повеќе

километарскиот
Вид збор: Придавка
Што е многу долг.

кине повеќе

кинат
Вид збор: Глагол, несвршен
Нанесува некому голема физичка или психичка болка, мачи.
Англиски: break Албански: thyej, këpus
(се кине) Трпи голема физичка или психичка болка, мака, тага.
Англиски: torment Албански: vuaj, mundoj
(се кине) Премногу се труди околу некого или нешто, премногу работи.
Англиски: toil Албански: këputem, rraskapitem

кисел повеќе

киселиот
Вид збор: Придавка
Што е во лошо расположение, нерасположен, невесел.
Албански: i tharbët

кисели повеќе

киселат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се кисели) Е во лошо расположение, се лути.
Англиски: sour Албански: tharbem, hidhërohem

киселкав повеќе

киселкавиот
Вид збор: Придавка
Што е со лошо расположение.
Англиски: sour

киселост повеќе

(едн.) киселоста
Вид збор: Именка, женски род
нерасположеност
Англиски: indisposition Албански: indisponim, tharti

кислоса повеќе

кислосаат
Вид збор: Глагол, свршен
(се кислоса) Стане нерасположен, лут.
Англиски: sour Албански: tharbëtohet, hidhërohet

кисне повеќе

киснат
Вид збор: Глагол, несвршен
Престојува некаде подолго време без работа.
Англиски: waste time Албански: ngec

кити повеќе

китат
Вид збор: Глагол, несвршен
Употребува избрани зборови во говорот, пишувањето и сл.
Англиски: embroider Албански: stilizon

китка повеќе

мн. китки
Вид збор: Именка, женски род
Збирка од песни или стихотворби.
Англиски: anthology Албански: antologji, përmbledhje

китнест повеќе

китнестиот
Вид збор: Придавка
За говор, пишана реч, стил - што е украсен со убави, избрани зборови, фрази, изрази.
Албански: i zbukuruar

кичер повеќе

мн. кичери
Вид збор: Именка, машки род
Снопче коса изделена од другата коса.
Англиски: tuft Албански: tufë

клан повеќе

мн. кланови
Вид збор: Именка, машки род
Род, група, заедница поврзана со меѓусебните стопански, општествени, политички и други цели и интереcи.
Англиски: clan Албански: klan

кланица повеќе

мн. кланици
Вид збор: Именка, женски род
За време на војна - масовно убивање на луѓе.
Англиски: slaughter Албански: thertore, kasaphane

клања повеќе

клањаат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се клања) Искажува понизност, сервилност некому.
Англиски: kneel Албански: gjunjëzohem, lutem

клапа повеќе

клапаат
Вид збор: Глагол, несвршен
дрдори
Англиски: blab

клапне повеќе

клапнат
Вид збор: Глагол, свршен
Падне, напласти, се задржи долго, заседне на подолго време.
Англиски: fall Албански: bie, rrëzohem

клекне повеќе

клекнат
Вид збор: Глагол, свршен
Cе потчини, се покори некому.
Англиски: submit Албански: parashtroj

клен повеќе

мн. кленови
Вид збор: Именка, машки род
Глуп човек.
Англиски: jerk Албански: torollak

клепа повеќе

клепаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Многу зборува, дрдори, ломоти.
Англиски: chatter Албански: llomotis
Пишува невешто, прави стихови без инспирација.
Албански: pastërvitur
клевети
Англиски: slander Албански: shpif

клепало повеќе

мн. клепала
Вид збор: Именка, среден род
дрдорко
Англиски: blabber Албански: llafazan

клепач повеќе

мн. клепачи
Вид збор: Именка, машки род
клеветник
Англиски: slanderer Албански: përgojues

клепне повеќе

клепнат
Вид збор: Глагол, свршен
Удри, тресне некого.
Англиски: hit Албански: godas, bie, q;lloj

клетка повеќе

мн. клетки
Вид збор: Именка, женски род
Секој дел како градбена единица на нешто.
Англиски: cell Албански: celul, qelizë

клечи повеќе

Види и: клекне (св.)
клечат
Вид збор: Глагол, несвршен
Стои cо свиткани колена, без да се потпира на земјата.
Англиски: squat Албански: galiç
Се потчинува, се покорува некому, моли некого.
Англиски: subdue Албански: gjunjëzoj

клечка повеќе

мн. клечки
Вид збор: Именка, женски род
Многу слаб човек.
Англиски: stick Албански: thupër

клима повеќе

(едн.) климата
Вид збор: Именка, женски род
Состојба, атмосфера, околности.
Англиски: climate Албански: klimë, atmosferë

клише повеќе

мн. клишеа
Вид збор: Именка, среден род
Претерано користен, банален начин на работа, на изразување, стереотипна фраза.
Англиски: cliché Француски: cliché Албански: klishe

клобурец повеќе

мн. клобурци
Вид збор: Именка, машки род
Нешто во форма на клобурец, што личи на клобурец.
Англиски: bubble Албански: flluskë

кловн повеќе

мн. кловнови
Вид збор: Именка, машки род
Лице што се однесува несериозно.
Англиски: clown Албански: palaço, kloun

клони повеќе

клонат
Вид збор: Глагол, несвршен
Тежнее, се стреми кон нешто.
Англиски: yearn Албански: synoj

клонира повеќе

клонираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Обликува според образец.
Англиски: copy Албански: kopjoj, klonoj

клопа повеќе

клопаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Лакомо јаде, лапа.
Англиски: gulp Албански: glënjkë, gëlltis

клопак повеќе

мн. клопаци
Вид збор: Именка, машки род
Тоа што има, што добива форма на клопак.
Албански: lëmsh

клопче повеќе

мн. клопчиња
Вид збор: Именка, среден род
Што е cо форма на клопче, што личи на клопче.
Англиски: clew Албански: lëmsh

клоца повеќе

клоцаат
Вид збор: Глагол, несвршен
За човек - удира, кошка со нога, удира со клоци.
Англиски: kick Албански: shkelmon

клука повеќе

клукаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Постојано нешто зборува, кажува.
Англиски: feed Албански: ushqen

клун повеќе

мн. клунови
Вид збор: Именка, машки род
Тоа што по својата форма личи на птичји клун.
Англиски: bow Албански: hark
уста
Англиски: mouth Албански: gojë

клуч повеќе

мн. клучеви
Вид збор: Именка, машки род
Утврден броен однос според кој меѓу членовите на некоја заедница cе одредува учеството во нешто; пропорција.
Англиски: ratio Албански: çelës, rotacion
Средство, начин за решавање на некој проблем, за поcтигнување на некоја цел; решавачки фактор.
Англиски: solution Албански: çelës, zgjidhje

кобила повеќе

мн. кобили
Вид збор: Именка, женски род
Груба, несмасна или вулгарна жена.
Албански: pelë, grua brutale

ков повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Карактер, начин на живот.
Англиски: sort Албански: lloj, karakter

ковачница повеќе

мн. ковачници
Вид збор: Именка, женски род
Место каде што се создава нешто.
Англиски: forge Албански: farkatari

кове повеќе

коват
Вид збор: Глагол, несвршен
Создава, подготвува, смислува нешто (план, заговор, зборови).
Англиски: forge Албански: krijon

кожодер повеќе

мн. кожодери
Вид збор: Именка, машки род
Тој што наплатува повеќе, што пљачка.
Англиски: scalper Албански: rrjepës

кожурец повеќе

мн. кожурци
Вид збор: Именка, машки род
Што личи на кожурец по своите психички или ментални карактеристики.
Англиски: cocoon Албански: fshikëz, gëzhojë

кокетира повеќе

кокетираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Употреби, употребува нешто за да остави определен впечаток.
Англиски: flirt Француски: coqueter Албански: flirtoj

кокодака повеќе

кокодакаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Зборува гласно за неважни работи.
Англиски: gabble Албански: bërbëlit

кокори повеќе

кокорат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се кокори) Се прави важен, се дуе.
Англиски: puff up Албански: fryhet

кокошарник повеќе

мн. кокошарници
Вид збор: Именка, машки род
мала, тесна куќа
Англиски: shed Албански: kotec, shpi e vogël

коктел повеќе

мн. коктели
Вид збор: Именка, машки род
Мешавина од многу нешта.
Англиски: mixture Албански: koktej, përzierje

колапс повеќе

(едн.) колапсот
Вид збор: Именка, машки род
Пропаѓање (во економијата, во стопанството).
Англиски: collapse Албански: shkatërrim, rënie

колве повеќе

колват
Вид збор: Глагол, несвршен
За птица - удира, чука со клунот.
Англиски: peck Албански: çukis
Постојано спомнува некому нешто едно и исто.
Англиски: peck Албански: çukis

коле повеќе

колат
Вид збор: Глагол, несвршен
За чувство - мачи, измачува.
Англиски: torment Албански: mundon

коледар повеќе

мн. коледари
Вид збор: Именка, машки род
Лице што многу шета.

коледува повеќе

коледуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Шета многу, скита.

колеж повеќе

мн. колежи
Вид збор: Именка, машки род
Масовно убивање (на пример во војна).
Англиски: slaughter Албански: therje, kërdi, masakër

коленичи повеќе

коленичат
Вид збор: Глагол, несвршен
Моли некого за нешто.
Англиски: beg Албански: lus në gjuj
Покажува покорност, понизност пред некого.
Англиски: submit Албански: gjunjëzoj

колено повеќе

мн. колена
Вид збор: Именка, среден род
Род, степен на сродство.
Англиски: relationship Албански: brez
поколение, генерација
Англиски: generation Албански: brez, gjeneratë

колепка повеќе

мн. колепки
Вид збор: Именка, женски род
Место на раѓање, место на настанување, крај од каде што нешто потекнува, роден крај, татковина.
Англиски: cradle Албански: djep

колиба повеќе

мн. колиби
Вид збор: Именка, женски род
Мало бедно живеалиште.
Англиски: shack Албански: klasollë

колибар повеќе

мн. колибари
Вид збор: Именка, машки род
сиромав човек
Англиски: prole Албански: njeri i varfër

колорит повеќе

(едн. ) колоритот
Вид збор: Именка, машки род
Збир на надворешни обележја на некое уметничко дело, на еден крај, на некоја епоха итн.
Англиски: feature Албански: kolorit

колос повеќе

мн. колоси
Вид збор: Именка, машки род
Тој или тоа што се истакнува со својата големина, важност, значење.
Англиски: colossus Албански: kolos

колосек повеќе

мн. колосеци
Вид збор: Именка, машки род
Обичен, вообичаен тек на животот, нормален тек на нешто.
Англиски: track Албански: binar

колпортира повеќе

Види и: колпортер (м.)
колпортираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Нуди, шири непроверени информации.
Англиски: spread Француски: colporter

комбинација повеќе

мн. комбинации
Вид збор: Именка, женски род
маневра, итрина, досетливост
Англиски: combination Албански: kombinim

комедија повеќе

мн. комедии
Вид збор: Именка, женски род
Смешна случка, комична ситуација.
Англиски: comical situation Албански: situatë komike

комерцијален повеќе

комерцијални
Вид збор: Придавка
Што е пресметан да донесе добивка, а е без други квалитети (естетски, уметнички).
Англиски: commercial Албански: komercial

комодитет повеќе

комодитетот
Вид збор: Именка, машки род
безгрижност
Англиски: carelessness Албански: rahati

компањон повеќе

мн. компањони
Вид збор: Именка, машки род
Лош, непосакуван придружник.
Англиски: companion Албански: kompanjon, i keq

компас повеќе

мн. компаси
Вид збор: Именка, машки род
Тоа што служи за ориентација, за насочување.
Англиски: orientation Албански: busull, orientim

компир повеќе

мн. компири
Вид збор: Именка, машки род
Подземен орган на растение, најчесто украсно што личи на компир, што има форма на компир.
Англиски: bulb Албански: zhardhok

комплетен повеќе

комплетни
Вид збор: Придавка
На кој, на што не може да му се забележи.
Англиски: perfect

конзерва повеќе

мн. конзерви
Вид збор: Именка, женски род
Храна ставена во соодветен херметички затворен сад за долга трајност.
Англиски: preserve Албански: konservë

конзистентен повеќе

конзистентни
Вид збор: Придавка
постојан, доследен
Англиски: consistent

констелација повеќе

мн. констелации
Вид збор: Именка, женски род
Стек на околности, меѓусебен однос.
Англиски: constellation Албански: konstellacion, raport i ndërsjell

конструкција повеќе

мн. конструкции
Вид збор: Именка, женски род
Самоволно, искривено пренеcување на туѓо искажување, текст; неточно претставување на определен настан, состојба.
Англиски: misrepresentation Албански: krijim

контрола повеќе

мн. контроли
Вид збор: Именка, женски род
Моќ, власт над нешто.
Англиски: control

коњ повеќе

мн. коњи
Вид збор: Именка, машки род
коњска сила
Англиски: horsepower Албански: kalë-fuqi

копа повеќе

копаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Бара податоци, факти; пребарува, проучува.
Англиски: dig Албански: gërmoj

копелка повеќе

копелкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
дразни
Англиски: irritate Албански: ngaxmoj

копиле повеќе

мн. копилиња
Вид збор: Именка, среден род
никаквец
Англиски: bastard Албански: kopil, bastard, mangup

копилјана повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Распуштени, невоспитани деца.
Англиски: bastards Албански: kopila, mangupa, bastarda

копка повеќе

Види и: копа (несв.)
копкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Предизвикува силно љубопитство кај некого.
Англиски: make curious Албански: bëhem kurioz

копнее повеќе

копнеат
Вид збор: Глагол, несвршен
Чувствува силна желба за некого или по нешто.
Англиски: yearn Албански: kam mall, më merr malli

копни повеќе

копнат
Вид збор: Глагол, несвршен
За човек - тагува, слабее.
Англиски: yearn Албански: kam brenga, mall

корав повеќе

коравиот
Вид збор: Придавка
бесчувствителен, неумолив, тврд
Англиски: heartless

корен повеќе

мн. корени
Вид збор: Именка, машки род
За цвеќе, зеленчук и дрво - именување на целото растение како единица.
Англиски: stem Албански: trung
Почеток на нешто.
Англиски: origin Албански: origjin, burim

кореографира повеќе

кореографираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
манипулира, намести
Англиски: choreograph

кормилар повеќе

мн. кормилари
Вид збор: Именка, машки род
управувач, раководител
Англиски: helmsman Албански: timonier, drejtues

кормило повеќе

мн. кормила
Вид збор: Именка, среден род
управување, раководство, власт
Англиски: control Албански: drejtim, pushtet

корне повеќе

корнат
Вид збор: Глагол, несвршен
измачува
Англиски: torment Албански: mundoj, torturoj

коси повеќе

косат
Вид збор: Глагол, несвршен
Убива масовно.
Англиски: mow Албански: kosit
За ветер - носи со сета сила.
Англиски: mow Албански: fryn

коска повеќе

мн. коски
Вид збор: Именка, женски род
Многу јако, многу квалитетно, многу добро изработено.
Англиски: tough Албански: koc, fortë

костреши повеќе

(се) кострешат
Вид збор: Глагол, несвршен
Покажува надменост, сила.
Англиски: puff up Албански: mendjemadhësi, kryenaltësi
Се возбудува, се срди за нешто.
Англиски: annoy Албански: zemëroj, tërqethem

костур повеќе

мн. костури
Вид збор: Именка, машки род
Многу слаб човек.
Англиски: skeleton Албански: skelet
Тоа што служи како основа за понатамошна работа, главни црти на нешто.
Англиски: skeleton Албански: skelet

кот повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Бесчувствителен човек, изрод.
Албански: pjellë e keqe, përbindësh

котира повеќе

(се) котираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
(се котира) Има вредност во очите на јавноcта, во определени кругови.
Англиски: value Албански: kuoton

кохезија повеќе

(едн.) кохезијата
Вид збор: Именка, женски род
Поврзаност, привлечност што владее во група луѓе.
Англиски: cohesion Албански: kohezion

коцка повеќе

(се) коцкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се излага на опасност, ризикува.
Англиски: gamble Албански: rrezikoj

кочан повеќе

мн. кочани
Вид збор: Именка, машки род
Корен на опашка и сл.
Англиски: root Турски: koçan Албански: rrënjë

кочи повеќе

кочат
Вид збор: Глагол, несвршен
Сопира развој на нешто; задржува, спречува.
Англиски: inhibit

кочина повеќе

мн. кочини
Вид збор: Именка, женски род
Нечисто и неуредно место.
Англиски: pigsty Албански: stallë derrash

кочница повеќе

мн. кочници
Вид збор: Именка, женски род
Пречка во развојот на нешто.
Англиски: obstacle Албански: pengesë

кошка повеќе

кошкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
поттурнува, омаловажува
Англиски: scuffle Албански: denigroj
(се кошка) Се кара, живее во неслога.
Англиски: quarrel Албански: grindem

кошмар повеќе

мн. кошмари
Вид збор: Именка, машки род
Тешко, страшно доживување.
Англиски: shock Албански: shok, ankth

кравај повеќе

мн. краваи
Вид збор: Именка, машки род
Вид пита, преснец.
Албански: lloj pite

краен повеќе

крајни
Вид збор: Придавка
Што е вонреден, исклучителен, необичен, што е силно пројавен, максимален.
Англиски: extreme

крај повеќе

мн. краеви
Вид збор: Именка, машки род
(едн.) смрт
Англиски: dead

крал повеќе

мн. кралеви
Вид збор: Именка, машки род
Голем познавач, мајстор, најголем претставник во некоја област.
Англиски: master Турски: kral Албански: mbret, mjeshtër

кралица повеќе

Види и: крал (м.)
мн. кралици
Вид збор: Именка, женски род
Највпечатлива жена во некоја област или на некое место.
Англиски: queen Турски: kraliçe Албански: mbretëreshë
шаховска фигура
Англиски: queen Албански: mbretëreshë

кралство повеќе

мн. кралства
Вид збор: Именка, среден род
владарство, владение
Англиски: rule Албански: mbretëri, sundim

кранта повеќе

мн. кранти
Вид збор: Именка, женски род
Тромав човек.
Англиски: drip Албански: njeri i plogët, i ngadalshëm

краста повеќе

мн. красти
Вид збор: Именка, женски род
лоша навика
Англиски: bad habit Албански: dregëz, ves i keq

крастав повеќе

краставиот
Вид збор: Придавка
Што прилега на краста, лош, одвратен.
Англиски: bad

краток повеќе

кратки
Вид збор: Придавка
Што трае малку време, што не трае доволно долго.
Англиски: short

крв повеќе

мн. крвови
Вид збор: Именка, женски род
потомство, пород, потекло
Англиски: race Албански: gjak
Убиство, пролевање крв.
Англиски: vendetta Албански: gjak, gjakmarrje, vrasje

крвав повеќе

крвави
Вид збор: Придавка
Што е стекнат cо тешка мака, што е заработен со голем труд.
Англиски: hard Албански: me gjak
Што причинува болка, страдање, што е многу мачен.
Англиски: troublesome Албански: i dhimbshëm, i rëndë
немилосрден, строг
Англиски: merciless Албански: gjakpirës
Што е омрзнат, одвратен.
Англиски: disgusting Албански: i neveritshëm
Што личи на крв, што има боја на крв.
Англиски: bloody Албански: si gjaku

крвави повеќе

крвават
Вид збор: Глагол, несвршен
пати, страда
Англиски: suffer Албански: vuaj
Станува црвен, поруменува.
Англиски: redden Албански: skuqem

крвен повеќе

крвни
Вид збор: Придавка
Што произлегува од иcти предци, што е сроден по крв.
Англиски: kinsmanlike

крвник повеќе

мн. крвници
Вид збор: Именка, машки род
бездушен човек
Англиски: tormentor Албански: i pashpirt, persekutues

крвно повеќе

Вид збор: Прилог
Силно, многу јако.
Англиски: bloody

кревок повеќе

кревки
Вид збор: Придавка
нежен, слаб
Англиски: frail Албански: i brishtë

кредит повеќе

мн. кредити
Вид збор: Именка, машки род
Доверба што ја ужива некој во поглед на извршувањето на своите обврски.
Англиски: credit Албански: kredi, besim

кредо повеќе

мн. креда
Вид збор: Именка, среден род
Уверувања, принципи, начела искажани во кратка и јасна формулација.
Англиски: belief Албански: besim, dogmë

крека повеќе

крекаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Зборува на висок тон, вика.
Англиски: squeal Албански: krekos, flet me zë të lartë

крем повеќе

мн. кремови
Вид збор: Именка, машки род
Највисок, најодбран слој во општеството.
Англиски: cream Албански: krem, elitë

крепа повеќе

мн. крепи
Вид збор: Именка, женски род
Што личи на откршен камен, на карпа.
Англиски: hunk Албански: copë
тежина
Англиски: weight Албански: peshë, rëndësi

крепи повеќе

крепат
Вид збор: Глагол, несвршен
поддржува, штити
Англиски: support Албански: përkrah
(се крепи) Се поддржуваат еден со друг.
Англиски: support Албански: përkrahen
(се крепи) издржува, истрајува
Англиски: endure Албански: duroj

крепост повеќе

мн. крепости
Вид збор: Именка, женски род
поддршка, моќ
Англиски: support Албански: përkrahje, forcë

кретенизам повеќе

(едн.) кретенизмот
Вид збор: Именка, машки род
бесмислица, глупост
Англиски: nonsense Албански: marrëzi, budallallëk

кречетало повеќе

мн. кречетала
Вид збор: Именка, среден род
Тој што многу зборува.
Англиски: chatterbox Албански: fjalaman, llafazan

крие повеќе

кријат
Вид збор: Глагол, несвршен
Има, содржи (носи, поседува) во себе нешто што не се забележува веднаш.
Англиски: contain Албански: fsheh, përmban
(се крие, само 3. л.) Не се појавува веднаш; се наоѓа, е содржан во не толку забележлива форма.
Англиски: hide Албански: fshihet

крик повеќе

мн. крикови
Вид збор: Именка, машки род
Cилен, очаен израз на некое чувство.
Англиски: outcry Албански: thirrje, trend

крилат повеќе

крилатиот
Вид збор: Придавка
Што е брз како да има крилја; што се шири брзо како да го носат крилја.
Англиски: fast

крили повеќе

крилат
Вид збор: Глагол, несвршен
Мавта со нешто како со крилја.
Англиски: swing Албански: valvit
Се издига (духовно и морално) како cо крилја.
Англиски: rise Албански: ngritem

крило повеќе

мн. крилја
Вид збор: Именка, среден род
заштита
Англиски: protection Албански: përkrahje, krah

кристал повеќе

мн. кристали
Вид збор: Именка, машки род
Тоа што е како кристал.
Англиски: crystal Албански: kristale

кристален повеќе

кристалниот
Вид збор: Придавка
Што е чист; јасен, провиден, бистар.
Англиски: crystal-clear

кристализација повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Добивање постојани и определени облици.
Англиски: crystallization Албански: kristalizim

кристализира повеќе

кристализираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Утврди, утврдува нешто во постојан, во определен облик.
Англиски: crystallize Албански: kristalizoj
(се кристализира) Се изјасни, придобие јасен, конечен облик.
Англиски: clarify Албански: kristalizohet, qartësohet

кркне повеќе

кркнат
Вид збор: Глагол, свршен
Каже, проговори, отвори уста.
Англиски: say Албански: flas, çel gojën

кркушка повеќе

мн. кркушки
Вид збор: Именка, женски род
голема вошка
Англиски: bedbug Албански: morr i madh

крлеж повеќе

мн. крлежи
Вид збор: Именка, машки род
Тој што сака да живее на туѓа сметка.
Англиски: parasite Албански: parazit

крмнак повеќе

мн. крмнаци
Вид збор: Именка, машки род
Човек со лоши, ниски, валкани склоности.
Англиски: pig Албански: njeri derr, thi

кроеж повеќе

мн. кроежи
Вид збор: Именка, машки род
намера, план
Англиски: intention Албански: synim, plan

крои повеќе

кројат
Вид збор: Глагол, несвршен
Смислува нешто заради некоја цел.
Англиски: plan Албански: planifikoj

кромидарник повеќе

мн. кромидарници
Вид збор: Именка, машки род
Нешто со лош квалитет.
Англиски: junk Албански: diçka me kualitet të dobët

крпа повеќе

мн. крпи
Вид збор: Именка, женски род
Нешто што е старо, излитено, ветво; што не е за употреба.
Англиски: rag Албански: leckë

крпеж повеќе

мн. крпежи
Вид збор: Именка, машки род
Тоа што е набрзина, лошо направено, скрпено.
Албански: harnoj, diç e bërë shpejt

крпи повеќе

крпат
Вид збор: Глагол, несвршен
Тешко живее, живурка.
Англиски: survive Албански: arnoj, mbijetoj

крст повеќе

мн. крстови
Вид збор: Именка, машки род
Молитвен знак на христијаните со десната рака во облик на крст.
Англиски: cross Албански: kryqëzim

крстари повеќе

крстарат
Вид збор: Глагол, несвршен
Оди од место до место.
Англиски: cruise

крсти повеќе

крстат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Тури, тура вода во течност (вино, млеко).
Англиски: dilute Албански: holloj

крстопат повеќе

мн. крстопати
Вид збор: Именка, машки род
Решавачки момент во животот кога треба да се донесе некакво важно, судбоносно решение со избор на една можност.
Англиски: crossing Албански: udhëkryq, kryqëzim

круг повеќе

мн. кругови
Вид збор: Именка, машки род
Затворен синџир, ред, низа на дејства или на настани кои сите заедно претставуваат целоcт.
Англиски: sequence Албански: rend
Подрачје, сфера, област на некоја дејност.
Англиски: area Албански: zonë
Група луѓе здружени со некакви врски или интереси.
Албански: rreth
Професионална заедница на луѓе или некаква општествена средина.
Албански: rreth

кружи повеќе

кружат
Вид збор: Глагол, несвршен
Оди од место на место, од рака на рака, од човек на човек.
Англиски: circle Албански: qarkullon

круна повеќе

мн. круни
Вид збор: Именка, женски род
Највисок степен на нешто.
Англиски: crest Албански: kurorë, maje

круниса повеќе

крунисаат
Вид збор: Глагол, свршен
Заврши нешто успешно, се најде на врвот на нешто.
Англиски: crown Албански: kurorëzoj
(се круниса) Се заврши нешто успешно, има резултат од нешто.
Англиски: crown Албански: kurorëzohet

крунски повеќе

Види и: круна (ж.)
крунскиот
Вид збор: Придавка
важен, врвен
Примери:
крунски сведок

крут повеќе

крутиот
Вид збор: Придавка
Што е претерано строг; што е неприспособлив.
Англиски: inflexible

крчми повеќе

крчмат
Вид збор: Глагол, несвршен
Троши неразумно, без потреба, лесно растура што било cпечалено.
Англиски: waste Албански: harxhon pa nevojë

крши повеќе

кршат
Вид збор: Глагол, несвршен
Не се придржува кон обичај, договор, норма, закон.
Англиски: break Албански: thej, prish
(се крши) се двоуми, се колеба
Англиски: waver Албански: luhatem

кршка повеќе

кршкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Не е верен, изневерува.
Англиски: cheat Албански: lakoj, mashtroj

кршканица повеќе

мн. кршканици
Вид збор: Именка, женски род
Застранување, измрдување.
Албански: devijim

кршлив повеќе

кршливиот
Вид збор: Придавка
Што е слаб по карактер.
Англиски: vulnerable

кубне повеќе

кубнат
Вид збор: Глагол, свршен
Земе, грабне нешто малку од некого.
Англиски: grab Албански: grabis

кујна повеќе

мн. кујни
Вид збор: Именка, женски род
Подготвување, меcтење нешто во затворен круг, изведување некаква измама.
Англиски: kitchen Албански: kuzhinë

кукавица повеќе

мн. кукавици
Вид збор: Именка, женски род
Јадна женска особа, што е за жалење.
Англиски: wretch Албански: qyqe
плашлив човек
Англиски: coward Албански: qyqar, frikacak

кукла повеќе

мн. кукли
Вид збор: Именка, женски род
Човек со кој управува друг.
Англиски: marionette Турски: kukla Албански: masrionet
Назив за обраќање.
Англиски: doll Албански: kukllo

кукне повеќе

кукнат
Вид збор: Глагол, свршен
Остане некаде долго не по своја желба, окапе некаде.
Англиски: rot Албански: kalbem ndejturi
се роди
Англиски: born Албански: lind

кукумјавка повеќе

мн. кукумјавки
Вид збор: Именка, женски род
Личност што постојано кука, коби, претскажува зло.
Албански: herëkeqe

култ повеќе

мн. култови
Вид збор: Именка, машки род
Обожавање, извонредна почит кон некого или нешто.
Англиски: cult Албански: kult

култен повеќе

култниот
Вид збор: Придавка
Што е многу познат, широко прифатен во јавноста.
Англиски: cultic

кулук повеќе

мн. кулуци
Вид збор: Именка, машки род
Многу напорна, тешка работа.
Англиски: toil Албански: punë e rëndë

кулукува повеќе

Види и: кулук (м.)
кулукуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Работи тешка работа.
Англиски: toil Албански: punon punë të rëndë

кум повеќе

мн. кумови
Вид збор: Именка, машки род
Носител на организирањето обредна или традиционална народна прослава.
Албански: kumbar
Лице што дало придонес во разрешување некаква ситуација.
Англиски: father Албански: baba

кумир повеќе

мн. кумири
Вид збор: Именка, машки род
Предмет на обожавање, на одушевено поклонување.
Англиски: idol Албански: idhul, idol

кумува повеќе

кумуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Придонесува за извршувањето на некоја лоша работа, учествува во нешто лошо.
Албански: jam kumbar, pjesëtar i një pune të ligë

куп повеќе

мн. купови
Вид збор: Именка, машки род
Многу луѓе во заедничко дејствување, движење, присуство.
Англиски: crowd Албански: grup

купечки повеќе

купечкиот
Вид збор: Придавка
Што е туѓ.
Англиски: foreign

купи повеќе

купат
Вид збор: Глагол, свршен
научи, усвои
Англиски: appropriate Албански: përvetësoj, blej

курва повеќе

мн. курви
Вид збор: Именка, женски род
неверна жена
Англиски: unfaithful woman Албански: lavire
Човек на кој не може да му се верува, бескарактерен човек.
Англиски: untrustworthy person Албански: njeri pa karakter, lavir

курдиса повеќе

курдисаат
Вид збор: Глагол, свршен
организира, наговори
Англиски: persuade Албански: organizoj, bind

куршлус повеќе

мн. куршлуси
Вид збор: Именка, машки род
(само едн.) несогласување, расправија
Англиски: brawl Германски: Kurzschluss Албански: grindje

кусоглед повеќе

кусогледиот
Вид збор: Придавка
Што нема способност да го предвидува текот на работите.
Англиски: shortsighted

кусогледост повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Што не ги гледа работите однапред, пред да се случат, што не предвидува како ќе се одвива некој настан.
Англиски: nearsightedness Албански: shkurtpamësi

кутне повеќе

кутнат
Вид збор: Глагол, свршен
убие
Англиски: kill Албански: vras

куќа повеќе

мн. куќи
Вид збор: Именка, женски род
Тоа што служи како живеалиште.
Англиски: dwelling Албански: vendbanim
Род, семејство, домаќинство, родителски дом.
Англиски: home Албански: shtëpi të prindërve
установа, претпријатие, фирма
Англиски: house Албански: firmë

куца повеќе

куцаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Слабо напредува, не покажува добар резултат.
Англиски: lag Албански: çaloj, mbetem pas

куче повеќе

мн. кучиња
Вид збор: Именка, среден род
Лош човек, крвник, проклетник.
Англиски: villain

кучка повеќе

мн. кучки
Вид збор: Именка, женски род
Зла, лоша, погана жена.
Англиски: bitch Албански: bushtër, kudër

кучкин повеќе

Види и: кучка (ж.)
кучкиниот
Вид збор: Придавка
проклет, поган
Англиски: damned
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш