Политика - категорија

олигархија повеќе

мн. олигархии
Вид збор: Именка, женски род
Политички и економски систем во кој севкупното владеење е во рацете на мала група луѓе.
Англиски: oligarchy Албански: oligarki
Држава во која севкупната власт е во рацете на мала група луѓе.
Англиски: oligarchy Албански: oligarki

ОН повеќе

Вид збор: Скратеница
Обединети нации
Англиски: UN

опозиција повеќе

мн. опозиции
Вид збор: Именка, женски род
Политичка партија или група партии што и се спротивставува на владата или на владејачката партија (партии) што таа ја претставува.
Англиски: opposition Албански: opozitë

опозиционен повеќе

опозициони
Вид збор: Придавка
Што се однесува на опозиција; што се наоѓа во опозиција.
Англиски: oppositional

опозиционерски повеќе

Види и: опозиционер (м.)
опозиционерскиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на опозиционер.
Англиски: oppositionary
Примери:
опозиционерските денови

опозициски повеќе

опозицискиот
Вид збор: Придавка
опозиционен
Англиски: oppositional

опортунизам повеќе

(едн.) опортунизмот
Вид збор: Именка, машки род
Приспособување кон условите на моментот во политичкиот, јавниот живот и службената дејност и искористување на секоја поволна околност за извлекување корист.
Англиски: opportunism Албански: oportunizëm

опортунист повеќе

мн. опортунисти
Вид збор: Именка, машки род
Лице што во секоја ситуација бргу се прилагодува спрема своите интереси.
Англиски: opportunist
Примери:
Партијата стана дувло на опортунистите.

опструкција повеќе

мн. опструкции
Вид збор: Именка, женски род
Дејност (особено во парламентите) насочена кон спречување, отежнување и оневозможување на донесување одлуки од страна на некое тело, орган, изразена преку наметнување на сложени процедури, долги говори, протести.
Англиски: obstruction Албански: obdtruksion, pengim

отпадник повеќе

мн. отпадници
Вид збор: Именка, машки род
Тој што отпаднал, се одделил од некоја група.
Англиски: renegade Албански: renegat, tradhëtar

отпораш повеќе

мн. отпораши
Вид збор: Именка, машки род
Тој што дава отпор, што учествува во движење за отпор.
Англиски: resistance fighter
а - б - в - г - д - е - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ - ш