Преносно значење - категорија

ибрик повеќе

мн. ибрици
Вид збор: Именка, машки род
За машко лице - глупак, будала.
Англиски: fool Албански: torollak

игла повеќе

мн. игли
Вид збор: Именка, женски род
Остра болка, чувство на боцкање.
Англиски: sting Албански: therrje, thumbim

игличка повеќе

мн. иглички
Вид збор: Именка, машки род
(обично во мн.) Водени честички, налепени околу некаков предмет, во смрзната состојба.
Англиски: ice crystals Албански: kristal akulli

игра повеќе

мн. игри
Вид збор: Именка, женски род
Брзо придвижување на нешто.
Англиски: vibration Албански: dridhje

игра повеќе

играат
Вид збор: Глагол, несвршен
Привидно поигрува, мрда, трепери.
Англиски: quiver Албански: lëviz

играч повеќе

мн. играчи
Вид збор: Именка, машки род
Тој што добро, успешно се снаоѓа, што е вешт во политиката, во односите и промените во општествениот живот.
Албански: lojtar

играчка повеќе

мн. играчки
Вид збор: Именка, женски род
Работа што лесно може да се изврши, што не претставува тешкотија.
Англиски: toy Албански: lodër

иде повеќе

идат
Вид збор: Глагол, несвршен
За предмет - пристига, доаѓа однекаде на определен начин.
Англиски: arrive Албански: vij, arrij

идеалист повеќе

мн. идеалисти
Вид збор: Именка, машки род
Добронамерен, наивен, непрактичен човек.
Англиски: idealist Албански: idealist

идила повеќе

мн. идили
Вид збор: Именка, женски род
Среќен, безгрижен, хармоничен живот; слика на такви доживувања.
Англиски: idyll Албански: idilë

идолопоклоник повеќе

мн. идолопоклоници
Вид збор: Именка, машки род
Тој што на сервилен начин искажува почит кон некого или нешто.
Албански: idhujtar

идолопоклонство повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Сервилен начин на изразување почит кон некого или нешто.
Англиски: idolatry Албански: idhujtari

избие повеќе

избијат
Вид збор: Глагол, свршен
Се пробие напред, стигне на некое место.
Англиски: appear Албански: del në sipërfaqe

избледи повеќе

избледат
Вид збор: Глагол, свршен
Губи од својот интензитет, станува неизразит.
Албански: zbeh

изблик повеќе

мн. изблици
Вид збор: Именка, машки род
Излив на чувство, наеднаш.
Англиски: outpouring Албански: shpërthim

изблика повеќе

Види и: блика (несв.)
избликаат
Вид збор: Глагол, свршен
Се изрази силно, наеднаш.
Англиски: outpour Албански: shpërthej

избликне повеќе

избликнат
Вид збор: Глагол, свршен
Силно избие, наеднаш.
Англиски: outpour Албански: shpërthej, derdh

избрбешка повеќе

Види и: брбешка (несв.)
избрбешкаат
Вид збор: Глагол, свршен
Обложи колачи со шеќер, ореви и сл.
Англиски: strew Албански: zbus

избувне повеќе

избувнат
Вид збор: Глагол, свршен
Пројави, изрази силно чувство (возбуда, гнев).
Англиски: flare up Албански: shpërthej

избуричка повеќе

избуричкаат
Вид збор: Глагол, свршен
Измеша, збрка некоја работа.
Англиски: mix up Албански: përziej, tollovit

извалка повеќе

Види и: валка (несв.)
извалкаат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи некој да биде оцрнет, зборува, направи за некого да се мисли лошо, наклевети.
Англиски: slander Албански: shpif

извергла повеќе

Види и: вергла (несв.)
изверглаат
Вид збор: Глагол, свршен
вергла
Англиски: blab

изветрее повеќе

изветреат
Вид збор: Глагол, свршен
За човек - губи од своите умствени способности, обично од старост.
Англиски: stultify Албански: fshij

извира повеќе

извираат
Вид збор: Глагол, несвршен
Надоаѓа во голем број, многу.
Англиски: gush Албански: buron, del

извор повеќе

мн. извори
Вид збор: Именка, машки род
Основа, причина за некоја појава.
Англиски: cause

изврти повеќе

извртат
Вид збор: Глагол, свршен
(се изврти) Се нафрли на некого со зборови или со удари.
Албански: vërsul
(се изврти) Паѓа од високо со вртење.
Албански: bie

изгази повеќе

Види и: гази (несв.)
изгазат
Вид збор: Глагол, свршен
Крвнички тепа некого.
Англиски: clobber Албански: përgjakë

изголта повеќе

Види и: голта (несв.)
изголтаат
Вид збор: Глагол, свршен
претрпи, издржи
Англиски: suffer Албански: hjek, vuaj

изгор повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Многу силна љубов.
Англиски: love Албански: dashuri e flaktë

изгорен повеќе

Види и: изгори (св.)
изгорени
Вид збор: Придавка
Напатен, јаден, желен за нешто или за некого.
Англиски: burned

изгори повеќе

изгорат
Вид збор: Глагол, свршен
Се истроши во борба, неволја, тешкотии, се уништи.
Албански: mbyt
За човек - премногу се изложи на сонце.
Албански: djeg
За посев, земја - се исуши, остане без влага.
Албански: djeg
За слана - попари, уништи посев и сл.
Албански: përvloj
Силно пропати за нешто; љуби, пати по некого.
Англиски: suffer Албански: vuaj
Сака нешто.
Англиски: crave Албански: dëshiroj

изгради повеќе

Види и: гради (несв.)
изградат
Вид збор: Глагол, свршен
За човек - оспособи, направи некого доволно образован, стручен за нешто.
Англиски: build Албански: ndërtoj
Создаде, воспостави, оформи (за поими).
Англиски: create Албански: ndërtoj, krijoj
(се изгради) се оспособи
Англиски: build Албански: ndërtohem

изгрми повеќе

Види и: грми (несв.)
изгрмат
Вид збор: Глагол, свршен
Пукне од пушка, викне силно како да грми.
Англиски: bang Албански: krismë, kërset

изгуби повеќе

Види и: губи (несв.)
изгубат
Вид збор: Глагол, свршен
(се изгуби) Се занесе, стане неразумен, изгубен, дезориентиран.
Англиски: confuse Албански: humbet

изданок повеќе

мн. изданоци
Вид збор: Именка, машки род
Потомок, род, пород на едно семејство, фамилија, племе.
Англиски: branch Албански: pasardhës

издивне повеќе

издивнат
Вид збор: Глагол, свршен
умре
Англиски: die Албански: lëshoj frymë, vdes

издига повеќе

Види и: дига (несв.)
издигаат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Искупи, искупува се, до крај.
Англиски: empty Албански: zbraz

издигне повеќе

издигнат
Вид збор: Глагол, свршен
Крене, доведе над некоја поранешна ситуација, состојба, положба итн.
Англиски: elevate Албански: ngre
Крене високо.
Англиски: elevate Албански: lartësoj

издишувачка повеќе

мн. издишувачки
Вид збор: Именка, женски род
умирање
Англиски: dying Албански: vdekje

издрибла повеќе

Види и: дрибла (несв.)
издриблаат
Вид збор: Глагол, свршен
изигра, измами

издроби повеќе

издробат
Вид збор: Глагол, свршен
искрши
Англиски: break Албански: thej

издрсне повеќе

Види и: дрсне (св.)
издрснат
Вид збор: Глагол, свршен
Извади кошула надвор од панталони, стане неспастрен.
Албански: nxjerr

издува повеќе

издуваат
Вид збор: Глагол, свршен
(се издува) Изживее, надмине некој стадиум во развојот.
Албански: ripërjetoj

издудне повеќе

издуднат
Вид збор: Глагол, свршен
Роди дете.
Англиски: bear Албански: lind

изеде повеќе

Види и: јаде (несв.)
изедат
Вид збор: Глагол, свршен
За пари, имот - потроши.
Англиски: spend Албански: shpenzoj

изедник повеќе

мн. изедници
Вид збор: Именка, машки род
Тој што живее на туѓ грб.
Англиски: exploiter Албански: shfrytëzues

изигра повеќе

изиграат
Вид збор: Глагол, свршен
Излаже, постапи спротивно на договореното, на определен задолжителен акт.
Англиски: cheat Албански: gënjej

изјалови повеќе

(се) изјаловат
Вид збор: Глагол, свршен
Прави да стане нешто неуспешно, без резултат.
Англиски: thwart Албански: prishet
(се изјалови) Стане неуспешен, без резултат.
Англиски: become futile Албански: pa suskses, prishet

излае повеќе

излаат
Вид збор: Глагол, свршен
Избрбори, каже пред некого тоа што не треба да се знае.
Англиски: blab out Албански: llomotis

излее повеќе

излеат
Вид збор: Глагол, свршен
Им дава слободен замав или израз на своите чувства, расположби и сл.
Англиски: spill Албански: derdh
За светлосен извор: месечина, сонце - рашири светлина.
Англиски: spill Албански: hapërdaj

излез повеќе

мн. излези
Вид збор: Именка, машки род
Можност за решавање на одреден проблем.
Англиски: solution Албански: dalje, solucion

излезе повеќе

излезат
Вид збор: Глагол, свршен
Се извлече, се ослободи од некоја состојба, положба.
Англиски: extricate Албански: u çlirua
Испадне, се покаже како последица.
Албански: doli
се покажа
Англиски: come out Албански: dal

излета повеќе

излетаат
Вид збор: Глагол, свршен
Се движи многу брзо излегувајќи од некаде.
Англиски: run out Албански: dal, nxitoj
Каже нешто без да размисли, неконтролирано.
Англиски: rash Албански: i pamatur, i nxitur

излив повеќе

мн. изливи
Вид збор: Именка, машки род
Наплив на чувства.
Англиски: spill Албански: shpërthim, përmbytje

излитен повеќе

излитениот
Вид збор: Придавка
Банален, здодевен од повторување.
Англиски: boring

изложи повеќе

изложат
Вид збор: Глагол, свршен
Стави во неповолна положба.
Англиски: submit Албански: nënshtroj

излока повеќе

излокаат
Вид збор: Глагол, свршен
За човек - лакомо, дрчно, во поголемо количество испие.
Албански: thithë

измеси повеќе

Види и: меси (св. и несв.)
измесат
Вид збор: Глагол, свршен
Претепа некого.
Англиски: beat up Албански: rrah, ngjesh

измести повеќе

изместат
Вид збор: Глагол, свршен
(се измести) Се помести од умот, полуде.
Англиски: madden Албански: çmendem

изметок повеќе

мн. изметоци
Вид збор: Именка, машки род
Изрод, никаквец, лош, одвратен човек.
Англиски: monster Албански: gjigand

измеќар повеќе

мн. измеќари
Вид збор: Именка, машки род
Лице што оди против општите интереси, што тајно му служи на непријателот.
Англиски: quisling Турски: hizmetkâr Албански: shërbëtor, tradhtar

измолзе повеќе

измолзат
Вид збор: Глагол, свршен
Материјално искористи друго лице.
Англиски: misuse Албански: mjel, keqpërdorë

измолкне повеќе

измолкнат
Вид збор: Глагол, свршен
(се измолкне) Се извади, се извлече, се ослободи.
Англиски: slip Албански: dal, tërhiqem
(се измолкне) Брзо израсте, се извиши.
Англиски: grow fast Албански: zgjatem, rritem

измота повеќе

Види и: мота (несв.)
измотаат
Вид збор: Глагол, свршен
Лаже, мами некого.
Англиски: swindle Албански: gënjej, mashtroj

измрда повеќе

Види и: мрда (несв.)
измрдаат
Вид збор: Глагол, свршен
Се извлече од некоја договорена работа.
Англиски: evade Албански: shmang

измрси повеќе

измрсат
Вид збор: Глагол, свршен
Заплетка, мрси нешто до крај, целосно.
Англиски: entangle Албански: tollovit, përziej, ngatërroj

изнадраска повеќе

Види и: драска (несв.)
изнадраскаат
Вид збор: Глагол, свршен
Пишува многу без некој ред (и смисла), со лош ракопис, грубо.
Англиски: scratch Албански: gërvisht

изнакоти повеќе

(се) изнакотат
Вид збор: Глагол, свршен
За човек - народи многу, во голем број.
Англиски: multiply Албански: lind shumë

изнамести повеќе

Види и: намести (св.)
изнаместат
Вид збор: Глагол, свршен
Смести повеќемина некаде, на работа, да престојува и сл.
Англиски: arrange Албански: vendos

изнапика повеќе

Види и: напика (св.)
изнапикаат
Вид збор: Глагол, свршен
Смести на некое добро место, најчесто - работно место.
Албански: futem, marr vend të mirë

изнасити повеќе

Види и: насити (св.)
(се) изнаситат
Вид збор: Глагол, свршен
Ужива во туѓа несреќа.
Албански: ngihem, fryhem

изнесе повеќе

изнесат
Вид збор: Глагол, свршен
Изложи, искаже, каже.
Англиски: present Албански: prezantoj

изникне повеќе

изникнат
Вид збор: Глагол, свршен
Се појави некој или нешто ненадејно, неочекувано (обично како непожелно).
Англиски: pop up Албански: shfaqem

изоглави повеќе

изоглават
Вид збор: Глагол, свршен
(се изоглави) За човек - се ослободи од ропство, туторство.
Англиски: free Албански: heq zhgedhën, çlirohet nga robëria

изострен повеќе

изострениот
Вид збор: Придавка
Што се усовршил во некоја особина, чувство, сетило и сл.
Англиски: sharpened

изостри повеќе

изострат
Вид збор: Глагол, свршен
Развие, усоврши некоја особина (чувство, сетило).
Англиски: sensitize Албански: sensibilizon, zhvillon
Прави да стане појасно, за слика, фотографија и сл.
Англиски: sharpen Албански: qartësoj
(се изостри) Станува остар, поостар од порано.
Англиски: sharpen Албански: më i dukshëm, i theksuar

израсипе повеќе

Види и: расипе (св.)
израсипат
Вид збор: Глагол, свршен
Расипе во морална смисла повеќемина.
Англиски: spoil Албански: prish, dëmtoj
(се израсипе) Се расипе во морална смисла.
Англиски: spoil Албански: prishem

израскине повеќе

Види и: раскине (св.)
израскинат
Вид збор: Глагол, свршен
За нешто нематеријално, измачи.
Англиски: torment Албански: shkep

израсне повеќе

израснат
Вид збор: Глагол, свршен
Расне повеќе од некоја претходно утврдена големина.
Англиски: outgrow Албански: rritet

изрежира повеќе

Види и: режира (св. и несв.)
изрежираат
Вид збор: Глагол, свршен
намести, подметне
Англиски: fake Албански: bëj kurth

изржи повеќе

изржат
Вид збор: Глагол, свршен
Остро, грубо се извика на некого.
Англиски: growl Албански: grind

изриба повеќе

изрибаат
Вид збор: Глагол, свршен
Искара некого со многу погрдни зборови.
Англиски: scold Албански: qortoj

изрига повеќе

Види и: рига (несв.)
изригаат
Вид збор: Глагол, свршен
Си даде себеси оддишка испуштајќи крик, силен глас.
Албански: gokësoj, gromësij

изроди повеќе

изродат
Вид збор: Глагол, свршен
(се изроди) Настане, се појави некоја лоша појава.
Албански: lind

иконографија повеќе

(само едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Севкупност од препознатливи надворешни ознаки.
Англиски: iconography Албански: ikonografi

илјада повеќе

мн. илјади
Вид збор: Именка, женски род
Многу голема сума, многу голем број.
Англиски: many Албански: mijëra, shumë

илуминација повеќе

мн. илуминации
Вид збор: Именка, женски род
Ненадејно вдахновение, просветлување.
Англиски: illumination Албански: iluminim

илуминира повеќе

илуминираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
просветлува, инспирира
Англиски: illuminate Албански: iluminoj, inspiroj

име повеќе

мн. имиња
Вид збор: Именка, среден род
Глас (добар или лош), лична или фамилијарна репутација, углед, слава.
Англиски: reputation Албански: reputacion
Прочуена, позната личност.
Англиски: notion Албански: i njohur

именител повеќе

мн. именители
Вид збор: Именка, машки род
Заедничка особеност, својство на повеќе различни елементи.
Албански: emërues

империја повеќе

мн. империи
Вид збор: Именка, женски род
Голема распространетост на некој облик на организирање, на дејност, на моќ (индустриска, финансиска, трговска и сл.).
Англиски: empire Албански: perandori

имун повеќе

имуни
Вид збор: Придавка
Што е нечувствителен, незаинтересиран, рамнодушен.
Англиски: immune

инвазија повеќе

мн. инвазии
Вид збор: Именка, женски род
Надоаѓање, појавување во многу голем број.
Англиски: invasion Албански: invazion

инвалид повеќе

мн. инвалиди
Вид збор: Именка, машки род
Лице што е духовно немоќно, неспособно.
Англиски: handicapped person Германски: Invalid Албански: invalid, person me hendikep

инерција повеќе

(едн.) инерцијата
Вид збор: Именка, женски род
неподвижност, мрзливост, нееластичност
Англиски: inertia Албански: amulli

инквизитор повеќе

мн. инквизитори
Вид збор: Именка, машки род
Груб, престрог човек.
Англиски: inquisitor Албански: inkvizitor

инквизиција повеќе

(едн.) инквизицијата
Вид збор: Именка, женски род
Испитување на обвинет со примена на сурови методи.
Англиски: inquisition Албански: inkvizicion

инкрустира повеќе

инкрустираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
втисне, втиснува
Албански: inkruston, shtyp, vulos

инструмент повеќе

мн. инструменти
Вид збор: Именка, машки род
Средство за постигнување некаква цел.
Англиски: mean Албански: instrument, mjet

инсценација повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Определено привидно дејство што доведува некого во заблуда.
Албански: insenacion

инсценира повеќе

инсценираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Изведе, изведува определени привидни дејства за да доведе некого во заблуда.
Англиски: pretend Албански: inscenim
Прикаже, прикажува веќе случен настан за да се открие вистината.
Англиски: stage Албански: inscenim

интонира повеќе

интонираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
обои, обојува, проткаи, проткајува
Англиски: intonate Албански: intonoj, jap ton

инфлација повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Изобилство на нешто при намалување на квалитетот, на вредноста, важноста, ползата.
Англиски: inflation Албански: inflacion

исечок повеќе

мн. исечоци
Вид збор: Именка, машки род
Дел од некоја целина.
Англиски: part Албански: pjesë

искали повеќе

искалат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи некого да биде цврст, способен да издржи големи напори, тешкотии.
Англиски: harden Албански: kalit

искасапи повеќе

искасапат
Вид збор: Глагол, свршен
Пресече невнимателно, немарно,како било.
Англиски: butcher Албански: prej

искастри повеќе

Види и: кастри (несв.)
искастрат
Вид збор: Глагол, свршен
Изнатепа некого.
Англиски: beat up Албански: rrah, sakatoj

искачи повеќе

Види и: качи (св.)
искачат
Вид збор: Глагол, свршен
(се искачи) Напредува во работата.
Англиски: advance Албански: avansoj

искашка повеќе

искашкаат
Вид збор: Глагол, свршен
Упропасти нешто.
Англиски: mess up Албански: prish, dëmtoj

искилави повеќе

искилават
Вид збор: Глагол, свршен
(се искилави) Се премори, се сотре од голем напор.
Англиски: exhaust Албански: rraskapitem

исколе повеќе

исколат
Вид збор: Глагол, свршен
Покаже меѓусебно силна омраза, непријателство, ривалство и сл.
Англиски: slaughter Албански: therrje

исколчи повеќе

исколчат
Вид збор: Глагол, свршен
изврти, искриви
Англиски: contort Албански: shtrembëroj, shformoj

ископа повеќе

ископаат
Вид збор: Глагол, свршен
Изнајде, открие нешто скриено, зафрлено, исчезнато и сл.
Англиски: dig out Албански: gërmoj

ископка повеќе

Види и: ископа (св.)
ископкаат
Вид збор: Глагол, свршен
Пронајде, дознае нешто.
Англиски: dig out Албански: gërmoj, zbulon

искорени повеќе

искоренат
Вид збор: Глагол, свршен
Отстрани сосема, целосно уништи.
Англиски: root out Албански: çrrënjos, zhduk

искошка повеќе

Види и: кошка (несв.)
искошкаат
Вид збор: Глагол, свршен
истера, избрка, изгони
Англиски: push out Албански: hedh jashtë

искра повеќе

мн. искри
Вид збор: Именка, женски род
Мал, ситен дел од нешто, трага од некое чувство и сл.
Англиски: spark Албански: xixë

искри повеќе

искрат
Вид збор: Глагол, несвршен
Светка, блеска како искра.
Англиски: spark Албански: xixëllin

искриви повеќе

искриват
Вид збор: Глагол, свршен
Изопачи, изврти нешто, прикаже какво што не е.
Англиски: distort Албански: shtrembëroj

искривоколчи повеќе

искривоколчат
Вид збор: Глагол, свршен
изопачи
Англиски: distort Албански: shtrembëroj

искричав повеќе

искричавиот
Вид збор: Придавка
Што светка како искра.
Англиски: sparkling

искубе повеќе

искубат
Вид збор: Глагол, свршен
(се искубе) Се извлече, незабележано излезе, избега.
Англиски: escape Албански: ik, përvidhet

искупи повеќе

искупат
Вид збор: Глагол, свршен
Заслужи прошка со нешто за некоја грешка и сл.
Албански: ndjesë

ислизне повеќе

(се) ислизнат
Вид збор: Глагол, свршен
Изгуби нешто што веќе го има.
Англиски: slip Албански: rëshqet, del prej dore

испадне повеќе

испаднат
Вид збор: Глагол, свршен
Престане да биде член во некој состав или дел од нешто.
Англиски: drop out Албански: braktis
Ненадејно, неочекувано се појави некој или нешто.
Англиски: come out Албански: përfundoj

испари повеќе

испарат
Вид збор: Глагол, свршен
Постепено нешто исчезнува, се губи, го снемува.
Англиски: disappear Албански: zhduket

испегла повеќе

испеглаат
Вид збор: Глагол, свршен
Претепа некого или искаже некому строги забелешки.
Англиски: dress down Албански: qortoj ashpër

испее повеќе

Види и: пее (несв.)
испеат
Вид збор: Глагол, свршен
Напише стихотворба.
Англиски: write Албански: shkruaj vjershë

испердаши повеќе

испердашат
Вид збор: Глагол, свршен
Со пердашење истепа, измава.
Англиски: beat up Албански: rrah

испердуши повеќе

испердушат
Вид збор: Глагол, свршен
Растури, растргне, растресе нешто или некого.
Англиски: shake Албански: shkund

испече повеќе

испечат
Вид збор: Глагол, свршен
Изложи на силно сонце.
Англиски: burn Албански: djeg

испика повеќе

испикаат
Вид збор: Глагол, свршен
Намести некого (обично незаслужено, нерегуларно) на висока општествена положба, на работно место и сл.
Англиски: push Албански: fut në kurth

испили повеќе

испилат
Вид збор: Глагол, свршен
(се испили) стане, се развие
Англиски: develop Албански: zhvilloj

испипа повеќе

испипаат
Вид збор: Глагол, свршен
Извиди, истражи, открие, дознае нешто.
Албански: zbuloj, hetoj

испит повеќе

мн. испити
Вид збор: Именка, машки род
Проверка на способноста во животот и во животната борба.
Англиски: test Албански: test

исплакне повеќе

исплакнат
Вид збор: Глагол, свршен
Навлажни уста или грло со пијалак.
Англиски: moist Албански: shpërlaj

исплеска повеќе

исплескаат
Вид збор: Глагол, свршен
Натепа некого.
Англиски: beat up Албански: rrah

исплете повеќе

исплетат
Вид збор: Глагол, свршен
Измисли приказна, раскаже нешто, најчесто невистинито.
Англиски: make up Албански: thurr, gërsheton

исплетка повеќе

Види и: плетка (несв.)
исплеткаат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи нешто да биде сложено, усложни.
Англиски: complicate Албански: komplikoj

исплива повеќе

Види и: плива (несв.)
испливаат
Вид збор: Глагол, свршен
Излезе, се извлече од некој проблем, се спаси.
Англиски: rescue Албански: shpëtoj, doli nga uji

исплука повеќе

Види и: плука (несв.)
исплукаат
Вид збор: Глагол, свршен
Со плукање понижи некого.
Англиски: spit on Албански: pështyj, poshtërsoj

испоколе повеќе

испоколат
Вид збор: Глагол, свршен
(се испоколе) Влезе во физичка пресметка со некого.
Англиски: fight Албански: luftoj

испокоси повеќе

испокосат
Вид збор: Глагол, свршен
За болест - убие, усмрти многу луѓе или животни.
Англиски: kill Албански: kosit, vras

испокрши повеќе

испокршат
Вид збор: Глагол, свршен
(се испокрши) Вложи многу напор да направи нешто.
Албански: dërmoj, mbytem

испомине повеќе

испоминат
Вид збор: Глагол, свршен
Помине преку големи проблеми.
Англиски: overcome Албански: kaloj

испосник повеќе

мн. испосници
Вид збор: Именка, машки род
Тој што живее по строги правила, со големи самооткажувања.
Англиски: ascetic Албански: asket, vetmitar

испости повеќе

испостат
Вид збор: Глагол, свршен
(се испости) Стане слаб, исушен.
Англиски: starve Албански: dobësohem

исправи повеќе

исправат
Вид збор: Глагол, свршен
(се исправи) Поправи своја грешка, се коригира.
Англиски: correct Албански: korrigjoj

испреврти повеќе

Види и: преврти (св.)
испревртат
Вид збор: Глагол, свршен
(се испреврти) Се измени многу.
Англиски: change completely Албански: ndryshoj tërësisht

испреде повеќе

Види и: преде (несв.)
испредат
Вид збор: Глагол, свршен
Измисли приказна, раскаже нешто.
Албански: thur, rrëfen

испреплете повеќе

испреплетат
Вид збор: Глагол, свршен
Усложни нешто.
Англиски: complicate Албански: komplikoj, ndërlikoj
(се испреплете) Се поврзе со нешто.
Англиски: connect Албански: ndërlidhet

испрета повеќе

испретаат
Вид збор: Глагол, свршен
Открие, дознае нешто по долго пребарување.
Англиски: find out Албански: gjej, zbuloj

испрсне повеќе

Види и: прсне (св.)
испрснат
Вид збор: Глагол, свршен
Почувствува големо душевна страдање.
Англиски: shatter Албански: plas, pëlcas

испружи повеќе

испружат
Вид збор: Глагол, свршен
(се испружи) Плати нешто (при купување, направена услуга и сл.) или кога треба да се стави потпис.
Англиски: stretch Албански: harxhohem, shpenzoj shumë

испушти повеќе

испуштат
Вид збор: Глагол, свршен
Пропушти, изгуби од видно поле, од внимание.
Англиски: miss Албански: lëshoj

истанчен повеќе

истанчениот
Вид збор: Придавка
Што е префинет, пребирлив.
Англиски: refined
Што е многу чувствителен.
Англиски: sensitive

истанчи повеќе

Види и: танчи (несв.)
истанчат
Вид збор: Глагол, свршен
Потроши нешто.
Англиски: spend Албански: harxhoj

истапи повеќе

истапат
Вид збор: Глагол, свршен
Стане глупав.
Англиски: dull Албански: budallë

истегне повеќе

истегнат
Вид збор: Глагол, свршен
(се истегне) се излежува, безделничи
Англиски: waste time Албански: shtrihem

истенка повеќе

истенкаат
Вид збор: Глагол, свршен
За предмет - искрцка.
Англиски: squeak Албански: kërcet

истепа повеќе

Види и: тепа (несв.)
истепаат
Вид збор: Глагол, свршен
(се истепа) Се премори, премали од нешто.
Англиски: tire Албански: mbytem nga puna, lodhem

истера повеќе

истераат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи нешто целосно.
Англиски: accomplish Албански: kryej

истече повеќе

истечат
Вид збор: Глагол, свршен
Дојде до крај, помине, заврши.
Англиски: expire Албански: skadoj, rrjedh, del

истине повеќе

истинат
Вид збор: Глагол, свршен
Стане рамнодушен кон некого или кон нешто.
Англиски: cool off Албански: ftohem
умре
Англиски: die Албански: vdes

истлее повеќе

истлеат
Вид збор: Глагол, свршен
Престане да чувствува нешто.
Албански: shuhet

исток повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Земјите што се наоѓаат источно од Европа - Исток
Англиски: East Албански: Lindje

истопи повеќе

истопат
Вид збор: Глагол, свршен
(се истопи) Ослаби многу (од болест, од грижи и сл.)
Англиски: melt Албански: shkrij
(се истопи) Е обземен од силно чувство.
Англиски: melt Албански: shkrij
(се истопи) го снема, се потроши
Англиски: melt Албански: tret

источка повеќе

Види и: точка (несв.)
(се) источкаат
Вид збор: Глагол, свршен
За време - помине незабележено, направи низа од денови, месеци, години и др.
Англиски: pass Албански: kalon

истрбуши повеќе

истрбушат
Вид збор: Глагол, свршен
(се истрбуши) Се распетла, се распаше, стане неспастрен во облеката.
Албански: hapem

истрга повеќе

истргаат
Вид збор: Глагол, свршен
Се намачи, помине многу непријатности.
Англиски: suffer Албански: vuaj, hjek

истреби повеќе

истребат
Вид збор: Глагол, свршен
Сосема уништи нешто.
Англиски: wipe out Албански: shkatrroj, shfaros

истресе повеќе

Види и: тресе (несв.)
истресат
Вид збор: Глагол, свршен
(се истресе) Дојде ненајавен, се појави неочекувано.
Англиски: drop Албански: erdh

истропа повеќе

истропаат
Вид збор: Глагол, свршен
Каже нешто непромислено.
Англиски: chatter Албански: bërbëlit, rras

истрча повеќе

Види и: трча (несв.)
истрчаат
Вид збор: Глагол, свршен
(се истрча) Избрза, направи или каже нешто предвреме, необмислено.
Албански: shpejtoj

истури повеќе

истурат
Вид збор: Глагол, свршен
Излее, преточи некакво чувство во определена реакција.
Англиски: spill Албански: derdh

истуши повеќе

(се) истушат
Вид збор: Глагол, свршен
Се ослободи од гнев, од лутина, од некаква душевна тежина.
Англиски: liberate Албански: shfryhem, lirohem

исуши повеќе

Види и: суши (несв.)
исушат
Вид збор: Глагол, свршен
Испие, испразни до капка.
Англиски: empty Албански: zbraz
Силно удри некого, нанесе силна болка.
Англиски: hit Албански: godit
(се исуши) Стане слаб, ослаби.
Англиски: weaken Албански: dobësoj
(се исуши) За мускул - атрофира, ја изгуби функцијата.
Англиски: atrophy Албански: atrofi

исфабрикува повеќе

исфабрикуваат
Вид збор: Глагол, свршен
Измисли нешто, лажно претстави.
Англиски: fabricate Албански: fabrikoj, shpik

исфрли повеќе

исфрлат
Вид збор: Глагол, свршен
Отстрани, истера, исклучи некого (од просторија, друштво, организација).
Англиски: throw out Албански: largoj
Изнесе во јавност.
Англиски: publicize Албански: publikoj

исцеди повеќе

исцедат
Вид збор: Глагол, свршен
Измачи некого, направи да биде слаб, без сила.
Англиски: squeeze out Албански: shtrydh
Лиши некого од материјални средства, крајно осиромаши.
Англиски: squeeze out Албански: shtrydh

исцица повеќе

Види и: цица (несв.)
исцицаат
Вид збор: Глагол, свршен
Одземе сила, физичка способност.
Англиски: suck Албански: thithë
Крајно осиромаши некого.
Англиски: suck Албански: thithë, pij

исцрпи повеќе

Види и: црпи (несв.)
исцрпат
Вид збор: Глагол, свршен
Потроши нешто.
Англиски: exhaust Албански: zbraz
Целосно расправи некоја тема.
Англиски: exhaust Албански: zbraz

исцрта повеќе

Види и: црта (несв.)
исцртаат
Вид збор: Глагол, свршен
(се исцрта) Се изрази, се покаже (обично на лице).
Англиски: pop up Албански: shfaqem

исцуцули повеќе

исцуцулат
Вид збор: Глагол, свршен
Постави некого на највисоко место.
Албански: vë në pozicion të lartë

исчанчи повеќе

исчанчат
Вид збор: Глагол, свршен
Искриви, изврши нешто.
Албански: praptoj, prish syt

исчатали повеќе

(се) исчаталат
Вид збор: Глагол, свршен
Се направи важен.
Албански: bëhet mendjelartë

исчепи повеќе

исчепат
Вид збор: Глагол, свршен
(се исчепи) Се извлече, избега, се ослободи од некаде или од некого.
Англиски: escape Албански: tërhiqem, largohem

исчепка повеќе

исчепкаат
Вид збор: Глагол, свршен
Открие, дознае нешто.
Англиски: discover Албански: gërmoj, zbuloj

исчисти повеќе

Види и: чисти (несв.)
исчистат
Вид збор: Глагол, свршен
Отстрани, протера непожелни лица, ослободи од некого.
Англиски: clean Албански: pastroj

исчука повеќе

исчукаат
Вид збор: Глагол, свршен
збудали
Англиски: madden Албански: çmend
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш