Преносно значење - категорија

вазал повеќе

мн. вазали
Вид збор: Именка, машки род
Потчинет, зависен човек или зависна држава.
Англиски: subject Албански: subjekt

вазалство повеќе

(едн.) вазалството
Вид збор: Именка, среден род
Однос на подреденост, на послушност.
Англиски: submission Албански: vazal, nënshtrim

вакуум повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
празнина, пустош
Англиски: emptiness Албански: zbrazëti

валка повеќе

валкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Зборува лошо, невистини за некого, озборува, клевети.
Англиски: slander Албански: shpif

валкан повеќе

валкани
Вид збор: Придавка
нечесна работа
Англиски: dirty

валмо повеќе

мн. валма
Вид збор: Именка, среден род
Обично за магла, чад, сноп на светлина и сл. - тоа што се обликува како прстен, во круг, како перче, сноп.
Албански: mjegull

вапса повеќе

вапсаат
Вид збор: Глагол, свршен
(се вапса) Поцрвене во лицето, се засрами.
Англиски: redden Албански: skuqem, turpërohem

варварство повеќе

мн. варварства
Вид збор: Именка, среден род
некултура, суровост, дивјаштво
Англиски: primitiveness Албански: primitivizëm

вари повеќе

варат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се вари) се подготвува
Англиски: prepare Албански: përgatit

вгнезди повеќе

(се) вгнездат
Вид збор: Глагол, свршен
Заземе место, се намести.
Англиски: place Албански: vend
Се вовлече, се вреже.
Англиски: nest Албански: fole

вгорешти повеќе

(се) вгорештат
Вид збор: Глагол, свршен
Се запали, се засили.
Англиски: inflame Албански: kallet, ndizet

вгори повеќе

(се) вгорат
Вид збор: Глагол, свршен
се загрее, зоврие
Англиски: boil Албански: vloj, nxeh

вгради повеќе

вградат
Вид збор: Глагол, свршен
Внесе, вклучи нешто во составот, во содржината на текст и др.
Англиски: insert Албански: fut, shtie

вдахне повеќе

вдахнат
Вид збор: Глагол, свршен
Разбуди, оживее во некого нешто, некакво чувство, мисла.
Англиски: inspire Албански: inspiroj, frymëzoj

вдене повеќе

вденат
Вид збор: Глагол, свршен
3афрли нешто, стави на несоодветно место.
Англиски: mislay Албански: hedh

вегетира повеќе

вегетираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Води неактивен, пасивен живот; одвај се одржува жив.
Англиски: barely survive Албански: vegjetoj

ведар повеќе

ведриот
Вид збор: Придавка
Јасен, спокоен, со живи светли бои.
Англиски: bright

веде повеќе

ведат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
(се веде) - Се размножува.
Англиски: hatch Албански: çel, shumohet

ведри повеќе

веднат
Вид збор: Глагол, несвршен
Предизвикува радост, развеселува, бодри.
Англиски: enjoy Албански: gëzojnë

ведрина повеќе

(едн.) ведрината
Вид збор: Именка, женски род
радост, веселост, спокојство
Англиски: joy Албански: gëzim

вее повеќе

веат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
се насетува, се провлекува, се чувствува
Англиски: sense Албански: ndjenjë
(се вее) скита, талка
Англиски: wander Албански: gjarpëron

везе повеќе

везат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Брзо, убаво, рамномерно врши некое дејство (зборува, игра, се движи).
Албански: qëndis

везев повеќе

везениот
Вид збор: Придавка
Што е со шари, со риги.

везник повеќе

мн. везници
Вид збор: Именка, машки род
тежина, обврска, бреме
Англиски: weight Албански: rëndësi, peshë

вековечност повеќе

вековечноста
Вид збор: Именка, женски род
Бесконечно време, многу долго.
Англиски: eternity Албански: amshim

векува повеќе

векуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се задржува долго време некаде.
Англиски: stay long Албански: qëndron gjatë

вел повеќе

мн. велови
Вид збор: Именка, машки род
Нешто што ја крие стварноста, што го спречува сознавањето.
Англиски: illusion Албански: iluzion

вели повеќе

велат
Вид збор: Глагол, несвршен
Изразува нешто со надворешниот изглед, без зборови.
Англиски: say

вене повеќе

венат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
За човек - слабее, губи сила и животна свежина.
Англиски: wither Албански: dobësohet
Тагува, копнее, страда за нешто.
Англиски: yearn Албански: pikëllim

венец повеќе

мн. венци
Вид збор: Именка, машки род
венчавка
Англиски: wedding Албански: kurorëzim

вентил повеќе

мн. вентили
Вид збор: Именка, машки род
олеснување
Англиски: relief Албански: lehtësim, ventil

вербализација повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Зборување во ветар, дрдорење.
Англиски: blabber Албански: murmuritje

вергла повеќе

верглаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Брзо зборува; кажува едно исто, повторува.
Англиски: blab Албански: llomotis

верглаш повеќе

мн. верглаши
Вид збор: Именка, машки род
Тој што зборува брзо, без размислување.
Англиски: blabber Албански: llafazan

верига повеќе

мн. вериги
Вид збор: Именка, женски род
Целина од еднакви, слични или различни членови, единици, поврзани или поредени во низа, во редица.
Англиски: chain Албански: varg, zinxhir

верују повеќе

Вид збор: Именка, среден род
Систем од убедувања, погледи, принципи.
Англиски: creed Албански: kredo

весел повеќе

весели
Вид збор: Придавка
Што е убав, ведар.
Англиски: bright Албански: i qeshur, gazmor
За растенија - свеж, неовенат.
Англиски: fresh Албански: i gjallë

ветар повеќе

Види и: ветер (м.)
ветрот
Вид збор: Именка, машки род
Правец, струја, во политиката и др.
Англиски: trend Албански: erë, rrymë

ветеран повеќе

мн. ветерани
Вид збор: Именка, машки род
Стар, искусен, заслужен работник во некоја област.
Англиски: veteran Албански: veteran

ветрее повеќе

ветреат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
(се ветрее) Умствено слабее, опаѓа.
Англиски: weaken Албански: tretet

ветромет повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Место изложено на опасности.
Англиски: dangerous place Албански: vend i rrezikshëm

вечност повеќе

(едн.) вечноста
Вид збор: Именка, женски род
Многу долго време.
Англиски: eternity Албански: përjetësi
задгробен живот
Англиски: afterlife Албански: amshim

вешт повеќе

вешти
Вид збор: Придавка
Што умее лесно да се снајде да се извлече од секаква ситуација.
Англиски: crafty

вештерка повеќе

мн. вештерки
Вид збор: Именка, женски род
грозна, стара, непријатна жена
Англиски: witch Албански: shtrigë

вжарен повеќе

вжарени
Вид збор: Придавка
Што има изглед на жар, на зажареност.
Англиски: glowing

вжари повеќе

вжарат
Вид збор: Глагол, свршен
Доведе до напната атмосфера, ситуација, состојба.
Англиски: heat up Албански: atmosferë e nxehtë
(се вжари) Има изглед на жар, се зацрвени.
Англиски: glow Албански: prush

вжеже повеќе

вжежат
Вид збор: Глагол, свршен
Загрее нешто што вообичаено е на пониска температура.
Англиски: warm up Албански: nxehet

вжештен повеќе

вжештени
Вид збор: Придавка
Што личи дека е многу загреан.
Англиски: heated

вжешти повеќе

вжештат
Вид збор: Глагол, свршен
разгневи, распали, разлути
Англиски: anger Албански: nxehë, hidhëron
(се вжешти) се разгневи, се распали, се разлути
Англиски: rage Албански: tërbohem, nxehem

вивне повеќе

вивнат
Вид збор: Глагол, свршен
За човек - се зацрви (од возбуда, од температура).
Англиски: blush Албански: skuqet
Извиши, крене високо.
Англиски: raise Албански: ngre

видик повеќе

мн. видици
Вид збор: Именка, машки род
Сфаќање, став, поглед на нешто.
Англиски: understanding, viewpoint Албански: të kuptuarit, qëndrim

видокруг повеќе

(едн.) видокругот
Вид збор: Именка, машки род
Поглед на нешто, сфаќање.
Англиски: view Албански: pamje, shikim

вие повеќе

вијат
Вид збор: Глагол, несвршен
Извива оро, танец, со играње, со водење на орото.
Англиски: swivel Албански: lakon
се извива, кривуличи
Англиски: bend Албански: lakohet
Боли многу, за орган или дел од човечкото тело.
Англиски: hurt Албански: dredhim nga dhimbja
Ветар, инструмент што произведува звук.
Англиски: howl Албански: ushton

виза повеќе

мн. визи
Вид збор: Именка, женски род
Дозвола, согласност за нешто.
Англиски: permission Албански: vizë, leje

визионер повеќе

мн. визионери
Вид збор: Именка, машки род
Човек што се занесува, фантазер.
Англиски: visionary Албански: vizionar, fantazer

вилает повеќе

мн. вилаети
Вид збор: Именка, машки род
крај, област, роден крај
Англиски: region Албански: regjion

виор повеќе

мн. виори
Вид збор: Именка, машки род
Состојба на полн развој, на силен разгор.
Англиски: whirlwind Албански: shakullinë

виртуоз повеќе

мн. виртуози
Вид збор: Именка, машки род
Добар познавач на нешто, мајстор во својата работа.
Англиски: virtuoso Албански: virtuoz

виси повеќе

висат
Вид збор: Глагол, несвршен
Плови над нешто без никаква потпора.
Англиски: hang Албански: lundron
Стои, се задржува на некое место подолго време, обично без работа.
Англиски: hang around Албански: qëndron

висина повеќе

мн. висини
Вид збор: Именка, женски род
Степен на квалитет, ниво на развиток, на зрелост.
Англиски: level Албански: nivel

вител повеќе

мн. витли
Вид збор: Именка, машки род
Што личи на вител.
Англиски: whirl Албански: vorbull

витка повеќе

виткаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Оди стамено, со извиткување на телото.
Англиски: swivel Албански: kthyeshëm

вјарми повеќе

вјармат
Вид збор: Глагол, свршен
потчини, пороби
Англиски: yoke Албански: robëron, vë në zgjedhë

вкалапи повеќе

вкалапат
Вид збор: Глагол, свршен
Подведе под некаков калап, во строго определена форма.
Англиски: form Албански: formoj
(се вкалапи) Се подведе под некаков калап, изгуби оригиналност.
Албански: formoj

вкове повеќе

вковат
Вид збор: Глагол, свршен
Впери, насочи, задржи на едно место.
Англиски: focus Албански: fokuson

вкожурен повеќе

вкожурениот
Вид збор: Придавка
Што е како во кожурец, ограничен, затворен во себе.
Англиски: limited

вкожури повеќе

(се) вкожурат
Вид збор: Глагол, свршен
Се затвори во себе, стане како да е во кожурец.
Англиски: insulate Албански: izoloj

вкоравен повеќе

вкоравениот
Вид збор: Придавка
Затврден, зацврстен, што веќе не се менува.

вкоренет повеќе

вкоренетиот
Вид збор: Придавка
Што е стабилно, цврсто, постојано.
Англиски: rooted Албански: i rrënjosur

вкорени повеќе

вкоренат
Вид збор: Глагол, свршен
Цврсто всади, зацврсти нешто (во животот, во свеста, во однесувањето).
Англиски: root Албански: rrënjos
(се вкорени) Се всади, се зацврсти.
Англиски: root Албански: rrënjosem, forcohem

вкрсти повеќе

вкрстат
Вид збор: Глагол, свршен
Прави да се спротивстави едно на друго, судри две спротивставени страни.
Англиски: clash Албански: ndeshem

вкус повеќе

мн. вкусови
Вид збор: Именка, машки род
Чувство, мерило и смисла за убаво, склоност кон убавото.
Англиски: taste Албански: shije

владее повеќе

владеат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Ракува со алат, се служи со средство, знае.
Англиски: handle Албански: zotëroj

влева повеќе

влеваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Внесува, исполнува со некакво чувство, прави некој да биде обземен со некое чувство, мисла.
Англиски: fill Албански: hedh

влекач повеќе

мн. влекачи
Вид збор: Именка, машки род
Човек што се однесува понизно пред претпоставените.
Англиски: creep Албански: lëviz ngadalë

влепи повеќе

влепат
Вид збор: Глагол, свршен
удри
Англиски: hit Албански: godas

влече повеќе

влечат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Носи со себе ваму, таму.
Англиски: drag Албански: zvarris
Се движи бавно.
Англиски: crawl Албански: zvarritem
(се влече) Е во љубовна врска со некого, подолго време.
Англиски: involve Албански: tërheq, kaloj

влечка повеќе

влечкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
одолжува
Англиски: drag Албански: vonoj
(се влечка) Бавно ги врши работите.
Англиски: drag Албански: ngadalë

влог повеќе

мн. влогови
Вид збор: Именка, машки род
Придонес кон некоја позитивна идеја.
Англиски: contribution Албански: kontribut

внесе повеќе

внесат
Вид збор: Глагол, свршен
Увезе, по трговски пат, внесе стока.
Англиски: import Албански: importoj
Воведе некого, со придружување.
Англиски: bring in Албански: fus, sjell

внук повеќе

мн. внуци
Вид збор: Именка, машки род
потомство
Англиски: offspring

вовлече повеќе

вовлечат
Вид збор: Глагол, свршен
(се вовлече) навлезе, продре
Англиски: draw Албански: depërtoj

вовре повеќе

воврат
Вид збор: Глагол, свршен
(се вовре) навлезе, продре
Англиски: slip Албански: depërtoj

водач повеќе

мн. водачи
Вид збор: Именка, машки род
Тоа (книга, прирачник и сл.) што објаснува, насочува, воведува во определена проблематика.
Англиски: guide Албански: udhërëfyes

води повеќе

водат
Вид збор: Глагол, несвршен
Придонесува, доведува до нешто.
Англиски: contribute Албански: kontruboj

водникав повеќе

водникавиот
Вид збор: Придавка
Што е влажен, насолзен, безизразен.
Англиски: wet

водовртеж повеќе

мн. водовртежи
Вид збор: Именка, машки род
метеж, хаос
Англиски: disarray Албански: rrëmujë

вододелница повеќе

мн. вододелници
Вид збор: Именка, женски род
Граница помеѓу две нешта, крај на едно и почеток на друго.
Англиски: border Албански: linje ndarëse

вози повеќе

возат
Вид збор: Глагол, несвршен
Лаже некого.
Англиски: cheat Албански: vozis, mashtroj

војва повеќе

(се) војваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се појавува, се меша во свеста, во мислите и сл.
Албански: kujtoj

војна повеќе

мн. војни
Вид збор: Именка, женски род
Остар конфликт, жестока меѓусебна борба со сите средства (освен со оружје).
Англиски: war Албански: luftë

војува повеќе

војуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Води спор со некого, се бори за нешто.
Англиски: fight Албански: luftoj

вол повеќе

мн. волови
Вид збор: Именка, машки род
глупак, будала
Англиски: ox, jerk Албански: ka, mëzat

волк повеќе

мн. волци
Вид збор: Именка, машки род
Искусен во својата професија (борец, морнар, мајстор).
Англиски: wolf Албански: ujk i vjetër, mjeshtër

волунтаризам повеќе

(едн.) волунтаризмот
Вид збор: Именка, машки род
Постапување според својата волја, а не според објективните услови и околности.
Англиски: voluntarism Албански: vullnetarizëm
Нешто што е нестручно, неаргументирано.
Англиски: voluntarism Албански: vullnetarizëm

волчи повеќе

волчиот
Вид збор: Придавка
Што е лош, суров, свиреп.
Англиски: cruel

волшебен повеќе

волшебни
Вид збор: Придавка
Што е прекрасен.
Англиски: magical

волшебник повеќе

мн. волшебници
Вид збор: Именка, машки род
Тој што умее силно да воодушеви, да восхити, да привлече со тоа што го прави.
Англиски: magician Албански: magjistar

волшебништво повеќе

мн. волшебништва
Вид збор: Именка, среден род
вештина, мајсторија
Англиски: magic Албански: magji, mjeshtri

волшепство повеќе

мн. волшепства
Вид збор: Именка, среден род
Убавина, нешто што восхитува, што привлекува.
Англиски: charm Албански: sharm, magji

вооружен повеќе

вооружени
Вид збор: Придавка
Што има, што располага со нешто.
Англиски: equipped

вооружи повеќе

вооружат
Вид збор: Глагол, свршен
Снабди, засили некого (со определени средства, знаење) заради извршување определена дејност.
Англиски: enable Албански: furnizoj

воскоса повеќе

воскосаат
Вид збор: Глагол, свршен
Добие боја на восок, пожолти.
Албански: ngjyrë qiri
(се воскоса) се жолтоса
Албански: saritoj

воскресне повеќе

воскреснат
Вид збор: Глагол, свршен
Оживее, обнови нешто.
Англиски: renew Албански: përtrij

восочен повеќе

восочни
Вид збор: Придавка
Што е жолт како восок (обично за нездрава боја на лицето).
Англиски: waxen

воспален повеќе

воспалениот
Вид збор: Придавка
раздразнет, лут
Англиски: angry

воспали повеќе

воспалат
Вид збор: Глагол, свршен
(се воспали) Се зарумени, се зацрвени.
Англиски: blush Албански: skuqet

вошлив повеќе

вошливи
Вид збор: Придавка
Што е ништожен, безвреден, беден.
Англиски: lousy

впива повеќе

впиваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Усвојува, памети, прима во себе.
Англиски: suck Албански: thithë

вплете повеќе

вплетат
Вид збор: Глагол, свршен
вплетка
Албански: ngatërroj
(се вплете) се вмеша, продре
Англиски: meddle Албански: përzihem

вплетка повеќе

вплеткаат
Вид збор: Глагол, свршен
Замеша во нешто.
Англиски: involve Албански: involvoj
(се вплетка) Се замеша во нешто.
Англиски: involve Албански: involvohem

впрегне повеќе

впрегнат
Вид збор: Глагол, свршен
Натера, присили на нешто.
Англиски: subjugate Албански: vë nën kontroll
(се впрегне) Се ангажира во нешто.
Англиски: engage Албански: angazhoj

впушти повеќе

(се) впуштат
Вид збор: Глагол, свршен
Навлезе во некаков чин, во вршењето на некое дејство.
Англиски: involve Албански: përfshij, lëshoj

враг повеќе

мн. врагови
Вид збор: Именка, машки род
Итар, духовит човек.
Англиски: devil Албански: djall

вража повеќе

вражаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Лази, ползи, се влечка.
Англиски: crawl Албански: zvarrit
Мрда, се движи.
Англиски: sneak Албански: lëviz

вражји повеќе

вражјиот
Вид збор: Придавка
Што е лош, проклет.
Англиски: damned
Примери:
Вражја живеачка.

врами повеќе

врамат
Вид збор: Глагол, свршен
Стави во нешто, загради, затвори.
Англиски: frame Албански: fus në kornizë

врат повеќе

мн. вратови
Вид збор: Именка, машки род
Стеснет дел на некој предмет (на стомна, на виолина), обично што може да се префати со рака.
Англиски: neck Албански: qafë. grykë

врати повеќе

вратат
Вид збор: Глагол, свршен
(се врати) се наврати, се потсети, обнови
Англиски: return Албански: kthye

врашки повеќе

врашкиот
Вид збор: Придавка
Натчовечки, многу силен.
Англиски: superhuman

врв повеќе

мн. врвови
Вид збор: Именка, машки род
Највисок дострел, постигање, пројава на нешто.
Англиски: top Албански: kulm
Највисока положба, степен во некоја хиерархија.
Англиски: top Албански: majë

врвеж повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
минување, тек
Англиски: course Албански: ecje, rrjedh

врви повеќе

врват
Вид збор: Глагол, несвршен
Важи, вреди (обично за пари).
Англиски: sell Албански: vlej
За стока - има продажба, се продава.
Англиски: sell Албански: shes

врвица повеќе

мн. врвици
Вид збор: Именка, женски род
Животен, развоен пат, насока на дејствување.
Англиски: path Албански: drejtim, rrugë

вреже повеќе

врежат
Вид збор: Глагол, свршен
(се вреже) Добро запамети.
Англиски: carve Албански: gdhend, kalis

врека повеќе

врекаат
Вид збор: Глагол, несвршен
вреска
Англиски: scream, squeal Албански: piskas

врел повеќе

врели
Вид збор: Придавка
Што е страстен, што изразува силно чувство.
Англиски: passionate

врзе повеќе

врзат
Вид збор: Глагол, свршен
Приврзе, придобие за нешто, освои.
Англиски: attract Албански: lidh, përfitoj
Обврзе, задолжи, принуди на нешто.
Албански: lidh
За растение - заврзе плод.
Англиски: bear Албански: lidh
(се врзе) Се приврзе за нешто.
Англиски: attach Албански: lidhem

врие повеќе

вријат
Вид збор: Глагол, несвршен
Има движење на множество луѓе без ред, вријавец од луѓе.
Англиски: crowd Албански: vlon, turmë
Преполн е со нешто, има многу.
Англиски: crowd Албански: vlon
Се наоѓа во еуфорична состојба, возбуден е, вознемирен е, со силни чувства.
Англиски: boil Албански: vlon, gufon

врсне повеќе

врснат
Вид збор: Глагол, свршен
Стрелне, прониже со поглед или со остар збор.
Албански: qëlloj, shpoj

врсник повеќе

мн. врсници
Вид збор: Именка, машки род
Лице или елемент што е на ист или сличен ранг со некого или нешто.
Англиски: peer

вртелешка повеќе

мн. вртелешки
Вид збор: Именка, женски род
непостојан човек
Англиски: turncoat Албански: rastësishëm

врти повеќе

вртат
Вид збор: Глагол, несвршен
Работи, стопанисува, се занимава со нешто.
Албански: rrotulloj
Вложува пари во трговски и други зделки.
Англиски: turn Албански: rrotulloj
Чувствува болка.
Англиски: hurt Албански: shpon, prek
Искривува, изопачува факт, смисла.
Англиски: turn Албански: rrotullon
лаже, мами
Албански: sjell, vërtit
Непотребно задржува, вртка некого.
Англиски: distract Албански: hutoj
(се врти) Се насочува на некоја страна.
Англиски: turn Албански: kthehem
(се врти) Немирно седи, лежи.
Албански: rrotullohem
(се врти) За расправа, разговор - се води околу нешто.
Англиски: discuss Албански: sillet

вртка повеќе

врткаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Задржува некого без потреба.
Англиски: hold up Албански: vonoj
Чува, има нешто во мал број, во мало количество.
Англиски: keep Албански: ruan

вртлив повеќе

вртливиот
Вид збор: Придавка
Што е непостојан.
Англиски: inconstant
Примери:
Вртливо време.

вруток повеќе

мн. врутоци
Вид збор: Именка, машки род
Извор, почеток на нешто.
Англиски: source Албански: burim, krua

всади повеќе

всадат
Вид збор: Глагол, свршен
Со воспитание, со влијание или со постапка вкорени некому нешто, направи добро да запамети.
Англиски: implant Албански: ngulit
(се всади) (само 3 л.) Се зацврсти трајно.
Англиски: solidify Албански: ngurtëson

всели повеќе

вселат
Вид збор: Глагол, свршен
внесе, всади
Англиски: implant Албански: implantoj, ngulit
(се всели) Се вовлече, се всади во свеста, во душата и сл.
Англиски: implant Албански: hy, ngulit

втемели повеќе

втемелат
Вид збор: Глагол, свршен
(се втемели) Се вкорени, се всади, се зацврсти.
Англиски: establish Албански: themeloj

втисне повеќе

втиснат
Вид збор: Глагол, свршен
Запамети, вреже во сеќавање.
Англиски: impress Албански: rikujtoj

втоне повеќе

Види и: тоне (несв.)
втонат
Вид збор: Глагол, свршен
Пропадне во сон, заспие.
Англиски: sink Албански: fut
Потоне во мисли, се задлабочи во нешто.
Англиски: sink Албански: hyn

вувузела повеќе

мн. вувузели
Вид збор: Именка, женски род
Лице што шири бесмислена пропаганда.
Англиски: vuvuzela

вудвоса повеќе

вудвосаат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи нешто да биде двојно, удвоено.
Англиски: double Албански: dyfishoj

вчаури повеќе

вчаурат
Вид збор: Глагол, свршен
се изолира, се одвои
Англиски: isolate Албански: izolohem, mbyllem

вчера повеќе

Вид збор: Прилог
Неодамна, пред извесно време.
Англиски: recently
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш