Правда - категорија

тапија повеќе

мн. тапии
Вид збор: Именка, женски род
Судски заверен документ за сопственост на имот.
Англиски: property proof, deed Турски: tapu

татковина повеќе

(едн.) татковината
Вид збор: Именка, женски род
татковнина
Англиски: patrimony Албански: trashëgimi

татковнина повеќе

(едн.) татковнината
Вид збор: Именка, женски род
Имот наследен од таткото, наследство од таткото.
Англиски: patrimony

тврдење повеќе

мн. тврдења
Вид збор: Именка, среден род
Исказ за кој се вели дека е вистинит.
Англиски: assertion Албански: pohim
Примери:
По тоа прашање има различни тврдења.

темница повеќе

(едн.) темницата
Вид збор: Именка, женски род
зандана, затвор
Англиски: prison Албански: errësirë, brug
Примери:
Цариградската темница.

темничар повеќе

мн. темничари
Вид збор: Именка, машки род
чувар на затвор
Англиски: jailer Албански: rojtar burgu
Оној што лежи во затвор, во темница.
Англиски: prisoner Албански: i burgosur

тестамент повеќе

тестаментот
Вид збор: Именка, машки род
Последна воља, документ што ја изразува последната волја на покојникот.
Англиски: last will Албански: testament

тестаментар повеќе

мн. тестаментари
Вид збор: Именка, машки род
извршител на тестамент
Англиски: executor

тестаментарен повеќе

тестаментарниот
Вид збор: Придавка
Што е одреден со тестамент.
Англиски: testamentary

тестатор повеќе

тестаторот
Вид збор: Именка, машки род
Оној што преку тестаментот ја искажува својата последна волја.

титула повеќе

мн. титули
Вид збор: Именка, женски род
Правен наслов, основа за стекнување на некое право.
Англиски: title Албански: titull

титулар повеќе

мн. титулари
Вид збор: Именка, машки род
Официјален носител на титула.
Латински: titularius
Примери:
правен титулар

томрук повеќе

Види и: тумрук (м.)
мн. томруци
Вид збор: Именка, машки род
Дрвена направа што му се става на нозете на затвореник.
Турски: tomruk
Примери:
(нар. поез.) На нозете тежок томрук.

транслација повеќе

мн. транслации
Вид збор: Именка, женски род
Пренесување на некое право.
Англиски: translation

третоосомничен повеќе

третоосомничениот
Вид збор: Придавка
Што е трет осомничен за извршено кривично дело, според тежината на кривичниот чин.

трибунал повеќе

мн. трибунали
Вид збор: Именка, машки род
Судски колегиум, суд.
Англиски: tribunal
Примери:
Хашкиот трибунал.

тужба повеќе

мн. тужби
Вид збор: Именка, женски род
Акт со кој се тужи.
Англиски: indictment Албански: padi, aktpadi

тужбен повеќе

тужбена
Вид збор: Придавка
Што се однесува на тужба.

тужен повеќе

Види и: тужи (св. и несв.)
тужени
Вид збор: Придавка
(глаг. прид.) тужи
Англиски: accused
Примери:
Тужениот да се произнесе за тужбата.

туженик повеќе

мн. туженици
Вид збор: Именка, машки род
Оној што е тужен.
Англиски: defendant

тужење повеќе

Вид збор: Именка, среден род
Поднесување тужба.
Англиски: suit

тужи повеќе

тужат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Поднесува тужба.
Англиски: sue Албански: padis
(се тужи) Си поднесуваат тужба взаемно.
Англиски: sue Албански: paditem

тужител повеќе

мн. тужители
Вид збор: Именка, машки род
Оној што тужи.
Англиски: plaintiff

тужителка повеќе

мн. тужителки
Вид збор: Именка, женски род
Жена тужител.
Англиски: plaintiff

тумрук повеќе

Види и: томрук (м.)
мн. тумруци
Вид збор: Именка, машки род
Дрвена направа што му се става на нозете на затвореник за ограничување на неговите можности за движење.
Турски: tomruk
а - б - в - г - д - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ - ш