Правда - категорија

саботажа повеќе

мн. саботажи
Вид збор: Именка, женски род
Противзаконско дејство што има за цел го попречи или доведе во опасност правилното работење на некое претпријатие, установа и сл.
Англиски: sabotage Француски: sabotage Албански: sabotazhë, sabotim
Примери:
Саботажите се ширеа од ден на ден.

самица повеќе

мн. самици
Вид збор: Именка, женски род
Ќелија в затвор во која затвореникот лежи сам.
Албански: birucë, celulë burgu

самозванец повеќе

мн. самозванци
Вид збор: Именка, машки род
Лице што си присвојува незаконски туѓо име, звање и сл.
Англиски: imposter

самообвинение повеќе

Види и: самообвинување (ср.)
мн. самообвиненија
Вид збор: Именка, среден род
самообвинување
Англиски: self-accusation

самообвинување повеќе

Види и: самообвинува (несв.)
мн. самообвинувања
Вид збор: Именка, среден род
(се) самообвинува
Англиски: self-accusation

самоовластување повеќе

Види и: овластување (ср.)
мн. самоовластувања
Вид збор: Именка, среден род
Овластување на самиот себеси.

санкција повеќе

мн. санкции
Вид збор: Именка, женски род
Во правото - потврдување на некој акт од страна на виша инстанца.
Англиски: sanction Албански: sanksion
Казнени мерки за нарушување на законот; во меѓународното право - систем на казнени мерки што се применуваат на оние што ги кршат меѓународните договори.
Англиски: sanction Албански: sanksion

сведок повеќе

мн. сведоци
Вид збор: Именка, машки род
Лице што дава пред суд изјави по некој процес, дело и сл.
Англиски: witness Албански: dëshmitar
Примери:
Утре ќе почне распитувањето на сведоците.

сведочи повеќе

сведочат
Вид збор: Глагол, несвршен
Потврдува нешто во својство на сведок на суд.
Англиски: testify Албански: dëshmoj

сведоштво повеќе

сведоштвото
Вид збор: Именка, среден род
Потврдување на нешто од очевидец или од информирано лице.
Англиски: testimony Албански: dëshmi, pohim

свест повеќе

(едн.) свеста
Вид збор: Именка, женски род
Јасно поимање на нешто и консеквенциите на сопствените дела.
Англиски: awareness Албански: ndërgjegjësim

свидетел повеќе

Види и: сведок (м.)
мн. свидетели
Вид збор: Именка, машки род
сведок
Англиски: witness

свиркач повеќе

мн. свиркачи
Вид збор: Именка, машки род
Лице коешто ја алармира јавноста при кршење на закони.
Англиски: whistleblower

секвестар повеќе

мн. секвестри
Вид збор: Именка, машки род
Во правото, забрана над имот од страна на органите на власта за да се обезбеди некакво побарување.
Англиски: sequester Албански: sekuestër
Примери:
Наложи секвестар.
Управувач на имот ставен под секвестар.
Англиски: sequestrator Албански: sekuestër

секвестирање повеќе

Вид збор: Именка, среден род
секвестрирање
Англиски: sequestration

секвестратор повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Управувач на имот ставен под секвестар.

секвестрација повеќе

мн. секвестрации
Вид збор: Именка, женски род
Во правото - наложување на секвестар.
Англиски: sequestration Албански: sekuestrim

секвестрира повеќе

секвестрираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Наложи, наложува секвестар над нешто.
Англиски: sequester Албански: sekuestroj
Привремено одзема имотно право на должник.
Албански: sekuestroj

сентенција повеќе

мн. сентенции
Вид збор: Именка, женски род
Во правото - одлука, пресуда.
Латински: sententia Англиски: sentence Албански: vendim

силник повеќе

Види и: насилник (м.)
мн. силници
Вид збор: Именка, машки род
Лице што располага со голема сила; лице што прави насилија.
Англиски: criminal
Примери:
Силниците и финансиските господари.

силувач повеќе

мн. силувачи
Вид збор: Именка, машки род
Тој што силува.
Англиски: rapist

синдик повеќе

мн. синдици
Вид збор: Именка, машки род
Во некои земји на Западна Европа - претставник на некоја установа, општина, корпорација ополномоштен да ги води нејзините работи, правен застапник.
Англиски: company lawyer Албански: përfaqësues juridik

слобода повеќе

мн. слободи
Вид збор: Именка, женски род
Состојба на оној што не е затворен.
Англиски: freedom Албански: liri

слободник повеќе

мн. слободници
Вид збор: Именка, машки род
Човек пуштен на слобода.
Англиски: convict on leave

слободништво повеќе

Вид збор: Именка, среден род
состојба на слободник
Англиски: furlough

смрт повеќе

(едн.) смртта
Вид збор: Именка, женски род
смртна казна
Англиски: death penalty Албански: dënim me vdekje

согласност повеќе

(едн.) согласноста
Вид збор: Именка, женски род
заемен договор
Англиски: agreement Албански: marrëveshje

соизвршител повеќе

мн. соизвршители
Вид збор: Именка, машки род
Тој што извршил кривично дело заедно со друго лице.
Англиски: accomplice

соли повеќе

солат
Вид збор: Глагол, несвршен
Посипува со нешто ситно.
Англиски: strew Албански: shtrohet, hidhet
Примери:
Тресе и не соли со прав.

солидарен повеќе

солидарни
Вид збор: Придавка
Во правото - општ, заеднички.
Англиски: joint

солидарност повеќе

Види и: солидарен (прид.)
(едн.) солидарноста
Вид збор: Именка, женски род
Во правото - заедничка одговорност.
Англиски: solidarity Албански: solidarizim

сомничи повеќе

сомничат
Вид збор: Глагол, несвршен
Поведе постапка за прибирање докази поради сомневање.
Англиски: suspect

сонаследник повеќе

мн. сонаследници
Вид збор: Именка, машки род
Лице што наследува некој имот заедно со друг.
Англиски: coheir

сонаследница повеќе

Вид збор: Именка, женски род
За жена, сонаследник.
Англиски: coheir

сообраќајка повеќе

мн. сообраќајки
Вид збор: Именка, женски род
сообраќајна незгода
Англиски: traffic accident

соодговорен повеќе

соодговорна
Вид збор: Придавка
Кој е одговорен за нешто заедно со некого.
Англиски: jointly responsible

соодговорност повеќе

(едн.) соодговорноста
Вид збор: Именка, женски род
Заедничка одговорност.
Англиски: joint responsibility

сопотпис повеќе

мн. сопотписи
Вид збор: Именка, машки род
Потпис на нешто што го потпишуваат и други.

сопотписник повеќе

мн. сопотписници
Вид збор: Именка, машки род
Лице што потпишува нешто заедно со други.
Англиски: cosignatory

сопруг повеќе

мн. сопрузи
Вид збор: Именка, машки род
Маж во однос на жената со која е во брак.
Англиски: spouse Албански: bashkëshort
Примери:
Самата си го избра сопругот.

сослуша повеќе

сослушаат
Вид збор: Глагол, свршен
За сведоци, обвинети - постави прашања заради изјаснување на нешто.
Англиски: interrogate Албански: marr në pyetje
Примери:
Денеска ќе ги сослушаат сведоците.

соучесник повеќе

мн. соучесници
Вид збор: Именка, машки род
Лице што учествува или учествувало заедно со некого во нешто.
Англиски: accomplice Албански: bashkëfajtor

соучесница повеќе

Вид збор: Именка, женски род
За жена соучесник.
Англиски: accomplice

соучесништво повеќе

Вид збор: Именка, среден род
соучество
Англиски: complicity

соучество повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Учество заедно со некого во некоја работа.
Англиски: complicity Албански: bashkëpunim, pjesëmarrje
Примери:
Беше земен на одговорност за соучество во злочинот.

соучествување повеќе

Вид збор: Именка, среден род
(со) учествување
Англиски: complicity Албански: ngushllim

спогодба повеќе

мн. спогодби
Вид збор: Именка, женски род
Договор кој установува заемни услови во нешто.
Англиски: contract Албански: marrëveshje, kontratë

спогодбен повеќе

спогодбени
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на спогодба, кој е плод на спогодба.
Англиски: contractual
Примери:
спогодбено решение
Во заеднича спогодба.
Англиски: consensual
Примери:
спогодбен развод на брак

спор повеќе

мн. спорови
Вид збор: Именка, машки род
Судска постапка.
Англиски: lawsuit Албански: proces gjyqësorë
Примери:
Води спор.

спорење повеќе

Вид збор: Именка, среден род
парничење
Англиски: contest Албански: kontestim

спори повеќе

спорат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се спори) Води правен спор, се суди со некого.
Англиски: contest Албански: kontestoj, mohoj
Примери:
Се спореа непотребно.

срочиште повеќе

мн. срочишта
Вид збор: Именка, среден род
судски претрес
Англиски: hearing
Примери:
Беше закажано срочиште.

статус повеќе

(едн.) статусот
Вид збор: Именка, машки род
Општествена и правна положба на едно лице.
Англиски: status Албански: status

статут повеќе

статутот
Вид збор: Именка, машки род
устав, правилник
Англиски: statute
Примери:
По статутот.

статутарен повеќе

статутарна
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на статут.
Англиски: statutary
Примери:
Статутарни измени.

ствар повеќе

мн. ствари
Вид збор: Именка, женски род
предмет
Англиски: case, object

стварен повеќе

стварни
Вид збор: Придавка
Што постои независно од човекот и неговото сознание.
Англиски: real

стечаен повеќе

Види и: стечај (м.)
стечајниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на стечај.
Англиски: bankruptcy Албански: falimentues
Примери:
стечајна постапка

стечај повеќе

мн. стечаи
Вид збор: Именка, машки род
Судска постапка за намирување на обврски кон доверителите поради платежна неспособност.
Англиски: insolvency

сторител повеќе

мн. сторители
Вид збор: Именка, машки род
Лице што сторило некое дело.
Англиски: perpetrator Албански: kryes
Примери:
Сторителот беше веднаш приведен.

субјект повеќе

мн. субјекти
Вид збор: Именка, машки род
Во правото - лице или организација што има определени права и должности.
Англиски: subject Албански: subjekt

суверенитет повеќе

(едн.) суверенитетот
Вид збор: Именка, машки род
Правата на суверен.
Англиски: sovereignty Албански: sovranitet

сугестија повеќе

мн. сугестии
Вид збор: Именка, женски род
Влијаење врз нечија волја.
Англиски: suggestion Албански: sugjestion
Примери:
Тој е под сугестија.

суд повеќе

мн. судови
Вид збор: Именка, машки род
Државен орган што разгледува граѓански и кривични спорови.
Англиски: court Албански: gjykatë
Разгледување дела од оваа институција.
Англиски: legal proceeding Албански: procedurë ligjore
Целиот состав што разгледува едно дело, судиите.
Англиски: court Албански: gjykatë

суден повеќе

судниот
Вид збор: Придавка
Обвинето лице во судски процес.
Англиски: accused

суденик повеќе

мн. суденици
Вид збор: Именка, машки род
Тој на кој му се суди.

судење повеќе

Вид збор: Именка, среден род
(се) суди
Англиски: trial

суди повеќе

судат
Вид збор: Глагол, несвршен
За судија - решава судски процес.
Англиски: judge Албански: gjykoj
Води судски процес против некого.
Англиски: sue Албански: padit
(се суди) Води судски процес.
Англиски: litigate Албански: gjykon

судија повеќе

мн. судии
Вид збор: Именка, машки род
Лице в суд што води процеси.
Англиски: judge Албански: gjyqtar

судиски повеќе

судиска
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на судија.
Примери:
судиски извештај

судница повеќе

судницата
Вид збор: Именка, женски род
Сала во која се суди.
Англиски: court

судски повеќе

Види и: суд (м.)
судска
Вид збор: Придавка
Што се однесува на активност на суд.
Англиски: legal Албански: gjyqsor

судство повеќе

(едн.) судството
Вид збор: Именка, среден род
Правниот систем на една држава.
Англиски: legal system Албански: gjyqëror
Примери:
Реформи во судството.

сужен повеќе

мн. сужни
Вид збор: Именка, машки род
Оној што е фрлен в зандана.
Англиски: prisoner

сукцесија повеќе

мн. сукцесии
Вид збор: Именка, женски род
Преземање на нечија положба или право на наследство.
Англиски: succession Албански: sukcesion
Примери:
сукцесија на СФРЈ
а - б - в - г - д - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ - ш