Преносно значење - категорија

баба повеќе

мн. баби
Вид збор: Именка, женски род
Човек со слаба волја, нерешителен, неотпорен.
Англиски: weakling

бабува повеќе

бабуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се грижи за болен.
Англиски: care Албански: kujdesem, përkujdesem

бабун повеќе

мн. бабуни
Вид збор: Именка, машки род
Човек со збрчкано лице.
Англиски: baboon Албански: fytyrë majmuni

багаж повеќе

(едн.) багажот
Вид збор: Именка, машки род
Оптовареност со мислење, идеологија, предрасуди, обично во негативна смисла.
Англиски: baggage Албански: bagazh, peshë

бае повеќе

баат
Вид збор: Глагол, несвршен
Зборува многу, без потреба, повторува една иста работа.
Англиски: blab Албански: llomotis

бакарисан повеќе

бакарисаниот
Вид збор: Придавка
Со боја на бакар.

бакрач повеќе

мн. бакрачи
Вид збор: Именка, машки род
(обично мн.) глупости
Англиски: nonsense Албански: marrëzi

баласт повеќе

мн. баласти
Вид збор: Именка, машки род
Излишен товар, претрупаност.
Англиски: ballast Албански: balast, pesh e tepërt

балканец повеќе

мн. балканци
Вид збор: Именка, машки род
Неформален израз за човек со груби манири.
Англиски: ruffian

банкрот повеќе

мн. банкроти
Вид збор: Именка, машки род
Тој што банкротирал материјално, пропаднат човек.
Англиски: bankruptcy Албански: falimentues

банкротира повеќе

банкротираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Наполно пропадне, пропаѓа.
Англиски: default Албански: bankrotoj, falimentoj

барикада повеќе

мн. барикади
Вид збор: Именка, женски род
Изложена положба во политичка борба.
Англиски: barricade Албански: barikadë

барометар повеќе

мн. барометри
Вид збор: Именка, машки род
Тоа што служи за проценување на некоја ситуација како показател.
Англиски: indicator Албански: barometër, indikator

басна повеќе

мн. басни
Вид збор: Именка, женски род
Измислица, неверојатна приказна.
Англиски: fable Албански: fabul

бастион повеќе

мн. бастиони
Вид збор: Именка, машки род
Добро чувано место, потпора во одбраната на некоја позиција.
Англиски: bastion Албански: bastion

бауч повеќе

мн. баучи
Вид збор: Именка, машки род
Голем, тешко совладлив проблем.
Англиски: bugaboo Албански: e panjohur, problem

баханалија повеќе

мн. баханалии
Вид збор: Именка, женски род
Дива, развратна пијанка; бучна веселба, лумпување.
Англиски: bacchanal Албански: aheng i zëshëm

башибозук повеќе

мн. башибозуци
Вид збор: Именка, машки род
Распуштено, разуздано, бесно однесување.
Англиски: chaos Албански: kaos, bashibozuk

бега повеќе

бегаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Брзо поминува, исчезнува.
Англиски: disappear Албански: ikë, humbë

бегува повеќе

бегуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Ужива, живее раскошно како бег.
Албански: jetoj si beg

бедем повеќе

мн. бедеми
Вид збор: Именка, машки род
Заштита, одбрана од нешто.
Англиски: protection Албански: mbrojtje

беден повеќе

бедниот
Вид збор: Придавка
Оној што има недостаток од нешто, оскуден.
Англиски: miserable

безбоен повеќе

безбојниот
Вид збор: Придавка
Што не се изделува со нешто, едноличен, празен.
Англиски: colorless

безболен повеќе

безболниот
Вид збор: Придавка
Што се реализира лесно, без тешкотии.
Англиски: painless

безвучен повеќе

безвучни
Вид збор: Придавка
Безгласен, бесшумен, тивок.
Англиски: silent

безглав повеќе

безглави
Вид збор: Придавка
збунет, избезумен, зашеметен
Англиски: panicky

бездна повеќе

мн. бездни
Вид збор: Именка, женски род
пропаст, несреќа
Англиски: disaster Албански: shkatërrim

безживотен повеќе

безживотниот
Вид збор: Придавка
Што е без живост, што не дава знак на живост.
Англиски: lifeless

безрбетник повеќе

мн. безрбетници
Вид збор: Именка, машки род
Тој што нема сопствено убедување, свој став, некарактерен човек.
Англиски: hypocrite, slimy Албански: hipokrit

безропотен повеќе

безропотниот
Вид збор: Придавка
покорен, понизен
Англиски: servile

бекне повеќе

бекнат
Вид збор: Глагол, свршен
Изусти, прозбори (обично во негација).
Албански: nuk bën zë

бележан повеќе

бележаниот
Вид збор: Придавка
жигосан, осомничен
Англиски: stigmatized

бележи повеќе

бележат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
(само во 3л.) постига, покажува
Англиски: reach Албански: arrin

бесен повеќе

бесни
Вид збор: Придавка
Што пројавува голема сила, многу силен.
Англиски: furious Албански: i fuqishëm

беси повеќе

бесат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се беси) Губи време, бесцелно се задржува некаде.
Англиски: hang around Албански: endet

бескраен повеќе

бескрајни
Вид збор: Придавка
Што во голема мера го изразува своето основно својство.
Англиски: infinite

бескрвен повеќе

бескрвниот
Вид збор: Придавка
Што нема доволно живост.
Англиски: bloodless

бесмртен повеќе

бесмртни
Вид збор: Придавка
Што живее во сеќавањето на потомството, што има трајна вредност.
Англиски: eternal

бесмртник повеќе

мн. бесмртници
Вид збор: Именка, машки род
Славен човек, великан.
Англиски: celebrity Албански: i famshëm

беснее повеќе

беснеат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Се пројавува со сета своја силина.
Албански: paraqitet

беспатен повеќе

беспатниот
Вид збор: Придавка
безизлезен, бесцелен
Англиски: hopeless

беспаќе повеќе

мн. беспаќа
Вид збор: Именка, среден род
Безизлезна ситуација, дезориентација.
Англиски: hopelessness Албански: dezorientim, pafuqi

бесплоден повеќе

бесплодниот
Вид збор: Придавка
некорисен, бесцелен
Англиски: useless

бестија повеќе

мн. бестии
Вид збор: Именка, женски род
Тој што е со животински инстинкти, дивјак.
Англиски: barbarian Албански: barbar, shtazarak

бесцветница повеќе

мн. бесцветници
Вид збор: Именка, женски род
Жена што не може да роди.
Албански: beronjë, shterpë

библиски повеќе

библискиот
Вид збор: Придавка
прастар
Англиски: biblical
Примери:
Библиска старост.

бигор повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
мака, страдање
Англиски: suffering Албански: vuajtje

бигорен повеќе

бигорниот
Вид збор: Придавка
голем, тежок
Англиски: heavy

бие повеќе

бијат
Вид збор: Глагол, несвршен
Удира (за ветер, сонце).
Англиски: beat Албански: rrah

бик повеќе

мн. бикови
Вид збор: Именка, машки род
Многу силен, јак и отпорен човек.
Англиски: bull Албански: dem

биланс повеќе

мн. биланси
Вид збор: Именка, машки род
Краен исход, резултат од нешто.
Англиски: balance Албански: bilanc

билдер повеќе

мн. билдери
Вид збор: Именка, машки род
Физички развиен човек.
Англиски: body builder Албански: bilder, me muskuj të zhvilluar

билион повеќе

мн. билиони
Вид збор: Именка, машки род
Многу голема сума, многу голем број.
Англиски: zillion Албански: bilion, miliardë

билјур повеќе

мн. билјури
Вид збор: Именка, машки род
Чист, кристален сјај.
Албански: i pastër, shkëlqim i kristalt

билјурен повеќе

билјурниот
Вид збор: Придавка
Бистар, чист како кристал.
Англиски: crystal

биологија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
наставен предмет
Албански: biologji
учебник
Англиски: textbook Албански: libër

бисер повеќе

мн. бисери
Вид збор: Именка, машки род
нешто многу убаво
Англиски: precious Албански: diçka shumë e bukur

бистар повеќе

бистриот
Вид збор: Придавка
јасен, блескав, сјаен
Англиски: clear Албански: shndritshëm

бистри повеќе

бистрат
Вид збор: Глагол, несвршен
Прави нешто да биде чисто, ведро.
Англиски: clear Албански: pastroj, çelë
(се бистри) Станува јасен, светол.
Англиски: clear Албански: kthiellohet

бистрина повеќе

(едн.) бистрината
Вид збор: Именка, женски род
Ведрина, сјај.
Англиски: clearness Албански: çiltërsi, shkëlqim

бистрица повеќе

мн. бистрици
Вид збор: Именка, женски род
Бистар, паметен човек.
Англиски: intelligent person Албански: person intelegjent

битка повеќе

мн. битки
Вид збор: Именка, женски род
Борба воопшто, за надмоќ, за превласт.
Англиски: battle

бич повеќе

мн. бичеви
Вид збор: Именка, машки род
казна, несреќа, зло
Англиски: punishment Албански: dënim, e keqe

бичува повеќе

бичуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Остро критикува.
Англиски: criticize Албански: kritikon

благо повеќе

мн. блага
Вид збор: Именка, среден род
духовно богатство, вредност
Англиски: wealth Албански: vlerë
Материјално богатство, богатството што го дава земјата, морето и сл.
Англиски: riches Албански: pasuri

блада повеќе

бладаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Зборува бесмислици.
Англиски: talk nonsense Албански: flet kot

блажи повеќе

блажат
Вид збор: Глагол, несвршен
Прави нешто да биде благо, смалува острина, лутина и сл.
Англиски: soothe Албански: ëmbëlson

бледнее повеќе

бледнеат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Се губи, станува неизразит.
Англиски: fade Албански: zbehet

блекне повеќе

блекнат
Вид збор: Глагол, свршен
Каже нешто.
Англиски: say Албански: blegëroj, flas

блескав повеќе

блескави
Вид збор: Придавка
Што се истакнува со некое добро својство; извонреден.
Англиски: impressive

блесне повеќе

блеснат
Вид збор: Глагол, свршен
Наеднаш се открие, се пројави со нешто.
Англиски: flash up Албански: shndritë, paraqitet

блесок повеќе

мн. блесоци
Вид збор: Именка, машки род
раскош, убавина, сјај
Англиски: beauty Албански: shkëlqim, bukuri

близина повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Мала оддалеченост од некого, од нешто.
Англиски: closeness Албански: afërsi

близнак повеќе

мн. близнаци
Вид збор: Именка, машки род
Човек или животно со голема сличност.
Англиски: twin Албански: binjakë

блика повеќе

бликаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се изразува, се пројавува со голема сила, во голема мера.
Англиски: gush Албански: shpërthen

блуди повеќе

блудат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се насочува, преминува без да се сосредоточи од еден на друг предмет (за очи, поглед, мисла).
Англиски: wander Албански: endem, shëtis

блуе повеќе

блујат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Исфрла од себе нешто нагло и во големо количество (за вулкан, оружје).
Англиски: throw, spit Албански: hedh

блуткав повеќе

блуткавиот
Вид збор: Придавка
безвреден, слаб
Англиски: weak

бог повеќе

мн. богови
Вид збор: Именка, машки род
Тој, таа што има голема моќ, власт, влијание.
Англиски: god Албански: Zot

богат повеќе

богати
Вид збор: Придавка
Што има големи духовни вредности, многу добри обележја.
Англиски: rich

богатство повеќе

мн. богатства
Вид збор: Именка, среден род
Изобилство на духовни блага, добра и особини.
Англиски: abundance Албански: begati, pasuri

боговски повеќе

боговскиот
Вид збор: Придавка
Што е преголем, пребогат, преубав, што е како за бог.
Англиски: magnificent
Примери:
Нему му припадна боговски дел.

бодеж повеќе

мн. бодежи
Вид збор: Именка, машки род
Остра краткотрајна болка како удар со нож.
Англиски: sting Албански: therrje

божествен повеќе

божествениот
Вид збор: Придавка
Што е преубав, прекрасен.
Англиски: splendid

бој повеќе

мн. боеви
Вид збор: Именка, машки род
расправија, тепачка
Англиски: fight Албански: ndeshje

боја повеќе

мн. бои
Вид збор: Именка, женски род
Обележје на народ, знаме.
Англиски: flag Албански: ngjyrat
Политичко и класно, идејно обележје, идеен став, убедување, уверување, мислење.
Англиски: tenor Албански: ngjyrë
Стилски изразни обележја на уметничко дело.
Англиски: character Албански: ngjyrë, karakter

болен повеќе

болни
Вид збор: Придавка
Што боли, што предизвикува, што изразува болка.
Англиски: painful Албански: dhëmbje

бомба повеќе

мн. бомби
Вид збор: Именка, женски род
Нешто извонредно, сензационално, успешно.
Англиски: super Албански: bombë, super

бомбардира повеќе

бомбардираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
нападне, напаѓа, засипе
Англиски: overwhelm Албански: bombardoj, sulmoj

боранија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
мали, безначајни луѓе
Англиски: trifle Албански: borani, çikërrimë

бос повеќе

боси
Вид збор: Придавка
Недоволно подготвен или информиран во некоја струка.
Англиски: unprepared

ботаника повеќе

мн. ботаники
Вид збор: Именка, женски род
училиштен предмет
Англиски: botany Албански: botanikë
(мн.) Книга по предметот ботаника.
Англиски: botany Албански: botanika

боцка повеќе

боцкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
бреца
Англиски: sting Албански: thumbon

боцне повеќе

боцнат
Вид збор: Глагол, свршен
Предизвика остра болка, бодеж.
Англиски: stab Албански: goditje, sëmbim
брецне
Англиски: sting Албански: thumboj

бразда повеќе

мн. бразди
Вид збор: Именка, женски род
Голема брчка на лицето, на кожата.
Англиски: wrinkle Албански: rrudhë

бразди повеќе

браздат
Вид збор: Глагол, несвршен
Плови по вода, по воздух.
Англиски: sail Албански: lundron

брана повеќе

мн. брани
Вид збор: Именка, женски род
Секаков вид пречка што се поставува меѓу две нешта.
Англиски: obstacle Албански: penges

брани повеќе

бранат
Вид збор: Глагол, несвршен
Не дозволува, спречува, забранува нешто (со кратка заменска форма: ми, ти, му...).
Англиски: hamper Албански: pengoj

браник повеќе

мн. браници
Вид збор: Именка, машки род
Одбрана од нешто.
Англиски: defense Албански: mbrojtje

брбешка повеќе

брбешкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Валка колачи, обложува во мелени ореви, кокос, шеќер во прави сл.
Англиски: roll Албански: rrotull

бревта повеќе

бревтаат
Вид збор: Глагол, несвршен
За машина, мотор - работи, влече отежнато.
Англиски: sputter Албански: cikërron, troket

брее повеќе

бреат
Вид збор: Глагол, несвршен
Што личи на рикање на елен.
Англиски: bell Албански: pëllet

бреме повеќе

мн. бремиња
Вид збор: Именка, среден род
тешкотија
Англиски: burden Албански: barrë, ngarkesë

брзне повеќе

брзнат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да плаче.
Албански: shpërthej loti

брилијант повеќе

мн. брилијанти
Вид збор: Именка, машки род
Што потсетува на брилијант.
Англиски: diamond Албански: brilant

брилијантен повеќе

брилијантниот
Вид збор: Придавка
блескав, прекрасен
Англиски: brilliant

брилира повеќе

брилираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Работи нешто многу успешно, се истакнува.
Англиски: shine Албански: brilant, shkëlqen

бричи повеќе

бричат
Вид збор: Глагол, несвршен
дере, соголува, ограбува
Англиски: rob Албански: vjedh
Дува силно.
Албански: fryn

брише повеќе

бришат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Отстранува од пишан текст.
Англиски: erase Албански: shuan

брлив повеќе

брливи
Вид збор: Придавка
глупав, будала
Англиски: foolish Албански: i marrë

брлог повеќе

мн. брлози
Вид збор: Именка, машки род
Нечисто место.
Англиски: hole Албански: vrimë
Легло воопшто, дом.
Англиски: home Албански: shtëpi

брмчи повеќе

брмчат
Вид збор: Глагол, несвршен
Слуша звук сличен на брмчење.
Англиски: hum Албански: lëvrij

броди повеќе

бродат
Вид збор: Глагол, несвршен
лута, скита
Англиски: wander Албански: bredh, endet

бродолом повеќе

мн. бродоломи
Вид збор: Именка, машки род
слом, пропаст
Англиски: shipwreck Албански: anijembytje, përmbytje

бродоломец повеќе

Види и: бродоломник (м.)
мн. бродоломци
Вид збор: Именка, машки род
Тој што доживеал некаков слом, голем неуспех.
Англиски: shipwrecked Албански: pësues

брчало повеќе

мн. брчала
Вид збор: Именка, среден род
Тоа што испушта звук на брчење.
Албански: zëzëlloj

бубалка повеќе

мн. бубалки
Вид збор: Именка, женски род
Мирен, тивок, кроток човек.

бува повеќе

буваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Кашла силно.
Англиски: cough Албански: kollitet

бувта повеќе

бувтаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Кашла силно.
Англиски: cough Албански: kollitet

буден повеќе

будни
Вид збор: Придавка
Што следи нешто со напрегнато внимание, што е претпазлив.
Англиски: cautious

буди повеќе

будат
Вид збор: Глагол, несвршен
Предизвикува некакво чувство, оживува сеќавање итн.
Англиски: evoke Албански: ndjell

буен повеќе

бујниот
Вид збор: Придавка
жив, развиен
Англиски: vivid Албански: i zhvilluar, i gjallë

буи повеќе

бујат
Вид збор: Глагол, несвршен
Силно се пројавува, напредува.
Англиски: proliferate Албански: përhapet, shtohet

букне повеќе

букнат
Вид збор: Глагол, свршен
Силно, наеднаш израсте.
Англиски: grow rampant Албански: rritet, shpërthej

булдог повеќе

мн. булдози
Вид збор: Именка, машки род
Телохранител, чувар, лично обезбедување.
Англиски: bodyguard Албански: truproje

бура повеќе

мн. бури
Вид збор: Именка, женски род
Настан што предизвикува многу немир, превирања и тешкотии.
Англиски: storm Албански: stuhi

буфне повеќе

(се) буфнат
Вид збор: Глагол, свршен
се појави, излезе
Англиски: pop up Албански: del, paraqitet

буцка повеќе

буцкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Бреца, поттикнува на расправија, се потсмева некому.
Англиски: gibe Албански: shpoti, tallje

буцне повеќе

буцнат
Вид збор: Глагол, свршен
подбуцне, провоцира
Англиски: incite Албански: nxit

бучкуруш повеќе

мн. бучкуруши
Вид збор: Именка, машки род
Мешавина од несоодветни работи.
Англиски: jumble, disorder
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш