Правда - категорија

лажен повеќе

лажни
Вид збор: Придавка
Што е фалсификуван.
Англиски: fake

левичарство повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Движење на левичарски ориентираните политички партии или поединци.

легален повеќе

легални
Вид збор: Придавка
Што е во согласност со законот, што е дозволен.
Англиски: legal

легислатива повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
законодавна власт
Англиски: legislation

легислативен повеќе

легислативни
Вид збор: Придавка
Што е овластен да донесува закони.
Англиски: legislative
Примери:
Легислативна периода на Парламентот.

легитимен повеќе

легитимни
Вид збор: Придавка
Што е во согласност со законот, законски, законит.
Англиски: legitimate

легитимира повеќе

легитимираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Изврши, извршува проверка на нечија легитимација.
Англиски: identify Албански: legjitimoj

легитимитет повеќе

(едн.) легитимитетот
Вид збор: Именка, машки род
Согласност со правдата и праведност.
Англиски: legitimacy Албански: legjitimitet

лежи повеќе

лежат
Вид збор: Глагол, несвршен
Издржува затворска казна.
Англиски: lie Албански: vuaj

ликвидација повеќе

мн. ликвидации
Вид збор: Именка, женски род
Прекратување на дејноста, на трговско претпријатие, установа, организација заради неликвидност, презадолженост итн.
Англиски: liquidation Албански: likuidim, falimentim

ловокрадец повеќе

мн. ловокрадци
Вид збор: Именка, машки род
Човек што лови без дозвола.
Англиски: poacher

ловочувар повеќе

мн. ловочувари
Вид збор: Именка, машки род
Чувар што ги надгледува ловиштата.
Англиски: gamekeeper

лустратор повеќе

мн. лустратори
Вид збор: Именка, машки род
Личност што врши лустрација.

лустрација повеќе

(едн.) лустрацијата
Вид збор: Именка, женски род
Преиспитување активности од времето пред сегашниот поредок.
Англиски: scrutiny Албански: lustrim

лустрира повеќе

лустрираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Преиспитува активности од времето пред сегашниот поредок.
Англиски: scrutinize
а - б - в - г - д - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ - ш