Политика - категорија

самит повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Состанок на највиско ниво.
Англиски: summit
Примери:
Самит на европските лидери.

самовластие повеќе

Вид збор: Именка, среден род
Неограничена власт на едно лице, а исто така и систем на управување што се засновува врз таква власт, самодржавие.
Англиски: tyranny Албански: triani
Примери:
Најгруб вид на самовластие.

самодржавен повеќе

самодржавниот
Вид збор: Придавка
полновластен, неограничен
Англиски: absolutist

самодржец повеќе

мн. самодршци
Вид збор: Именка, машки род
Самодржавен владар, неограничен во својата власт.
Англиски: absolutist

самоодредува повеќе

Види и: самоопределува (несв.)
(се) самоодредуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се) самоопределува
Англиски: self-determine

самоодредување повеќе

Вид збор: Именка, среден род
самоопределување
Англиски: self-determination

самоопределување повеќе

Вид збор: Именка, среден род
(се) самоопределува
Англиски: self-determination
Примери:
Самоопределување на народот.

самостоен повеќе

самостојни
Вид збор: Придавка
Што не е потчинет или зависен од некого или нешто.
Англиски: independent Албански: i pavarur

самоуправа повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Право на некоја организација да ги решава сама прашањата на својата внатрешна управа.
Англиски: self-government Албански: vetëqeverisje
Примери:
Локална самоуправа.
Право на некоја државна единица самостојно да ги решава своите внатрешни проблеми.
Англиски: self-determination Албански: vetëqeverisje
Примери:
Борба на независните земји за самоуправа.

самоуправува повеќе

(се) самоуправуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се управува сам, без туѓо мешање.
Англиски: self-administrate
Примери:
Секоја локална заедница ќе се самоуправува.

сатанизира повеќе

сатанизираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Прикаже, прикажува некого или нешто како сатана, оцрни, оцрнува до крајност.
Англиски: revile

свест повеќе

(едн.) свеста
Вид збор: Именка, женски род
Осознавање на општествениот живот од страна на човекот или група луѓе.
Англиски: consciousness Албански: vetëdije

СДСМ повеќе

Вид збор: Скратеница
Социјалдемократски сојуз на Македонија.
Англиски: SDSM

севласт повеќе

севласта
Вид збор: Именка, женски род
Власт над се, полна власт.

севластен повеќе

севласна
Вид збор: Придавка
Кој има власт над се.
Примери:
Севластен господар.

сегрегација повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Вид расна дискриминација, разделување, разлачување на обоените од белите.
Англиски: segregation
Примери:
Расна сегрегација.

секретар повеќе

мн. секретари
Вид збор: Именка, машки род
Во некои земји - министер.
Англиски: secretary

сексизам повеќе

(едн.) сексизмот
Вид збор: Именка, машки род
Предрасуда спрема коja еднот пол му е надреден на другиот.
Англиски: sexism Албански: seksizëm
Примери:
Дискриминација, угнетување и искористување на жените е сексизам.
Нешто што се основа на сексистички предрасуди.
Англиски: sexism Албански: seksizëm

сексист повеќе

мн. сексисти
Вид збор: Именка, машки род
Човек кој ги дискриминира и искористува жените.
Англиски: sexist

секта повеќе

мн. секти
Вид збор: Именка, женски род
Затворена група лица што се одликува со догматски погледи и убедувања.
Англиски: sect Албански: sektë
Примери:
Имаше неколку секти во партијата.

секташтво повеќе

секташтвото
Вид збор: Именка, среден род
Затвореност на тесни групи што ги карактеризираат догматски погледи.
Англиски: sectarianism Албански: sektariazëm

селанство повеќе

(едн.) селанството
Вид збор: Именка, среден род
Населението на селата; класата на селаните.
Англиски: peasantry
Примери:
Сојуз на работништвото и селанството.

сенат повеќе

(едн.) сенатот
Вид збор: Именка, машки род
Во многу земји - горниот дом на парламентот.
Англиски: senat Албански: senat

сенатор повеќе

мн. сенатори
Вид збор: Именка, машки род
Член на сенат.
Англиски: senator

сепаратизам повеќе

сепаратизмот
Вид збор: Именка, машки род
Стремеж кон одделување од некоја целина; стремеж на национално малцинство кон одделување во самостојна држава или автономна област.
Англиски: separatism
Примери:
Сепаратизмот во Баскија.

сепаратист повеќе

мн. сепаратисти
Вид збор: Именка, машки род
Приврзаник на сепаратизмот.
Англиски: separatist

сепаратистички повеќе

Вид збор: Придавка
Кој се однесува на сепаратист и на сепаратизам.
Примери:
Сепаратистички акции.

сесилен повеќе

сесилна
Вид збор: Придавка
Кој има неограничена власт, сила, влијание.
Англиски: almighty
Примери:
сесилен владар

сецесија повеќе

мн. сецесии
Вид збор: Именка, женски род
Одделување - особено во политички поглед; преминување на друга страна.
Англиски: secession

симпатизер повеќе

мн. симпатизери
Вид збор: Именка, машки род
Човек што симпатизира нешто.
Англиски: sympathizer
Примери:
Симпатизер на ослободителното движење.

симпатизерка повеќе

Види и: симпатизер (м.)
мн. симпатизерки
Вид збор: Именка, женски род
За жена симпатизер.
Англиски: sympathizer

синдикален повеќе

синдикални
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на синдикализам и на синдикат.
Албански: sindikal
Примери:
Синдикално движење.

синдикализам повеќе

синдикализмот
Вид збор: Именка, машки род
Политичка струја во работничкото движење кон почетокот на минатиот век.
Англиски: syndicalism

синдикалист повеќе

мн. синдикалисти
Вид збор: Именка, машки род
Приврзаник на синдикализмот.
Албански: sindikalist
Член на синдикат.
Албански: sindikalist

синдикалистички повеќе

синдикалистичка
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на синдикализам и синдикалист.
Примери:
Синдикалистичка струја.

синдикалистка повеќе

Види и: синдикалист (м.)
мн. синдикалистки
Вид збор: Именка, женски род
Жена синдикалист.

синдикат повеќе

мн. синдикати
Вид збор: Именка, машки род
Професионална работничка организација.
Англиски: labor union Албански: sindikatë
Примери:
Синдикат на работниците од прехранбената индустрија.

ситнобуржоаски повеќе

ситнобуржоаска
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на ситната буржоазија.
Албански: zemërngushtë
Примери:
ситнобуржоаски елементи
Кој ги изразува интересите на ситната буржоазија.
Албански: zemërngushtë
Примери:
ситнобуржоаска теорија

ситносопственички повеќе

ситносопственичкиот
Вид збор: Придавка
Што ги изразува интересите, идеологијата на ситносопствениците.
Албански: mikropronare

скоевец повеќе

мн. скоевци
Вид збор: Именка, машки род
Член, припадник на Комунистичката младинска организација на Југославија.

скоевка повеќе

Види и: скоевец (м.)
мн. скоевки
Вид збор: Именка, женски род
Девојка скоевец.

скоевски повеќе

скоевска
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на СКОЈ и на скоевец.
Примери:
Скоевски состанок.

славофон повеќе

мн. славофони
Вид збор: Именка, машки род
Во политички текстови во врска со прашањето за Македонците во Грција - лице што зборува на словенски јазик.

слобода повеќе

мн. слободи
Вид збор: Именка, женски род
Отсуство на политичко и економско ропство.
Англиски: independence Албански: pavarësi

словенофобија повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Омраза, непријателство кон сè словенско.

слој повеќе

мн. слоеви
Вид збор: Именка, машки род
Група луѓе со еднородни признаци.
Англиски: class Албански: shtresë

собир повеќе

мн. собири
Вид збор: Именка, машки род
Јавна средба, собирање за искажување по некое прашање.
Англиски: meeting Албански: tubim
Примери:
Немаат пријавено јавен собир.

собрание повеќе

мн. собранија
Вид збор: Именка, среден род
Назив на некои изборни установи.
Англиски: assembly Албански: asamble

советски повеќе

советска
Вид збор: Придавка
Во врска со совет.
Англиски: Soviet
Примери:
Советски Сојуз.

сопартиец повеќе

мн. сопартијци
Вид збор: Именка, машки род
Човек од иста партија, со исто политичко убедување.
Англиски: partisan

социјалдемократ повеќе

мн. социјалдемократи
Вид збор: Именка, машки род
Приврзаник на социјалдемократијата; член на социјалдемократска партија.
Англиски: social democrat

социјалдемократизам повеќе

социјалдемократизмот
Вид збор: Именка, машки род
Идеологија и тактика на социјалдемократијата.

социјалдемократија повеќе

(едн.) социјалдемократијата
Вид збор: Именка, женски род
Политички правец во меѓународното работничко движење.
Англиски: social democracy

социјалдемократски повеќе

социјалдемократска
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на социјалдемократија и на социјалдемократ.
Англиски: social-democratic
Примери:
социјалдемократска партија

социјален повеќе

социјални
Вид збор: Придавка
Кој се стреми кон изменување на општествените производствени односи.
Англиски: social

социјализам повеќе

(едн.) социјализмот
Вид збор: Именка, машки род
Државен и општествен поредок установен врз социјалистички принципи.
Англиски: socialism Албански: socializëm
Примери:
Изградба на социјализмот.

социјалист повеќе

мн. социјалисти
Вид збор: Именка, машки род
Приврзаник и следбеник на социјализмот; член на социјалистичка партија.
Англиски: socialist

социјалистички повеќе

социјалистичкиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на социјализам; што има за цел социјализам.
Англиски: socialistic

социјалистка повеќе

мн. социјалистки
Вид збор: Именка, женски род
За жена социјалист.
Англиски: socialist

србофобија повеќе

Вид збор: Именка, женски род
мразење на српството

СССР повеќе

Вид збор: Скратеница
Сојуз на Советските Социјалистички Републики.
Англиски: USSR

сталинизам повеќе

(едн.) сталинизмот
Вид збор: Именка, машки род
Политичка идеологија, дел од марксизмот, што се одликува со брутално угнетување, тотална едномисленост и владеење на авторитарно-бирократски методи.
Англиски: Stalinism

сталинист повеќе

мн. сталинисти
Вид збор: Именка, машки род
Следбеник на сталинизмот.
Англиски: stalinist
Примери:
модерни сталинисти

сталинистички повеќе

Види и: сталинизам (м.)
сталинистичкиот
Вид збор: Придавка
Што е својствен на сталинизмот.
Англиски: stalinistic
Примери:
сталинистички методи

стравовлада повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Владеење на страв.
Англиски: rule of terror
Примери:
еднопартиска стравовлада

страховлада повеќе

мн. страховлади
Вид збор: Именка, женски род
Владеење на страв.
Англиски: rule of terror Српски: страховлада

струја повеќе

мн. струи
Вид збор: Именка, женски род
правец, страна, црта
Англиски: faction Албански: rrymë, drejtim

суперсила повеќе

мн. суперсили
Вид збор: Именка, женски род
Држава што се вбројува меѓу најсилните, највлијателните во светот.
Англиски: super power

сфера повеќе

мн. сфери
Вид збор: Именка, женски род
Круг на дејство; општествена средина.
Англиски: sphere Албански: sferë
Примери:
Тоа не спаѓа во мојата сфера.
а - б - в - г - д - е - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ - ш