Политика - категорија

надворешнополитички повеќе

надворешнополитичкиот
Вид збор: Придавка
Што е поврзан со надворешната политика.

народноослободителен повеќе

народноослободителниот
Вид збор: Придавка
Што има за цел ослободување на народот.
Англиски: people-liberation

натпартиски повеќе

натпартискиот
Вид збор: Придавка
Што е над партиите.
Англиски: nonparty

национален повеќе

национални
Вид збор: Придавка
Што се однесува на дадена нација.
Англиски: national Албански: kombëtar

национализам повеќе

(едн.) национализмот
Вид збор: Именка, машки род
(само едн.) Идеологија на општествено, политичко и културно дејствување која националните интереси и вредности на една нација ги поставува над другите граѓански вредности и над интересите на другите нации.
Англиски: nationalism Албански: nacionalizëm

национализација повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Одземање на имотот (земја, фабрики, средства за производство, недвижен имот, обртни средства) од приватниците во полза на државата.
Англиски: nationalization Албански: nacionalizim

националист повеќе

мн. националисти
Вид збор: Именка, машки род
приврзаник на национализмот
Англиски: nationalist

националистички повеќе

националистичка
Вид збор: Придавка
Што припаѓа, што се однесува на национализам и на националисти.
Англиски: nationalistic

националност повеќе

мн. националности
Вид збор: Именка, женски род
Припадност кон определена нација.
Англиски: nationality

националсоцијализам повеќе

националсоцијализмот
Вид збор: Именка, машки род
Политичко фашистичко движење во Германија меѓу двете светски војни.
Англиски: National Socialism

националсоцијалист повеќе

мн. националсоцијалисти
Вид збор: Именка, машки род
Приврзаник на националсоцијализмот.

националсоцијалистички повеќе

националсоцијалистичкиот
Вид збор: Придавка
Што припаѓа или се однесува на националсоцијализмот и на националсоцијалистите.
Англиски: nacionalsocialist

нацист повеќе

мн. нацисти
Вид збор: Именка, машки род
приврзаник на нацизмот
Англиски: nazi

нацистички повеќе

нацистичка
Вид збор: Придавка
Што припаѓа, што се однесува на нацизмот и на нацистите.

невладин повеќе

невладини
Вид збор: Придавка
Што не зависи од владата.
Англиски: non-governmental
Примери:
невладини организации

неврзан повеќе

неврзаниот
Вид збор: Придавка
Што не е поврзан, вклучен во воен сојуз и сл.
Англиски: non-allied

недемократски повеќе

недемократска
Вид збор: Придавка
Што е спротивно на демократијата.
Англиски: undemocratic

недискриминација повеќе

мн. недискриминации
Вид збор: Именка, женски род
Отсуство на дискриминација; одбивање на дискриминација.
Англиски: non discrimination

неистомисленик повеќе

мн. неистомисленици
Вид збор: Именка, машки род
Тој што има поинакво или спротивно мислење.
Англиски: different-minded

неонацизам повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Нова форма на политика која повторно се обидува да го оживее нацизмот.
Англиски: neo-Nazism

неофашизам повеќе

(едн.) неофашизмот
Вид збор: Именка, машки род
Движење на екстремно националистичките сили во некои земји кое се стреми кон оживување на фашистичката идеологија.
Англиски: neo-fascism

непартиец повеќе

мн. непартијци
Вид збор: Именка, машки род
Што не е член на партија.

номенклатура повеќе

мн. номенклатури
Вид збор: Именка, женски род
Кругот на лицата што се распределуваат на места и функции во некоја хиерархија.
Англиски: nomenclature Албански: nomenklatur
а - б - в - г - д - е - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ - ш