Правда - категорија

пазар повеќе

мн. пазари
Вид збор: Именка, машки род
Работа, договор за купопродажба.
Англиски: contact Албански: pazarllëk

параграф повеќе

мн. параграфи
Вид збор: Именка, машки род
закон
Англиски: law Албански: paragraf, ligj
Примери:
(разг.) Го фати параграфот.

парира повеќе

парираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Одбие, одбива напади или докази на противникот во спорот.
Англиски: parry Албански: shmang

парница повеќе

мн. парници
Вид збор: Именка, женски род
Судска постапка за разрешување на одредено прашање.
Англиски: lawsuit

парничар повеќе

мн. парничари
Вид збор: Именка, машки род
Тој што води судска постапка.
Англиски: litigant

парничен повеќе

Види и: парница (ж.)
парнични
Вид збор: Придавка
Што се однесува на парница.
Англиски: legal

парничење повеќе

Вид збор: Именка, среден род
Водење судска постапка.
Англиски: litigation

парничи повеќе

(се) парничат
Вид збор: Глагол, несвршен
Води судска постапка.
Англиски: litigate

патримониум повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Наследство оставено од таткото.
Англиски: patrimony

педофил повеќе

мн. предофили
Вид збор: Именка, машки род
Тој што се предава на педофилија.
Англиски: pedophiliac

педофилија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Полова склоност кон деца, форма на полово задоволување со деца, најчесто извршувано од возрасни мажи.
Англиски: pedophilia

пише повеќе

пишат
Вид збор: Глагол, свршен
завешта, остави
Англиски: inherit Албански: trashëgoj

платен повеќе

платени
Вид збор: Придавка
поткупен
Англиски: bribed Албански: i paguar, i korruptuar

пледоаје повеќе

мн. пледоајеа
Вид збор: Именка, среден род
Обично во суд - завршна реч на јавниот обвинител и на бранителот.
Англиски: plea Албански: kërkim, justifikim

пленарен повеќе

Види и: пленум (м.)
пленарна
Вид збор: Придавка
Што се случува во присуство на сите членови на некоја организација; што има целосно полномоштво.
Англиски: plenary

пленум повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Пленарно заседание, работен состанок на сите членови на некој општествен форум или општествено-политичка организација.
Англиски: plenum

плодоуживање повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Право на користење подвижни и неподвижни работи, а да не се менува нивната суштина.

пљачкосувач повеќе

мн. пљачкосувачи
Вид збор: Именка, машки род
Лице што пљачкосува, што врши пљачка.
Англиски: robber

повелба повеќе

мн. повелби
Вид збор: Именка, женски род
Документ со кој се признаваат нечии права и се установуваат определени повластици.
Англиски: charter Албански: pajis me status
Правен акт, програмски документ што ги содржи основните принципи на меѓународната политика.
Англиски: declaration Албански: deklarim

поврат повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Повторување престап, деликт.
Албански: përsëritje delikti

повреда повеќе

мн. повреди
Вид збор: Именка, женски род
Постапка, чин со кој се прекршува определен пропис, закон и сл. Пречекорување на надлежностите.
Англиски: offence Албански: kundërvajtje

повреди повеќе

повредат
Вид збор: Глагол, свршен
Наруши ред, прекрши закон и сл.
Англиски: violate Албански: shkel ligjin

погуби повеќе

погубат
Вид збор: Глагол, свршен
Изврши смртна казна со примена на судска пресуда според закон.
Англиски: execute Албански: ekzekutim

подзаконски повеќе

подзаконскиот
Вид збор: Придавка
Што е дел од законот.

позитивен повеќе

позитивни
Вид збор: Придавка
Што е во сила.
Англиски: legal Албански: pozitiv

покана повеќе

мн. покани
Вид збор: Именка, женски род
Писмен повик за извршување некаква обврска.
Англиски: summons Албански: thirrje

полноважен повеќе

полноважниот
Вид збор: Придавка
Што е со полна важност, со правилно утврдена важечка вредност.
Англиски: valid

полноважност повеќе

(едн.) полноважноста
Вид збор: Именка, женски род
Полна важност, правно важечка вредност.
Англиски: legal force

полновластен повеќе

полновласниот
Вид збор: Придавка
Што има полна власт над нешто.
Англиски: authorized

полнолетен повеќе

полнолетниот
Вид збор: Придавка
Што е на возраст кога се добиваат според закон сите граѓански права и должности.
Англиски: legal age

полнолетник повеќе

мн. полнолетници
Вид збор: Именка, машки род
полнолетно лице
Англиски: legal age

полнолетство повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Состојба на тој што е полнолетен.
Англиски: full legal age

полномошен повеќе

полномошниот
Вид збор: Придавка
Што има полномоштво.
Англиски: authorized

полномошник повеќе

мн. полномошници
Вид збор: Именка, машки род
Лице што има полномоштво, што има полномошно право.
Англиски: legal representative

полномоштво повеќе

мн. полномоштва
Вид збор: Именка, среден род
Писмена потврда, документ со кој се дава целосно овластување за извршување некаква дејност.
Англиски: power of attorney

помилува повеќе

помилуваат
Вид збор: Глагол, свршен
Прости или намали казна на осуден.
Англиски: pardon Албански: falje dënimi, amniston

поплака повеќе

мн. поплаки
Вид збор: Именка, женски род
Службена претставка до административен орган или суд поради незаконско, неправилно постапување на лице, установа, организација и сл.
Англиски: appeal Албански: ankesë

порамни повеќе

порамнат
Вид збор: Глагол, свршен
(се порамни) Дојде до спогодба, се спогоди, се согласи.
Англиски: settle Албански: pajtoj, merrem vesh

порота повеќе

мн. пороти
Вид збор: Именка, женски род
Судско тело составено од граѓани, што учествуваат во донесувањето на пресуда.
Англиски: jury

поротен повеќе

поротниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на порота.

поротник повеќе

мн. поротници
Вид збор: Именка, машки род
Член на порота.
Англиски: juror

посвоеник повеќе

мн. посвоеници
Вид збор: Именка, машки род
Посвоено машко дете.
Англиски: adopted son

посвои повеќе

посвојат
Вид збор: Глагол, свршен
Законски усвои, посвои дете, давајќи му ги сите права како на родено дете.
Англиски: adopt Албански: adoptoj

посвоител повеќе

мн. посвоители
Вид збор: Именка, машки род
Лице што посвојува дете.

посини повеќе

посинат
Вид збор: Глагол, свршен
Законски усвои, посвои машко дете, давајќи му ги сите права на син.
Англиски: adopt Албански: birësoj, adoptoj
Законски усвои, посвои дете, давајќи му ги сите права како на родено дете.
Англиски: adopt Албански: adoptoj, birësoj

потврди повеќе

потврдат
Вид збор: Глагол, свршен
Посведочи дека претходно кажаното, пишаното или стореното е точно, вистинито.
Англиски: testify Албански: dëshmoj

потерница повеќе

мн. потерници
Вид збор: Именка, женски род
Писмен налог, наредба за гонење и апсење на лице што сторило кривично дело.
Англиски: warrant

поткуп повеќе

(едн.) поткупот
Вид збор: Именка, машки род
Пари, привилегија или финансиска надомест што се дава на лице што е на функција за да заврши некоја нечесна работа.
Англиски: bribery Албански: mitosje

поткупен повеќе

поткупени
Вид збор: Придавка
Што прима поткуп, што е подмитлив.
Англиски: bribed

поткупи повеќе

поткупат
Вид збор: Глагол, свршен
Даде поткуп, подмити.
Англиски: bribe Албански: mitos, ryshfet

поткупувач повеќе

мн. поткупувачи
Вид збор: Именка, машки род
Тој што поткупува некого.
Англиски: briber

потпис повеќе

мн. потписи
Вид збор: Именка, машки род
Име и презиме напишано своерачно.
Англиски: signature Албански: firmë, nënshkrim

потписник повеќе

мн. потписници
Вид збор: Именка, машки род
Тој што ставил потпис на некаков документ, што се обврзал за нешто со својот потпис.
Англиски: signatory

правда повеќе

(едн.) правдата
Вид збор: Именка, женски род
Тоа што секому припаѓа според определен закон или заслуга.
Англиски: justice Албански: drejtësi

правник повеќе

мн. правници
Вид збор: Именка, машки род
Специјалист по право.
Англиски: lawyer Албански: jurist

право повеќе

мн. права
Вид збор: Именка, среден род
(само едн.) Систем од правила и норми што ги регулираат односите меѓу луѓето и односите кон општеството, востановени од страна на владејачката класа или државата.
Англиски: justice Албански: drejtësi
Збир од закони и прописи што се однесуваат на државното уредување, општествениот живот и дејност.
Англиски: justice Албански: e drejtë
Наука што ги изучува правните норми.
Англиски: justice Албански: drejtësi

правобранител повеќе

мн. правобранители
Вид збор: Именка, машки род
Лице чија функција е да ги брани правата на граѓанинот наспроти јавната власт.
Англиски: ombudsman

правобранителство повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Дејност на правобранител.
Албански: prokurori
Установа во која се врши дејноста на правобранителот.
Англиски: public prosecutors Албански: prokuroria

правосилен повеќе

правосилни
Вид збор: Придавка
Што има законска сила, важност, право.
Англиски: legally binding

правосуден повеќе

правосудни
Вид збор: Придавка
Што се однесува на правосудство.
Англиски: judicial

правосудство повеќе

(едн.) правосудството
Вид збор: Именка, среден род
Дејност, работа на судовите и на судските органи во една држава, во согласност со правните закони.
Англиски: justice Албански: jurispondencë, drejtësi
Систем од органи што вршат судска дејност.
Англиски: justice system Албански: sistem juridik

првообвинет повеќе

првообвинетиот
Вид збор: Придавка
Што е прв обвинет за извршено кривично дело, според тежината на кривичниот чин.
Англиски: principal defendant

првоосомничен повеќе

првоосомничениот
Вид збор: Придавка
Што е прв осомничен за извршено кривично дело.

првородство повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Привилегија на првородениот син да го наследува имотот на родителите.
Латински: primogenitura Англиски: primogeniture

првостепен повеќе

првостепениот
Вид збор: Придавка
Што е прв, почетен степен на надлежност, на решавање.
Англиски: first instance

преамбула повеќе

мн. преамбули
Вид збор: Именка, женски род
Воведен дел од важен правен акт (закон, устав, меѓународен договор) во кој се изнесени целта на актот и неговите основни начела.
Англиски: preamble

преведе повеќе

преведат
Вид збор: Глагол, свршен
Пренесе имот (куќа, нива) од едно лице на друго.
Англиски: transfer Албански: transferoj

предвиди повеќе

предвидат
Вид збор: Глагол, свршен
Претходно точно определи, пропише нешто со нормативен акт.
Англиски: determine Албански: përcaktoj

предистрага повеќе

Види и: истрага (ж.)
мн. предистраги
Вид збор: Именка, женски род
Истражна постапка што и претходи на главната истрага.
Англиски: preliminary examination

предмет повеќе

мн. предмети
Вид збор: Именка, машки род
Административна, судска постапка; службен акт.
Англиски: act Албански: lëndë, akt

предумисла повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Однапред смислена намера за извршување на некаков чин, дело.
Англиски: premeditation

презумција повеќе

(едн.) презумцијата
Вид збор: Именка, женски род
претпоставка, претполагање
Англиски: presumption

прејудицира повеќе

прејудицираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Однапред определува нешто, предвреме донесе заклучок за нешто.
Англиски: prejudge

прекрши повеќе

прекршат
Вид збор: Глагол, свршен
Постапи спротивно од некој пропис, закон, наредба.
Англиски: perpetrate Албански: thyej, shkel

прекршител повеќе

Види и: прекрши (св.)
мн. прекршители
Вид збор: Именка, машки род
Тој што прави прекршок, што прекршува нешто.
Англиски: perpetrator

прекршок повеќе

мн. прекршоци
Вид збор: Именка, машки род
Постапка што е спротивна на даден пропис, закон, наредба и сл.
Англиски: offense

пренесе повеќе

пренесат
Вид збор: Глагол, свршен
Предаде право на сопственост.
Англиски: transfer Албански: bartë, transferoj

препише повеќе

препишат
Вид збор: Глагол, свршен
Со писмена изјава префрли сопственост.
Англиски: transfer Албански: përshkruaj, transferoj

преслуша повеќе

преслушаат
Вид збор: Глагол, свршен
Испита сведок, виновник и сл.
Англиски: interrogate Албански: marr në pyetje

пресметлив повеќе

пресметливиот
Вид збор: Придавка
Некој чии постапки можат да се пресметаат, предвидат, однапред.
Англиски: responsible, predictable

престап повеќе

мн. престапи
Вид збор: Именка, машки род
Кривично дело што подлежи на казна спрема законот.
Англиски: offence Албански: shkelje, delikt

престапник повеќе

мн. престапници
Вид збор: Именка, машки род
Тој што извршил престап.
Англиски: delinquent Албански: kundërvajtës, delikuent
злосторник, криминалец
Англиски: criminal Албански: kriminel, keqbërës

престапништво повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Вршење престапи како појава во општествениот живот.
Англиски: delinquency

пресуда повеќе

мн. пресуди
Вид збор: Именка, женски род
Одлука, решение што го донесува судот по завршувањето на судскиот процес.
Англиски: sentence Албански: vendim i gjyqit, dënim, aktdënim, aktgjykim

пресуди повеќе

пресудат
Вид збор: Глагол, свршен
Изрече пресуда во судска постапка.
Англиски: sentence Албански: dënoj

претрес повеќе

мн. претреси
Вид збор: Именка, машки род
Разгледување на докази, изјави, сведоци на суд по одреден случај; судска расправа.
Англиски: hearing Албански: ekzaminim

претресе повеќе

претресат
Вид збор: Глагол, свршен
Разгледа докази на суд.
Англиски: hear Албански: dëgjoj

приведе повеќе

приведат
Вид збор: Глагол, свршен
Во законска постапка доведе некого на сослушување пред истражен судија.
Англиски: temporary arrest Албански: arrestoj, paraburgoj

привилегија повеќе

мн. привилегии
Вид збор: Именка, женски род
Исклучиво право, предност што го поставува некого во поповолна положба наспрема другите врз основа на правни прописи или други општествени правила.
Англиски: privilege Албански: privilegj

приговор повеќе

мн. приговори
Вид збор: Именка, машки род
Противставување на туѓо мислење.
Англиски: objection Албански: kundërshtim
Формална постапка со која се поднесуваат аргументи против нечиј став.
Англиски: objection Албански: kundërshtim

признание повеќе

мн. признанија
Вид збор: Именка, среден род
Лична изјава на тој што признава нешто.
Англиски: confession Албански: pranim, pohim

принуда повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Постапка со која некој се принудува да направи нешто.
Англиски: coercion

притвор повеќе

(едн.) притворот
Вид збор: Именка, машки род
Превентивно лишувања од слобода на лице за кое постои сомневање дека извршило кривично дело.
Англиски: detention pending trial Албански: paraburgim

притворен повеќе

притворени
Вид збор: Придавка
Што е во притвор.
Англиски: arrested

притвореник повеќе

мн. притвореници
Вид збор: Именка, машки род
Лице што е во притвор.
Англиски: arrested

притвори повеќе

притворат
Вид збор: Глагол, свршен
Стави некого во притвор.
Англиски: arrest Албански: arrestoj, burgos

прогон повеќе

мн. прогони
Вид збор: Именка, машки род
гонење
Англиски: prosecution Албански: ndjekje, persekutim

прокура повеќе

мн. прокури
Вид збор: Именка, женски род
Полномоштво да се застапува некого, правно застапништво.
Англиски: procuration

прокуратор повеќе

мн. прокуратори
Вид збор: Именка, машки род
Ополномоштено лице што застапува некого, правен застапник.
Англиски: trustee

проневера повеќе

мн. проневери
Вид збор: Именка, женски род
Незаконско присвојување доверени вредности.
Англиски: embezzlement

проневери повеќе

проневерат
Вид збор: Глагол, свршен
Изврши проневера.
Англиски: embezzle

проневерувач повеќе

мн. проневерувачи
Вид збор: Именка, машки род
Тој што извршил проневера.
Англиски: embezzler

пропише повеќе

пропишат
Вид збор: Глагол, свршен
Издаде пропис, уреди законски акт.
Англиски: regulate

протест повеќе

мн. протести
Вид збор: Именка, машки род
Службена потврда дека меницата не е платена во рокот и дека треба да се наплати по судски пат.
Албански: protestë

протестира повеќе

протестираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
За меница - предаде на суд меничен протест.
Англиски: object Албански: protestoj, kundërshtoj

противдоказ повеќе

мн. противдокази
Вид збор: Именка, машки род
Доказ што ја оспорува точноста на доказот на противничката страна.
Англиски: counterevidence

противдржавен повеќе

противдржавни
Вид збор: Придавка
Што е насочен против државата, нејзиното раководство или против општественото уредување на државата.
Англиски: subversive

противзаконит повеќе

противзаконитиот
Вид збор: Придавка
Што е спротивен на законот.
Англиски: illegal

противзаконски повеќе

противзаконскиот
Вид збор: Придавка
Што не е во согласнот со законот.
Англиски: illegal

противправен повеќе

Види и: противзаконски (прид.)
противправни
Вид збор: Придавка
Што е против важечките закони.
Англиски: illegal

противтужба повеќе

мн. противтужби
Вид збор: Именка, женски род
противобвинение
Англиски: cross action

противуставен повеќе

противуставни
Вид збор: Придавка
Што не е во согласност со уставот.
Англиски: unconstitutional

процедурален повеќе

процедуралниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на процедура.
Англиски: procedural

процес повеќе

мн. процеси
Вид збор: Именка, машки род
судска постапка, расправа
Англиски: process Албански: proçes

процесен повеќе

процесниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на процес.
Англиски: procedural

процесуален повеќе

Види и: процесен (прид.)
процесуални
Вид збор: Придавка
Што се однесува на процес.
Англиски: procedural
а - б - в - г - д - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ - ш