Правда - категорија

обвинение повеќе

мн. обвиненија
Вид збор: Именка, среден род
Обвинителен акт во кривична постапка за поведување судска расправа против некого и донесување пресуда.
Англиски: indictment Албански: aktakuzë, aktpadi
(едн.) Страната што обвинува во судскиот процес.
Англиски: accuser Албански: paditës

обвинет повеќе

Види и: обвини (св.)
обвинетиот
Вид збор: Придавка
(глаг. прид.) обвини
Англиски: accused Албански: akuzoj

обвини повеќе

обвинат
Вид збор: Глагол, свршен
Подигне обвинение, тужба против некого пред судски орган.
Англиски: indict Албански: akuzoj, padit

обвинител повеќе

мн. обвинители
Вид збор: Именка, машки род
Тој што во име на државата обвинува некого пред судски органи.
Англиски: prosecutor Албански: prokuror

обвинителен повеќе

обвинителниот
Вид збор: Придавка
Што содржи обвинение, што обвинува.
Англиски: prosecuting

обвинителство повеќе

(едн.) обвинителството
Вид збор: Именка, среден род
Државен орган што има должност да ја заштитува и контролира исправноста на работата на сите државни органи и организации и да ги гони извршителите на кривични дела.
Англиски: district attorney

обвинување повеќе

мн. обвинувања
Вид збор: Именка, среден род
Подигнување обвинение против некого.
Англиски: accusation Албански: akuzim, fajsim

обврзник повеќе

мн. обврзници
Вид збор: Именка, машки род
Тој што е должен да исполни некоја обврска.

обессили повеќе

обессилат
Вид збор: Глагол, свршен
Одземе некаква вредност, важност, оспори, поништи нешто.
Англиски: refute Албански: çfuqizoj

обжали повеќе

обжалат
Вид збор: Глагол, свршен
Поднесе жалба за донесено решение, пресуда со барање за повторно разгледување.
Англиски: object

облигација повеќе

мн. облигации
Вид збор: Именка, женски род
обврска, долг, гаранција
Англиски: obligation Албански: detyrim, obligacion

облигационен повеќе

облигациониот
Вид збор: Придавка
Што припаѓа, што се однесува на облигација.
Англиски: obligational

овластеник повеќе

мн. овластеници
Вид збор: Именка, машки род
Тој што добил или што има некакво овластување.
Англиски: authorized person

овластувачки повеќе

Види и: овласти (св.)
овластувачкиот
Вид збор: Придавка
Што овластува.
Англиски: authorizing

ограби повеќе

ограбат
Вид збор: Глагол, свршен
Насилно одземе нешто, украде, опљачка.
Англиски: rob

ограбувач повеќе

мн. ограбувачи
Вид збор: Именка, машки род
Тој што ограбува, што врши грабеж.
Англиски: robber

одбрана повеќе

(едн.) одбраната
Вид збор: Именка, женски род
Правна заштита, бранење во текот на судска постапка.
Англиски: defense Албански: mbrojtje
Лице што врши таква заштита, што го брани обвинетиот на суд.
Англиски: advocate Албански: avokat

одбрани повеќе

одбранат
Вид збор: Глагол, свршен
Пружи правна заштита некому во текот на судска постапка.
Англиски: defend Албански: mbroj

одговара повеќе

Види и: одговори (св.)
одговараат
Вид збор: Глагол, несвршен
Обвинет е за нешто, изведен е пред суд.
Англиски: account for Албански: përgjigjet

одлежи повеќе

Види и: лежи (несв.)
одлежат
Вид збор: Глагол, свршен
За затворска казна - помине некое време во затвор.
Англиски: spend in jail Албански: qëndroj në burg

одредба повеќе

мн. одредби
Вид збор: Именка, женски род
Тоа што е пропишано, утврдено, што мора да се спроведува.
Англиски: regulation Албански: dispozitë

озакони повеќе

озаконат
Вид збор: Глагол, свршен
Утврди нешто со закон.
Англиски: legalize Албански: bëj të ligjshme, legalizoj
Со законски акт усогласи нешто со законот.
Англиски: legalize Албански: legalizoj

окупација повеќе

(едн.) окупацијата
Вид збор: Именка, женски род
Земање во сопственост нешто што претходно немало сопственик.
Англиски: requisition Албански: rekuizim

омбудсман повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Назначено лице што ги штити правата на граѓаните.
Англиски: ombudsman

опијат повеќе

мн. опијати
Вид збор: Именка, машки род
Средство што опива и доведува до зависност.
Англиски: opiate Албански: narkotik

ополномоштен повеќе

Види и: ополномошти (св.)
ополномоштениот
Вид збор: Придавка
(глаг. прид.) Што има, поседува полномоштво.
Англиски: authorized

ополномоштеник повеќе

мн. ополномоштеници
Вид збор: Именка, машки род
Тој што е ополномоштен, што има полномошно право.
Англиски: legal representative

ополномошти повеќе

ополномоштат
Вид збор: Глагол, свршен
Даде некому полномошно право, целосно овластување да направи нешто.
Англиски: authorize

ополномоштувач повеќе

ми. ополномоштувачи
Вид збор: Именка, машки род
Тој што ополномоштува, што дава овластување.
Англиски: authorizer

опонент повеќе

мн. опоненти
Вид збор: Именка, машки род
Лице што се јавува како противник во спор; противна странка на суд.
Англиски: opponent Албански: oponent

оправда повеќе

оправдаат
Вид збор: Глагол, свршен
Ослободи некого од обвинение или одговорност, признавајќи го за невин.
Англиски: free Албански: justifikoj

оправдан повеќе

оправданиот
Вид збор: Придавка
Што е ослободен од вина.
Англиски: innocent

оптуженик повеќе

мн. оптуженици
Вид збор: Именка, машки род
обвинет
Англиски: accused

ослободителен повеќе

ослободителниот
Вид збор: Придавка
Што ослободува некого од понатамошно гонење.

основачки повеќе

основачкиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на основач и на основање.

осомничен повеќе

осомничени
Вид збор: Придавка
Што е под сомнение за извршено кривично дело.
Англиски: suspected

осомничи повеќе

осомничат
Вид збор: Глагол, свршен
Изрази сомневање, се посомнева во некого за нешто.
Англиски: suspect Албански: dyshon
Поведе постапка за прибирање докази поради сомневање.
Англиски: suspect Албански: dyshon

оставина повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Имот или други работи што останале по смртта на некого.
Англиски: inheritance

осуда повеќе

мн. осуди
Вид збор: Именка, женски род
пресуда
Англиски: sentence Албански: dënim, ndëshkim

осуден повеќе

осудениот
Вид збор: Придавка
(глаг. прид.) Правно казнет.
Англиски: sentenced
(како им.) Лице што го осудиле.
Англиски: convict

осуденик повеќе

мн. осуденици
Вид збор: Именка, машки род
Тој што е осуден.
Англиски: convict Албански: i pandehur, i dënuar

осудителен повеќе

Види и: осуди (св.)
осудителниот
Вид збор: Придавка
Што осудува.

откаже повеќе

откажат
Вид збор: Глагол, свршен
(се откаже) Одбие, напушти нешто што по закон му припаѓа, му следува.
Англиски: decline Албански: refuzoj

отказ повеќе

мн. откази
Вид збор: Именка, машки род
Акт за прекинување на договорен или службен одноc, за отпуштање од работа, од служба.
Англиски: notice Албански: shkarkim, pezullim
Откажување, за постапка со која се откажува нешто.
Англиски: cancellation Албански: pezullim

очевидец повеќе

мн. очевидци
Вид збор: Именка, машки род
Тој што видел лично некоја случка, настан и сл.
Англиски: witness

оштетеник повеќе

мн. оштетеници
Вид збор: Именка, машки род
Тој што е оштетен.
Англиски: injured party
а - б - в - г - д - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ - ш