Политика - категорија

мајоризација повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Победување со мнозинство гласови, надгласување.
Англиски: outvoting

мајоризира повеќе

мајоризираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Надгласа, надгласува некого.
Англиски: outvote

мајоритет повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Мнозинство гласови.
Англиски: majority of votes

Македонија повеќе

Вид збор: Име
Република Македонија
Англиски: Macedonia Албански: Republika e Maqedonis

макијавелист повеќе

мн. макијавелисти
Вид збор: Именка, машки род
Човек што се однеcува според макијавелистички принципи.
Англиски: machiavelist

макијавелистички повеќе

Види и: макијавелист (м.)
макијавелистичкиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на макијавелист и на макијавелизам.
Примери:
Макијавелистичката логика дека целта ги оправдува сите средства, вклучувајќи и насилство.

мандат повеќе

мн. мандати
Вид збор: Именка, машки род
Овластување дадено некому со кое може нешто да работи, да застапува некого, обично на определено време.
Англиски: mandate Албански: mandat
Овластување што го дава претседателот на државата за составување влада.
Англиски: mandate Албански: mandat

мандатар повеќе

мн. мандатари
Вид збор: Именка, машки род
Тој што прима мандат; овластено лице.

манифест повеќе

мн. манифести
Вид збор: Именка, машки род
Писмен проглас од власта за народот; писмен проглас до јавноста на политичко, културно или друго движење со програмска содржина.
Англиски: manifesto

манифестант повеќе

мн. манифестанти
Вид збор: Именка, машки род
Лице што учествува во манифестација.

манифестација повеќе

мн. манифестации
Вид збор: Именка, женски род
Јавно масовно изразување на согласување или одобрување.
Англиски: manifestation Албански: manifestim

марксизам повеќе

(едн.) марксизмот
Вид збор: Именка, машки род
Учење, теоријата на Маркс и неговите соработници и следбеници за развојот на општеството што стана идеолошка основа на социјалистичките и комунистичките движења во светот.
Англиски: Marxism Германски: Marxismus

марксист повеќе

мн. марксисти
Вид збор: Именка, машки род
Приврзаник на марксизмот.
Англиски: Marxist Германски: Marxist

меѓупартиски повеќе

меѓупартискиот
Вид збор: Придавка
Што е меѓу партиите.

меритократија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Владеење на лица избрани според знаењата и способностите.
Англиски: meritocracy Албански: meritokraci
Општество во кое владеат лица избрани според знаењата и способностите.
Англиски: meritocracy Албански: meritokraci

милитаризам повеќе

(едн.) милитаризмот
Вид збор: Именка, машки род
Државен систем што се потпира на војската и во кој војничкиот сталеж има најголемо влијание и најголеми овластувања.
Англиски: militarism

министер повеќе

мн. министри
Вид збор: Именка, машки род
Висок државен функционер, член на влада, што управува со некое министерство или е без ресор, без портфељ.
Англиски: minister Албански: ministër

митинг повеќе

мн. митинзи
Вид збор: Именка, машки род
Масовен (обично политички) собир на луѓе заради расправање за прашања од општ интерес.
Англиски: meeting

митингар повеќе

мн. митингари
Вид збор: Именка, машки род
учесник во митинг
чест говорник на митинг

митингува повеќе

митингуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Држи, одржува митинг.

младина повеќе

(едн.) младината
Вид збор: Именка, женски род
Организиран облик на младите.
Англиски: youth organization Албански: organizatë rinore

монархиски повеќе

монархискиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на монархија, својствен на монархија.
Англиски: monarchic

монархист повеќе

мн. монархисти
Вид збор: Именка, машки род
Приврзаник на монархизмот.
Англиски: monarchist

монархистички повеќе

монархистичкиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на монархист и на монархизам.

монархофашист повеќе

мн. монархофашисти
Вид збор: Именка, машки род
Приврзаник на монархофашизмот.

монархофашистички повеќе

монархофашистичкиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на монархофашизам и монархофашист, својствен на монархофашизмот и монархофашистите.

мултиетнички повеќе

мултиетнички
Вид збор: Придавка
Што е составено од повеќе етникуми, повеќе народности.
Англиски: multi-ethnic
Примери:
Тоа служи како пример за изградба на мултиетничко општество.

мултикултура повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Постоење, проникнување на повеќе форми на културен живот во една општествена средина.
Англиски: multiculture
а - б - в - г - д - е - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ - ш