Правда - категорија

малверзација повеќе

мн. малверзации
Вид збор: Именка, женски род
Злоупотреба, проневера, затајување; незаконско работење.
Англиски: embezzlement

мандатор повеќе

мн. мандатори
Вид збор: Именка, машки род
Тој што дава мандат, овластување, полномоштво.
Англиски: mandator

мафија повеќе

мн. мафии
Вид збор: Именка, женски род
Секоја организирана криминална група.
Англиски: Mafia Албански: mafia

мериторен повеќе

мериторниот
Вид збор: Придавка
Што е полноважен, меродавен, надлежен, компетентен.
Англиски: by merit

меродавен повеќе

меродавни
Вид збор: Придавка
Што е на сила, што важи.
Англиски: valid

мирење повеќе

Види и: мири (несв.)
(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Воспоставување на мир.
Англиски: pacification

мито повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
поткуп, подмитување, корупција
Англиски: bribery Албански: ryshfet, mitosje

мораториум повеќе

мораториумот
Вид збор: Именка, машки род
Законски одредено одлагање, поместување на рокот за плаќање на долгови во вонредни услови.
Англиски: moratorium Албански: moratorium

мула повеќе

мулата
Вид збор: Именка, машки род
Врховен кадија, судија; угледен, учен човек.
Англиски: mullah Турски: molla

мулазим повеќе

мн. мулазими
Вид збор: Именка, машки род
Млад судски чиновник.
Англиски: junior lawyer Турски: mülazım Албански: nëpunës i ri gjyqësor
а - б - в - г - д - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ - ш