Политика - категорија

радикал повеќе

мн. радикали
Вид збор: Именка, машки род
Приврзаник на коренити, решителни мерки.
Англиски: radical Албански: radikal
Приврзаник на радикализмот, член на радикалска партија.
Англиски: radical Албански: radikal

радикален повеќе

радикални
Вид збор: Придавка
Што ги застапува идеите на радикализмот.
Англиски: radical

радикалец повеќе

Види и: радикал (м.)
мн. радикалци
Вид збор: Именка, машки род
радикал
Англиски: radical

радикализам повеќе

радикализмот
Вид збор: Именка, машки род
Политички правец.
Англиски: radicalism Албански: radikalizëm

радикализира повеќе

радикализираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Направи да биде порадикален или екстремен.
Англиски: radicalize Албански: radikalizoj
(се радикализира) За спор, проблем - стане порадикален, излегува од контрола.
Англиски: radicalize Албански: radikalizoj

радикалски повеќе

радикалска
Вид збор: Придавка
Политички радикален.
Англиски: radical

радикалсоцијалист повеќе

мн. радикалсоцијалисти
Вид збор: Именка, машки род
Член на радикалната социјалистичка партија.

развласти повеќе

развластат
Вид збор: Глагол, свршен
Одземе некому власт, лиши од власт.
Англиски: deprive of power
Примери:
Ги развластија политичките противници.

развластува повеќе

Види и: развласти (св.)
развластуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
развласти
Англиски: deprive of power

расизам повеќе

(едн.) расизмот
Вид збор: Именка, машки род
Ненаучна, реакционерна теорија по која има „виши“ и „нижи“ човечки раси.
Англиски: racism Албански: racizëm
Дискриминација на луѓето врз основа на расата.
Англиски: racism Албански: racizëm

расист повеќе

мн. расисти
Вид збор: Именка, машки род
Приврзаник на расизмот.
Англиски: racist

расистички повеќе

расистички
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на расизам и на расист.
Англиски: racist
Примери:
Расистичка теорија.

расистка повеќе

Види и: расист (м.)
мн. расистки
Вид збор: Именка, женски род
За жена расист.
Англиски: racist

реакција повеќе

мн. реакции
Вид збор: Именка, женски род
Општествена група што му се противставува на прогресот.
Англиски: reaction Албански: reakcion

реакционер повеќе

мн. реакционери
Вид збор: Именка, машки род
Приврзаник на реакцијата, противник на прогресот.
Англиски: reactionary

реакционерка повеќе

мн. реакционерки
Вид збор: Именка, женски род
За жена реакционер.
Англиски: reactionary

реакционерски повеќе

реакционерска
Вид збор: Придавка
Кој е својствен на реакционер.
Примери:
реакционерски истап

реакционерство повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Својство или пројава на реакционер.

реванш повеќе

реваншот
Вид збор: Именка, машки род
Отплата, одмазда за пораз во војна, во игра, а исто така и повторната борба преземена заради победа над поранешниот победник.
Англиски: revanche Француски: revanche Албански: revansh
Примери:
Нашите непријатели се готвеа со години за реванш.

реваншизам повеќе

(едн.) реваншизмот
Вид збор: Именка, машки род
Настроение и политика на реваншисти.
Англиски: revanchism
Примери:
Реваншизмот на Хитлер доведе до Втората светска војна.

реваншист повеќе

мн. реваншисти
Вид збор: Именка, машки род
Тој што сака да се реваншира.
Англиски: revanchist

реваншистички повеќе

Види и: реваншист (м.)
реваншистичка
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на реваншист.
Англиски: revanchist
Примери:
Реваншистички апетити.

ревизионизам повеќе

(едн.) ревизионизмот
Вид збор: Именка, машки род
Обид со цел да се ревидира важечка политичка догма.
Англиски: revisionism Албански: revizionizëm
Примери:
ревизионизам на марксизмот

ревизионист повеќе

мн. ревизионисти
Вид збор: Именка, машки род
Следбеник на ревизионизмот.
Англиски: revisionist
Примери:
Современите ревизионисти на марксизмот.

ревизионистички повеќе

ревизионистичка
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на ревизионист и ревизионизам.
Англиски: revisionistic
Примери:
Ревизионистички мисли.

ревизионистка повеќе

Види и: ревизионист (м.)
мн. ревизионистки
Вид збор: Именка, женски род
жена ревизионист

револуционер повеќе

мн. револуционери
Вид збор: Именка, машки род
Учесник во револуција.
Англиски: revolutionary Албански: revolucionar
Примери:
Го познавам како стар револуционер.

револуционерен повеќе

револуционерни
Вид збор: Придавка
Кој ги изразува идеите на револуцијата; управен кон остварување на револуцијата; установен од револуцијата.
Англиски: revolutionary

револуционерка повеќе

Види и: револуционер (м.)
мн. револуционерки
Вид збор: Именка, женски род
Жена револуционер.
Англиски: revolutionary

револуционерски повеќе

револуционерска
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на револуционер; на начин својствен на револуционер.
Англиски: revolutionary
Примери:
Револуционерска активност.

режимлија повеќе

мн. режимлии
Вид збор: Именка, машки род
Приврзаник на режимот; обично: политички вртикапа.
Англиски: turncoat

режимски повеќе

режимска
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на режим.
Примери:
режимски човек

реизбира повеќе

реизбираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Избере, избира повторно.
Англиски: re-elect

реизбор повеќе

мн. реизбори
Вид збор: Именка, машки род
повторен избор
Англиски: re-election
Примери:
реизбор на сегашниот претседател

ренегат повеќе

мн. ренегати
Вид збор: Именка, машки род
Човек што ги изменил своите убедувања и минал во противничкиот табор.
Англиски: renegade

ренегатка повеќе

мн. ренегатки
Вид збор: Именка, женски род
За жена ренегат.
Англиски: renegade

ренегатски повеќе

Види и: ренегат (м.)
ренегатска
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на ренегат; својствен на ренегат.
Примери:
ренегатска политика

ренегатство повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Постапка, држење на ренегат.

репресира повеќе

репресираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Врши притисок, применува казнени мерки, спроведува репресија и репресалии врз некого.
Англиски: repress

република повеќе

мн. републики
Вид збор: Именка, женски род
Форма на државно управување при која населението ја избира врховната власт за определено време; самата држава со таква форма на управување.
Англиски: republic Албански: republikë
Примери:
демократска република

реставратор повеќе

мн. реставратори
Вид збор: Именка, машки род
Приврзаник на реставрација, тој што се стреми кон обновување на соборениот поредок.
Албански: restaurator

ретроград повеќе

мн. ретрогради
Вид збор: Именка, машки род
Противник на напредокот.
Англиски: reactionary

референдум повеќе

мн. референдуми
Вид збор: Именка, машки род
Гласање на целиот народ за решавање на некое особено важно прашање.
Англиски: referendum Албански: referendum
Примери:
Беше предложено да се распише референдум.

реформизам повеќе

реформизмот
Вид збор: Именка, машки род
Движење за подобрување на социјалните состојби или за менување на политичкиот програм.
Англиски: reformism

рехабилитација повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Воспоставување на добар глас, име, чест, репутација.
Англиски: rehabilitation Албански: rehabilitim

роб повеќе

мн. робови
Вид збор: Именка, машки род
Човек или народ под политичка зависност.
Англиски: slave Албански: rob

ројализам повеќе

ројализмот
Вид збор: Именка, машки род
Приврзаност кон кралска власт.
Англиски: royalism

ројалист повеќе

мн. ројалисти
Вид збор: Именка, машки род
Приврзаник на кралска власт.
Англиски: royalist

ројалистка повеќе

Види и: ројалист (м.)
мн. ројалистки
Вид збор: Именка, женски род
За жена ројалист.
Англиски: royalist

русофобија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Мразење на сѐ што е руско.
а - б - в - г - д - е - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ - ш