Правда - категорија

извршен повеќе

Види и: изврши (св.)
извршни
Вид збор: Придавка
Што ја поминал целата правна процедура, што достасал за извршување.
Англиски: effective

извршител повеќе

мн. извршители
Вид збор: Именка, машки род
Лице што извршува, што спроведува во дело, што по службена должност извршува одредени работи.
Англиски: marshal Албански: zbatues, ekzekutorë

излежи повеќе

Види и: лежи (несв.)
излежат
Вид збор: Глагол, свршен
Остане во затвор издржувајќи казна до крај.
Англиски: do time Албански: mbaj, vuaj

излежува повеќе

Види и: излежи (св.)
(се) излежуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Е во затвор издржувајќи казна.
Англиски: do time Албански: mbaj, vuaj

измами повеќе

измамат
Вид збор: Глагол, свршен
Се послужи со лага, измама.
Англиски: cheat Албански: mashtroj
Изнуди, извлече, обично пари, материјални добра.
Англиски: blackmail Албански: nxjerr

измамник повеќе

мн. измаманици
Вид збор: Именка, машки род
Тој што мами постојано со цел да има материјална корист.
Англиски: swindler

изнуда повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Одземање пари или вредности со примена на сила или закани.
Англиски: blackmail

изнудувач повеќе

мн. изнудувачи
Вид збор: Именка, машки род
Тој што изнудува.
Англиски: blackmailer

изолација повеќе

(едн.) изолацијата
Вид збор: Именка, женски род
Спречување, забрана на секаков контакт со општествената средина поради лишување од слобода.
Англиски: banishment Албански: izolim, dëbim

изрече повеќе

изречат
Вид збор: Глагол, свршен
Определи, утврди, донесе пресуда, казна и сл.
Англиски: sentence Албански: shqiptoj

илегален повеќе

илегалниот
Вид збор: Придавка
Што не е легален, што не е во согласност со законот.
Англиски: illegal

импичмент повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Поведување постапка за отстранување од должност на висок државен функционер, вклучувајќи го и претседателот на извршната власт на земјата, од страна не легислативната власт.
Англиски: impeachment

имунитет повеќе

(едн.) имунитетот
Вид збор: Именка, машки род
Привилегирано изземање од дејството на некои закони или прописи (за пратеници, лица на посебни функции во власта или во дипломатијата).
Англиски: immunity Албански: imunitet

инкосен повеќе

инкосниот
Вид збор: Придавка
без можност за приговор
Англиски: incontestable

инкриминација повеќе

мн. инкриминации
Вид збор: Именка, женски род
инкриминирање, обвинување
Англиски: incrimination

инкриминира повеќе

инкриминираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Обвини, обвинува некого за нешто, припише, припишува вина некому.
Англиски: incriminate

инкриминиран повеќе

инкриминираниот
Вид збор: Придавка
Обвинет, лице на кое му се префрла нешто.
Англиски: incriminated

институција повеќе

мн. институции
Вид збор: Именка, женски род
Општествена форма регулирана со закон во која стапуваат луѓето вршејќи определена дејност.
Англиски: institution

интабулација повеќе

мн. интабулации
Вид збор: Именка, женски род
Внесување, запишување на имотна право и обврски во катастарските книги.
Англиски: entry in the cadastre Албански: intabulacion

инхибиција повеќе

мн. инхибиции
Вид збор: Именка, женски род
Забрана од виш суд за прекин на постапката во понискиот суд.
Англиски: inhibition Албански: anulim, pezullim

инцест повеќе

мн. инцести
Вид збор: Именка, машки род
Полово општење со блиски сродници со кои е забранет брак поради роднинските врски.
Англиски: incest

инцестен повеќе

Види и: инцестуозен (прид.)
инцестниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на инцест.
Англиски: incestuous

инцестуозен повеќе

инцестуозниот
Вид збор: Придавка
Што има одлики и склоност кон инцест.
Англиски: incestuous

исказ повеќе

мн. искази
Вид збор: Именка, машки род
Писмена или усна изјава при сослушување пред службено лице.
Англиски: testimony Албански: deklarat

иследен повеќе

Види и: иследи (св.)
иследниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на иследување, што врши иследување.
Англиски: investigation

иследник повеќе

мн. иследници
Вид збор: Именка, машки род
Лице што врши истрага.
Англиски: investigator

истрага повеќе

мн. истраги
Вид збор: Именка, женски род
Постапка за утврдување докази за извршено кривично дело.
Англиски: investigation Албански: hetim

истражен повеќе

истражниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на истрага.
Англиски: remand
Што врши истрага.
Англиски: investigating

истражител повеќе

мн. истражители
Вид збор: Именка, машки род
Тој што истражува, што врши истрага.
Англиски: investigator
а - б - в - г - д - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ - ш