Политика - категорија

фанатизам повеќе

фанатизмот
Вид збор: Именка, машки род
Страсна преданост кон своите уверувања.
Англиски: fanaticism

фанатик повеќе

мн. фанатици
Вид збор: Именка, машки род
Човек претерано религиозен и крајно нетрпелив спрема други верувања.
Англиски: fanatic Албански: fanatik

фашизам повеќе

(едн.) фашизмот
Вид збор: Именка, машки род
Тоталитаристичка идеологија настаната во Италија во 20-тите години на дваесеттиот век од страна на Бенито Мусолини.
Англиски: fascism

фашизација повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Воведување фашизам некаде, заменување на демократското управување со фашистичко.
Примери:
фашизација на војската

фашизира повеќе

фашизираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Воведе, воведува фашизам некаде.

фашизирање повеќе

Вид збор: Именка, среден род
фашизира

фашиски повеќе

Види и: фашистички (прид.)
фашиски
Вид збор: Придавка
фашистички
Англиски: fascistic

фашисоиден повеќе

фашисоидни
Вид збор: Придавка
Што личи на фашизам.
Англиски: fascistic
Примери:
фашисоидни постапки

фашист повеќе

мн. фашисти
Вид збор: Именка, машки род
Приврзаник на фашизмот; член на фашистичка организација.
Англиски: fascist

фашистички повеќе

фашистичка
Вид збор: Придавка
Што се однесува на фашист, фашизам.
Англиски: fascistic

фашистка повеќе

Види и: фашист (м.)
мн. фашистки
Вид збор: Именка, женски род
За жена фашист.
Англиски: fascist

федерализам повеќе

федерализмот
Вид збор: Именка, машки род
Политички правец што се стреми кон воведување на таков систем.
Англиски: federalism Албански: federalizëm

федерализација повеќе

(едн.) федерализацијата
Вид збор: Именка, женски род
Создавање на федерална држава.
Англиски: federalisation

федерализира повеќе

федерализираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Создаде или создава федерација.
Англиски: federalize

федералист повеќе

мн. федералисти
Вид збор: Именка, машки род
Приврзаник на федерализмот.
Англиски: federalist

федеративен повеќе

федеративна
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на федерацијата, кој и е својствен на федерацијата.
Англиски: federative
Примери:
Врз федеративни принципи.

федерација повеќе

мн.федерации
Вид збор: Именка, женски род
Сојуз на друштва или организации.
Англиски: federation Албански: federatë
Примери:
Светска синдикална федерација.

федерира повеќе

федерираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Стапи, стапува во федерација.
Англиски: confederate Албански: federoj

феминизам повеќе

(едн.) феминизмот
Вид збор: Именка, машки род
Политичка струја за рамноправност на жената со мажот.
Англиски: feminism

феминист повеќе

Види и: феминизам (м.)
мн. феминисти
Вид збор: Именка, машки род
Приврзаник на феминизмот.
Англиски: feminist

феминистички повеќе

Види и: феминизам (м.)
феминистичка
Вид збор: Придавка
Кој се однесува, својствен на феминизам и феминист.
Англиски: feminist
Примери:
Феминистичко списание.

феминистка повеќе

Види и: феминизам (м.)
мн. феминистки
Вид збор: Именка, женски род
За жена феминист.
Англиски: feminist

физиократ повеќе

мн. физиократи
Вид збор: Именка, машки род
Следбеник на политичко-економска школа според која само земјоделството е извор на богатство.
Англиски: physiocrat

фирер повеќе

мн. фирери
Вид збор: Именка, машки род
диктатор, апсолутист
Англиски: fuhrer Германски: Führer

фракција повеќе

мн. фракции
Вид збор: Именка, женски род
Група луѓе од една политичка партија што имаат поинакви погледи по некои прашања од официјалната партиска политика.
Англиски: faction Албански: frakcion
Организирана група членови на некоја партија во парламент или некои други општествени органи.
Англиски: faction Албански: frakcion
Примери:
Вонпартиска фракција.

фракцинерство повеќе

Види и: фракција (ж.)
фракционерството
Вид збор: Именка, среден род
Создавање на фракции непочитување на дисциплината на некоја организација.
Англиски: factionation

фракционер повеќе

Види и: фракција (ж.)
мн. фракционери
Вид збор: Именка, машки род
Член на некоја фракција, група.
Англиски: factioner

фракционерски повеќе

Види и: фракциски (прид.)
фракционерска
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на фракционер.
Англиски: faction
Примери:
Фракционерски борби.
Кој внесува раздор во некоја организација.
Примери:
Фракционерски истап.

фракциски повеќе

Види и: фракционерски (прид.)
фракциска
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на фракција.
Англиски: party
Примери:
Фракциски борби.

фронт повеќе

мн. фронтови
Вид збор: Именка, машки род
Општествена организација, обично за политичка дејност.
Англиски: coalition Албански: koalicion

фундаментализам повеќе

(едн.) фундаментализмот
Вид збор: Именка, машки род
Став, поглед кон животот што се одликува со бескомпромисни идеолошки или религиозни принципи поврзано со политичко дејствување.
Англиски: fundamentalism Албански: fundamentalizëm

функционер повеќе

мн. функционери
Вид збор: Именка, машки род
Лице што врши некоја важна општествена функција.
Англиски: functionary Албански: zyrtar, funksionar

функционерка повеќе

мн. функционерки
Вид збор: Именка, женски род
За жена функционер.
Англиски: functionary
а - б - в - г - д - е - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ - ш