Преносно значење - категорија

Евреин повеќе

мн. Евреи
Вид збор: Именка, машки род
циција, скржавец
Англиски: miser Албански: koprrac, çifut

евтин повеќе

евтини
Вид збор: Придавка
безвреден, празен, површен
Англиски: worthless Албански: i pavlerë

егзекуција повеќе

мн. егзекуции
Вид збор: Именка, женски род
уништување
Англиски: destruction Албански: rrënim

еж повеќе

мн. ежови
Вид збор: Именка, машки род
Вид одбранбени пречки направени од испреплетени жици, метални прачки, шини, бетон и друг материјал со цел да се оневозможи поминување на непријателски моторизирани единици.
Направа што ја користат молерите за прскање боја на фасада.
Вид машина за градење патишта.

езотеричен повеќе

езотеричниот
Вид збор: Придавка
Тешко разбирлив по смисла, течко читлив (за текст, поезија).
Англиски: esoteric

езуит повеќе

мн. езуити
Вид збор: Именка, машки род
Лицемер, лукав, подмолен човек.
Латински: Jesuita Англиски: Jesuit Албански: dinak

еквилибристика повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Умеење да се одржува рамнотежа меѓу спротивставени работи или страни.
Англиски: equilibristics Албански: ekuilibristikë

екскомуникација повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Исклучување од некоја заедница, организација, друштво и сл.
Англиски: excommunication Албански: ekskomunikim

екскомуницира повеќе

екскомуницираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Исклучи, исклучува некого од некоја заедница, организација, друштво и сл.
Англиски: excommunicate Албански: ekskomunikim

екскурзија повеќе

мн. екскурзии
Вид збор: Именка, женски род
Оддалечување, отстапување од основната тема на разговорот, дискусијата или предавањето.
Англиски: excursion Албански: ekskurzion

експлодира повеќе

експлодираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Избувне, избувнува, од мирна состојба наеднаш премине, преминува во гласно изразување на силна вознемиреност, возбуда, гнев и сл.
Англиски: explode Албански: eksplodoj

експлозивен повеќе

експлозивниот
Вид збор: Придавка
Што реагира избувливо, жестоко.
Англиски: quick-tempered Албански: shpërthyes
Состојба на напнатост во која има можност од жестока и неконтролирана реакција.
Англиски: tense Албански: shpërthyes

експлозија повеќе

мн. експлозии
Вид збор: Именка, женски род
Бурна реакција на бес, лутина или радост.
Англиски: explosion Албански: eksplozion
Неочекувано множество од нешто што наеднаш се појавува.
Англиски: plenty Албански: bollëk

експропријатор повеќе

мн. експропријатори
Вид збор: Именка, машки род
развластувач, ограбувач
Албански: ekspropriator

екстраполира повеќе

екстраполираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Предвидува што ќе се случи врз основа на тоа што се случило.
Англиски: extrapolate

ексцентричен повеќе

ексцентричниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува многу необично, неурамнотежен.
Англиски: eccentric Албански: ekscentrike

еластичен повеќе

еластични
Вид збор: Придавка
Снаодлив, подвижен, приспособлив кон различни ситуации.
Англиски: flexible Албански: elastik, fleksibël

електрицитет повеќе

(едн.) елетрицитетот
Вид збор: Именка, машки род
Напнатост, напрегнатост, возбуденост, чувство на немир и на нетрпение.
Англиски: tension Албански: tension

елемент повеќе

мн. елементи
Вид збор: Именка, машки род
Човек што се издвојува од средината по размислувањето, по постапките и по однесувањето.
Англиски: element Албански: element

ембрион повеќе

мн. ембриони
Вид збор: Именка, машки род
Нешто што е во зачеток, што најавува некаков почеток.
Англиски: beginning Албански: fillim

енигматичен повеќе

енигматичниот
Вид збор: Придавка
загадочен, нејасен
Англиски: enigmatic

епопеја повеќе

мн. епопеи
Вид збор: Именка, женски род
Голем, важен историски настан од особено значење за еден народ.
Англиски: epic Албански: epope

ерес повеќе

мн. ереси
Вид збор: Именка, машки род
Отстапување од општоприфатените норми на однесување, од програмата на некое политичко движење, група, партија итн.
Англиски: heresy Албански: herezi

еретик повеќе

мн. еретици
Вид збор: Именка, машки род
отпадник, бунтовник
Англиски: heretic Албански: eretik

ерозија повеќе

мн. ерозии
Вид збор: Именка, женски род
Уништување под определени околности.
Англиски: erosion Албански: shkatërrim

еруптивен повеќе

еруптивниот
Вид збор: Придавка
Со ненадејно силна и нагласена чувствителност.
Англиски: eruptive

еруптира повеќе

еруптираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
експлодира, кулминира
Англиски: erupt

ерупција повеќе

мн. ерупции
Вид збор: Именка, женски род
Ненадеен излив на емоции или на некакви чувства.
Англиски: eruption Албански: erupcion

есапчија повеќе

мн. есапчии
Вид збор: Именка, машки род
Лице што проценува со многу строг критериум.
Англиски: pedant Турски: hesapçı Албански: hesapxhi, pedant

ескивира повеќе

ескивираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Одбегнува да направи нешто.
Англиски: evade Албански: eskivoj, shmangem
Примери:
Ескивираше да одговори на најважното прашање.

еснаф повеќе

мн. еснафи
Вид збор: Именка, машки род
врсник, другар
Англиски: contemporary Албански: bashkëkohor

етикетира повеќе

етикетираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Посочи, посочува, истакне, истакнува нешто или некого (во негативна смисла).
Англиски: label Албански: etiketoj

ешалон повеќе

мн. ешалони
Вид збор: Именка, машки род
Дел од група на истурена позиција, во органи на управа и сл.
Англиски: echelon Албански: eshallon
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш