Политика - категорија

лагер повеќе

мн. лагери
Вид збор: Именка, машки род
Општественополитичко групирање.
Англиски: camp Албански: kamp, kampus

лаицистички повеќе

лаицистичкиот
Вид збор: Придавка
Световен, што е одделен од религијата.
Англиски: secular Германски: laizistisch

лев повеќе

леви
Вид збор: Придавка
Што е политички либерален, левичарски.
Англиски: leftist

левица повеќе

мн. левици
Вид збор: Именка, женски род
Политичка страна на парламент што е полиберална, порадикална од другите, што се залага за општествени промени во полза на пошироките слоеви од народот.
Англиски: left Албански: e Majta

левичар повеќе

мн. левичари
Вид збор: Именка, машки род
Приврзаник на левицата.
Англиски: leftist

ленинист повеќе

мн. ленинисти
Вид збор: Именка, машки род
Следбеници на ленинистичката теорија со која се коригираат прогнозите на марксизмот.
Англиски: Leninist

либерален повеќе

либерални
Вид збор: Придавка
Што се однесува на либерал.
Англиски: liberal
Што ги застапува идеите на либерализмот.
Англиски: liberal

либерализам повеќе

(едн.) либерализмот
Вид збор: Именка, машки род
Движење и доктрина што како оcновни вредности на општествено-политичкото и економското уредување ги истакнува идеите за граѓанско општество на верска толеранција, индивидуална слобода на мислење и јавно искажување, право на сопственост и слободен натпревар во економските активности, самостојност на законодавната и судската власт во однос на извршната.
Англиски: liberalism Албански: liberalizëm

лидер повеќе

мн. лидери
Вид збор: Именка, машки род
Водач, предводник на политичка партија, организација, група и слично.
Англиски: leader Албански: udhëheqës

лидерство повеќе

мн. лидерства
Вид збор: Именка, среден род
Положба на тој што е лидер.
Англиски: leadership Албански: lidership, udhëheqje
Дејност на тој што е лидер.
Англиски: leadership Албански: udhëheqje

ликвидаторство повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Опортунистичко настојување на припадник на одредена струја во политичко движење да доведе до ликвидација, до укинување на тоа движење.

лоби повеќе

мн. лобија
Вид збор: Именка, среден род
Влијателна група луѓе или заедница кај членовите на парламентот или на некое гласачко тело.
Англиски: lobby Албански: lobi

лобист повеќе

мн. лобисти
Вид збор: Именка, машки род
Лице, политичар што учествува во лоби, што лобира за некоја политичка или за определена програма.
Англиски: lobbyist

лојалист повеќе

мн. лојалисти
Вид збор: Именка, машки род
Оној кој е верен на моменталниот владетел, власт или систем, особено во време на бунт.
Англиски: loyalist

локализам повеќе

(едн.) локализмот
Вид збор: Именка, машки род
Залагање за тесно сфатени интереси врзани за определено место или крај, што е во спротивност со интересите на пошироката заедница.

локалистички повеќе

локалистичкиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на локализам.

локалпатриот повеќе

мн. локалпатриоти
Вид збор: Именка, машки род
Лице што пројавува локалпатриотизам.

локалпатриотизам повеќе

локалпатриотизмот
Вид збор: Именка, машки род
Претерана љубов и приврзаност кон родниот крај и кон сѐ што произлегува од него; пристрасност кон своето место.
а - б - в - г - д - е - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ - ш