Правда - категорија

шверц повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Црна берза, недозволено пренесување на стока.
Англиски: black market Германски: Schwarzhandel Албански: kontrabandë, shverc

шверцер повеќе

мн. шверцери
Вид збор: Именка, машки род
Контрабандист, оној што се занимава со шверц.
Англиски: smuggler Албански: kontrabandist, shvercer

шверцерка повеќе

мн. шверцерки
Вид збор: Именка, женски род
Женски род од шверцер.
Англиски: smuggler

шверцува повеќе

шверцуваат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Врши трговија на незаконски начин, се занимава со шверц.
Англиски: smuggle

шверцување повеќе

Вид збор: Именка, среден род
шверцува
Англиски: smuggling

шеријат повеќе

(едн.) шеријатот
Вид збор: Именка, машки род
Збир од религиозни и други правила кај муслиманите, засновани на коранот; свештен закон.
Англиски: sharia Турски: şeriat

шеријатски повеќе

Види и: шеријат (м.)
шеријатскиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на шеријат.

шериф повеќе

шерифот
Вид збор: Именка, машки род
Полициски началник со судска власт во САД и Англија.
Англиски: sheriff

шерифов повеќе

Види и: шериф (м.)
Вид збор: Придавка
Што му припаѓа на шериф.

шерифски повеќе

Види и: шериф (м.)
Вид збор: Придавка
Што се однесува на шериф.

штитеник повеќе

мн. штитеници
Вид збор: Именка, машки род
Оној што се наоѓа под нечие старателство.
Англиски: protégé Албански: person nën kujdesje
а - б - в - г - д - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ - ш